Како да спиеме – спиење во самракот 

1. Вовед

Сите ние сакаме да знаеме како добро да спиеме и да се пробудиме одморени. Еден од многуте фактори за доброто спиење е времето на одење на спиење. Могу луѓе имаат навика на брзина да отспијат предвечер на пример после враќањето од работа. Овој напис објаснува што навистина се случува во суптилната димензија кога одиме на спиење во самракот и што се треба да преземеме за да спиеме добро.

На самиот почеток треба да сфатиме:

  • Од духовна перспектива, сонот е состојба воглавно поврзана со основната суптилна тама (инерција и незнаење) компонента. Тоа значи дека за време на сонот основната суптилна тама компонента во нашето тело е зголемена.
  • Нашата духовна пракса е најмала за време на сонот, па сме најранливи кога спиеме. Поради тоа сме подложни за духовно загадување од основната суптилна раѓа-тама компонента и подложни сме на нападите од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).

2. Што се случува кога спиеме?

Кога спиеме:

  • Влегуваме од свесна состојба во дремлива состојба.
  • Поради тоа ефикасноста на внатрешните простори во телото, како и клетките и васкуларниот систем е многу намалена (внатрешни простори се простори помеѓу два органи во телото).
  • Поради состојбата на спиење, во телото се иницирани суб-виталните енергии (упапрана). Поради тоа се активираат внатрешните излачувачки гасови кои почнуваат да се движат во надолна насока.
  • Поради влијанието на таа надолна насока, вознемирувачките вибрации пренесени од регионот на пеколот се привлечени кон лицето што спие.

Затоа замавот на основните суптилни раѓа-тама честички во атмосферата се поголеми предвечер отколку во другите делови на денот. Негативните енергии од регионот на пеколот (Патал) го користат ова движење на суптилните раѓа-тама честички за полесно да везат во атмосферата. Поради влијанието на оваа духовно нечиста атмосфера, суптилните раѓа-тама фреквенции се трансформираат од физичкото тело на човекот во неговото витално енергетско тело (Пранадеха) во многу кратко време.
Поради тоа лицето може да страда од следниве проблеми:

  • ноќни мори
  • се буди задишан
  • треперење на телото
  • сензации слични на електричен шок
  • запоседнатост од духовите

Без оглед на тоа што на физичко ниво се чувствуваме свежо после ваквата дремка, на подлабоко, духовно ниво, ризикуваме многу. Со оглед дека овие факти  не ни се познати, не ги поврзуваме горе споменатите симптоми за тоа што сме спиеле во самракот, затоа што не сме свесни за лошото влијание од тоа спиење.

3. Заклучок

Од духовна перспектива: поради тоа што пропорцијата на основната суптилна раѓа-тама компонента е висока во самракот, подобро ќе биде да не се оди тогаш на спиење, затоа што е премногу тамасик.