Како се прогласува Светец според духовната наука

Критериумите за препознавање Светец зависат од патот кој што Тој го следи, односно Патот на Знаење, Пат на Акција, Пат на Посветеност (Богољубље), итн. Во зависност од духовното ниво, критериумите, исто така, може да се разликуваат.

На физичко ниво можеме да видиме некои знаци, како што се сјај на лицето, линиите на дланката почнуваат да стануваат бледи, а прстите и дланките стануваа меки и мазни.

На психолошко ниво лицето е во можност да доживее Блаженство и Неговите мисли и однесување укажуваат дека Тој е по природа сатвик. Кога трагачи кои што вршат духовна пракса, ќе се најдат во присуство на Светци, можат да почувствуваат Блаженство или состојба без мисли. Меѓутоа, за просечниот човек, ова е многу тешко да се почувствува (согледа).

Според духовната наука, трагач на Бога може да се смета за Светец само кога други Светци ќе потврдат дека Тој е Светец. Ова е според законот дека само Светец може вистински да препознае друг Светец. Едно лице кое не е на ниво на Светец, неможе да прогласи друго лице како Светец. Ова е најдобриот критериум за препознавање Светец.