MKD-What-is-personality

1. Вовед

Ако некој навистина сака да го подобри својот карактер и ги надмине своите недостатоци на карактерот, тогаш добро место да се започне, би било прво да се разбере природата на личноста и како ‘карактерот’ и ‘умот’ на секој човек се под влијание на духовната димензија. Во нашата култура, со акцент на важноста да се биде сакан од луѓето, ништо не е поважно од ‘карактерот’. Во оваа популарна смисла, карактерот од повеќе луѓе е замислен како нематеријален квалитет што го прави еден поединец привлечен или непривлечен за неговите соработници.

2. Што го дефинира карактерот на личноста

Значи, што точно претставува карактерот и од што се состои:

Човечките суштества имаат ум и тело, од кои и од двата дејствуваат или се однесуваат. Размислување, емоции, итн; се само некои од атрибутите на умот, додека физичките движења, секрети, температура, итн; се само некои од атрибутите на телото. Однесувањата на умот или телото се категоризираат во три вида, и тоа: епизодни, минливи или повторливи.

Епизодно однесување: Епизодното однесување е привремено, на пример, кога еден студент станува анксиозен додека се појавува за испитување, анксиозноста која тој ја доживува е епизодно однесување на неговиот ум: Од друга страна, гребењето со ноктите, одењето, се епизодни однесувања на телото.

Минливо однесување: Минливо однесување е она што е забележано за повеќе од неколку недели, но за помалку од шест месеци или една година. На пример, кога некое лице се чувствува депресивно неколку месеци по смртта на некој близок. Овде чувството на депресија е ‘минливо’ однесување на неговиот или нејзиниот ум.

Повторливо однесување: Кога истото однесување се повторува и продолжува со години, тоа се нарекува ‘повторливо однесување’ или ‘хронично однесување’.

Епизодните и минливите однесувања не влијаат во голема мера врз животот на едно лице, но повторливите и хроничните однесувања, влијаат во голема мера врз животот на едно лице, бидејќи тие го сочинуваат карактерот на една личност.

3. Нешто повеќе за подобро разбирање на карактерот

Освен ако со текот на одреден временски период не се забележи некоја особина кај лицето, истата не се зема во предвид кога се опишува неговиот карактер. Ова може да биде погрешно, на пример, едно лице може да постане одмаздливо од моментот кога неговото семејство бива убиено. Ако истото тоа лице отиде на психолог во рок од неколку дена или недели, поради неговата одмаздољубивост, зборот ‘одмаздољубив’ нема да се користи при опишувањето на неговиот карактер, бидејќи не бил присутен за еден подолг временски период. Кога истото лице ќе се види по неколку години, и ако карактеристиката на одмазда се уште трае, тогаш ќе се потврди дека ‘одмаздољубивоста’ е дел од неговиот карактер. Ова е причината зошто е добро да се отстрани лошата особина на карактерот од коренот, инаку би можело да доведе дури и до криминално однесување или сериозно да биде погодено општеството.

Можете да замислете само колку многу дефиниции на карактерот се дадени од страна на разни психијатри и експерти во оваа област.

Меѓутоа, суштината на различните дефиниции на карактерот е тоа што е уникатна комбинација на карактеристики кои го детерминираат повторливиот или долгорочниот модел на однесување на поединецот. Овој модел ги опфаќа сите видови на однесувања на телото и умот, кои ние ги групиравме во насловите коишто следат:

A. Телесна градба, карактеристики, здравје, енергија и слика на истите овие на едно лице

B. Карактеристики на темпераментот (т.е. самата природа на лицето) како што се избувлив, расеан, неуреден, со доза на резерва, се сомнева, тврдоглав, дарежлив, доверлив, не е при самиот себе во текот на денот, итн.

C. Преференции и аверзии

D. Инстинкти, копнежи, нагони, тежнеења, амбиции, желби, итн.

E. Интелигенција, знаење, верувања, неверувања, убедувања, ставови, мислења, идеи, идеали, итн.

4. Практична гледна точка во оценувањето на карактерот

Карактерот едноставно не е збир на различните карактеристики коишто претходно ги споменавме во насловите погоре, туку всушност динамична организација во која тие се комбинираат за да му се даде на лицето неговиот типичен или приближен повторлив модел на однесување. Ги користиме зборовите карактеристика, квалитет и закана како синоними за да укажеме на особина која била присутна за најмалку шест месеци до една година, и влијанијата врз секојдневното функционирање. Ова ги исклучува епизодните и минливите однесувања кои се присутни за краток временски период.

Иако едно лице би можело да има стотици можни карактеристики, нашето искуство е она кое во поголемиот дел од случаите околу дваесет до триесет карактеристики, го сочинуваат најголемиот дел од карактерот кај повеќето луѓе. Сите други карактеристики во нив, се како оние на секој просечен човек и затоа тие не треба да се споменат или бидат земени во предвид.