Распуштена коса - жените кои својата коса ја носат распуштена и духовниот ефект од таквото носење

 1. Вовед во духовниот ефект од носењето распуштена коса кај жените

Реклами за шампони, списанија за мода и славните ширум светот, веќе одамна го промовираат гламурозниот изглед на жената, која замавнува со косата пред камерата. Ваквиот вид на маркетинг пораки, го создадоа општиот впечаток дека жената треба да изгледа гламурозно со распуштена коса. Во денешно време нормално е за жените ширум светот да ја носат својата коса распуштена, особено за вечерните излегувања кога сакаат да изгледаат најубаво (најдобро).

Духовно истражување засновано на духовната наука, спроведено од страна на SSRF, го испита духовниот ефект од носење различни видови на фризури. Во овој напис, го објаснуваме духовните ефект од носењето распуштена коса кај жените и мажите.

За подобро да го разберете овој напис, ви препрачуваме да се запознаете со следниве написи:

  1. Сатва, Раѓа, Тама – трите основни суптилни компоненти на Универзумот
  2. Водич за сатвик живеење – вовед (Духовноста во секојдневниот живот)
  3. Нега на коса и фризури – Духовен ефект

2. Духовен ефект од носењето распуштена коса

Во овој напис, споделивме цртеж заснован на суптилното знаење, нацртан од страна на г-ѓа Пријанка Лотликар, која има високо развиено шесто сетило, или способност за надсетилна перцепција. Со Божјата милост (благодат) и многу години редовна духовна пракса, Г-ѓа Пријанка е во состојба да гледа во духовната димензија, исто како што ние ја гледаме физичката димензија. Цртајќи цртежи засновани на суптилното знаење, г-ѓа Пријанка споделува со нас, она што таа го гледа во суптилната димензија. Пред да бидат објавени, за суптилна точност, сите цртежи засновани на суптилното знаење на г-ѓа Пријанка, се проверени и потвредни од страна на Неговата Светост Др. Атавле.

Точноста на овој цртеж заснован на суптилното знаење е 80%, што е далеку над просекот на просечниот или видовит уметник и неговата способност.

Распуштена коса - жените кои својата коса ја носат распуштена и духовниот ефект од таквото носење

Овој цртеж заснован на суптилното знаење покажува под какво негативно влијание на духовно ниво ќе биде жената која својата коса ја носи распуштена. Причините за ова се објаснети во деловите што следат.

1. Зоглемување на Раѓа компонентата доведува до нестабилност на умот и интелектот

Распуштена коса - жените кои својата коса ја носат распуштена и духовниот ефект од таквото носење

Раѓа суптилната компонента е поврзана со акцијата и страста и е суптилната компонента која е одговорна за движењето. Ако на духовно ниво ги споредиме жените и мажите, кај жените повеќе доминира Раѓа компонентата и една од манифестациите на ова е тоа што тие по природа се по емоционални.

Кога една жена ќе ја остави својата коса распуштена, Раѓа компонентата во нејзината коса уште толку повеќе се зголемува. Зголемувањето на Раѓа суптината компонента доведува до нестабилност на умот и сколност кон неозбилно однесување кај луѓето. Оваа нестабилност на умот може да биде искористена од негативни енергии и да влијаат на жената да прави и кажува работи кои таа нормално не би ги кажувала.

Исто така, кога жените ќе ја остават својата коса распуштена, тие стануваат по свесни за нивните пет сетила и нивното тело. Многу брзо негативните енергии можат Раѓа компонентата да ја претворат во Тама компонента. Ова води до зголемување на чувствата како што се, депресија, загриженост, зголемени сексуални мисли кои водат кон промискуитет.

2. Негативните енергии делуваат преку изложените врвови на косата

Распуштена коса - жените кои својата коса ја носат распуштена и духовниот ефект од таквото носењеПреку духовно истражување засновано на духовната наука, откривме дека во самата коса преовладува повеќе Раѓа-Тама компонентата, отколку во останатите делови на нашите тела, а со тоа и природно станува мета на негативните енергии бидејќи и во самите нив исто така, преовладува Раѓа-Тама компонентата. Меѓутоа, она што ја прави косата лесна мета за влијание се нејзините врвови кои имаат суптилна празнина (отвор) преку кој негативните енергии можат да влезат. Оваа празнина е многу мала, но се отвара секој пат кога жената се шиша или ги шиша врвовите.

Сите празнини во телото се подложни на суптилни влијаниа. На пример, негативните енергии преку храната можат да влезат во телото преку устата.

Кога врвовите на косата се оставени изложени, како што е прикажано на цртежот погоре заснован на суптилното знаење, негативните енергии ја користат оваа празнина на врвовите од косата да влезат во жената и патуваат до порите на скалпот. Ова резултира да насекаде по порите се насобере негативна енергија, која обично го нарушува интелектот на жената. Како резултат на тоа, поголема е веројатноста дека ќе се насобере црна енергија во телото, кога жената ќе ја остави својата коса распуштена. Поради ова на жените не им се препорачува да ја шишаат својата коса.

2.1 Духовен ефект кај жените со кратка коса

Распуштена коса - жените кои својата коса ја носат распуштена и духовниот ефект од таквото носењеЖените со кратка коса се во неповолна положба, бидејќи косата им е постојано распуштена. Како резултат на таквиот вид на кратка распуштена коса, се привлекуваат вознемирувачи енергии од околината. Многу е поголема веројатноста дека жените со кратка коса да станат мета на негативни вибрации. Во последниот дел од овој напис се дадени совети за тоа како да се намали влијанието на негативните енергии преку косата.

 

2.2 Спиење со распуштена коса

sleep-with-hair-openКога една жена спие со распуштена коса, врвовите на влакната се изложени на влијание од негатвините енергии. За време на спиењето ние сме по раниливи, бидејќи во текот на ноќта поради зголемувањето на Раѓа-Тама вибрациите во околината, негативните енергии се по активни. Ова е особено изразено кај жените кои не обавуваат редовна духовна пракса.

 

2.3 Зошто мажите не се под влијание кога носат кратка и распуштена коса

На духовно ниво, мажите генерално имаат помалку од Раѓа-Тама компонентата отколку жените; затоа тие се помалку емотивни и помалку чувствителни. Тие, исто така, имаат и поголема способноста да се борат со негативните енергии. Како резултат на тоа, тие се помалку склони на суптилни влијаниа иако имаат кратка коса. Мажите со кратка коса имаат поголема способност да впиваат Сатва компонента. Затоа на мажите им се препорачува да носат кракта коса. Носење долга коса од страна на мажите не се препорачува, бидејќи тоа ја зголемува суптиланта топлина во нивното тело и им се нарушува нивната внатрешна стабилност.

3. Некои практични совети за фризури од духовна перспектива

  • Духовното истражување засовано на духовната наука спроведено од страна на SSRF, покажа дека колку што е можно, жените не треба да носат или да ја оставаат својата коса распуштена. Подобро е да носат пунџа или плетенка.
  • За жената дури и кога спие, подобро е да ја врзе својата коса.
  • Нанесување Свет пепел (Вибути) на врвовите од косата, ќе помогне да се намалат суптилните влијаниа.
  • По миењето на косата, на жените им се препорачува да ги врзат краевите на косата или косата да ја замотаат во крпа додека се суши.
  • Молитви за заштита од негативните енергии и зголемување на желбата за духовна пракса помагаат да се створи суптилен заштитен омотач околу лицето.
  • Не постои замена за обавувањето редовна духовна пракса која вклучува правење напори за намалување на нечие его и отстранување на недостатоци на карактерот.
  • Исто така, кога жените носат или ќе ја остават својата коса распуштена, тие стануваат по свесни за нивните пет сетила и нивното тело. Оваа зголемена свест за телото, може да го попречи духовниот раст, што всушност е целта на животот. За да растеме духовно, треба да престанеме, односно да го надминеме индетификувањето со нашите пет сетила, умот и интелектот, и да се индетификуваме со Душата или Бога во нас.
  • Како резултат на редовната духовна пракса, лицето е во состојба да ја почувствува разликата помеѓу Сатва и Тама активностите. Еднаш кога едно лице е во состојба да го согледа ова, на тоа лице нема потреба да му се кажува што е духовно подобро, бидејќи тоа може да се почувствува од внатре. Преку редовна духовна пракса и практикување сатвик начин на живот, лицето се здобива со милоста на Гуруто која го штити од суптилни влијаниа и му овозможува брз духовен раст.