Проблеми предизвикани од предците поради непочитување на семејните традиции

SSRF ги објавува овие студии од случајот со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и според своја проценка.

Истражување на случајот

Махеш, трагач по Вистината од Индија, до 28. Февруари 2003. година, поминуваше низ многу животни проблеми, како што се пречки во учењето, постојани расправии со родителите, итн. На почетокот на својата духовна пракса, овој трагач престојуваше во Тане центарот на SSRF, град блиску до Мумбаи во Индија. За време на неговата духовна пракса, беше забележано дека неговото расположение многу брзо се менува – од нормална состојба тој ќе станеше неконтролирано бучен и гласен, како да повеќе не е тој и како да е опседнат и контролиран од некој друг ентитет. Трагачот беше испратен во ашрамот на SSRF во Панвел, град во Индија, на духовно исцелување за да трагачите коишто имаат способност за духовно восприемање му помогнат да ја пронајде вистинската причина на својот проблем. Веднаш беше откриено дека причината беше дух на негов предок.

Следува препис на разговорот помеѓу духот којшто се манифестираше во Махеш и трагачот којшто има способност да го види и да разговара со него.

Коментар: Ова е еден од начините на кои предците ги опседнуваат нивните потомци и комуницираат преку нив.

Суптилното тело на преминатиот предок: Јас сум роднина на неговиот татко. Оставете ме во Карешвар (храм во Индија).

Трагачите: Зошто во Карешвар?

Суптилното тело на преминатиот предок: Го опседнав во храмот Карешвар, така да единствено можам таму да го напуштам. Неговата Светост Др. Атавле ми рече да го напуштам. Чувствувам дека треба да Го послушам.

Коментар: Секој дух има различни барања кога треба да го напушти опседнатото лице. Тешко е секој пат да се даде објаснување зошто духовите имаат такви барања. Во овој случај, може да биде поради тоа што на духот му е речено да си замине, а со заминување на местото на кое што влегол, неговата приврзаност за лицето и неговото семејство се исполнети, затоа што гревот е платен, и со тоа кругот се затвора.

Трагачите: Зошто го мачиш?

Суптилното тело на преминатиот предок: Затоа што никој во семејството не ја почитува семејната традиција ’обожавање на Богот Шива’ (Божјиот принцип на уништување) во Карешвар, и така не можам да бидам ослободен од оваа состојба на духот. Со оглед дека тие не ја продолжуваат традицијата, зошто да ги пуштам да живеат? Сакам да го уништам нивното семејство.

Коментар: После смртта, суптилните тела патуваат во разни нивоа на постоењето, пред да бидат повторно родени според сметката на земање и давање којашто ја направиле. Често се случува тие да застанат на тој пат на некое ниво и не можат да продолжат понатаму до следното ниво, затоа што не се способни или немаат енергија за тоа. Овие души или духови ја добиваат потребната енергија за напредување до следното ниво од духовниот труд којшто го вложуваат нивните потомци. Според тоа, ако нивните потомци не ги прават потребните духовни обреди, тие го измачуваат семејството се додека не ги направат. Затоа ова се нарекува проблем предизвикан од суптилните тела на преминатите предци.

Трагачите: Зошто правиш толку врева и предизвикуваш многу проблеми?

Суптилното тело на преминатиот предок: Затоа што не можам да останам во ашрамот. Оставете ме во Карешвар. Немам доволно енергија да го напуштам во ашрамот.

Коментар: Како што е објаснето погоре, секој дух има специфични барања да го напушти опседнатото лице. Духот во овој случај не можеше да замине затоа што позитивната енергија (сатва) во ашрамот беше толку висока, така што духот ја изгуби сета енергија и не можеше да го напушти опседнатиот трагач.

Трагачите: Кога го опседна?

Суптилното тело на преминатиот предок: Го опседнав во храмот Карешвар кога имаше 4 години.

Трагачите: Какви проблеми му правеше?

Суптилното тело на преминатиот предок: Го расипав неговиот ракопис (трагачот имаше лош ракопис), му правев пречки во неговото образование. (Кога трагачот студираше да биде инженер, изгуби една година на факултетот. Подоцна многу учеше, но и покрај тоа, пак падна на испитот. Мислеше да го напушти студирањето, но другите трагачи го убедија да продолжи). Правев проблеми и на неговата мајка и се обидував да создадам сомнежи во врска со него во умовите на другите трагачи.

(Пред духот да зборува со трагачите, опседнатиот трагач зборуваше, ’Сакам да одам во Тане.’)

Трагачите: Што има во Тане?

Суптилното тело на преминатиот предок: Во Тане центарот можам да му создавам повеќе проблеми, но не и овде во Панвел ашрамот, затоа што овде има многу Света енергија (сатва компонента).

Коментар: Духовите (негативните енергии) многу непријатно се чувствуваат во многу Светите места. На тие места тие немаат голем капацитет или енергија да создаваат проблеми на своите опседнати жртви.

Трагачите: Ако го одведеме во Карешвар, дали конечно ќе го напуштиш?

Суптилното тело на преминатиот предок: Да, конечно ќе го напуштам. Се колнам на Карешвар! (духот ова го повтори трипати).

Коментар: Духовите понекогаш и лажат, затоа што ако ја зборуваат вистината, тоа може да ја попречи нивната мисија за создавање проблеми на другите. Кога духот ја повтори својата заклетва трипати, тоа е знак дека ја зборува вистината.

Трагачите: Додека одиме во Карешвар, ако и понатаму му правиш проблеми, нема да можеме да го одведеме.

Суптилното тело на преминатиот предок: Не, нема да правам проблеми по пат. Само ќе му правам проблеми кога ќе влезе во храмот и кога ќе се поклони пред симболот на Божеството Шива (Приди). (Духот трипати го повтори ова: ‘Нема да му правам проблеми додека одиме во храмот и нема повеќе да му правам проблеми’).

Кога опседнатиот трагач на 2-ри март 2003. година беше одведен во храмот Карешвар, додека се поклонуваше на симболот на Божеството Шива, духот повторно се манифестираше и рече:

Суптилното тело на преминатиот предок: Секоја година го доведувајте да го посети овој храм и замолете го наскоро да го посети светото место Каши (место за аџилак во Индија). Ова е моја желба. Му зададов многу проблеми и сега сум тажен. Пренесете го моето почитување на Неговата Светост Др. Атавле. Се чувствувам тажно додека заминувам.

Трагачот ја почувствува светлината, како да симна голем товар од себе, и после тоа немаше никакви проблеми.

Коментар: Многу често, да се отстрани проблемот со духовите е потребна одлука на Светците коишто го натераат духот да си замине. Исто така е важно да се напомене дека, во зависност од квалитетот на духовната пракса на опседнатиот трагач, тој може и не мора да ја исполни последната желба на духот, како што е во овој случај.

Исто така потребно е да се напомене дека, надминувањето на проблемите со негативните енергии не изискува посетување на духовни исцелители, туку лицето може да се избори со духот со помош на пеење на Бојото Име и соодветната духовна пракса, како што овој трагач направи.