MKD-what-is-healing

1. Вовед во духовно исцелување

Духовно исцелување е термин познат на многумина. Меѓутоа, различни луѓе под тоа подразбираат различни работи. Во овој напис ќе дефинираме што ние мислиме под фразата “духовно исцелување” и ќе ги разработиме принципите коишто стојат зад неговото делување.

Целокупната смисла и перспектива на овој напис е заснована на целта на животот, која примарно вклучува духовен раст. Ова значи дека целта е да им помогнеме на другите не само на физичко ниво, туку да се фокусираме на духовниот раст на секој поединец. Па така, што повеќе сме насочени кон тоа да помогнеме на одредено лице духовно да расте кога практикуваме духовно исцелување, толку е помал ризикот дека ќе се оддалечиме од целта на животот. Кога се врши духовно исцелување, а притоа имајќи ја на ум оваа повисока цел, тогаш нашата духовна способност да исцелуваме не се намалува.

2. Што е духовно исцелување

SSRF го дефинира зборот "суптилен свет" или "духовна димензија" како свет кој не може да се забележи по пат на петте сетила, умот и интелектот. Суптилниот свет се однесува на невидливиот свет на ангелите, духовите, рајот, итн. кој може да се забележи само преку нашето шесто сетило.

Духовното истражување покажа дека до 80% од проблемите во животот на една личност, може да ја има својата вистинска причина во духовната димензија. Во делот Вистински духовни причини за проблемите во животот ги опфативме разните аспекти за тоа како духовната димензија влијае врз нашите животи.

Кога вистинската причина на проблемот е во духовната димензија, на него треба да се делува со метода која е повеќе духовно моќна од причината на проблемот. Ова се нарекува духовно исцелување. Тоа вклучува употреба на духовна енергија за надминување на проблемот, како што е отстранување на попречувања предизвикани од негативните енергии. Кога оние кои немаат никакви попречувања од негативните енергии се изложени на духовно исцелителска енергија, тие едноставно имаат придобивка од дополнителната позитивна енергија.

2.1 Разликата помеѓу видливите симптоми и вистинската причина на проблемот

Важно е да се раздвојат “симптомите” присутни кај лицето и нивната “основна причина“. Ова подобро ќе го разбереме со помош на следниов пример.

Негативни енергии: Во фондацијата за истражување засновано на духовната наука го користиме терминот "негативни енергии" како колективна именка да ги претставува сите видови на ентитети во духовната димензија кои имаат намера да му наштетат на човештвото, од "обичниот дух" па до најсилните негативни енергии "мантрици". Ако духовната сила на обичниот дух е помеѓу една и десет единици, тогаш силата на мантрикот се движи од една милијарда до блиску до бесконечноста.

Бојан одлучува да фрли кофа со вода на подот во собата на Сашка кога таа не е таму. Тој потоа се сокрива за да ја види реакцијата на Сашка по нејзиното враќање. Кога таа влегува во собата и го здогледува водениот под, започнува да ја бара причината насекаде, но не може да ја најде причината за водата на подот. Потоа, таа продолжи со бришење на подот. Бојан злобно се потсмева гледајќи ја маката на Сашка. Тој уживаше во нејзиното незнаење во врска со вистинската причина за проблемот – кој, се разбира, е никој друг освен тој самиот.

Ова е типична аналогија за тоа како духовната причина, како што е напад од дух или негативна енергија (во овој случај причината е симболизирана со Бојан), може да предизвика проблем во животот, на пример, заболување на срцето (во овој случај тоа е симболизирано со водата на подот). Со оглед на фактот дека ние немаме способност за суптилна перцепција или шесто сетило, нашата потрага по причината за болката во градите останува неразјаснета. За жал, истрагите се ограничени само на физичко или психолошко ниво.

2.2 Што може да исцелува духовното исцелување?

Засновано на горенаведениот пример, сега можеме да видиме или да процениме дека срцевите болести всушност може да бидат предизвикани поради духовна причина. Кога медицински проблем (кој произлегува од духовна причина) се третира медицински или хируршки, може само да ја ублажи штетата направена како последица на духовната причина. Така, третирање на состојбата на срцето хируршки или со медицински методи, медицинската наука во најдобар случај може да донесе симптоматично лекување. Состојбата или заболувањето, сепак, повторно се јавува, бидејќи вистинската причина (на пример, духот или негативна енергија), се уште е активна и за неа не сме се погрижиле.

Духовното исцелување се однесува на поставување дијагноза и отстранување на духовната вистинска причина на проблемот. Во нашиот пример погоре, станува збор за тоа дека треба да го пронајдеме Бојан (духот), и да го спречиме од полевање уште вода (што предизвикува проблеми со срцето). Исто така, тоа може да се користи и за превенција на потенцијален проблем од негово случување.

Напредни мерки за духовно исцелување имаат потенцијал да поништат физичко оштетување. Меѓутоа, во повеќето случаи, препорачливо е да се користат физички мерки (како медицински третман) за да се ублажи физичкото оштетување. Причината за ова е тоа што духовната енергија е непроценлива, бидејќи е исклучително тешко да се стекне, во споредба со било кој физички напор како што е медицински третман. Обидот да се исцелува болест со користење на духовни средства ќе бара многу непроценлива духовна енергија. Истиот резултат може да се постигне со компаративно помало вложување напор, кога со тоа се занимаваме на физичко ниво.

Поради оваа причина, Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) нагласува дека за третирање на некој проблем, треба да користиме соодветно ниво на енергија. Така на пример, ако некој човек има егзема, а вистинската причина за тоа е духовна, оваа причина треба да биде третирана на сите три нивоа.

  • На физичко ниво – со лекови
  • На психолошко ниво – ако постои депресија поради егземата
  • На духовно ниво – духовната причина треба да се ублажи со духовни мерки