Анализа на случајот – Надминување на стравот и несигурноста со помош на мерки за духовно исцелување и духовна пракса

SSRF ги објавува овие анализи на случаите со намера да на своите читатели им овозможи насочување во врска со проблемите кои се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои својата вистинска причина можат да ја имаат во духовната димензија. Кога коренот на проблемите е од духовна природа забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лечењето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка

Накратко:

Ова е анализа на случајот за Свати, која што патеше од ментални попречувања, коишто ги има предизвикано мантрик (моќна негативна енергија) од суптилниот свет, уште од времето кога беше дете. За ова дозна дури кога имаше 16 години. Од тогаш таа применува разни духовни мерки заедно со континуирана духовна пракса. Тие и помогнаа во надминувањето на влијанието на оваа моќна негативна енергија. Денес Свати има 20 години. Успешно ги надмина сопствените недостатоци на карактерот и менталните проблеми и презема одговорност во врска со ширење на Духовноста во три округа во Индија.

MKD_Swathi1. Вовед

Што да се прави кога некој има големи недостатоци на карактерот и кога му е соопштено дека тие се последица на мантрик те. моќна негативна енергија? Како да се бориме со духот којшто не го видиме и како да добиеме помош од Бога? Животот на Свати Бозле е сведоштво за тоа, како лицето може да ги надмине потешкотиите во психолошката и духовната димензија и да се развие во млад лидер. Оваа анализа на случајот е приказна за нејзиниот живот.

2. Младоста на Свати и проблемите со коишто се соочуваше

Главен проблем: Колку што може да се сети, Свати беше екстремно несигурна и многу се плашеше да остане сама. Таа се сеќава како овие два недостатока на карактерот си поигрувале со неа и ја спречувале да живее нормален живот. За да работите бидат уште полоши, за време на целото детство често имаше ноќни мори.

„Постојано ми требаше друштво и ми требаше некој за да биде со мене каде и да одам. Многу пати кога родителите не беа дома, ја затворав вратата, ја палев ноќната ламба и со часови лежев во креветот. Многу ми беше страв. Никогаш не излегував да зборувам со комшиите или со пријателите. Бев далеку од надворешниот свет целото мое детство.

Се плашев и од многу народ. Кога и да се наоѓав во толпа луѓе, бев многу напната. Не можев да ги објаснам причините за стравот, но се обидував да ги избегнам што повеќе можев.

Уште од мала ми се повторуваше ист сон. Додека спиев имав живо искуство, дека седам со другарките и другарите во училница. Одеднаш, некој човек со стап во раце влегуваше во нашето одделение и немилосрдно не тепаше. Не можевме да побегнеме бидејќи бевме врзани со јажиња. Додека не тепаше ние плачевме и врескавме од болки. Тогаш врескајќи, се будев од сонот.

Друг сон којшто го имав, беше чувство дека некој седи врз моето тело и се обидува да ме притисне надолу, толку силно што не можам да помрднам ниту еден дел од моето тело ниту еден милиметар. Тоа бече чувство на заробеност во замка и целосна беспомошност. Овој сон почна да ми се јавува кога тргнав во шесто одделение, околу 5 до 6 пати годишно, се до 2004 година. Таа година секој ден го имав овој сон и тоа по 5 до 6 пати.

Без некоја причина, се згрозував од разговорите со било кој од спротивниот пол. Наоѓав безброј начини да избегнам да зборувам со било кое машко лице. Со моите наставници од спротивниот пол зборував најмалку што е можно. Ретко разговарав дури и со моите машки роднини или вујковците. До крајот на моето школување, единствените машки лица со коишто зборував беа татко ми и брат ми. Бев прилично добра во училиштето во писмените текстови. Меѓутоа, кога морав да одговарам усно, а прашањата ги поставуваше наставникот, бев безнадежна.“

Лошо физичко здравје: Се до петтата година, Свати имаше зачестени напади од грозница. Во текот на школските години се плашеше од било кој физички тренинг. Бегаше од сите спортови. Во една прилика буквално беше натерана од еден од своите наставници да учествува во трката. На половина пат колабираше и се онесвести. Не треба ниту да се спомене дека тоа било последниот пат некој да се обиде да ја натера Свати да трча трка. Свати речиси стана осаменик, избегнувајќи ги сите вон-наставни активности.

Соочување со фактот дека има проблем: Кога беше во осмо одделение, Свати почна конечно да се соочува со фактот дека има сериозен проблем со својата личност. Очајнички се обидуваше да ги избегне дополнителните часови на кои ја запишаа родителите. Знаеше дека не постои апсолутно ниту една очигледна причина поради која не би можела да оди.

3. Пресвртница

Кога Свати била во осмо одделение, комшиите ја поканиле нејзината мајка на бесплатно предавање, коешто го организирала Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Нејзината мајка и купила две ленти со учењата на Неговата Светост Др. Атавле. Моментот кога ги пуштила лентите дома, е нешто што Свати ќе го памети целиот живот.

„Внимателно ги слушав лентите и бев воодушевена од Неговиот глас во којшто почувствував вистинско Божествено присуство. Тој зборуваше за едноставните концепти во Духовноста и го нагласи значењето на духовната пракса. Бев препородена после слушањето на лентите и во срцето знаев дека тоа е она што сакам да го правам до крајот на животот.“

Постојано ги преслушуваше лентите и по прв пат почувствува дека животот има смисла. Започна со духовната пракса пеење на Божјото Име во согласност со религијата во која е родена. Почна со скромни пет минути дневно, но постепено го зголемуваше времето на пеење.

4. Долг пат кон закрепнување

4.1 Посетување на предавања и престој во друштво на Вистината (сатсанг)

Свати почнува да доаѓа на бесплатни предавања коишто ги одржуваше SSRF.

„Се сеќавам кога прв пат отидов на предавање. Тоа беше време на испити во училиште и бев доста напната. Меѓутоа, за време на предавањата почувствував смиреност и доживување дека сум во мир со себе. Кога се вратив дома, повеќе не бев ниту малку вознемирена околу испитите.

Наредниот ден отидов на испит и покрај тоа што не бев доволно подготвена за него, подобро пишував и добив добра оцена. Бев одушевена и почнав редовно да одам на духовните состаноци. Тогаш сфатив дека моето пеење толку се поправи што можев да пеам дури и додека зборувам со некој.“

Фактот дека можеше да достигне такво ниво на пеење за толку кратко време, зборува во прилог на тоа дека обавувала духовна пракса во претходниот живот. Духовната зрелост се пренесува од претходните животи, едноставно продолжуваме таму каде што сме застанале во претходниот живот. Во тоа духовната пракса се разликува од останатите световни вештини, коишто мораме да ги учиме од почеток во нашиот сегашен живот.

„Во десетто одделение постигнав уште поголем напредок во учењето. За тоа се заслужни неделните духовни состаноци, коишто ми даваа духовна енергија и ме правеа посмирена. Тие, исто така ми овозможија разни духовни перспективи, коишто ми дадоа јасен увид во тоа каде оди мојот живот. Можев да учам и да излегувам без страв и напнатост.“

Но, тогаш почнаа да се случуваат чудни работи. Кога ќе посветеше повеќе време на учење, а помалку на духовна пракса, полошо поминуваше на испити. Кога ќе посветеше повеќе време на духовната пракса, поминуваше подобро на испитите.

4.2 Запознавање на суштинската причина на нејзините проблеми

Кога Свати беше во единаесетто одделение, 2002. година, учествуваше на духовниот семинар за Божјите трагачи, којшто го организираше SSRF. Во сред пеењето на целата група трагачи, таа одеднаш се манифестираше како да е опседната. Свати се сеќава дека дури подоцна сфатила, дека тоа се случило затоа што духот во неа не можел да ја поднесе чистотата на духовната околина во којашто се наоѓала. Тоа е поради тоа што во духот којшто опседнува преовладува тама компонентата и тој не може да ја поднесе околината во која е многу висока сатва компонентата. Тоа е слично на тоа кога ледот се топи во близина на оган. Ова детално го објаснивме во нашиот дел за негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.). Видете го објаснувањето за тоа што стои зад манифестирање на опседнатоста.

„Трагачите со развиено шесто сетило во SSRF, ми рекоа дека сум опседната од мантрик (моќна негативна енергија). Мантрикот беше одговорен за сите мои проблеми и моето однесување во младоста. И Неговата Светост Др. Атавле тоа го потврди. Бев изненадена кога по искусните трагачи ми објасниа дека манифестирањето на духот, всушност е показател за намалување на неговата духовна енергија. Како резултат, тој беше присилен да го прекине опседнувањето и да се покаже. Но, после овој настан манифестирањето на мантрикот, кај мене почна да зачестува. Меѓутоа, по прв пат во животот знаев против што се борам, за да се ослободам од недостатоците на карактерот.“

Духот може да се манифестира и да го напушти лицето поради примената на духовните третмани. Меѓутоа, ова може да биде привремено бидејќи кога духовниот третман ќе заврши, духот може пак да влезе во лицето. Единствен сигурен начин духот да се држи настрана е вршење на духовна пракса и подигање на сопственото духовно ниво и енергија. Ова за возврат ни овозможува пристап до повисоките нивоа на Божја заштита. Ве молиме видете го написот – До која мера духовното ниво ни овозможува заштита против духовите те. негативните енергии?

4.3 Духовната борба на Савти против мантрикот

Трагачите во SSRF со развиено шесто сетило, за време на семинарот духовно ја лекуваа Свати. Покрај тоа, Свати се обидуваше да го пее Божјото Име колку што може повеќе. Манифестациите на духот целосно престанаа после неколку месеци после семинарот. А потоа, без никакво предупредување се манифестираше на еден испит во дванаесетто одделение. Манифестацијата беше толку насилна, што мораа Свати да ја врзат заради нејзина безбедност. Манифестирањето беше ставено под контрола дури тогаш, кога трагачите од Одделението на SSRF за познавање на суптилната димензија врз неа не применија духовни мерки.

„Тогаш добив совет да пеам 100 мали (100 x 108 зрна) секој ден за да се заштитам. Бидејќи тоа беше време на испити, два часа дневно посветував на учење и пишување. Остатокот од времето го поминував во континуирано пеење.“

За време на распустот беше испратена во SSRF ашрамот во Дамсе, бидејќи тоа беше центар за примена на напредни мерки за духовно исцелување. Таму таа сфати дека мантрикот ја користел нејзината основна маана стравот, за да ја држи под контрола. Всушност екстремниот страв ги предизвикуваше манифестациите. .

Покрај секојдневната духовна пракса, таа доби совет да применува цел сет на мерки за духовно исцелување и техники како што се пеење на специфични Божји Имиња, користење стапчиња од јасмин и други миризливи стапчиња, дување Свет пепел и прскање Света вода, третман со солена вода, мерки за духовно исцелување коишто ги применуваат трагачите на повисоките духовни нивоа, итн.

[Ве молиме да се запознаете со механизмот на делување на секоја од мерките во нашиот дел за духовно исцелување.]

„После три месеци примена на овие духовни мерки во Дамсе, манифестациите се намалија. Невообичаено, во овој период сето мое знаење од англискиот јазик беше избришано од мојата меморија. Дури не можев да ги препознам англиските букви и чувствував попречувања само што ќе погледнев во текст на англиски. И покрај тоа, мојата депресија се намали за 15-20%, мојата самодоверба се зголеми, но не дојде до големи промени во моите основни недостатоци на карактерот. И понатаму бев несигурна и се плашев да останам сама. Со овие тромесечни мерки до одредена мера се разви моето шесто сетило.“


4.4 Мантрикот го зголемува егото на Свати за да ја ослаби

После точно три месеци сесии на духовно исцелување, Свати доби можност да работи во Одделението на SSRF за познавање на духовната димензија. Тоа е одделение за трагачи со развиено шесто сетило, коишто имаат способност да помогнат во процесот на духовно исцелување на другите трагачи. За да се олесни нејзиното понатамошно напредување, Свати беше испратена на посебна работилница којашто ја организираше SSRF. Тоа беше редовна работилница во Дамсе на која трагачите учат, како да ја разбудат и зголемат духовната емоција кон Бога.

„Тоа беше единствено искуство во мојот живот – да откријам како да се молам на начин низ кој секоја световна активност ќе постане жива со чувствително доживување на Бога.“

Некаде во тоа време, други трагачи од Одделението на SSRF за познавање на духовната димензија, дијагностицираа, дека мантрикот работел на тоа за да го зголеми егото на Свати. Со зголемување на нејзиното его, бидејќи таа брзо напредуваше во Одделението на SSRF за познавање на духовната димензија, мантрикот создал слаба точка, те. влез низ кој може да продолжи да ја попречува.

„Како императив, морав да се потрудам со намалување на моето его. Покрај сите мерки на духовно исцелување и духовна пракса, осум месеци непрекинато и концентрирано се трудев да го искоренам егото. Тоа беше пред три години кога имав 18 години. Сето тоа ги намали моите проблеми за 25%.“

4.5 Мантрикот физички ја попречува Свати

Со сеопшта примена на мерки за духовно исцелување, трудот да ја зголеми духовната емоција и да го намали егото, недостатоците на карактерот, несигурноста и стравот, почнаа на се намалуваат.

„Во текот на овој период престојував во ашрамот на SSRF во Понда, Гоа, Индија. Овде Неговата Светост Др. Атавле еден ден во 2003. година, рече дека ќе доживеам Блаженство и наскоро открив дека тоа беше вистина.“

Во август 2005. година, Свати се соочи со препреки на својот духовен пат. Мантрикот влијаеше врз неа, така што таа запаѓаше во несвесна состојба. Духот исто така, сексуално ја малтретираше преку ноќ. Тоа се случуваше иако спиеше во друштво на другите трагачи. На телото се забележуваа траги во вид на отечени усни. Кога ќе се вратеше во свесна состојба, запаѓаше во тешка депресија. Попречувањата се намалија дури тогаш, кога Неговата Светост Др. Атавле примени мерки за духовно исцелување. По четири месеци, таа пак се врати. Тогаш Н.С. Др. Атавле ја повика да дојде во центарот во SSRF во Гоа, Индија, каде што и тој самиот престојуваше и таму тој врз неа примени екстензивни мерки за духовно исцелување. Тоа конечно ја излечи.

5. Пат до се поголема сила

Во текот на претходните две години, Свати доживеа огромни промени на својата личност. Таа повеќе не е несигурна, ниту се плаши да остане сама. Иако мантрикот целосно не е истеран од неа, попречувањата коишто ги чувствуваше се под контрола.

„Разбирам дека морам да продолжам со секојдневната духовна пракса, како и да ги применувам мерките за духовно исцелување за да го спречам мантрикот да воспостави контрола врз мене. Со тек на времето, овие мерки во целост ќе ги отстранат проблемите коишто тој ги предизвикува.“

Мантриците се многу моќни духови коишто можат да се спротивстават на истерувањето, затоа што имаат голема количина на духовна црна енергија. Тие континуирано вршат духовна пракса за да ги надополнат своите залихи на на енергија. Сомо со постојано делување со духовни третмани, духовната енергија на мантрикот почнува да се намалува и тој конечно го напушта лицето. Редовната духовна пракса којашто е во согласност со шесте основни принципи на духовната пракса е единствен одржлив начин за да се заштитиме од негативните енергии и духовите.

„Некогашната несигурна и плашлива Свати исчезна. Сега сум многу по отворена и сигурна. Јас ги надгледувам сите активности коишто се однесуваат на ширење на Духовноста во три окрузи во Индија. Тоа го работам бесплатно како моја духовна пракса со цел на Богоспознание. Мојата одговорност секојдневно ме доведува во контакт со голем број на луѓе од двата пола. Често се обраќам на голема група луѓе. Ме викаат да им дадам насочување во индивидуалната и колективната духовна пракса на луѓе коишто се многу постари од мене. Многу пати во моментот морам да донесам одлуки коишто влијаат на многу луѓе. Со Божјиот благослов, со леснотија можам да се носам со сите предизвици.“

Свати смета дека до нејзиното целосно закрепнување дојде, поради одлуката и директната интервенција на Н.С. Др. Атавле. Таа вели дека благодарејќи на Неговото водство во духовната пракса, напоредно со примената на мерките за духовно исцелување, таа денес е личност каква што е.

„Тоа беше долг процес за време од 4 до 5 години, но целосно ме ослободи од попречувањата коишто ги имав. Се уште морам да се ослободувам од мантрикот, но сум сигурна дека со тек на времето и тоа ќе се случи.“