Дефиниција на молитвата

Зборот молитва или прартана (на Санскрит) е составена од два збора, пра и арта, што значи да молиме срдечно (искрено). Со други зборови, тражење нешто од Бога со голема желба.

Молитвата вклучува почитување, љубов, искреност и вера. Кога упатиме искрена молитва ја изразуваме својата беспомошност и на Бога му ги предаваме заслугите за правењето на некое дело. Предавањето на резултатите на Бога значи дека сме свесни дека Тој ни помага и дека Тој работи преку се што правиме. Молитвата е најважна во духовната пракса на Патот на Богољубието.