MKD_CS-from-LRtoLH--v1

1. Вовед

Кога бев многу мала, се сеќавам дека лошо се чувствував затоа што бев девојче, бидејќи сакав да бидам момче. Повеќе си играв со момчиња, бидејќи мислев дека тие се поинтересни и ќе фантазирав дека имам машко тело во смисла на сексуални карактеристики. Кога бев околу 6-8 години, често имав соништа во кои имав пенис.

Бев многу љубопитно дете кога станува збор за сексот, и моето прво сексуално искуство со момче го доживеав кога имав само шест години. Ми се допаѓаше да гледам и да си играм со други деца (и момчиња, и девојчиња) на сексуален начин, и во моите тинејџерски години станав сексуално активна. Уживав и понекогаш копнеев по чувството на сексуална стимулација, а и доста често мастурбирав кога бев тинејџерка.

2. Феминистичка фаза

Ништо од ова не ми беше чудно, туку беше дел од она што сум јас. Како што растев и заминав на факултет, запознав многу ‘феминистки’, ЛГБТ (Лезбијки, геј мажи, бисексуални, транс и квир) луѓе, и луѓе кои беа политички определени. Во моите тинејџерски години бев доста страстена кога станува збор за човековите права и правата на животните, но на факултетот станав повеќе милитантна и ме интересираше анархистичка филозофија. Доста активно се вклучив во Женскиот центар во мојот школски кампус и многу од моите пријатели беа лезбијки или ‘хомосексуалци’ (политички термин со кој се означува лице кое се противи на ‘нормалните’ стереотипи затоа што е машко, женско, хетеросексуално, геј, итн.). Се запишав на женски студии и ги започнав како малолетна.

3. Врска која ја влоши целокупната моја ситуација

Мојот прв дечко со кој имав долга врска додека бев на факултет, Џо, се идентификуваше како хомосексуалец и обожаваше да се однесува  и облекува на вулгарен начин, често како израз на неговата политичка порака. Тој имаше сексуални односи со своите пријатели и ќе одеше во геј барови каде ќе имаше односи со разни луѓе. Тој се облекуваше како ‘панкер’ и даваше контрадикторни изјави во јавноста или пред моето семејство мислејќи дека е во право и дека е попрогресивен од другите. Прв пат влегов во геј бар со Џо кога бевме во врска, и овие посети станаа речиси редовна работа, со него или со моите пријатели.

Како што мојот однос со Џо напредуваше, почнав да се облекувам и однесувам поинаку, поконтроверзно, експериментално или авангардно. Секогаш бев искрена, одважен тип на личност, но во мене имаше и некоја машка страна, која понекогаш беше многу ладна, груба и ги повредуваше другите. Се сеќавам дека во текот на тинејџерските и младите дваесети години имав внатрешни конфликти во врска со мојот изглед. На моменти сакав да ја скратам косата навистина кратка да би имала ‘машка фризура’, а потоа на моменти пак сакав да имав долга коса до крајот на грбот. Кога наполнив дваесет години, ја скратив косата ептен кратка како машка фризура, а кога го запознав мојот дечко Џо, пак ја пуштив да расте. Бидејќи поминувавме доста време заедно, мојата облека се промени од помеки бои и материјали на потврди бои како што се црвена и црна. Купив војнички чизми и почнав повеќе да се облекувам во некој ‘панк’ стил. Ја скратив косата сосема кратко и ја боев во разни бои како што се црвена и розова.

Џо сакаше истовремено да биде во врска со повеќе луѓе, што и многу од моите пријатели истото го практикуваа, па така и јас бев заинтересирана да испробам ‘слободна љубов без било каква приврзаност’, и да се забавувам со други луѓе истовремено. Имав сексуални односи со други мажи додека бев во врска со Џо, а исто така почнав и да истражувам сексуална интимност со жени. Иако девојките сексуално не ме привлекуваа додека бев млада, имав чувство дека многу од моите пријатели коишто се хомосексуалци се однесуваат така мислејќи дека се ‘напредни’ во однос на другите луѓе.

4. Лезбиска фаза

Откако ја прекинав мојата врска со Џо, излегував само со мојата прва девојка и после тоа бев заинтересирана само за жени. Се чувствував истовремено и возбудено што сум со своите девојки, и непријатно длабоко во стомакот кога станува збор за сексуални односи. Сепак, ја отфрлував секоја непријатност само за да можам да го правам она што  сакам да го направам и да бидам со оној кој сакам да бидам.

По серија проблематични врски, една вечер на геј забава во популарен диско клуб запознав трансексуалец по име Зак (Тој е роден како женско, а сега живее како машко). Повторно осетив некоја непријатност, но и привлекување кон Зак, и така почнавме да поминуваме време заедно. Се забавувавме две години и почнавме заедно да живееме.

Во нашата врска имаше голем број на конфликти и судири, како и многу расправии и драми, што беше доста необично бидејќи бев смирена и разумна личност. Сепак, се осеќав вовлечена во зависна врска од која не можев да излезам. Зек, кој всушност беше женско, осеќаше многу нервоза и стрес поради својот пол, начинот на кој луѓето го доживуваат во јавноста, на работа, во неговото семејство, итн. Му беше тешко да задржи работа или да заштеди пари, што исто така предизвикуваше голем притисок во нашата врска.

(Забелешка на уредникот: Зак беше опседнат од силна негативна енергија (мантрик) од 4-от регион на Пеколот, додека Каролин беше опседната од силна негативна енергија (мантрик) од 2-от регион на Пеколот. Како последица на тоа, бидејќи негативната енергија во Зак беше посилна, таа не можеше да и се спротивстави на контролата која над неа ја имаше силната негативна енергија во Зак. Ова се случи и покрај тоа што Каролин е психички посилна од Зак.).

Во 2009-та година Зак и јас решивме да ја посетиме Индија, бидејќи тој во Гоа имаше роднини. Благодарение на Божјиот благослов, имавме можност да запознаеме трагачи на SSRF, кои престојуваа во SSRF духовно истражувачкиот центар во Гоа.

5. Престој во SSRF духовно истражувачкиот центар и откривање дека сум опседната од машки ентитет

Тоа беше речиси како чудо, само што започнав со пеење на Божјото Име, како што ме советуваа трагачите, осетив како се ослободува некоја енергија во мене, особено во пределот на срцевата чакра (Анахата-чакра). Зак и јас бевме љубопитни да дознаеме повеќе за духовната пракса, и бевме поканети да го посетиме SSRF духовно истражувачкиот центар. Осетивме огромна количина на мир и спокојство во SSRF духовно истражувачкиот центар, и можевме да почувствуваме вистинска љубов од трагачите кои престојуваа таму. Ни дозволија да останеме таму неколку недели и да обавуваме духовна пракса која вклучува пеење, духовно исцелување, служење на Апсолутната Вистина (сатсева) и учествување во суптилни експерименти.

(Забелешка на уредникот: Суптилни експерименти се спроведуваат како дел од истражувањето засновано на духовната наука со користење на високо развиено шесто сетило.)

После некое време, почувствував некои промени во мене и почнав да се осеќам дека повеќе не сакам да бидам во врска со Зак. Всушност, раскинав со него во духовно истражувачкиот центар, и конечно осетив дека можам да бидам слободна и дека можам да тргнам на вистинскиот пат.

Почнав да добивам голем број на емотивни изливи. Преку интензивни сесии на духовно исцелување, дознав дека сум била опседната од негативна енергија. Подоцна, Н.С. Др. Атавле појасни дека станува збор за силна негативна енергија која ме опседнала и почнала да влијае на мене во овој живот. Како што стареев, така растел и процентот на контрола која негативната енергија ја имала врз мене. Кога сум имала шеснаесет години, имала 50% моќ, а на моите дваесет години имала 70% контрола. За време на посетата на Духовно истражувачкиот центар, силната негативна енергија (мантрик) имала 70-90% контрола над мене.

Па така, конечно можев да разберам зошто бев збунета околу својот пол (на пример; желбата да имам машки полов орган, контрадикторни идеи за тоа како треба да се облекувам и каква фризура да носам) бидејќи силната негативна енергија (мантрик), која беше машко, се спојуваше со моите мисли и не можев да направам разлика кои се мои мисли, а кои се негови! Како што патев од анксиозност и неможност да преземам одговорност, ова знаење всушност, ми донесе олеснување после долго време бидејќи сфатив дека така многу внатрешни конфликти кои ги имав во врска со мојот пол и животот воопшто, беа поради тоа што бев опседната од силната негативна енергија (мантрик).

6. Фокус на духовна пракса

Во текот на следните неколку години, мојот живот продолжи да се расплетува. Три години останав сама и не сакав да бидам во врска со никого. Се фокусирав на духовната пракса и од внатре осетив дека се случува големо духовно исцелување. Порано бев многу несигурна и не бев во можност да донесам мали одлуки поради анксиозноста и тоа што се сомневав во себе, но сега полека станав способна да водам одговорен живот. Станав повеќе одговорна спрема својата духовна пракса, на работа, и исто така надминав многу проблеми кои во минатото ги имав со моето семејство.

Моето семејство беше многу среќно поради промените кои ги видоа кај мене, бидејќи станав посмирена, љубезна и ‘нормална’. Мајка ми, ми рече дека сум се облекувала на одреден начин и забавувала со одредени луѓе само за да ја вознемирувам. Тоа не го правев намерно, но сега можам да видам дека многу од моите однесувања беа последица на влијаниата од негативната енергијата.

Со помошта на Бога и Н.С. Др. Атавле при следењето на вистинскиот духовен пат, во мене почна да се појавува одредена женска убавина. Порано се осеќав непријатно кога кога би изгледала женствено или ‘меко’. Но благодарение на Божјиот благослов, за прв пат, почнав навистина да се чувствувам како жена.

7. Верена и пред стапување во брак со прекрасен човек

Во 2013-та година, запознав еден многу прекрасен човек, и се верив со него со план да се венчаме ова лето (2014-та година). Моите родители се многу среќни, и мислеа дека ниту тие не би успеале да ми најдат совршен маж. Тоа е неверојатно, бидејќи во текот на целиот мој живот не сакав да се мажам. Но две години пред тоа, како што мојот живот почна да се менува, одеднаш добив чувство дека сакам да се мажам.

Почнав да барам некој, но без успех. Тогаш, кога конечно се откажав и осетив мир околу тоа што сум сама, со Бога, мојот преубав вереник влезе во мојот живот.

8. Благодарност

Многу сум му благодарна на Бога и Н.С. Др. Атавле што ме преплавија со толку многу љубов, трпение, грижа и милост, што ме извадија од нездрав начин на живот и ме донесоа поблиску до Бога. Во мене претходно имаше толку многу его и внатрешни превирања, и јас навистина бев во мрачно место. Но Тој ме издигна над тоа и ми даде се. Мојата единствена молтива е Тој да направи уште многу духовна пракса преку мене, така што да можам да дојдам поблиску до Бога.

– Г-ѓица Каролин Метјуз, Канада (Име на алиас за да се заштити името на трагателката)