Принципи на истражувањето засновано на духовната наука

1. Разлика помеѓу модерните науки и духовната наука

За почеток ќе ги истражиме разликите помеѓу модерните и духовната наука пред да ги погледнеме разликите во методите на истражувањето.

 

2. Принципи на истражувањето засновано на духовната наука

Ги наведуваме принципите за истражувањето засновано на духовната наука. Секој од нив во детали го објаснивме во текстот што следува:

1. Не можат да се користат конвенционалните инструменти за мерење и анализа

2. Се спроведува по пат на шестото сетило, или над сетилна перцепција (ESP)

3. Духовната димензија е подеднакво систематска и логична како и материјалниот свет

4. Готово знаење добиено од Универзалниот Ум и Интелект

5. Духовното истражување не зависи од просторот или времето

6. Треба да се спроведува под водство на духовно воздигнато лице

2.1 Не можат да се користат конвенционални инструменти за мерење и анализа

Кога сакаме да го истражуваме суптилниот свет не можеме да ги користиме конвенционалните инструменти за мерење и анализа. Како што не можеме да го користиме линијарот да го измериме интелектот, така не можеме да ги користиме физичките, психолошките, или интелектуалните методи за истражување на духовната димензија. Од проста причина што по самата дефиниција духовната димензија е надвор од сфаќањето на петте сетила, умот и интелектот.

2.2 Се спроведува по пат на шестото сетило, или над сетилна перцепција (ESP)

Духовното истражување може да се врши само со средства на многу развиено шесто сетило (ESP).

Се запознавме со стекнување на знаењето по пат на нашите пет сетилни органи (очите, ушите, носот, кожата и јазикот), умот и интелектот. Ова е образец по кој се спроведува традиционалното истражување во модерната наука. Меѓутоа, само околу 2% од духовната димензија може да се разбере по пат нашите пет сетилни органи (очите, ушите, носот, кожата и јазикот), умот и интелектот. 98% од знаењето може да се добие единствено преку нашите суптилни сетила. Нашето суптилно сетило често го нарекуваме шесто сетило, или над сетилна перцепција. Духовно истражување можеме да спроведеме само со помош на многу активно шесто сетило. За да го доживееме сеопфатниот свет со кој се занимава духовната наука, петте суптилни сетила, суптилниот ум и суптилниот интелект треба да се развиваат.

Што не е истражување засновано на духовната наука:

Следната листа ќе покаже она што не е истражување засновано на духовната наука:

  • Пробањето да се потврди автентичноста на религиските предмети со користење на современа технологија (радиоактивен јаглерод).
  • Одредувањето на корелацијата помеѓу религиската пракса и некои социолошки, или психолошки промени со методи за истражување на модерните науки.
  • Обиди за одредување дека некое место е проколнато со користење на модерна техничка опрема.

Во сите овие примери човекот се обидува да ја измери и разбере духовната димензија со помош на модерната наука. Ова можеме да го наречеме истражување, но не и истражување засновано на духовната наука. Способноста да се измери и разбере духовната димензија со модерното истражување е така непремостливо ограничена да ја доведува во прашање точноста и ефикасноста на таквите анализи.

2.3 Духовната димензија е подеднакво систематска и логична како и материјалниот свет

Кога модерната наука, да речеме, ја истражувала причината за жолтицата, дошла до заклучок дека една од причините е инфекција. Со понатамошни испитувања се открило дека инфекцијата ја предизвикал вирусот на хепатитис. Потоа се дознало дека постојат повеќе видови хепатитис, како што е хепатитис А, хепатитис Б, итн. На овој начин се врши подетална анализа на причините за болестите и проблемите. Но подлабока, или најдлабоките причини можат да се дознаат само со помош на духовната наука, те. со истражување засновано на духовната наука.

По пат на тоа истражување откривме дека причините за проблемите можат да бидат во физичката, психолошката или во духовната сфера. Дури до 80% од нашите проблеми во животот ја имаат причината во духовната сфера. Многу често кога видиме дека се случила некоја трагедија, го слушаме изразот ’Тоа е Божја волја’. Меѓутоа, главната причина за трагедиите како што се природните катастрофи, или паѓањето на авион, првенствено се во духовната сфера што ние во своето незнаење го препишуваме на ’Божјата волја’. Овие духовни причини подетално ги опишавме во написот ’Вистинските духовни причини за проблемите во животот’.

2.4 Готово знаење добиено од Универзалниот Ум и Интелект

Знаењето дури и за најобразованиот човек има граници. Од друга страна, Бог кој е Сезнаечки знае се за се. Поради тоа луѓето од разни општествени кругови и сите националности чувствуваат инспирација после молитвата на која и претходеле блокади во размислувањето и анализирањето. Многумина доживеале дека после молитвата бидат со чудо спасени од опасни, или смртоносни несреќи. Универзалниот Ум и Интелект се Божјиот Ум и Интелект. Со оглед дека човекот го развива шестото сетило (над сетилно согледување или перципирање, те. восприемање на духовната димензија), преку духовната пракса, после некое ниво е способен да добие неограничен пристап до Универзалниот Ум и Интелект.

Сите знаења на овој сајт се добиени и потврдени од Универзалниот Ум и Интелект.

2.5 Духовното истражување не зависи од просторот и времето

Затоа што знаењето се добива од Универзалниот Ум и Интелект, човекот не мора да патува на одредени места за да истражува. Тој исто така не зависи ниту од времето во кое се случува. Одреден настан дали се случил пред многу векови, или ќе се случи во иднината, природата на тој настан и начинот на неговото влијание и понатаму можат да се утврдат.

Од таа причина во можност сме да ги објавиме написите како што е ’Истражување засновано на духовната наука за духовниот живот на Нострадамус’. Овој напис дава единствени информации кои не припаѓаат на сегашниот простор и време.

2.6. Треба да го спроведуваме под водство на духовно воздигнато лице.

Можеби најзначајното во истражувањето засновано на духовната наука е тимот што го врши ова истражување мора да го води лице кое е на духовно ниво Светец или Гуру.

Ако на скалата од 0-100%, соединување со Бога (што е крајна цел на секој духовен пат) е 100%, тогаш повеќето луѓе во денешницата е на духовно ниво од 20-25%. Само кога некој по пат на духовна пракса достигне духовно ниво над 70%, може да се нарече духовен учител, или Светец. Овие духовно високо развиени лица, можат да пристапат до Универзалниот Ум и Интелект и можат да бидат во потполност сигурни дека не ги советуваат погрешно некои суптилни тела, или некој ентитет. Просто кажано достигнувањето на духовното ниво на Светец е достигнување на повисоките сфери во духовниот развој. Тоа е како кога некој стане Нобеловец во одредено поле на световниот живот.