MKD-cancer

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) препорачува продолжување со конвенционалното медицинско лекување заедно со употребата на средствата за духовно исцелување за лекување на физичките и психичките болести. На читателите им се препорачува ако сакаат да ја применат било која од мерките за духовно исцелување, тоа да го направат според своја проценка.

Одоговорот на ова прашање бара разгледување на неколку фактори и анализи од повеќе гледни точки. Меѓусебното делување помеѓу овие разни гледни точки е комплексно и ниту еден од факторите неможе посебно да се разлгедува.

Ве молиме погледнете го написот – Фактори кои влијаат на ефективноста на духовно исцелувачките мерки

Следниве се некои од перспективите кои треба да се земат во предвид, кога се набљудуваат шансите да едно лице биде излечено од рак, преку третман со духовно исцелување.

1. Судбина, духовна пракса и алтернативни третмани за канцер

Болестите опасни по живот како што е ракот се неизбежно судбински предодредени. Под судбина, мислиме на оној дел од нашиот живот преку кој мораме да поминеме, како резултат на нашите минати дела, кои се предодредени од раѓањето. Судбината може да ни донесе среќа и/или несреќа.

Ве молиме погледнете ги написите за судбината, особено написот вистински духовни причини за проблемите во животот.

Кога велиме дека ракот е судбински предодреден, тоа значи дека вистинската причина (т.е. судбина) е од духовна природа. Затоа, може во целост да се надмине само преку адекватна духовна пракса, како основа на духовното исцелување. Ве молиме имајте во предвид дека при тоа мислиме на духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса.

Во зависност од тежината на судбината, потребен е соодветен квантитет на духовна пракса, со цел судбината да се надмине. Духовна пракса или:

  • Ја поништува судбината и во тој случај ракот ќе биде излечен, или
  • Го штити од судбината и во тој случај лицето не ја чувстува болката која следува кога некој има рак.

Доколку ракот е последица на:

  • Помалку тешка судбина: Во таквите случаеви, ракот се дијагностицира во рана фаза, пред да настант некои неповратни промени, тоа обично се бенигни форма на тумор т.е. оној кој не се шири на други органи и има добра прогноза (т.е. постои шанса за закрепнување). За да се надмине благата судибина и да се излечи ракот, треба да обавуваме 4-5 часа духовна пракса, на дневна основа.
  • Умерено тешка судбина: Во случаи на рак кој е последица на умерено тешка судбина, болеста се открива во некоја подоцнежна фаза, кога веќе настанале органски промени. За да се надмине умерено тешка судбина, треба да обавуваме 10-12 часа интензивна духовна пракса на дневна основа
  • Тешка судбина: Овде ракот обично е со малигна форма, доцна е откриен по неповратните промени и има многу лоша прогноза. За да се надмине ваквата болест, потребно е долго време да се обавува интензивна духовна пракса и неопходна е милоста на Светец, или Бога.

Во случаи на тешка судбина, освен ако постои многу силна причина (на пример, лицето обавува интензивна духовна пракса и има желба да го спознае Бога, затоа има добри шанси духовно да расте, ако животот му биде продолжен со излекување) Светците генералано не влијаат на судбината.

2. Кои се другите духовни причини кои играат улога во нечија судбина?

Ако факторот на судбината зависи од суптилното тело на преминатиот предок a или дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн), кој го предизвикува ракот, дијагнозата на овој духовен аспект и содветниот третман, помагаат да се зголеми ефикасноста на алтернативните третмани и го намалуваат времето потребно за лекување. Во таквите случаеви, во зависност од духовната пракса, мора да се додадат и специфични методи на духовно исцелување, насочени кон надминување на тој духовен фактор.

Во случаи на рак кој е последица на тешка судбина или дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.) дијагностицирањето на ракот може да биде одложено, и со тоа да се намали веројатноста за излекување.

3. Време на започнување духовна пракса

Во зависност од тоа во кое време едно лице ќе започне да обавува духовна пракса, лицето или ќе може да ја избегне судбинската предодредена болест или интензитетот на предодредената судбинска болест може значително да биде намален. Намалувањето во интензитот на патењето ќе биде директно пропорционално со квалитетот и квантитетот на духовна пракса која се обавува, во споредба со тоа колку е тешка нечија судбина.

Да го погледнеме следниов пример:

  • Митре има рак на желудникот.
  • Ракот настанал во јануари 2004 година, а е дијагностициран во септември 2005 година, како “рак во втора фаза”.
  • Во јануари 2007 година ракот напредувал до “трета фаза рак”.
  • Духовната причина е умерено тешка судбина. Не постојат други духовни фактори кои го комплицираат овој случај.
  • Од 100 единици вознемиреност те. несреќа со која Митре е предодреден да страда за време на неговито живот, ракот изнсува 10 единици.

Да го погледнеме ефектот од разните можни сценарија кој се поврзани со времето на започнувањето духовна пракса и нејзиниот интензитет..

Сценарио Веројатен исход
А: Лицето започнало и обавува духовна пракса со умерен интензитет од 2000 година. Лицето добило рак, кој е откриен и дијагностициран како рак во прва фаза, пред Септември 2005. година, и со терапијата, и соодветен медицински третман веднаш е спроведен. Очекуваното траење на животот е продолжено, а и квалитетот на животот е значително подобрен. Патењето кое лицето го доживува изнесуа 3 единици.
Б: Лицето започнало и обавува интензивна духовна пракса од 2000 година. Лицето можеби воопшто нема да добие рак.
Ц: Лицето започнало и обавува интензивна духовна пракса од јули 2006 година. Ракот можеби нема да напредне до трета фаза и патењето ќе биде намалено за неколку единици.

Од горе наведеното ќе видите дека, најдобрата алтернатива е превенција. Како таква, секогаш е подобро да се претера во претпазливоста и редовно да се зголемува нивото на духовна пркса квантитативно и квалитативно. Со ова нашата судбина се понуштува и растеме духовно, исполнувајќи ја целта на животот.

4. Дали веќе се случило дегенерација на органот пред потрагата по алтернативни третмани за рак

Ако веќе се случило дегенерација или оштетување на орган, во речиси сите случаи промените неможе да се вратат со алтернативни третмани за рак. Ова важи дури и кога причината за оштетувањето на органот е во духовната димензија. Меѓутоа, интензитетот на болеста сепак може да се намали.

5. Сметка на земање и давање со докторот

Сметката на земање и давање која ја имаме со докторот е уште еден фактор кој треба да се има во предвид. Доколку сметката е негативна, докторот и покрај своето долгогодишно искуство, ненамерно може да не ги забележи клучните аспекти во случајот на пациентот, и на тој начин да се продолжи патењето. Доколку сметката е многу позитивна, тогаш изгледа како да докторот има посебен интуитивен допир во однос на тоа кој медицински третман да примени.

Поради сметката на земање и давање со докторот, некогаш се случува да пациентот уште толку повеќе се разболи и покрај тоа што овој доктор го лекува. Надворешно ние тоа го гледаме како небрежност од страна на докторот. Меѓутоа, на духовно ниво, во повеќето случаи може да биде подмирување на негативна сметка. Сметката на земање и давање е исто така, причината зошто избираме одреден доктор во однос на друг.

6. Заклучок

  • Сите големи болести ко се опасни по живот, како што е ракот, имаат духовна причина и се судбински предодредени.
  • Факторите кои влијаат на лечењето на ракот со алтернативни духовни третмани се комплексни и бараат разгледување од повеќе гледни точки. Сепак, модерната медицинска наука е ограничена само на физичката и психолошка димензија.
  • Надополнување на медицинскиот третман со духовна пракса и методи за духовно исцелување се зголемуваат шансите за излекување, или во случаи на тешка судбина помага да се намали интензитетот на болеста.
  • 100% излекување е можно доколку:
    1. е поставена 100% специфична дијагноза за духовната причина,
    2. се применуваат 100% специфични алтернативни третмани за исцелување во потребна количина и за потребниот износ на време.
  • На крај она што е најважно, ако погледнеме како го живееме животот од духовна перспектива на целта на животот, ќе видиме дека во повеќето случаи луѓето немаат намера духовно да растат. Од чиста духовна перспектива, не е важно дали животот на таквото лице ќе биде продолжен за 4-5 години по сериозната болест, бидејќи во било кој случај, тој ќе го потроши на световни работи. Меѓутоа, ако лицето е вистински трагач по Бога, и му требаат уште неколку години на Земјата да обавува духовна пракса, со цел да достигне повисоки духовни нивоа по физичката смрт, тогаш Бог Самиот му го продолжува животот на таквото лице.