Хиерархија на моќта во Универзумот

Постојат шест вида на моќ во Универзумот. Што повеќе моќта е посуптилна, нејзината сила е по моќна. Да ги погледнеме сега секој вид на моќта.

1. Физичка: По хиерархија го зазема најниското ниво помеѓу силите на Универзумот и е најгруба. Ова ја вклучува моќта во стварите (предметите) како што се:

     a. Лековите за лекување на болестите – на пример антибиотици за уништување на бактериите

     b. Физичкото оружје за убивање

     c. Финансиска моќ

     d. Политчка моќ

Просечниот човек воглавном располага со овоие видoви на моќ.

Ограничувањето на оваа моќ е во тоа што таа може да врши влијание само на грубо/физичко ниво. На пример, доколку некој не може да го види лицето или метата, тогаш физичкото оружје нема да биде способно да ја пронајде својата цел.

2. Физичка и Мантра: Кога ги комбинираме суптилните со физичките сили, тогаш резултатот е многу поефикасен. Во дамнешни времиња, фрлањето на стрела од лакот било придружено со изговарање на мантра. Благодарејќи на мантрата името на непријателот било забележано и стрелата ја пронаоѓала својата мета, дури и доколку метата била дух кој што се криел во суптилните региони на Пеколот (Патал). Сето тоа се случувало благодарејќи на суптилната енергија која што ја следела стрелата. Тоа е истиот принцип како принципот кој што се применува кај подготовката на ајурведските лекови; лековите се прават со изговарање на мантра. Исто така, при истерувањето на духот кој што го опседнал лицето, помошните средства како што се црна леќа (винга мунго), зелен лимон (цитрус генус), игли, итн. се употребуваат заедно со мантрите. Понекогаш и покрај употребата на физичките сили и суптилните мантри е невозможно да се постигне целосен успех. Во тие ситуации треба да користиме уште посуптилни средства кои се опишани во продолжение.

3. Мантра (само): Кога користиме помоќни мантри, непријателот можеме да го победиме само со користење на самите мантри. Мантрите исто така се користат за други световни цели како што се брак, здравје, итн.

4. Контакт (допир): На уште повисоко ниво е контактот (допирот). Тоа значи дека, доколку лицето кое што достигнало високо духовно ниво (над 70%) допре нешто, тој предмет  во себе ќе има сила да уништува духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн). Сепак, контактот во овој контекст не е ограничен само на допирот. Луѓето ќе почувствуваат придобивки од контактот со лицето на високо духовно ниво во било кој од следните случаи. Тоа се случаите:

  • кога духовно возвишеното лице ќе сети на вас,
  • кога духовно возвишеното лице провери било која работа, која што вие ја имате направено,
  • кога духовно возвишеното лице е информирано за вашата ситуација, или проблемот преку кој што минувате,
  • кога духовно возвишеното лице разговара преку телефон со вас.

5. Одлука на Светите: Откако ќе се постигне ниво на Светец со духовно ниво од 70%, умот е разграден, а интелектот е на добар пат да биде разграден и има пристап до Универзалниот Ум и Интелект, а тоа е самиот Бог. Како што Светецот духовно расте на ниво над 80%, Неговиот ум оди кон состојба без мисли. На тоа ниво самата мисла како што е ’нека се случи’ во умот на лицето на високо духовно ниво е доволна дадениот настан навистина да се случи. Ништо друго не е потребно. Оваа одлука се случува единствено по Божјата волја. Видете го написот – Механизам на делување на одлуките како моќ во Универзумот’.

6. Присуство: Лицето на највисоко ниво на духовниот развој (над 90%) одлуката не треба ниту да ја донесува. Самото присуство, близината или друштвото на духовно возвишеното лице е доволно нешто да се случи, на пример ученикот духовно да напредува, или духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) да бидат отстранети. Ова подобро можеме да го разбереме со примерот на Сонцето кое буди се и секого, и прави цвеќето да цвета итн. кога тоа изгрева. Сето тоа се случува благодарение само на неговото постоење. Сонцето не бара од никого да се пробуди ниту цвеќето да цвета. Светците на духовно ниво над 90% својата мисија ја вршат на овој начин.