1-MKD-p-lola-landing

1. Кратка биографија

Нејзината Светост г-ѓа Лола Везилиќ е родена во Април 1953 година. Таа е дипломиран економист и поголемиот дел од својата работна кариера, организирала меѓународни конгреси. Помеѓу 1991-ва и 1999-та година, живееше и работеше во Малезија и Сингапур. За време на нејзиниот престој таму, имала можност да сретне луѓе од различни култури и да се запознае со различни типови на духовни патувања и практики. Во тоа време највеќе ја привлекувале техниките за духовно исцелување, а некои од нив и сама ги практикувала.

Нејзинот најголем копнеж и желба уште од детството биле да им помага на другите да бидат среќни и да се ослободат од нивните грижи. Во многу животни ситуации, таа се обидувала да го утеши нејзиното семејство и пријатели со истата намера. Иако таа имала свои грижи и проблеми, сепак успевала да ги стави настрана и потполно да се посвети на ситуациите и проблемите кои ги имаат другите.

Во 2000-та година, таа започна да обавува духовна пракса под водство на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF).

Во 2006-та година, таа беше на духовно ниво од 50%, по што во рок од само две години, нејзиното духовно ниво се зголеми на 60%.

2-MKD-progress-p-lola

Во јануари 2012 година, таа достигна Светост (духовно ниво од 70%). Во времето на објавувањето на овој напис (септември 2014 година), Нејзиното духовно ниво е 75%.

3-MKD-p-lola-sainthood

2. Истакнати духовни карактеристики

Некои истакнати карактеристики на Н.С. Лола Везилиќ се:

  1. Постојана заедница со Божјиот Принцип
  2. Интензивна духовна емоција за Н.С. Бахтараѓ Махараѓ
  3. Таа постојано чувствува и шири Блаженство (Ананд)
  4. Духовна љубов без очекувања за секого
  5. Заборава на себе и мисли на другите

3. Како растеше духовно

Зборувавме со Н.С. Лола Везилиќ, да научиме нешто повеќе за Нејзиното духовно патување, и да го разбереме трудот кој таа го вложила за брз духовен раст.

3.1 Пеење

Ја замоливме Н.С. Лола Везилиќ (духовно ниво од 75%) да ни го раскаже своето духовно искуство поврзано со пеењето.

4-MKD-p-lola-chanting

Н.С. Лола: “Пеењето многу ми се допаѓаше, и брзо го засакав затоа што ги сфатив неговите придобивки. Придобивките беа тоа што умот ми беше многу помирен, и работите ги гледав многу појасно. Ми се допаѓаше да седам и пеам по неколку часа во текот на денот. Со текот на времето, почнав да осеќам Блаженство додека пеев. Сега, дури и самото размислување за пеењето ми донесува Блаженство. Веќе не сум толку свесна за зборовите, туку имам повеќе свест за тоа Блаженство кое доаѓа кога мислам на пеењето.

“Секогаш кога ќе поминував низ некоја лоша фаза, или кога ќе осеќав дека духовната пракса не оди како што треба, или имав некои световни проблеми, осеќав дека ако седнам и пејам одредено време, мојот ум ќе се смири, и тогаш ќе можам да најдам некои нови решенија, и ќе можам да го решам проблемот. За време на пеењето се молев, што исто така го смируваше мојот ум, па така јасно можев да гледам и применам решенија.”

“Исто така, пеењето ми донесе искуство на Бога. После неколку години, преку пеењето почнав да го осеќам Божјото присуство. Го осеќав неговото присуство во формата на Н. С. Бахтараѓ Махараѓ. Неговото присуство го осеќав при пеењето. И полека сфатив дека целта на мојата духовна пракса е да го осетам Божјото присуство. Доживување на Божјото присуство, е многу убаво искуство, иако зборот “убаво” е недоволен да се објасни тоа чувство. Таквото искуство придонесува за тоа да заборавиме на себе и да станеме свесни за Божјото присуство, распространетост, Блаженство, мир, и многу повеќе отколку што самите зборови можат да опишат.”

3.2 Престој во друштво на вистината (Сатсанг)

Во 2001-ва година, Н.С. Лола Везилиќ започна да присуствува на сатсанзи (престој во друштво на вистината). Ја прашавме што е она што ја привлече да почне да ги посетува.

Н.С. Лола: Нашите први сатсанзи се состоеја само од читање на SSRF свети текстови, и обиди од нив нешто да разбереме. Многу малку можевме да разбереме, поради ограниченоста на нашиот ум и интелект. Но, сите осеќавме дека зад тие зборови стои нешто многу важно и многу убаво, кое ќе можеме да го сфатиме и доживееме по извесно време на проучување. Тоа ни помогна да продолжиме и ја одржи нашата желба да бидеме во сатсанг.

Сатсангот би можел да биде со трагачи, или би можел да биде сатсанг со Свети книги, или дополнително, сатсанг со Светци или Гуруа, што е највисок облик на сатсанг. На тие сатсанзи на еден или друг начин се осеќа Божјото присуство. Ова секогаш донесува ентузијазам, многу радост, и исто така, некое разбирање на концептите или принципите на духовна пракса. Се разбира дека, сатсангот со Светци и Гуруа е највисок облик на сатсанг, и истиот секогаш донесува највисок облик на среќа, радост и знаење.

“Колку повеќе Божествена свесност (Чаитанија) е присутна за време на сатсанг, толку подобро се осеќаме. Осеќам дека сатсангот со Светци и Гуруа, има највисок облик на Чаитанија, а Чаитанија ни дава ентузијазам за духовна пракса, и желба да продолжиме. Таа, исто така ни дава Блаженство и радост на животот и духовна пракса.”

3.3 Служење на Апсолутната Вистина (Сатсева) преку посветена грижа за духовната пракса на другите трагачи

Далеку пред да достигне Светост, Н.С. Лола Везилиќ водеше трагачи во нивната индивидуална духовна пракса. Ја замоливме да ни каже нешто за тоа.

Н.С. Лола: “Имав среќа да добијам многу убави севи (служење на Апсолутната Вистина). Една од тие беше да се грижам за трагачите и нивната духовна пракса. Додека се грижев за трагачите осеќав како Бог да ми ги доверил своите деца да ги чувам, и во еден момент осетив дека имам толку многу деца и тоа е толку убаво. Во реалноста, имам само една ќерка, но затоа што требаше да се грижам за сите тие трагачи, се осеќав многу богато, како Бог да ми ги дал Своите деца да се грижам за нив.”

10-MKD-p-lola-conducting-satsang

“Во почетокот на тоа гледав како моја одговорност или должност и бев многу строга кон себе кога во прашање беа трагачите. Осеќав дека тие треба да го добијат најдоброто, и дека треба да бидат третирани со голема грижа и љубов. Подоцна, тоа стана толку природно, и осеќав како Самиот Бог да се грижи за трагачите, и дека од тоа не треба да правам некоја голема работа. Се течеше природно. Тоа не е љубов, онаква каква што осеќаме во световниот живот. Тоа е поинаков вид на љубов. Многу е длабока. Божјата љубов и Божјата грижа, едноставно течат. Па така, на истиот начин обавував и сева, дури и без размислување што треба да направам и како, бидејќи Самиот Бог, ни дава мисли за тоа што треба да се направи, а потоа автоматски го извршува.”

3.4 Доживување Божествена љубов кога ќе се посети Нејзината Светост Лола Везилиќ

11-MKD-p-lola-cooking

Многу трагачи често ја посетуваат Н.С. Лола за да го добијат нејзниот совет и насочување. Сите тие доживеале различни чувства за време на посетата. Ја прашавме Н.С. Лола, која е причината за таквото искуство.

Н.С. Лола: “Во друштво на трагачи се осеќа голема радост. Ако поради некоја причина, трагачи не доаѓаат во посета, почнувам да осеќам немир. Према трагачите осеќам повеќе блискост, отколку према некој член од семејството. Оваа блискост и љубов за трагачите ја осеќам од внатре, и може најдобро да се опише со тоа дека “Јас и припаѓам на трагачите и духовната пракса.”

“Бог ме благословил со овој скапоцен дар на љубов за другите и желба да се направи нешто мало за да трагачите се осеќаат пријатно, прифатено, сакано, и смирено. Природни мисли ми доаѓаат од внатре за тоа што можам да направам за другите и некои едноставни активности се случуваат. Готвам нешто што им се допаѓа, прашувам како се тие, за членовите на нивните семејства, ја делам нивната среќа и несреќа, ги слушам нивните проблеми, предложувам решенија за духовната пракса и животот, се смеам со нив, итн. како што мајките го прават тоа.”

“Понекогаш се чувствувам среќно поради самиот факт дека трагачите се тука, само затоа што ги гледам или мислам на нив. Осеќам блискост со малите деца поради нивната едноставност, отвореност и чесност; понекогаш играме заедно или зборуваме за работите кои нив ги интересира. Кога ќе видам дека другите се среќни, тоа ме исполнува со голема радост и Блаженство, и во тој момент заборавам на себе и осеќам како да “живеам за другите”. Многу сум му благодарна на Бога што ми дал толку многу од Неговата љубов да ja споделам со другите.”

12-MKD-p-lola-childlike-spiritual-emotion

13-MKD-p-lola-playing-with-child-seekers

3.5 Духовно исцелување

Друга сатсева која Н.С. Лола исто така ја обавуваше беше да применува духовно исцелување на трагачите.

“Бев воодушевена што можев да ја обавувам оваа сева. Благодарение на огромната љубов која ја има Н.С. Др. Атавле према трагачите, Тој ме благослови со оваа можност да за нив обавувам духовно исцелување. Долго пред тоа, осеќав дека трагачите со сериозни попречувања толку многу патат, и колку би било убаво ако некој би можел да обавува духовно исцелување и им помогне да се намалат нивните попречувања.”

14-MKD-p-lola-doing-upay-on-seekers

“Преку оваа сатсева осеќав дека моето време е смислено искористено за самата цел да им се помогне да се ублажи патењето, отстранат препреките, и охрабрат трагачите да издржат и да се борат со попречувањата. Имав искуство дека јас не правам ништо како во молитвата со која Неговата Светост Бахтараѓ Махараѓ инспирира: “Нека во ова духовно исцелување мене ме нема, само Ти остануваш. Те молам, Ти само седи, диши, пеј, моли се и обавувај духовно исцелување на Твоите трагачи”.

“Преку оваа сева на духовно исцелување, научив дека не е важно како јас се чувствувам во одредент момент. Туку трагачите кои имаат и трпат попречувања се оние кои се најважни. Па така, во текот на оваа сева, благодарение на Милоста на Н.С. Бахтараѓ Махараѓ, можев да заборавам на себе, и потполно да се сконцентрирам на трагачите, обидувајќи се да разберам како тие се чувствуваат во текот на попречувањата, и кое духовно исцелување би можело највеќе да им помогне. Понекогаш со часови немаше никаков знак дека попречувањата кои ги има трагачот се намалиле. Во тие моменти, благодарение само на Неговата милост, можев да истраам и да имам вера, дека во одреден момент трагачот ќе почне да се чувствува подобро. Радоста која ја осеќав кога ќе се јавеше дури и мал знак на подобрување, не можеше да се спореди ниту со највисокиот облик на световна среќа. Во тие моменти бев исполнета со духовна емоција на благодарност. Денес, кога размислувам за таа сева, имам благодарност дека Н.С. Бахтараѓ Махараѓ и Н.С. Др. Атавле “поместуваа планини”, а јас само држев мал стап тоа да го подржам.

Неколку трагачи ги поделија своите искуства на духовно исцелување кои се случиле преку Н.С. Лола Везилиќ, пред да биде прогласена за Светица.

  • “Кога Taa обавува духовно исцелување, се е бело и осеќам многу Божествена љубов. Таа се капе во Божествена светлина”.
  • “Последните неколку месеци, осеќам како Бог обавува духовно исцелување преку Неа. Понекогаш осеќам како Н.С. Бахтараѓ Махараѓ да обавува духовно исцелување прека неа. Имав силни мисли дека таа е Светицa”.
  • “За време на духовно исцелување со Неа, осеќав како Таа да не е тука, и како да не е ниту машко, ниту женско”.
  • “Многу пати во текот на духовно исцелувачките сесии, ќе го осетев присуството на Баба (Н.С. Бахтараѓ Махараѓ). Осеќав како Таа да не беше присутна, туку само Баба. Кога ќе фрлев поглед на Неа, Таа беше проѕирна, речиси транспарентна.”

3.6 Водење сатсанзи како Сатсева

Многу трагачи имаат огромна придобивка од тоа што присуствуваат на сатсанзите кои ги води Н.С. Лола. Нивниот духовен раст се забрзува исто така. Во 2013 година, духовното ниво на многу трагачи низ целиот свет се зголеми во просек од 5%, како резултат на насочувањата и Божествената свест која трагачите ја добиваа на Нејзините сатсанзи. Ја замоливме да ни каже како Таа ја обавува оваа сатсева.

Н.С. Лола: “За временски период од неколку години, главна сатсева за мене беше водењето сатсанзи, и истата и денес секојдневно се одвива. Со текот на времето, мојот пристап кон водењето сатсанзи, се промени. Во почетокот, фокусот беше повеќе на себе, со мислите за тоа што треба да кажам, да не пропуштам нешто важно, итн. Тогаш имав и страв да говорам во јавноста. Со вежбањето како да се водат сатсанзите, стравот кој го имав полека се намали, а фокусот се префрли на трагачите кои присуствуваа на сатсангот. Повеќе размислував за другите, и мојата желба трагачите да напредуваат, се зголеми”.

“Сега, по молитвата на почетокот од сатсангот, целото мое внимание се насочува на трагачите и немам мисли за себе. Бог ми дава јасни мисли и фино чувство за она што е потребно за секој трагач. Во текот на сатсангот, осеќам блискост со трагачите, благодарност и единство со Божјиот Принцип во сите нив. И јас учам од сето она што им се пренесува на трагачите”.

“Главната цел во оваа сева на водење сатсанзи е трагачите да се осеќаат добредојдени, разберени и почитувани, и со нетрпение едвај да дочекаат да дојдат на следниот сатсанг. Благодарение на Божјата милост, секој сатсанг е различен, така да се осеќате свежо и никогаш неможе да ви досади, поради Божествената свесност која се осеќа во атмосферата. Понекогаш е потребно многу трпение, охрабрување и повеќе пати да се повторат објаснувањата, се додека трагачите не ја сфатат перспективата за која се зборува. После сатсангот, сите се осеќаат исполнети со Божествена свесност и радост. Благодарна сум му на Бога, што ме држи во постојан контакт со трагачите преку оваа сева. Благословена сум со тоа што можам да видам како трагачите се трансформираат на подобро со текот на времето. Количината радост која ја осеќам кога тоа ќе се случи е многу поголема од било кој вид на лична среќа”.

4. Отстранување на недостатоците на карактерот и усвојување Божествени квалитети

Ја замоливме Н.С. Лола да ни каже каков бил нејзиниот пристап кон отстранување на недостатоците на карактерот во текот на своето духовно патување.

Н.С. Лола: “Кога започна тoj процес на внатрешно прочистување или отстранување на недостатоците на карактерот, бев многу среќна. Бев среќна затоа што целиот свој живот се обидував да ги отстранам своите дефекти, затоа што бев свесна за нив. После некои краткорочни успешни обиди, мојата концентрација ќе се намалеше, и моите дефекти повторно ќе се појавеа, и морав повторно да го почнам процесот за нивно отстранување. Овој процес се повторуваше многу пати, и сфатив дека нема начин на кој ние самите можеме да ги намалиме нашите дефекти на психолошко ниво. Во тој момент веќе не знаев што да правам.”

“Во тоа време, беше воведен процесот за отстранување на недостатоците на карактерот, и тогаш од внатре почувствував дека тој процес трајно ќе отстрани некој од моите дефекти. Ова е причината зошто бев многу среќна и радосна и почнав да земам автосугестии и да пишувам грешки. Дури и сега, некако осеќам дека сето она што се случило во текот на тој процес на отстранување на недостатоците на карактерот, му е предадено на Бога. Бог помогна дефектите да се заменат со квалитети”.

Ја прашавме дали се уште и денес има реакции.

Н.С. Лола: “Денес реакциите се ретки. Кога тие ќе се случат, нивото на предавање на Бога е некако поголемо. Предавањето е подлабоко, и било каков немир или прекумерно мислење, брзо се отстрануваат. Многу брзо доаѓа одредено разбирање за тоа што е исправно. За тоа не бев свесна, се додека не го поставивте тоа прашање. За повеќе од овие работи не сум свесна, но откако ќе ги поставите прашањата, размислувам за нив и опишувам како е тоа сега.”

Потоа ја прашавме за развивањето Божествени квалитети преку духовна пракса.

Н.С. Лола: “Кога дефектите ќе се намалат, квалитетите природно се зголемуваат и овие процеси се случуваат истовремено. Со текот на времето сфатив дека процесот на усвојување квалитети е всушност процес на враќање назад во нашата оригинална или природна состојба. Бог е полн со квалитети, и тоа е нашата природна состојба. Поради тоа што со текот на времето сме развиле многу дефекти/мани, сме отишле далеку од Бога или од нашата природна состојба. Квалитетите на кои многу сум благодарна се чувството на благодарност, предавањето и чувството на Блаженство. Сите овие се Божји квалитети.”

5. Отстранување на егото

Исто така, ја замоливме да ни каже нешто за намалување на нашето его.

Н.С. Лола: “Чувството дека сме различни од Бога, всушност не води далеку од Бога, а за да дојдеме поблиску до Бога, треба да имаме чувство дека Бог и јас сме исти, а не различни. Всушност не знам како се случува овој процес. Немам знаење за тоа. Можам да споделам само кој труд го вложив. Многу се молев, и доста често се замислував како мала точка пред Бога. Тоа секогаш ми донесуваше чувство на огромна благодарност, и чувство на длабока понизност пред Бога, Кој е Семожен, Сезнаен и Семоќен, а јас пред Него сум како една точка. Тоа веднаш ми донесуваше чувство на ниско его. Понекогаш замислував како одам кон Бога, и одејќи по тој пат станувам се помала и помала, се додека повторно не станам како точка. Потоа се молев и набљудував како се осеќам, како ќе одговорев на нешто и како се однесував”.

“Многу сме среќни што ни се дадени толку многу примери на его манифестации (во подготвената листа на его манифестации) за да во секој момент можеме да знаеме дека одредени мисли кои ги добиваме, всушност се исполнети со его. Во таа смисла, многу е лесно да се препознаат его мислите, а потоа предадете ги, помолете се, и исто така, земете автосугестии за да се отстрани егото.”

“Бидејќи егото е многу суптилно, не можеме многу да направиме во врска со тоа. Она што можеме да го направиме е да го правиме она што ќе ни го кажат Светците и духовно напреднатите луѓе (трагачи). Ако ги следиме нивните совети и имаме желба, тогаш Бог ќе го намали нашето его. Неможеме да го намалиме нашето его со било какви средства. Ако имаме желба Бога да го намали нашето его, ако Му се отвориме и Му дозволиме тоа да го направи, тој процес станува многу Блажен. Бог веднаш создава ситуации во кои ни го покажува нашето его, бидејќи треба да знаеме или прифатиме дека имаме некое его, и во моментот кога тоа ќе го прифатиме и Му се помолиме, и во моментот кога тоа его ќе го предадеме на Бога, тоа его ќе биде отстрането одеднаш или постепено. Егото е најголемата препрека во нашата духовна пракса, бидејќи егото го дава тоа чувство дека сме одвоени или различни од Бога.”

“Колку помало его, толку повеќе го осеќаме Бога, и што е помало егото, толку е поголема духовната љубов (Прити) према целата Божја креација.”

6. Духовна емоција према Н.С. Бахтараѓ Махараѓ

15-MKD-bhav-p-lola

Уште од самиот почеток на духовна пракса Н.С. Лола Везилиќ на различни начини комуницираше со Бога, или остануваше во заедница со Него. Оној од кого таа секогаш црпеше највеќе инспирација и поврзаност е Н.С. Бахтараѓ Махараѓ (Баба), кој го напушти телото во 1995-та година. (Н.С. Лола духовна пракса започна да обавува во 2000-та година.) Ова е многу необично, па ја замоливме да ни каже нешто за тоа.

Н.С. Лола: “Дури и до ден денес не знам како тоа навистина се случи, но она што можам да го кажам е дека осеќам како Н.С. Баба да ја инспирираше таа конекција, и создаде таа врска. За време не еден многу тежок период во мојата духовна пракса кога бев во депресија, не знаев како да продолжам, како работите не изгледаа така сјајно, таа врска некако стануваше посилна и посилна, и често ќе ми олеснеше кога ќе почнев да пеам гледајќи во Неговата фотографија. Кога сме жедни од внатре, се чувствуваме беспомошни, ми се чини дека што е потешка ситуацијата со која се соочуваме, толку е поголемата нашата желба Бог да ни помогне. Благодарение на тоа, едноставно осетив дека Бога ја знае секоја моја мисла, дури и подобро отколку што јас знам за себе. Сето она што сум “јас”, Тој го познава. Едноставно Му се предадов. Во почетокот разговарав со Него преку зборови, а подоцна стана разговор без зборови. Тој гледа, Тој ги знае мислите, и Тој ќе го реши проблемот каков и да е. Ова е најубавата врска во животот.”

7. Порака до трагачите

На крајот од овој разговор ја прашавме дали има некој порака за трагачите:

Н.С. Лола: “Сакам само да им порачам на трагачите и на оние кои ќе станат трагачи дека постои еден цел свет за кој ние не сме свесни, пред да започнеме да обавуваме духовна пракса. Еднаш откако ќе почнеме да обавуваме духовна пракса, полека почнуваме да сфаќаме дека нашиот живот има длабоко и прекрасно значење, и дека сите настани кои ги доживуваме или ни се случуваат, се создадени од Бога.” “Живеејќи ги своите животи, можеме да станеме подобри, можеме да му се приближиме на Бога, можеме да доживееме Блаженство и мир, можеме да ги љубиме другите и можеме да го љубиме сето она што Бог го создал. За да можеме ова да го постигнеме, се што треба да направиме е да ги следиме упатствата кои на почетокот се многу едноставни, да пееме, да се молиме, да присуствуваме на сатсанзи, и да обавуваме малку сатсева. Постепено, со обавување духовна пракса можеме да станеме многу среќни и Блажени. Можеме да им помогнеме и на другите да станат исто такви.”