Давање и примање подароци

1. Вовед – давање и примање подароци од духовна перспектива

Давање и примање на подарок е нешто што сите го правиме, без оглед на културата од која потекнуваме. Иако сме давале и примале подароци целиот живот, можеби не сме биле сосема свесни дека од духовна гледна точка давањето и примањето на подароци влијае на сметката на земање и давање. Во овој напис, ги објаснуваме различните аспекти на давањето и примањето подароци, од духовна перспектива.

2. Што се случува на духовно ниво кога даваме или примаме подарок?

Чинот на поклонување помага да мислиме на другите. Кога мислиме на другите и ги ставаме пред нас самите, ги смалуваме нашите мисли за себеси, а на тој начин го смалуваме и нашето его. Ова особено се случува, ако чинот е направен без очекувања. Слично на тоа, кога примаме поклон со искрена и огромна благорадност, без обзир на тоа дали ни се допаѓа или не, ги смалуваме мислите за себеси, а на тој начин го смалуваме и нашето его. Ова е духовна придобивка на поклонувањето и примањето.

Меѓутоа, според духовниот закон на кармата, кога даваме или примаме подароци:

  • Ние, или создаваме или порамунваме сметки на земање и давање со другото лице.
  • Ние стекнуваме заслуги или правиме гревови, во зависност од видот на подарокот кој ние го даваме и намерата која лежи зад него.
Давање и примање подароци

Духовниот закон на карамата е објаснет во написот Судбина и Карма – закон на кармата.

Стварањето на сметка на земање и давање, било позитивна или негативна т.е. била заслуга или грев, е тоа што не држи во циклусот на раѓање и умирање. Значи, со други зборови, ако едно лице стекнало заслуга со давањето на подарок, тоа мора да го прими истиот износ на среќа или во овој живот или во следниот живот од тоа исто лице. Се додека не ја комплетираме сета наша акумулирна сметка, не можеме да избегаме од циклусот на раѓање и умирање, да ја оствариме вистинската цел на нашите животи.

2.1 Дали е можно да ибегнеме создавање на сметка на земање и давање или заслуга/грев кога даваме или примаме подароци?

Да, можно е да избегнеме создавање на сметка на земање и давање или заслуга/грев кога разменуваме подароци.

  • Сите ние го имаме Божјиот принцип внатре во нас. Познат е како Душа. Кога сме нурнати во оваа реализациија и активно го чувствуваме Бога внатре во нас, тогаш било која активност направена од нас во оваа состојба не прави сметка на земање и давање или заслуга/грев.
  • Ако нашето ‘Пеење на Божјото Име’ е постојано и по квалитет од највисок ред, тогаш повторно нема создавање на сметка или заслуга/грев, без оглед на тоа каква активност обавуваме.
  • Кога поклонуваме или примаме подарок со духовна емоција дека Бога во нас го поклонува или прима подарокот од Бога кој ни го дава или на кој му даваме подарок.
  • Кога разменуваме подароци, без очекувања.

Меѓутоа, на практично ниво, цело време да се доживува горенаведеното, скоро за сите луѓе е многу тешко. Како резлутат на тоа, во речисите сите случаи се создава или порамнува сметка на земање и давање кога даваме/примаме подарок.

3. Каков вид на поклон треба да избереме?

Сепак, поради социјални обврски, ние сеуште мораме да даваме подароци, иако знаеме дека со тоа создаваме сметка на земање и давање и стекнуваме заслуга или правиме грев. Од духовна перспектива, следниве се некои од работите кои треба да ги имаме на ум, при изборот на подароци.

  • Подарок кој придонесува знаење: Подароците кој допринесуваат знаење за Духовноста и духовна пракса, се највредни поклони кои можеме да им ги подариме на оние што ги сакаме (важно е дека знаењето е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса). Следнава табела ја покажува вредноста на овој вид на подарок, во споредба со другите видови.
    Вид на подарок Вредност во временско траење за примчот
    Цвеќиња Неколку часа
    Храна (чоколади, колачи, итн) Неколку часа
    Облека Неколку месеци
    Електронски предмети Неколку години
    Накит Многу години
    Книга која содржи духовно знаење Овој живот и наредни животи
  • Сатвик подарци наспроти оние кои не се: Секогаш е најдобро да се поклони сатвик подарк. Ова е затоа што таквиот подарок, му помага на лицето на духовно ниво на тој начин што го зголемува сатвикот во лицето. Сатвик подароци се книги за Духовноста, средства за духовно исцелување, како што се SSRF миризливите стапичиња, бројаници за молитва направени од сатвик материјали, компактен диск (ЦД), кој содржи снимки со пеаници на Божјото Име. Подароците кои се сатвик, генерално ја зголемуваат интроспктивната природа кај човекот, која е неопходна за духовен раст. Подароците во кои преовладува раѓа-тама, генерално го зголемуваат фокусот на лицето кон надворешниот свет, и го оддалечуваат од размислувањето за духовен раст.

Дури и обвивката и декорацијата на подароците, можат да ја зголемат сатвик или тамасик  природата на подарокот. На пример:

  • Во однос на бојата на хартијата за завиткување
    • жолти, бели, сини се повеќе сатвик
    • црвени, розеви и кафеави се раѓасик
    • зелени и црвени се Раѓа-Тама
    • црни и сиви се тамасик
  • Во однос на составот на харитјата која се користи, природните материјали ќе бидат повеќе сатвик, за разлика од синтетички материјали.
  • Во однос на декорациите, на сликата подолу сме прикажале два вида на декорации кои се користат за подароци. Гледајте по една минута посебно во секоја декорација, и видете како се чувствувате и која декорација чувстувате дека е повеќе сатвик. Одговорот е даден на крајот од овој напис.
Давање и примање подароци

Ве молиме погледенте го написот – Трите основни суптилни компоненти и нашиот животен стил

4. Што влијае на висината на сметката на земање и давање

Главниот аспект кој ја одредува сметката на земање и давање помеѓу лицето кое го дава подарокот и лицето кое го прима, е прпорционален со делот од богатсвото кое лицето го дава во форма на подарок.

Следниот дијаграм опишува, како односот на вредноста на она што го подаруваме, во однос на вкупниот имот кој го имаме, ја одредува висината на сметката на земање и давање.

Давање и примање подароци

Заради тоа што, повеќето од нас немаме развиено шесто сетило, никогаш не знаеме дали создаваме или подмируваме сметка на земање и давање. Поради оваа причина, треба да се фокусираме, односно да обрнеме повеќе внимание на заслугите и гревовоите. Заслугите или гревовоите кои ги стекнуваме зависат од два главни аспекти:

Во зависнот од видот на подарокот, односно дали е сатвик, раѓасик или тамасик, лицето кое подарува стекнува заслуга или грев. Ова се случува независно од тоа дали со давањето на подарокот е создадена или подмирена сметка на земање и давање.

  1. Со каква намера подаруваме: Кога намерата зад давањето на подарокот е поврзана со духовниот раст на другото лице, тогаш не се создава сметка на земање и давање. Пример за ваков вид на подарок би била книга за Духовноста, која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, која директно придонесува за духовниот раст. Секоја друга намера ќе резултира да се создаде или подмири сметка на земање и давање. Овде, не се стекнува ниту заслуга, ниту грев. Меѓутоа, со давање на таков подарок, едно лице би се здобило со духовен раст.
  2. Видот на дадениот подарок: Сатвик подароци, како што се сатвик слики на Божества, кои не мора да придонесуваат за духовен раст, резултира во тоа да се напарават заслуги. Ова е затоа што, за разлика од духовните книги, сликите на Божествата неможат да го насочат лицето на духовен пат, и да му помогнат да преземе чекори во понатамошниот духовен развој. На релативна скала, тоа би било +30.

Раѓасик подароците како што се облека, парфеми, романи, електронски игри, итн. доведуват до создавање на гревови. На релативна скала, тоа би создало грев од -10.

Тамасик подароците како што се алкохол, хеви метал музика, итн. доведуваат до создавање на гревови. На релативна скала, тоа би создало грев од -30.

5. Кој е највреден подарок?

Највредниот подарок кој едно лице може да го добие е дар од Бога. Ова е дарот на животот со кој лицето добива шанса да обавува духовна пракса (во согласност со шесте основни принципи) и така добива пристап до Божјата милост.

Од гледна точка на трагачот, највредниот поклон е милоста на Гуруто (Духовен учител), бидејќи го води напред на патот до спознание на Бога, што е негова основна цел на животот.

Одговор на суптилниот експеримент погоре: Декорацијата А е повеќе сатвик од Декорацијата Б.