MKD_Box-Treatment-Spiritual-Healing-Therapy

На самиот почеток, ви препорачуваме да го прочитате написот за духовно исцелување кој ги објaснува принципите за разните духовно исцелувачки терапии.

1. Вовед во духовно исцелување со помош на кутија

Црна енергија: Примарното оружје што го користат негативните енергии е црната енергија, односно духовна енергија која што има моќ да манипулира со секој процес во регионот на Земјата. Обемот на овие манипулации зависи од силата на нападите од негативните енергии (духовите, демоните, ѓаволите, итн.).

Едноставна картонска кутија може да изгледа како необична алатка за духовно исцелување. Меѓутоа со Божјиот благослов, Фондацијата за духовно истражување засновано на духовната наука, ја откри оваа духовно исцелувачка метода во текот на едно нивно истражување, откриена е наједноставната и уште моќна алатка да ја извлече од нас негативната, вознемирувачка и суптилна енергија надвор од нашиот систем.

Духовно исцелување е потребно кога проблемите во нашите животи се предизвикани од елементи во духовната димензија, како што се негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.). Ние ова подетално го објаснивме во нашиот напис за тоа како духовната димензија влијае врз нас и нашите животи.

2. Што е терапија за духовно исцелување со помош на кутии?

2.1 Како SSRF ја откри терапијата за духовно исцелување со помош на кутии?

Во 2005. година, Неговата Светост  Др. Атавле, забележал дека празните фиоки и шкафови во неговата соба почнале да емитуваат Божествен мирис. Како експеримент ги замолил трагачите во SSRF центарот за истражување, кои биле под силно влијание на негативните енергии, да седнат пред овие посебни фиоки и шкафови додека тие беа отворени. Беше забележано дека, празните фиоки и шкафови го забрзуваат овој духовно исцелувачки процес и трагачите забележале дека е намалено нарушувањето предизвикано од негативните енергии.

MKD_Cupboard-HH-Dr-Jayant-Athavale2-new

Неговата Светост Др. Атавле  се прашуваше, како овој нов метод на исцелување може да се реплицира со цел и другите да можат да имаат духовни придобивки од него. Подоцна беше спроведено духовно истражување, за да се разбере духовниот принцип кој стои зад оваа нова исцелувачка терапија. Одоговорот кој беше добиен преку високо развиено шесто сетило беше парадоксално “ништо”. Празните фиоки се состоеа од “ништо” и вакуум или празнина која е директно поврзана со моќниот Апсолутен Принцип Етер (Акаштатва).

Од сите Апсолутни Космички Принципи, Апсолутниот Етер принцип е најсуптилен и најмоќен. Човечките суштества, отелотворените души (Ѓива) претежно се состојат од Апсолутниот Принцип Земја (Прутвитатва), и Апсолутниот Принцип Вода (Апататва) и многу малку од Апослутниот Принцип Етер. Затоа кога сме изложени на Апсолутниот Принцип Етер, духовното исцелување е зголемено.

2.2 Следните чекори во примената

Со примена на исцелувачкиот принцип на празнина, откривме дека користењето на (лесно достапните) картонски кутии може да им бидат од корист на луѓето за духовно исцелување поради истиот ефект на Апосултниот Приницип Етер. Со едноставно поставување на празна кутија или повеќе од нив, во наша непосредна близина, откривме дека тие имаат способност да ја впијат негативната нарушувачка енергија од нашиот систем. Постојат неколку аспекти кои можат да влијаат на јачината на експериментот кои ги споделивме во продолжение на овој напис.

Box-healing-treatment

Набргу откако го откривме овој принцип, ние спроведовме иста духовно исцелувачка терапија со картонски кутии на девојка која беше парализирана поради влијанието од негативните енергии, и бевме пријатно изненадени кога го согледавме нејзиното закрепнување во рок од 30 минути. Како што експеримент по експеримент со празните картонски кутии имаше духовно позитивен исцелувачки ефект врз трагачите кои беа под влијание или опседнати од негативните енергии, овој духовно исцелувачки метод наскоро беше усвоен од страна на SSRF, како еден од главните методи на исцелување.

3. Како да спроведеме духовно исцелувачка терапија со помош на кутии?

3.1 Што е потребно за третманот со кутии?

Број на кутии: Обично на едно лице му е потребно од една до четири кутии за исцелување, иако сме користиле и до 12 кутии.

Материјалот на кутијата: Кога станува збор за солидни форми, материјалот кој се користи е важен. Меѓутоа во случај на празни форми, материјалот од кој се направени кутиите не е толку важен. Поради оваа причина Неговата Светост Др. Атавле не упатуваше да користиме кутии кои се лесно достапни. Празните кутии од картонските амбалажи се идеални за ова, се додека се чисти и уредни. MKD_Box-spiritual-healing-remedy-box-examples

Вид на празни форма: 

 

MKD_Box-spiritual-healing-remedy-shape-of-box

Кај триаголната кутија, која е поврзана со Енергијата на Волјата (Ича-шакти) постои голема веројатност да биде нападната од негативните енергии и затоа не е препорачливо да се користи.

а) За просечниот човек се препорачува користење на правоаголните или квадратните кутии. Нивните вибрации се поврзани со Енергијата на Апсолутната Акција (Крија-шакти).

б) Кружните кутии се поврзани со Енергијата на Апослутното Знаење (Днијан-шакти) и нивните вибрации се посуптилни и насочени кон не-манифестираната форма на Бога. Само лице кое е над 50% духовно ниво може да има придобивки од кутиите со кружна форма.

Ви препорачуваме да го прочитате написот за духовното ниво.

3.2 Како да се спроведе духовно исцелувачка терапија со помош на кутии?

Молитва: Пред да се започне со оваа исцелувачка терапија, потребно е искрено да му се помолите (молитва) на Бога да се активира Божествената Свесност (чаитанија) во празниот простор од кутијата, и да впие било каква негативната нарушувачка енергија од нас.

Духовно прочистување со миризливи стапчиња: Со палење на SSRF миризливите стапчиња и нивно ротирање во кутиите во насока како стрелките на часовникот, помага да се активира Божествениот принцип и духовно да се прочистат кутиите.

Поставување на кутиите:

 a) Поставете 4 кутии околу себе со празниот дел од кутиите свртени кон телото.

1) Само трагач со високо развиено шесто сетило или суптилно знаење е во состојба точно да каже колку кутии се потребни во зависност од видот на духовното нарушување. Тие, исто така се во можност да кажат која кутија треба да се користи за одреден принцип, насочувањето на кутиите, кои миризливи стапчиња треба да се запалат за духовното прочистување, итн.

2) Други би можеле да ги користат кутиите без да обрнат внимание на горенаведените детали. Во овој случај, подолго време ќе биде потребно да се добие придобивка, меѓутоа бидете сигурни дека ќе се оствари.

б) Кутиите треба да бидат поставени на оддалеченост 6 – 12 инчи од лицето. Ве молиме погледнете подолу за важноста на духовната емоција (Бав) во третманот со кутии.

в) Кутиите може да бидат поставени со насока кон себе или кон надвор. Кога празниот дел од кутијата е насочен кон лицето, исцелувачкиот метод е повеќе манифестиран. Кога празниот дел од кутијата е насочен кон надвор, исцелувачкиот метод, е повеќе не-манифестиран. Во зависност од тоа дали нападот на суптилната негативна енергија е на манифестирано или не-манифестирано ниво, кутиите треба да бида поставени соодветно. Ако не знаеме дали духовно исцелување на манифестирано или не-манифестирано ниво е потребно во тој момент, можеме да ги пробаме двете методи и да видиме која е поефективна.

г) Во следната презентација прикажавме разни комбинации на кутии кои може да ги користи едно лице за да ги искористи предностите на оваа моќна исцелувачка терапија.

д) Во случаи на тешки нарушувања, може да се постават мали кутии (како што се кутии од кибрит) на чакрите. На пример лице кое доживува притисок во градите, треба да постави кутии на срцевата чакра и ќе осети олеснување во рок од 30 мин. Можете да експериментирате и да видите дали се чувствувате подобро со овие кутии насочени кон внатре или кон надвор.

Во разните слики кои следуваат, ние покажавме примиери на некои од начините како кутиите може да бида распоредени.

Пеење и молитва: Пејте (повторувајте) го Божјото Име според религијата на вашето раѓање додека ја изведувате оваа терапијата за духовно исцелување. Исто така би требало почесто да се молиме за отсранување на било каква суптилна нарушувачка енергија и за ефикасноста на духовно исцелувачкиот третман. Исцелувачката терапија може да се продолжи онолку долго, колку што сметаме дека е потребно.

Важноста да се има духовна емоција: Кога некој има духовна емоција, ефикасноста на третманот, значително се зголемува. Работи како што се формата на кутијата, димензиите на кутијата или нивната оддалеченост, повеќе не ја задржуваат нивната важност. Лице кое има духовна емоција, ќе придобие од било која достапна кутија. Кога оваа духовно исцелувачка терапија ќе се примени со духовна емоција, секоја кутија ќе почне да функционира во рок од 15-30 мин и ќе обезбеди олеснување. За повеќе информации ве молиме погледнете ги нашите написи за духовна емоција (Бав).

4. Кога треба да ја користиме оваа терапија?

Оваа терапија можеме да ја користиме во секое време кога чувствуваме нарушувања во некоја од ситуациите наведени подолу:

  • Летаргија
  • Намалена ажурност (будност)
  • Неможноста да се размислува
  • Прекумерни мисли, особено кога тие се негативни по природа
  • Гнев или било која друга екстремна емоција
  • Стрес
  • Било која форма на физичка болест
  • Болка или непријатност околу чакрите

Нарушувања како што се овие не ставаат во ослабена состојба физичка, ментална или духовна. Духовите ги користат ваквите ситуации за да не прекријат со додатна нарушувачка енергија. Со помош на терапиите за духовно исцелување, како што е духовно исцелувачката терапија со помош на кутии, помага да ги намалиме следниве симптоми; како и да се осигуриме дека нашата ценета духовна пракса (садна) не се троши на отсранување на таквите напади. Исто така, можеме да поставиме кутии околу нас било кога, за да го намалиме ефектот на негативната енергија врз нас. Ова може да се направи, додека го пееме (повторуваме) Божјото Име, додека сме седнати, додека работиме на бирото, додека спиеме, итн.