Молитва пред јадење – духовна перспектива

За подобро да го разберете овој напис предлагаме да се запознаете со содржината на написите:

1. Вовед

Храната е основна животна потреба и ни дава хранливи материи и енергија која секојдневно не одржува во живот. Познати ни се нејзините хранливи особини, затоа што се нашироко истражени. Преку личните искуства ни е познато и психолошкото задоволство кое го чувствуваме кога нешто јадеме што го сакаме. Меѓутоа, малку се истражувања за ефектите на вообичаената пракса – молитви пред јадење.

Со брзо темпо на живеење, на некои од нас, молитвата може да ни изгледа како непотребен чекор во рутината на оброкот, чекор за кој имаме малку време или трпение. За други, тоа може да биде сосема непознато искуство.

Да го сфатиме ефектот од молитвата од духовна перспектива, спроведовме истражување засновано на духовната наука во кој користевме високо развиено шесто сетило и споредувавме што се случува кога се помолиме пред оброкот, а што кога храната ја изедеме без предходна молитва.

2. Истражување засновано на духовната наука за консумирање на храната без молитва

Следниот цртеж заснован на духовното знаење го има нацртано гѓа Јоја Вале, трагач во SSRF со помош на високо развиеното шесто сетило

Јоја има способност да го види суптилниот свет и црта суптилни цртежи како своја духовна пракса и служење на Вистината. Точноста на цртежот го потврди Неговата Светост Др. Атавле.

Цртежот ги покажуваат ефектите на земање оброк без молитва.

Од суптилната слика можеме да го разбереме следното:

  • Привлекување на проток од Божествена свесност (Чаитанија) кон храната. Откако ќе ја изедеме храната и околу лицето кое ја изело храната се создава обвивка од Божествена свесност.
  • Поради недостаток на молитви и единство со Бога пред јадењето, околу лицето се создава обвивка од црна енергија. Црната енергија полека ја покрива храната и додека јадеме се пренесува во телото.
  • Како резултат, црната енергија ги покрива нашите внатрешни органи и умот, а во Срцевата (Анахата чакра) се создава прстен од црна енергија поради егото кое е присутно кога ја јадеме храната без молитва. Тоа е затоа што без молитва умот останува активен, па се зголемува бројот на разни мисли и екстровертираноста.

И така кога храната се внесува без молитва, во суптилното тело на лицето влегува деструктивна енергија која може да ги зголеми пречките кај лицето

Понатаму, кога некој зборува гласно додека јаде, се зголемува неговата екстровертна природа која привлекува повеќе раѓа-тама вибрации. Неговата енергија тогаш се намалува и носи со себе негативни вибрации цел ден.

3. Духовно истражување на молитвата пред јадење

Сега да го погледнеме вториот цртеж заснован на духовното знаење кое го нацрта гѓа Јоја Вале, за тоа што се случува кога се помолиме пред јадењето.

Од сликата можеме да го видиме следното.

  • Благодарејќи на молитвата, во лицето се буди духовна емоција и се воспоставува единство со Бога. Тоа ја привлекува Божествената свесност кон храната и лицето кое ја јаде.
  • Во храната се активира Божествена енергија (Шакти) која го опфаќа суптилното тело на лицето и околу него создава заштитна обвивка.
  • Конечно, после јадењето, виталната енергија во нашето тело расте.

Според тоа, гледано од духовен аспект, подобро е да се молиме пред јадењето. Пред да почнеме со јадењето можеме да се помолиме на некој од овие начини:

  • “Боже, Те молам да ја изедам оваа храна со духовна емоција од Тебе посветена. Те молам преку неа  да добијам Божествена енергија и Божествена свесност“.
  • “Боже, ако во храната има црна енергија, Те молам уништи ја и внеси Божествена свесност во честиците на храната“.
  • “Боже, Те молам направи заштитна обвивка од Твоето Име околу мене додека јадам“.

4. Накратко – молитва пред јадење

Молитвата пред јадење е едноставна постапка која воспоставува единство со Бога, се здобиваме со Божествена свесност и заштита и добиваме витална енергија потребна за функционирање на нашето тело. Таа ни донесува и континуитет во духовната пракса, па духовната пракса продолжува дури и во текот на нашите редовни дневни активности како што е јадењето.

Ако за времето на јадењето го пееме Божјото Име остваруваме дополнителни духовни придобивки.