Концепти: Свеќа, Пареќа и Ишвареќа во духовната пракса и развојот

1. Дефиниции

Зборот ’Иќа’ на Санскрит (древен Баратија јазик за раскажување за Божественото кој се смета за јазик на Боговите) значи желба. Затоа:

  • Свеќа: ’Све’ значи ја, или мое. Однесувањето во согласност со Свеќа состојбата значи дека работиме според сопствената желба.
  • Пареќа: ’Пар’ значи други. Однесувањето во согласност со Пареќа состојбата значи дека работиме според желбата на другите.
  • Ишвареќа: ’Ишвар’ значи Бог. Однесувањето во согласност со Ишвареќа состојбата значи дека работиме по Божјата волја.

2. Концептите Свеќа, Пареќа и Ишвареќа во духовната пракса и развојот

Речиси сите ние се идентификуваме со своето тело (пет сетила), умот и интелектот. Ова е познато како наше его. Духовноста не учи дека нашата права природа е Душата, или Божјиот принцип во секој од нас. Природата на душата е трајно Блаженство (те. највисока состојба на среќа која не зависи од никаков стимулатор). Во поширока смисла, целта на Духовноста е:

  • Да го намалиме и конечно изгубиме поистоветувањето со нашите пет сетила, умот и интелектот.
  • Да се идентификуваме со душата (Божјиоит Принцип) во нас и да ја почувствуваме.

Единствен начин да го постигнеме тоа е да се поместуваме од Свеќа кон Пареќа и конечно до Ишвареќа како делови на нашата духовна пракса.

Кога работиме според Свеќа тоа значи дека се однесуваме според нашата сопствена желба што е во согласност со желбите на петте сетила, умот и интелектот. Тогаш е просто невозможно да ја разбереме и почувствуваме душата во себе. Ова состојба на Свеќа е како состојба на животно со мала, или никаква грижа за другите.

Обично се вели дека игнорирањето на нешто го намалува неговото влијание на нас. Истиот овој принцип можеме да го користиме во нашата духовна пракса. Кога слушаме и се однесуваме според волјата на другите (Пареќа) автоматски даваме помало значење и ги игнорираме нашите желби (Свеќа). Кога Пареќа ни стане навика, егото ни се намалува (те. доаѓа до разградување на нашите пет сетила умот и интелектот).

Пример на лице кое е во Пареќа состојба:

Марко и Елизабета се венчан пар и во петок навечер, и двајцата сакаат да работат различни работи. Елизабета сака да оди на концерт, а Марко на фудбалски натпревар. Марко врши духовна пракса и е свесен за Пареќа концептот, предност и дава на желбите на Елизабета. Се откажува од фудбалскиот натпревар и оди со неа на концерт. Со овој гест Марко духовно расте, затоа што со тоа ја игнорира неговата желба која се губи од неговите пет сетила, умот и интелектот.

Вистинската Пареќа значи да мислиме за желбите на другите како за личните.

Со редовна духовна пракса и зголемување на духовната пракса споени со однесувањето кон Пареќа, со време доволно се намали идентификацијата која лицето ја има со своите пет сетила, умот и интелектот. Во овој стадиум Гуруто во манифестирана форма влегува во животот на некое лице. Гуруто има пристап во Универзалниот Ум и Интелект и се однесува според Божјата желба. Слушајќи го Него и работејќи според неговите упатства, лицето работи по Божјата желба (Ишвареќа). А кога егото на лицето доволно се намали (те. дојде на ниво на Светец) тоа има директен пристап во Универзалниот Ум и Интелект и е во состојба директно да постапува по Божјта желба. Однесувањето во согласност со Божјата желба (Ишвареќа) ни го дава самиот Бог.

3. Неколку често поставувани прашања за овој концепт

1. До која мерка треба да работиме според Пареќа? Да речеме некој да не праша да направиме нешто што е неисправно, дали и понатаму треба да работиме во согласност со Пареќа, или треба да го користиме здравиот разум и да речеме не?

Одговор: Треба да имаме на ум дека однесувањето во согласност со Пареќа кога се работи за нешто што не попречува во духовната пракса, не е исправно. Ако нешто 50% е исправно, а 50% не е, тогаш и понатаму можеме да работиме според Пареќа. Овој пример го набљудуваме од духовен агол каде намерата е намалување на егото преку слушање на другите и однесување според туѓата волја. Ове не се однесува на гледањето од световна перспектива. Примерот во следниот дел ова го објаснува подетално.

2. Дали треба да се однесуваме во согласност со Пареќа само дома со членовите на семејството, или со било кое лице со кое сме во контакт?

Одговор: Така треба да се однесуваме кога е можно, а тоа да не ја попречува нашата духовна пракса.

На пример: Кога некој тражи да работиме нешто како што е гледање филм секој ден затоа што тој тоа го сака, во тие случаи треба да вежбаме воздржаност. Причината за тоа е што немаме време секој ден да одиме да гледаме филм, затоа што исполнуваме и световни должности и духовна пракса. Но доколку нашиот пријател сака да гледа филм еднаш неделно, можеме да одиме и во кино со него имајќи ја на ум перспективата на однесување во согласност со Пареќа, без оглед што чувствуваме дека тоа е губење на време.

3. Што ако работиме Пареќа со отпор, или бес?

Мораме да ги сфатиме придобивките од Пареќа. Понекогаш дури и после интелектуалното разбирање на важноста на Пареќа, во одредена ситуација лицето и понатаму има силен отпор и реакција на тоа. За да се надминат реакциите и отпорот, треба да составиме автосугестија.