1-MKD-Spiritual-Practice-Principle

Вовед

Духовната пракса којашто се спроведува според принципите на Духовноста, резултира со побрз духовен раст, што е цел на секој трагач по Вистината. Еден таков духовен пат е Патот на милоста на Гуруто (Гурукрупајога).

Патот на милоста на Гуруто е духовна пракса која се препорачува во денешно време, кое е познато како ’Ера на раздорот – Калијуга. Ова е затоа што не учи за духовната пракса според ’Шесте основни принципи на Духовноста’.

Духовната пракса според Патот на милоста на Гуруто, е духовна пракса во согласност со принципите поради следново.

1. Патот на милоста на Гуруто не е секташка духовна пракса (еден вид на духовна пракса за сите трагачи), туку се заснова на принципите на Духовноста – „Постојат онолку патишта кон Бога, колку што има и луѓе“.

Сектата ја чинат група на луѓе, коишто сметаат дека нивниот пат до Бога е единствен и најдобар. Меѓутоа, како што еден лек не може да ги излечи болните од разните болести, исто така соодветната духовна пракса за секој човек е поинаква. Во сектата, една духовна пракса е препорачана за сите следбеници. Поради тоа, секташката духовна пракса се спротивставува на основните принципи на Духовноста, којашто вели – „Постојат онолку патишта кон Бога, колку што има и луѓе.“ Следбеникот на сектата, познава и прифаќа само еден пат, живее под погрешен впечаток дека неговиот пат е најдобар и единствен пат кон Бога. Главната цел на духовната пракса е да се уништи егото, но во случајот на следбеникот на сектата, неговата духовна пракса се случува всушност спротивно.

2. Обавување на секоја активност како духовна пракса

Тоа вклучува продуховување на секој момент во животот. Секоја активност и мисла зад неа, е направена како духовна пракса. Значи, Бог е присутен во секоја активност. Во секоја активност Бог станува нејзин центар, а не ние самите. Вниманието се пренесува од нас самите на Бога.

Сите активности ги изведуваме со одреден пристап, заснован на нашите навики и претходните искуства постигнати во слични искуства. Во согласност со тоа, нашите активности ги извршуваме на одреден начин и исто така реагираме на нивниот исход.

На пример, кога купуваме цвеќе на пазар, ги бираме боите и формата на цветовите коишто ни се допаѓаат. Насочувањето на оваа активност кон Бога, би била, ментално да му се помолиме, кое цвеќе Тој би сакал денес да го купиме.

Или да речеме, дека сме го очистиле подот во кујната и член на нашето семејство сака да земе нешто од фрижидерот. Наместо да имаме реакција на тоа, бидејќи сме го очистиле подот и сега повторно ќе биде извалкан, ние можеме да го видиме Бога во него и љубезно да го послужиме со тоа што го сака и повторно да ги избришеме свежите траги на подот.

3. Патот на милоста на Гуруто не учи дека секоја активност треба да ја вршиме како наша должност

Кога секоја активност се врши како служење, тогаш нема очекување од резултатите. Кога ставот „јас работам“ не е присутен, тогаш нема ниту очекувања од резултатите на извршената активност.

Ставот „јас работам“, значи да се присвои заслугата за активноста или мислата. Каде што е присутен ставот „јас работам“, присутно е и егото. Искрениот трагач се ослободува од ставот „јас работам“ и има став дека Бог работи се.

Секоја активност траба да ја работиме на начин да развиваме вера во Бога.

На пример, ако некој неочекувано намине кај нас, и искрено му го понудиме она што во тој момент ни е достапно, резултатот можеме да му го предадеме на Бога. На тој начин нема да се грижиме за тоа како се ќе се одвива и ќе се изгради вера дека Бог ќе направи онака, како што е најдобро за нас.

Понатаму, да речеме дека нашиот пријател е во финансиски проблеми и бара совет од нас. Ако после примената на нашиот совет излезе од финансиските проблеми, наместо да ги препишеме заслугите на себе, можеме да ги препишеме на Бога.

Ако ситуацијата не се одвива според нашите очекувања, на пример, не можеме да ја најдеме изгубената обетка, иако секаде ја баравме, можеме да научиме да го предадеме исходот од нашиот труд на Бога. Можеме да видиме дека само нашиот труд е во наши раце, а не и исходот од ситуацијата.

Ситуациите, кога на сатсангот (престој во друштво на Вистината), имаме незаинтересирани трагачи, после слушаното предавање за Духовноста, или ако некој член од нашето семејство не ја прифаќа духовната пракса, се примери за ситуации кои настануваат поради очекувањата (манифестирање на егото).

4. Секоја ситуација е створена со цел на Богоспознание

Кога секоја активност е направена со цел да се спознае Бога, ставот „јас работам“ се жртвува и принципот дека „Бог е Семоќен и само Тој се работи преку нас“ се втиснува во потсвесниот ум на трагачот.

Многу трагачи коишто работат сатсева (служење на Апсолутната Вистина) со ентузијазам, често доживуваат нешто што е над нивните можности, да биде завршено за пократко време и по квалитетно, отколку што се очекува со оглед на моменталните околности. На пример, да се подготви просторија за сатсанг, обично е потребно двајца трагачи да издвојат по 15 минути од своето време. Во една прилика, трагачите имаа само 7-8 минути на располагање, затоа што настанот којшто на тоа претходеше, подоцна заврши. Но, со молитва и предавање, уредувањето беше завршено на време. Ваков вид на духовни искуства помага на сите да сфатат дека, настаните коишто нам ни изгледаат невозможни, за Бога се возможни, Тој е Семоќен. Еднаш кога тоа спознание е длабоко втиснато во нашиот ум, можеме да се ослободиме од ставот дека „јас работам“ и да го предадеме на Бога.

5. Заклучок – Духовната пракса е плодоносна кога се одвива со согласност со принципот

Патот на милоста на Гуруто, не учи како да вршиме духовна пракса во согласност со принципот. Со придржување до наведените принципи, учиме како да ја вршиме секоја активност како духовна пракса. Затоа секоја активност којашто што ја извршуваме, може да биде корисна во цел на духовниот напредок.