Најчесто поставувани прашања од страна на нашите читатели

1. Живееме многу удобен живот, а така живееа и нашите родители и баби и дедовци. Не патиме од било какви симптоми на проблеми со суптилните тела на преминатите предци, какви што се опишани на вашиот веб-сајт. Сепак, дали е потребно и ние и нашите деца да го пееме Името на Богот Дата?

Одговор: И покрај тоа е препорачливо да се пее Името на Богот Дата, бидејќи е исклучително ретко да се немаат попречувања предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Освен тоа, не обавување било каков вид на духовна пракса самото по себе е еден вид на попречување. Некој е толку задлабочен и врзан за световниот живот што како последица на тоа е се подалеку и подалеку од Бога. Едно лице доживува највисоко ниво на болка кога луѓето и работите за кои сме врзани ќе ни се одземат.

2. Дали е вистина дека децата се заштитени ако држат фотографии од своите предци во нивната спална соба?

Одговор: Не, ова е погрешно мислење. Всушност, тие се изложени на опасност да осетат разни непријатности поради негативните вибрации на суптилните тела на преминатите предци.

Причината за ова е следнава: Правило на духовната наука вели дека “зборот, допирот, формата, вкусот, мирисот и енергијата на било кој предмет коегзистираат (постојат во исто време)”. Според ова правило, каде и да е фотографијата на нашите предци, нивната духовна енергија коегзистира. Како што е порано објаснето, повеќето суптилни тела на преминати предци, доживуваат непријатност во суптилните димензии, поради нивното духовно ниво. Затоа, постои голема веројатност дека таа непријатност ќе биде пренесена преку нивните фотографии. Овие вознемирувачки вибрации може негативно да влијаат на децата.

Ве молиме прочитајте го написот – ‘Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?