Појава на мрсни дамки на сликата на Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле

Забелешка: За подобро да ја разберете суштината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се испитуваат, особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки природни појави.

2-MKD-Oily-stains-appearing-on-picture-PPГ-ѓа Калијани Ганган обавува духовна пракса под водство на Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле од 1997-ма година. Со текот на годините таа и служи на мисијата на Н.С. Др. Атавле на различни начини, од ширење на духовноста, служење на други трагачи преку работа во кујната, до тоа што таа стана дел од одделот за знаење за духовната димензија.

Во овој напис г-ѓа Калијани со свои зборови опишува како на сликата која ја имала кај себе од Н.С. Др. Атавле, спонтано се појавиле мрсни дамки.

Во текот на 2006-та година, живеев во SSRF истражувачкиот центар и ашрам во Гоа, Индија. Една од трагателките со која ја делев собата во која престојував беше г-ѓа Анурада Вадекар која во тоа време и служеше на мисијата на Н.С. Др. Атавле, со тоа што помагаше во ширењето на духовноста. Г-ѓа Вадекар поради оваа сатсева,

често беше на пат. Доста често, трагачите кои таа ќе ги сретнеше и даваа поклони како израз на нивната благодарност. Бидејќи г-ѓа Вадекар немаше многу време, се обидував да и помогнам да ги среди своите лични ствари. Додека ги средував нејзините лични ствари, ги склонував на страна оние кои веќе не и беа потребни и ќе ги спремав оние работи кои и беа потребни. Во текот на средувањето на нејзините работи, наидов на слика од Н.С. Др. Атавле. Беше единствена, бидејќи претходно таква немав видено. Откако виде како ме привлече оваа слика, г-ѓа Вадекар ми ја поклони.

Јас со огромно задоволство ја прифатив фотографијата и бев многу благодарна за тоа. Во тоа време на сликата немаше дамки. Меѓутоа, неколку месеци подоцна, еден ден забележав дека фотографијата изгледа мрсно. Но го игнорирав тоа мислејќи дека можеби сликата се залепила за рамката, но кога ќе погледнев во неа, осеќав одреден степен на вознемиреност. Во тоа време, не се консултирав со трагачите од одделението за знаење за духовната димензија да проверам дали на сликата има нешто што суптилно е лошо. Бев прилично врзана за сликата и мислев дека, поради тоа што сликата беше на Н.С. Др. Атавле, таа во себе има Божествена свесност (Чаитанија), па така продолжив да ја држам кај себе.

Spontaneous-Oily-stains

Негативни енергии: Во фондацијата за истражување засновано на духовната наука го користиме терминот "негативни енергии" како колективна именка да ги претставува сите видови на ентитети во духовната димензија кои имаат намера да му наштетат на човештвото, од "обичниот дух" па до најсилните негативни енергии "мантрици". Ако духовната сила на обичниот дух е помеѓу една и десет единици, тогаш силата на мантрикот се движи од една милијарда до блиску до бесконечноста.

Во 2009-та и 2010-та година, трагачите од одделот за восприемање за духовната димензија, собираа предмети погодени од влијанието на негативните енергии. Баш во тоа време и ја покажав фотографијата на г-ѓа Анѓели Гадгил, трагетелка од одделот за восприемање за духовната димензија со развиено шесто сетило. До тој момент на фотографијата имаше многу мрсни дамки. Гледајќи во фотографијата, г-ѓа Анѓели Гадгил рече дека сум требала веднаш да ја предадам сликата кога сум сфатила дека на неа се прават мрсни дамки, бидејќи станува збор за влијание од негативните енергии.

Кога г-ѓа Швета Чобеј, член на уредувачкиот тим за веб-сајтот на SSRF, го припремаше овој напис за искуството на Калијани, таа осети зуење во ушите. Дури откако таа се помоли попречувањата да престанат, зуењето престана.