1-MKD-Is-killing-a-sin-landing

За подобро разбирање на овој напис, ве милиме прочитајте го написот: Што се тоа заслуги и гревови?

1. Вовед во духовната перспектива на убивањето

Секоја година во Јулин, Гуанѓи, регион во Кина, луѓето ја слават летната рамноденица, фестивал на кој што јадат месо од кучиња. Околу 10,000 до 15,000 кучиња се убиваат и консумираат со алкохол и ликер. Тоа привлекува остра критика од групата за правата и заштитата на животните и социјалните медиуми. Нашироко е осудено како сурово и нехумано. Кучешкото месо се јаде во многу делови на светот. Истите луѓе кои што објавиа дека убивањето на кучињата поради исхрана е нехумано, истовремено се стравствени конзумери на говедско месо. Само во САД, секој ден во годината се убиваат во просек 100,000 крави заедно со повеќе од 20 милини кокошки.

„Што го прави животот на кучињата повредно од животот на кравите или кокошките?“, се аргументи на луѓето кои што јадат кучиња. „На крајот на краиштата, се тоа се животни“, рационализираат тие.

„Кучето е најдобар пријател на човекот“, доаѓа брз и неверојатен одговор од критичарите.

Помеѓу кучињата и луѓето постои природно емоционална врска која што се развива. Од друга страна немаме емоционална врска со кравите, кокошките и рибите. Дали тоа е причина да ги убиваме? Секоја година човечката раса убива 150 милиони риби, животни и живина. Не-вегетаријанците ги бранат своите потреби да јадат месо со изговорот дека и растенијата се живи и дека вегетаријанците ги убиваат растенијата. Некои не-вегетаријанци кои што јадат месо, веруваат дека тоа е во ред ако животните се убиени етички, за разлика од некои култури каде што грлото делумно им се пресече и умираат со бавна смрт.

Секој живот има своја вредност. Дали со убивањето правиме грев, или со тоа што сме дел од причината поради која животните се убиени? Во свет кој се повеќе е вознемирен од конфликти и војни, во кој се убиваат повеќе илјади луѓе, во овој напис ја презентираме духовната перспектива на тежината на гревовите и злоделата што ги стекнува лицето кое што убива луѓе, животни, риби и растенија.

2. Духовна перспектива на гревот што е настанат со убивањето

2.1 Комплексност во одлучувањето на количината на гревот стекнат со убивањето на други живи битија

На самиот почеток важно е да се разбере дека, единствено е можно да се даде широко насочување во врска со оваа тема. Причината поради која велиме дека ова е многу широко насочување, е во тоа што има илјадници причини зошто некој би убил друго живо битие. Во зависност од причината, тежината на гревот може да варира. Тежината може да варира од следниве фактори:

  1. Дали постои сметка на земање и давање помеѓу убиецот и жртвата? Во претходниот живот, улогите можеби биле заменети, што сега бара подмирување на сметката.
  2. Дали убиецот е затруен?
  3. Дали убиецот постапува под влијание на негативните енергии?
  4. Која метода на убивање се користи?
  5. Дали убивањето е сторено како дел од должноста на лицето, како што е војникот?
  6. Која е намерата зад убивањето? Дали е со намера, од забава или во самоодбрана?
  7. Дали убивањето е поради храна?

Како што можеме да видиме, многу фактори се земаат во предвид, кога се одлучува на Божјиот суд, тежината на гревот за делото на убиството. Световниот суд нема алатки, ниту суптилна визија, за да биде во состојба да ги согледа разните финеси, кога се донесува одлука за казната за убиството. На Божјиот суд, дури и ако убиецот е доволно паметен да го избегне системот, тој не може да го избегне универзалниот закон на земање и давање  или законот на Кармата. Сите сме родени со судбина низ која мораме да заминеме и таа е заснована на нашите акции од претходните животи.

Постои друг фактор, кој што треба да се зема во предвид и кој е релевантен во времето во кое што живееме. Тоа е значењето на времето или циклусите во Универзумот. Ние сега се наоѓаме во крајно неповолен период во историјата на човештвото. Во годините од 2012 до 2023, колективната судбина на човештвото ќе има значително влијание врз секој човек и таа ќе биде посилна од индивидуалната судбина. Овој период на пресвртница е последица на гревовите кои што човештвото ги заслужил, поради водењето на живот кој што е раѓа-тама доминантен, кој што го искористуваат моќните негативни енергии да доведат до Армагедон. Многу војни и природни катастрофи, кои што се случуваат во светот, се само одраз на овој период. Тој конечно ќе кулминира со Трета светска војна во која ќе загине голем дел од светската популација.

2.2 Некои други концепти во врска со убивањето

Постојат неколку аспекти, кои треба да се наведат во однос на тоа, дека лицето убива друга форма на живот:

  • Сите живи битија имаат потреба да јадат живи организми или во најмала рака органска материја. Тоа е закон на животот. На пример, човекот на може да јаде камења и со тоа да биде нахранет.
  • Бог е единствениот креатор и тој е дел од својата креација. Со други зборови, Божјиот принцип постои во разни пропорции, како во објектите без живот, така и во живите битија.
  • Во зависност од пропорциите на Божјиот принцип, секој човек, животните и растенијата можат да имаат разни пропорции на сатва, раѓа и тама. Човекот прави поголем грев со убивање на битијата во кои што доминира сатва компонентата, затоа што тоа ја намалува вкупната количина на сатвата или духовната чистота во општеството. Од друга страна, се прави помал грев ако човек убие друго лице во кое преовладува тама компонентата, посебно ако тоа лице влијае негативно на општеството. Кога вкупната сатва компонента опаѓа како резултат на човечките мисли и активности, тоа доведува до разни проблеми како на индивидуален план така и на ниво на општеството. Чудните временски појави на кои сме сведоци, денес се еден од споредните ефекти за намалување на духовната чистота и порастот на раѓа-тама компонентата во целокупната околина.
  • Со убивање на живо битие, кое што е корисно за човечкиот род, се прави поголем грев за разлика од живите битиа кои тоа не се. Воопшто речено, сите животни кои се корисни или имаат склоност кон човечкиот род, се сатва-раѓа доминантни и од тука имаат поголемо ниво на сатвик во споредба со другите.
  • Целта, духовно да се расте поради Богоспознанието е највисоката цел која што човекот може да ја има. Покрај реализација на судбината, тоа е поголема причина зошто на едно суптилно тело му е дадено да се роди како човек. Луѓето се единствениот вид, способени за духовен развој, затоа што можат да размислуваат и имаат интелигенција. Оттука, човечкиот живот се смета повреден отколку другите форми на живот, поради потенцијалот духовно да напредува во текот на својот животен век.
  • Човекот прави повеќе гревови, ако малтретира друго лице или животно, додека го изведува чинот на убивање, без оглед на обичаите и традицијата кои што ги подржува тој човек.

3. Релативна тежина на гревот стекнат во зависност од тоа кој е убиен

Табелата ја покажува релативната тежина на гревот, направен кога човек ќе убие друго живо битие. Со цел да се обезбеди компаративна проценка на направениот грев, во овој напис е разгледана само намерата зад убиството и методата на убивање. Кога ја разгледуваме количината на гревот стекнат со убивањето на друго битие, намерата зад акцијата има 70% важност, додека самата акција има 30% важност. Релативната количина на стекнатиот грев (третата колона) која е изразена во проценти, ја вклучува намерата и чинот на убиството.

Ве молиме да имате во предвид, дека сите податоци дадени во табелата подолу, во просек се показател на стекнатиот грев и може да варираат од +/- 5% до 10%, во зависност од типот на човекот, животното или растението што се убиени.

 

Кој е убиен/уништен? Општа пропорција на Божествениот принцип во (%) Релативен износ на стекнатиот грев во (%) Коментари за стекнатите гревови
Неживи објекти
Сите неживи објекти како што се каменот, дрвото и челикот (тука не се вклучени сатвик објектите како што се статуи на Божествата и местата за Богослужба). 1/10-1/милион
Места за Богослужење каде Божествениот принцип е активен. 5-35 25-35 Направен е голем грев кога се уништува место за Богослужење, каде Божествениот принцип е активен. Божествениот принцип е активен на оние места каде светата Богослужбата се одржува.
Бактерии и инсекти
Микроорганизми кои се патогени (бактерии). 1/10 1/10
Разни микроорганизми корисни за луѓето. 2/10 2/10
Разни инсекти вклучувајќи ги штетниците како што се комарците и лебарките. 1-3 1-3
Растенија
Обични растенија1 1-4 4-6 Растенијата кои се за јадење, Бог ги создал за човечка исхрана. Тука спаѓаат растенијата како што се спанаќот и морковот. Тие имаат намален капацитет да чувствуваат болка. Кога се молиме пред јадењето се ослободуваме од гревот. Постојано пеење исто така помага да го надминеме таквиот грев. Ако скинеме овошје и зеленчук од некое растение без да го уништиме растението, тогаш грев не настанува.
Сеча на шумите со големи размери. 1-4 4-10 Гревот е поголем, затоа што има големо влијание врз општеството и климатските промени.
Растенијата поврзани со Божествениот принцип во Универзумот и кои се користат во ритуалното Богослужење. На пример: Босилокот (Тулси) и Хибискусот. . 5-12 8-12 Поголем е износот на гревот со уништување на таквите растенија, затоа што се намалува вкупната сатвикта во општеството.
Риби
Обични риби и рибите како што се сардините и ракчињата. 4-6 5-7 Со оглед на големите количини на убивање на риби, кои што луѓето го прават секоја година, овој аспект има потенцијал да биде еден од најголемите причини за колективен грев на човештвото.
Напредните подводни видови, како што се делфините и китовите кои се цицачи и се дружељубиви кон луѓето. 6-8 8-10
Птици
Класични (вклучувајќи ги мисирките, кокошките и патките). 6-8 8-12 Со оглед на големите количини на убивање на птици/живина кои што луѓето го прават секоја година, овој аспект има потенцијал да биде еден од најголемите причини за колективен грев на човечката раса.
Припитомени, како што е папагалот. 8-11 13-17 Птиците кои што им се блиски на луѓето, генерално се сметаат повеќе сатвик.
Специјални птици поврзани со Божеествениот принцип, на пример: лебедите, орлите и пауните. 12-15 18-22
Животни
Диви животни, на пример: тигри, лавови, змии2 5-8 Варира Во целост зависи од намерата, на пример: самозаштита, лов или исхрана.
Обичните животни кои ги вклучуваат кравите, козите и свињите3 9-13 8-12 Лишување на живо бите од неговото право на живот. Со оглед на големите количини на убивање на домашните животни кои луѓето го прават секоја година, овој аспект има потенцијал да биде еден од најголемите причини за колективен грев на човештвото.
Домашните животни како што се: кучињата, мачките и коњите 15-17 18-22 Со убивање на животните кои се корисни за луѓето, се прави поголем грев за разлика од животните кои тоа не се. Воопшто земано, сите животни кои што се од помош или имаат склоност кон луѓето, претежно се сатва-раѓа доминантни и оттука имаат поголем степен на сатвикта во споредба со другите.
Животни поврзани со храмовите, на пример: слоновите и биковите (Нанди) 13-14 38-42
Индиска крава3,7 31-33 45-55 Индиската крава е нај сатвик животно и има еднаква сатвикта како човек на духовно ниво од 30%. Уште поважно е тоа што индиската крава зрачи со Божествени принципи (кои престојуваат во неа) во околината. Оттука, човекот стекнува смрттен грев со убување на таквото животно, кое што ја прави околината сатвик и исто така ни дава млеко кое што е нај сатвик пијалок.
Луѓе
Лоши или зли луѓе, кои што имаат склоност да ги повредат другите (тама доминантни по природа). 15-20 28-324 Колку и лицето да е лошо, со неговото убивање тоа се лишува од можноста да врши духовна пракса и го искористи овој животен век духовно да расте. За ова лицето кое што го изведува чинот на убивање се стекнува со грев. Од друга страна, кога некој ќе убие лош човек кој што го повредува општеството, тој стекнува од 31 до 41% заслуга. Тоа е поради тоа што го сочувал општеството од нередите што ги предизвикува лошото лице.4
Обичен човек5 (кај кого преовладува раѓа компонентата и кој не прави ништо лошо за општеството). 21-25 38-42 Кога е убиен обичен човек, тој или таа ја губи можноста да врши духовна пракса и духовно да расте, што е духовната цел на неговиот живот. Оттука убиецот се стекнува со грев.
Трагач7 30-69 45-55 Трагачот ја сфатил важноста на духовната пракса и оттука прави искрени напори духовно да расте. Поради тоа трагачот е лице кое што живее живот во согласност со вистинската цел на животот. Трагачот исто така ја зголемува сатвата во општеството и оттука лицето се стекнува со поголем грев со убиството на трагачот.
Лице кое извршува самоубиство6 15-25 Варира6 Видете го написот: ’Каде заминуваме после смртта’ – Дел 7 – Самоубиство и живот
Светец7 70-99 100 Човек се стекнува со најголем грев кога ќе убие Светец. Светецот е некој кој го прави опкружувањето да биде сатвик (духовна чистота) и го води општеството кон патот на Богоспознанието, што е главната цел на човечкиот живот.
Во табелата погоре, бројките дадени во колона 3 за чинот на убивање не се линеарни. Ова значи дека секој чин на убивање, на едно ниво не додава грев линеарно. На пример, со убивање на 10 риби (5 до 7 единици стекнат/направен грев X 10) не додава/прави толку единици грев, колку што прави убивање на трагач (што е 45 до 55 единици). Целта на оваа е само да се разбере тежината на гревот или квалитетот, а не кванитетот.

Забелешки:

  1. Кога растенијата или животните умираат, тие имаат можност да еволуираат во повисоки видови. Тоа е природен правец на еволуцијата.
  2. Додека целата оваа табела е за гревот, кој што го стекнуваат луѓето со убивање на друго живо битие, дивите животни како што се тигарот или змијата не стекнуваат грев ако убијат човек, затоа што немаат способност да сфатат кого убиваат, бидејќи воглавном убиваат поради глад и самоодржување.
  3. Во случај на убивање на индиска крава или други животни, луѓето кои го убиле животното сносат 50% од гревот, а другите 50% одат на оние кои го јадат. Вторите 50% не се делат помеѓу луѓето кои учествуваат во јадењето на месото. Секој човек кој го јаде месото се стекнува со грев, кој што е еднаков на половината од вкупниот грев со убивање на животното.
  4. Важно е да се напомене дека во таквите случаи, гревовите не ги исклучуваат заслугите и дека лицето кое што убило, треба да ги доживее последиците и од едните и од другите. Гревовите стекнати со овој чин можат да бидат минимални ако убиството е извршено во самоодбрана или да се заштитат другите.
  5. Обичен човек е човечко битие на духовно ниво од 20%.
  6. Процентот на Божествениот принцип е помал кај лицето кое ќе изврши самоубиство. Тоа е поради тоа што со продолжените налети на тешка депресија духовното ниво на лицето се намалува. Лицето на високо духовно ниво, не размислува за самоубиство. Гревот многу зависи од причината поради која е извршено самоубиството. Видете го написот за животот после смртта. Со самоубиство се стекнува грев од 30% во однос на убивање на друго лице на просечно духовно ниво.
  7. Ако некое живо битие има 30% Божествен принцип или повеќе, тогаш оние кои што доаѓаат во контакт со таквото лице или животно, чувствуваат придобивки од емитувањето на Божествениот принцип. Божествениот принцип е повисок од 30% само кај индиските крави, трагачите и Светците. Затоа оние што доаѓаат во контакт со нив, имаат придобивки од принципот што се емитува од нив. Оттука, гревот е максимален што го стекнуваат оние што ги убиваат.

2-MKD-Severity-of-sin-from-killing

3.1 Насоки за тоа како намерата зад убиството може да влијае на стекнатиот грев

Како што е наведено претходно, намерата зад убиството носи 70% од тежината при одлучувањето за направениот грев. Во следнава табела се прикажани некои примери во врска со ова.

Намера зад убиството на човечко битие Процент на направениот грев (надвор од 70% поради намерата) Коментари
Случајно убиство 0 На пример: Сообраќајна несреќа. Грев се стекнува единствено за дело убиство и тоа до 30%.
Да се спречи сопственото страдање или да се извлече самиот себеси да не биде убиен 30 Во овој случај, гревот ќе биде помал во други опции како што е напуштање на местото, помало повредување на лицето итн., наместо убивање на напаѓачот. Од друга страна, заслугите се добиваат од тоа што другите луѓе се заштитени од тоа зло лице. Видете ја табелата погоре.
Небрежно убивање 50 Ова вклучува небрежно убивање, пример: арамија убива при  бегањето. Овде не се смета максимумот затоа што во умот не се формира силна импресија.
Убивање поради зли забави 70 На пример, силување на  жена и после нејзино убивање. Мачење на лицето за време на убиството.
Непотребно сметање на другите луѓе за непријатели 70 Длабоко всадените мисли на омраза и освета, како причина за убивање, предизвикуваат поголем грев од најмоќната импресија во потсвесниот ум која што останува во многу животи.

Ако едно лице е опседнато од негативна енергија и изврши кривично дело, како што е убивање на човек или животно, гревот направен од овој чин ќе зависи повеќе од тоа кој бил одговорен за мислата којашто стои зад чинот; дали тоа бил негативниот ентитет или лицето, или пак и лицето и негативниот ентитет? Соодветно на тоа, гревот ќе биде распределен пропорционално со онаа свест којашто придонела за настанот.

Што ако свеста на опседнатото лице била целосно обземена од страна на негативната енергија, и како резултат на тоа лицето го извршило чинот на убиство без негово знаење или контрола? Во тој случај, негативната енергија ќе го преземе поголемиот дел од гревот, поради стореното лошо дело. Сепак, за лицето коешто е опседнато и чиешто тело е искористено да се изврши чинот на убиство, ќе преземе од 10 до 30 % од гревот. Причината за ова е затоа што лицето само дозволува да биде опседнато и искористено од страна на негативна енергија, поради недостаток на духовна пракса.

Претходно наведеното резонирање е слично на тоа, кога едно лице коешто е со пречки во развојот или ментално попречено, нема да биде исто казнето или нема да се здобие со поголем дел процент од гревот, во споредба со нормално лице, ако тие извршат исто злодело.

Ако во истата ситуација (целосно губење на контрола) е вклучен трагач (којшто бил опседнат и којшто правел искрени напори за духовен раст), процентот на гревот што ќе го добие трагачот ќе биде минимален.

3.2 Методата на убивање може да влијае на настаниот грев

Како што е спомнато порано, намерата зад акцијата има 70% важност, додека самата акција има 30% важност.

Метода на убивање Пропорција на стекнатиот грев (надвор од 30%)
Убивање со еден потег, на пример, убивање со пиштол 10
Убивање со мачење 30

Лицето со убивањето ја акумулира целата тежина на гревот од чинот на убивање, ако лицето или животното е мачено за време на убиството.

4. Некои клучни точки во врска со убивањето и правењето грев

Праведност (Дарма) е она што исполнува три услови:
1. Го одржува општествениот систем во одлична состојба
2. Овозможува световен напредок на секое живо битие
3. Овозможува напредок и во духовната димензија
- Шри Шанкарачарја
  • Како човечки битиа можеме да бидеме најразвиени и најмоќни на земјата, но со тоа доаѓа и одговорноста кон сите живи битиа.
  • Непотребното убивање на другите живи битиа, се враќа со тешка казна за гревот, која што човекот мора да ја плати на кармичко ниво во сегашниот или следниот живот.
  • Ако лицето не е свесно дека јадењето месо е грев, тогаш тоа сноси 50% од гревот.
  • Потребата да се јаде месо, не е морален аргумент за не стекнување грев за убивање на кравите или било кое друго животно, посебно ако постои алтернатива како што е вегетаријанската исхрана.
  • Хуманото колење или етичкото убивање на животните, каков и да е аргумент, на крајот не го одржува она што е важно за животните, а тоа да имаат шанса да живеат нормален живот.
  • Кога човечката раса ги спроведува своите активности во согласност со Праведноста (Дармата), тогаш мирот и напредокот се обезбедени.
  • Прземањето редовна духовна пракса, ни помага во духовното прочистувањето на нашиот ум и интелект, така да можеме да донесуваме подобри одлуки за нас и за општеството во целина. Пеењето на Божјото Име е најлесен начин да се надмине гревот стекнат поради убиството на микроорганизмите и растенијата во нашиот секојдневен живот. На духовно ниво над 60%, лицето има поголема врска со Бога. Над оваа духовно ниво пеењето продолжува да се одвива (на невербално ниво) преку цел ден во потсвесниот ум; ова автоматски не ослободува од помалите гревови настанати во текот на денот со убивањето на разни живи битиа како што се растенијата и инсектите.