MKD-kissing-in-public

Вовед

Во текот на изминатите неколку децении, човештвото доживеа стрмоглав пад во начинот на однесување, моралните вредности, и она што се смета за добро човечко однесување, како и пад на духовно ниво. Под маската на лажна човечка слобода и изговорот дека се либерални во животот, луѓето почнаа да ги манифестираат некои од своите желби, недостатоци на карактерот и его, дури и во јавноста, што пред некои 100 години беше невидено. Интересно е тоа што повеќето луѓе денес мислат дека сме напредувале, бидејќи тие го набљудуваат напредокот во технологијата, комуникациите и ‘одење во космосот’. Но тажната вистина е дека човештвото е во морален и духовен пад во текот на изминатите илјадници годиниНегативните енергии ги користеа желбите на луѓето, недостатоците на карактерот и егото, да завладеат со човештвото во целост, се повеќе и повеќе во оваа ера Калијуга (најлошата ера).

Како луѓето дојдоа до идејата да се бакнуваат во јавноста?

Поради ниското духовно ниво на повеќето поединци во оваа ера Калијуга, и целокупното незнаење, што е вистинска Праведност, и каков е Божјиот закон, поголемиот дел од луѓето во светот, го усвоиле овој многу либерален начин на живот и однесување, мислејќи дека се додека не повредуваат некој друг, луѓето треба да бидат слободни и да прават што сакаат. Покажувајќи ги нашите желби во јавноста, преку таквото однесување ги учиме нашите деца и млади и тоа влијае на нив, на пример, со прикажување на физичка приврзаност (љубов) во јавноста, ние ги учиме дека тоа е ‘кул’ нешто да се направи.

Праведност (Дарма) е она што исполнува три услови:
1. Го одржува општествениот систем во одлична состојба
2. Овозможува световен напредок на секое живо битие
3. Овозможува напредок и во духовната димензија
- Шри Шанкарачарја

Денес тоа е вообиачено да се види, особено во големите градови, како луѓето се гушкаат и бакнуваат пред другите на јавни места како што се, парковите, јавниот транспорт, на улиците, па дури и во училиштата.

kissing-in-public-1 kissing-in-public-2 kissing-in-public-3

Зошто е тоа неисправно?

Во принцип, животните и луѓето го имаат следново зедничко: потреба да јадат, да спијат, страв и секс. Животните имаат односи во јавноста. Она што нас не разликува од животните, е тоа што немаме односи во јавноста, бидејќи тоа однесување не му доликува на човекот. Во случај тоа да се случи, луѓето кои ќе се впуштат во таквото однесување се сведени на ниво на животните. Со текот на времето, ако ваквото однесување продолжи да се повторува се повеќе и повеќе, општеството во целина ќе почне да се влошува. Соодветно на тоа, таквото однеусвање е неприфатливо. Слично на тоа, не треба ни да се бакнуваме во јавноста.

Оној кој гледа на сцената, е под влијание на сцената - Неговата Светост Др. Атавле

Значи, се она што можеме да го видиме, има влијание врз нас. На пример, ако видиме црква/храм, ќе имаме добри или побожни мисли. Ако видиме нешто негативно, нашиот ум ќе биде негативно погоден, односно под негатино влијание. Како се однесуваме во јавноста влијае на нас самите, исто колку и на другите.

Човекот е заштитен од страна на општеството, општеството од страна на нацијата, а нацијата од Бога - Неговата Светост Др. Атавле

Ако детето секогаш го прави она што тој или таа го сака, тоа дете нема да израсне во образована и кулутурна личност. Слично на тоа, ако сите ние правиме што сакаме, тоа не е добро за нас, и со тоа ќе му наштетиме на општеството во целина. Како човечки суштества имаме индивидувална и колективна одговорност да во присуство на други луѓе во нашето општество се однесуваме правилно.

“Луѓето кои се себични, размислуваат само за себе, за своите потреби или желби, а “јас” е центарот на нивното внимание. Наспроти ова, трагачите на Бога, го имаат Бог како свој центар на внимание и заради тоа добиваат заштита од Него. Поради оваа причина треба да обавуваме редовна духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, за да духовно напредуваме и природно да се оддалечиме од себичноста и други практики кои се духовно штетни за нас и општесетвото.” – Неговата Светост Др. Атавле

Освен тоа, бакнувањето во јавноста привлекува негативни енергии и доведува до понатамошен пад на луѓето кои се впуштаат во таквото однесување, како и на оние кои им се восхитуваат или тоа го имитираат.

Негативни ефекти на себе Негативни ефекти на други
2 % 1 %
Негативни ефекти на себе Негативни ефекти на други
Колку долго трае во минути 30 мин 5 мин
Направен грев во % 2 %

Колку повеќе се впуштаме во бакнување во јавноста, толку повеќе акумулираме негативен ефект на себе и другите.

Секој пат кога луѓето се бакнуваат во јавноста се прави грев од 2%

Во оваа табела ги споредивме гревовите, за подобро да се разбере горенаведеното:

Грев %
Користење лоши зборови (пцуење) 1
Бакнување во јавноста 2
Да се биде гол, помеѓу други 3
Секс во јавност 10
Да се нападне некој 13
Убиство 100

Се повеќе и повеќе бакнувањето во јавноста влијае на општеството во целина и неговата деградација. Бидејќи одружувањето на Божјиот закон на Праведност во општеството ни гарантира среќа, општеството кое е спротивно на овој закој е обврзано да биде несреќно со текот на времето, и денес се повеќе и повеќе стануваме сведоци на ваквата појава.

  • “Секоја наредна година, приближно еден од пет Австралијци, ќе доживее ментална болест.” – податоците беа обезбедни од страна на ‘Мајндфрејм’ (Австралија)

  • “Еден од четворица возрасни, што е прибилжно 61.5 милиони Амерканици, се соочува со ментална болест во дадена година. Прибилжно 20% од младите на возраст од 13 до 18 години, се соочуваат со тешко ментално нарушување во дадена година. Груба процена за децата на возраст од 8 до 15 години е 13% – податоците беа обезбедени од страна на ‘НАМИ – Национална алијанса за ментални заболувања’ (САД)

  • “Во текот на една година, еден од четворица Британци, ќе доживеат некаков вид на ментален здравстевен проблем. Анксиозност во комбинација со депресија, се најчестите ментални нарушувања во Велика Британија. Жените се почесто се лекуваат од ментални здравстевни проблеми, отколку мажите. Околу 10% од децата, во одреден момент ќе доживеат некој ментален здравствен проблем. Депресија зафаќа едно од пет постари лица.” – податоците беа обезбедни од страна на ‘Фондацијата за ментално здравје’ (Велика Британија)

“Она што луѓето го сакаат е среќа, но Блаженство е највозвишена среќа. Зависи од она што ние сакаме: трајна среќа и Блаженство или среќа и како последица на тоа, тага? Бог значи Блаженство – каде што нема нималку тага.” – Неговата Светост Др. Атавле

Само со едуцирање на луѓето за Духовноста и Праведноста и обавување адекватна духовна пракса, со која постигнуваме раст на духовно ниво и искуство на Блаженство, општеството полека може да почне да станува повеќе праведно, морално и духовно чисто. Животот во едно такво општество би бил далеку повеќе пријатен за сите.