Анализа на случајот – спонтано појавување на гребнатини на компјутерскиот глушец користен од страна на трагателка која добива Божествено знаење

Забелшка: За подобро да ја разберете позадината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се испитуваат особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Застрашувачки натприродни појави – Вовед

1. Вовед

Оваа анализа на случајот ја опишува појавата на чудни гребнатини на компјутерскиот глушец користен од страна на г-ѓа Анѓели Гадгил. Г-ѓа Ангели Гадгил е трагателка која добива Божествено знаење.

2. Процесот и значењето на добивањето Божествено знаење

1-MKD-Anjali-GadgilДуховно истражување по дефиниција значи стекнување на знаење од Бога. Одреден број на трагачи од SSRF имаат способност да примаат знаење од Бога, и тоа ги доведува во состојба да спроведуваат духовни истражувања. Сите овие трагачи обавуваат духовна пракса според советите на Н.С. Др. Ѓајант Атавле.

Од 2003-та година, се испечатени десетици илјади страници во А4 формат со Божествено знаење на разни теми кои ги добиле овие трагачи. Покрај тоа, нивната сатсева на примање Божествено знаење помогна да се истражат и објават бројни теми на SSRF-интернет страната.

Г-ѓа Анѓели Гадгил е една од трагачите кој добиваат Божествено знаење. Овој процес се одвива на следниот начин: Таа најпрво седнува на компјутерот, ќе се помоли и потоа започнува протокот на Божествено знаење и таа ги внесува информациите во компјутерот. Земајќи го во предвид целокупниот овој процес, нејзиниот лап-топ и компјутерски глушец стануваат важни алатки за служење на Бога.

3. Искуство

Едно попладне во 2006-та година, додека примаше Божествено знаење, ненадејно г-ѓа Анѓели Гадгил забележа гребнатини на својот компјутерски глушец. За ова не постоеше никаква очигледна причина. Таа беше сигурна дека нејзиниот компјутерски глушец е оставен на сигурно и водеше грижа за него. Покрај компјутерскиот глушец немаше никакви предмети со кои глушецот би можел да дојде во контакт и кои би можеле да предизвикаат гребнатини, ниту пак некој друг го користел, но сепак беше изгребан од сите страни.

Г-ѓа Гадгил во тој момент ништо не осеќаше, но таа подоцна се сети дека претходните денови била толку фокусирана на својата сатсева, што не ни обратила внимание на тежината и вкочанетоста која ја осеќала на физичко ниво. Исто така, ја болеле и очите и осеќала притисок во главата, но продолжила да го пишува Божественото знаење кое тие денови го примала.

Забелешка на тимот за истражувања засновани на духовната наука: Негативните енергии во процесот на добивање Божествено знаење се обидуваат да создадат максимален број на препреки. Поради таквите препреки, трагачите коишто се вклучени во оваа сатсева, постојано доживуваат разни видови на попречувања во поголема или помала мера. Како дел од својата духовна пракса и за доброто на општеството, тие ги трпат ваквите видови на попречувања и продолжуваат со својата сатсева на добивање Божествено знаење.

4. Суптилна анализа

Бидејќи има развиено шесто сетило, г-ѓа Анѓели Гадгил сфати дека негативна енергија е онаа која ги направила гребнатините на нејзиниот компјутерски глушец. Намерата била да се попречи процесот на примање Божествено знаење и да се предизвика вознемиреност кај г-ѓа Анѓели Гадгил.

Забелешка на тимот за истражувања засновани на духовната наука: Кога негативните енергии влијаат на одредена личност, тие често создаваат обвивка од црна енергија околу умот и интелектот на тоа лице. Поради ваквата обвивка од црна енергија, лицето не е во можност да ја утврди вистинската причина за вознемиреноста или попречувањето (како што е болка во телото, блокиран проток на мисли, конфузија, итн.) кое тие го осеќаат. Ова ги спречува навремено да преземат соодветни мерки за духовно исцелување и го продолжува ефектот на попречувањето или вознемиреноста. Така, брзината, интензитетот или ефикасноста на нивните секојдневни активности и духовна пракса може да се успори и лицето стагнира.