Цели на истражувањата засновани на духовната наука

1. Дефиниција за духовната наука и духовното истражување

Пред да ги погледнеме целите на духовното истражување, да ги погледнеме прво следните дефиниции од духовен агол.

1.1 Значење на зборот ’духовно’

Оксфордскиот речник на англискиот јазик зборот духовно го дефинира како придавка

  • Која се однесува или влијае на човечкиот дух, спротивно од ’телесен’, или ’материјален’, или ’физички’
  • Во врска со религијата или верската дискреција

Дефиниција за зборот ’духовно’: SSRF (Фондацијата за истражување засновано на духовната наука) го дефинира зборот ’духовно’ како она што е надвор од границите на нашите пет сетила, умот и интелектот (те. нашите впечатоци, импресии, чувства и желби) и интелектот (те. нашиот процес за донесување одлуки и способноста за расудување).

1.2 Наука и духовна наука

Според Оксфордскиот речник, зборот ’наука’ потекнува од латинскиот збор ’scire’, што значи ’знаење’. Именката ’наука’ овој речник ја дефинира како:

  • Интелектуална и практична активност која го опфаќа систематското проучување на структурата и однесувањето на природниот и физичкиот свет преку набљудување и експериментирање.
  • Систематски организиран збир на знаења за било кој предмет.

Дефиниција за науката: SSRF (Фондацијата за истражување засновано на духовната наука) ги вклучува горе наведените дефиниции го проширува обемот на зборот ’наука’ така што го опфаќа физичкиот, природниот и духовниот свет. SSRF  ја дефинира науката нешто што секој може секогаш поново да го доживее без оглед на расата, полот, религијата, народноста, итн. кога се најде во еднакви експериментални услови.

Духовната наука (те. Духовноста) ја нарекуваме наука од следните причини:

  • Духовната димензија е исто систематична и логична како и физичкиот свет.
  • Причината за се што се случува во духовната или суптилната димензија може да се разбере еднакво како во физичкиот или материјалниот свет.
  • Причинско–последичната поврзаност е еднакво вистинита во суптилната димензија како што е во материјалната. Духовното истражување во основа се занимава со разбирањето на суптилните и недопирливи ’причини’.
  • Принципите кои се однесуваат на духовната димензија можат да се тестираат повторно користејќи природни ’алатки’. Како што се истражувачките ’алатки’ различни за физиката и биологијата, така е и со духовната наука. Во духовното истражување, главна ’алатка’ потребна за анализа и мерење е виско развиената способност за суптилна перцепција, позната како шесто сетило (над сетилна перцепција).

1.3 Истражување и духовно истражување

Оксфордскиот речник зборот ’истражување’ го дефинира како систематско проучување на материјалот и изворот за да се утврдат фактите и да се дојде до нови заклучоци. Иако проучувањето на феномените од духовно гледиште е исто систематско, не се однесува на иста димензија како истражувањата кои ги спроведува модерната наука.

Духовното истражување е истражување на духовната димензија или духовниот свет со помош на развиеното шесто сетило (или над сетилна перцепција). Духовниот свет е оној кој не може да се согледа со помош на нашите пет сетила, умот и интелектот. Нему му припаѓаат световите на рајот, чистилиштето, пеколот, ангелите, душата, аурата, духовите, итн.

Духовното истражување воглавно се однесува на така наречените четврта и пета димензија. Времето е четвртата димензија, а невидливиот простор е петата димензија. Духовното истражување за четвртата димензија е истражување за минатите животи заради откривање на настаните и делата од тоа време, кои придонесува за позитивните и негативните настани во овој живот.

Духовното истражување за петата димензија е истражување кое се протега преку суптилните позитивни и негативни региони на Универзумот, за да се пронајдат корените на нашите проблеми. На пример, ’Духовното истражување на петата димензија во животот на Луис’ откри дека суптилна вештерка била духовната причина за неговите претерани сексуални мисли.

Духовното истражување исто така може да биде спроведено во првите три димензии за да правилно ја насочи модерната наука кога разбирањето на научниците и истражувачите за некоја тема е ограничено. Кога во научното истражување ќе се прифати помошта од духовното истражување, тогаш целото истражување ќе се покаже поплодно, и може да се заштедат многу години или цел животен век на трудот кој се вложува во истражувањето кое од почетокот можеби тргнало во погрешен правец.

2. Цел и смисла на духовното истражување

Духовната димензија може да биде причина и до 80% за проблемите во нашиот живот. Оваа статистика е докажана во нашите истражувања на духовната димензија и проучувањето на факторите кои придонесуваат за проблемите во животот, кои почнаа уште во 1985. година. Тоа за нас значи дека, ако не ја земеме во предвид духовната димензија во пронаоѓањето на вистинските причини за нашите проблеми и прашања во животот, потенцијално пропуштаме 80% од приказната.

Видете го написот за: ’Духовни причини за проблемите во животот’.

Целта на SSRF-овото духовно истражување е:

  • Да ги образува луѓето за духовната димензија и како таа влијае на нашите животи.
  • Да им помогне на луѓето како тие:
    • Да ја разберат и доживеат духовната димензија
    • Да ги разберат и надминат проблемите на кои им е причината од духовна природа
    • Да постигнат трајна среќа.