Јас сум христијанин. Зошто треба да го пеам Името на Божеството Дата?

Богот Дата е Божество. Една од Неговите функции е да подари способност на луѓето кои го повторуваат Неговото Име за да ги надминат проблемите во своите животи кои се предизвикани од суптилните тела на нивните преминати предци.

 

Lord Datta

 

Многу често луѓето од разни религиски заедници (како на пример, христијани, или будисти) можат да се запрашаат ’Зошто треба да го пеам Името на Божеството Дата кое не припаѓа на мојата религија?’.

Универзалноста на овој аспект на Бога, без оглед на религиските уверувања, или религијата на раѓање може да се разбере со помош на едноставна аналогија.

Панадол (чија хемиска формула е C8H9NO2) е алопатски лек кој се произведува во Австралија, но исто така и во други земји. Помага во олеснување на симптомите како што се висока температура, главоболки и други помалку сериозни болки. Без оглед на местото на производство (во овој случај во Австралија), панадолот, чија хемиска формула е универзална може да се користи за ублажување на симптомите не само за луѓето во Австралија, туку во целиот свет.

Исто така, пеењето (повторувањето) на Името на Богот Дата помага на секој човек да ги надмине проблемите кои ги ствараат суптилните тела на преминатите предци што не зависи од националноста, религијата, или културното наследство. Оваа придобивка од пеењето на Неговото Име го имаат искусено многу трагачи по Вистината ширум светот кои Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) духовно ги советувала.

Прочитајте го написот – Истражување на случајот: Сиријак В. кој имал проблеми со суптилните тела на преминатите предци и како пеењето на Името на Богот Дата му помогнало.