Кои мерки едно лице може да ги превземе на лично ниво за да ги надмине проблемите предизвикани од духовите?

  • Најдобриот духовен лек е редовна духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса.
  • Што се однесува до другите духовни мерки, како што е и објаснето на нашата страница за духовно исцелување, тие се најефектвини кога се надполнети со редовна духовна пракса.
  • Во случаи на луѓе каде што е сосема очигледно дека тие се опседнати, но навистина не се во состојба да си помогнат самите на себе, членовите на семејството и блиските би требало да им помогнат, така што ќе обавуваат духовна пракса заедно со нив. По некое време е неопходно членовите на семејството на лицето кое е опседнато, да го насочуваат и водат кон тоа да дојде до состојба самостално да обавува духовна пракса и да не зависи од нив.
  • Каде едно лице за кое се чини дека е под влијание или опседнато, одбива да преземе било каква духовна пракса, нема многу што да се направи за да му се помогне. Членовите на семејството од емоција може да посакаат да обавуваат духовна пракса за нивно добро. Сепак, ова не е препорачливо, бидејќи духовната способност на една просечна личност да ги надмине проблемите на другите со обавување духовна пракса од негова страна, во сегашната ера е многу ниска. Дури и молитвите за други, во најдобар случај имаат психолошка придобивка. Едно лице мора да биде најмалку на духовно ниво од 40%, за да нечии молитви за други луѓе бидат ефикасни.