Што е Его?

Во овој напис ќе дискутираме за духовната дефиниција на егото.

1. Духовна дефиниција на егото

Од духовна перспектива, его значи дека самите себе се сметаме одвоени од другите и од Бога, затоа што сме се идентификувале со физичкото тело и импресиите во различни центри на суптилното тело. На кратко егото го води нашиот живот врз основа на размислувањето, дека нашето постоење е ограничено на нашите пет сетила, умот и интелектот и идентификување со нив до одреден степен.

Според духовната наука, нашата вистинска состојба на постоење е идентификација со Душата или Божјиот-принцип во нас и одржување на оваа свест во секојдневниот живот.

Сепак, во зависност од нивото на нашето его, ние се идентификуваме со Божјиот принцип во нас те. Душата до одреден степен. Ако нашето его е високо, ние се идентификуваме помалку со Душата или Божјиот-принцип во нас.

2. Его од психолошка гледна точка

Со лаички речник речено, егото може да се дефинира како гордост на самиот себе. Мислите, како моето тело и ум, мојот интелект, мојот живот, моето богатство, мојата сопруга и децата, јас заслужив да бидам среќен, итн. произлегуваат само од егото.

Его, свеста за себе, гордост, суета, се зборови поврзани со зборот ‘его или ахам’ но од психолошки агол.

3. Цртеж заснован на суптилното знаење на лице кое има его

На следниот цртеж кој е заснован на суптилното знаење прикажано е лице кое има его. Цртежот го нацрта трагач од Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), со високо развиено шесто сетило, или способност за над-сетилна перцепција (ESP), те. способност за духовно восприемање. Темната обвивка од црна енергија која се гледа околу Душата е егото на лицето. Како што егото на ова лице е високо, лицето не се идентификува со Душата. Поради егото околу лицето се акумулирала обвивка од црна енергија. Исто така, кога нечие его е високо, протокот на Благодатта од Бога е блокиран.

Што е Его?

Обвивката од црна енергија акумулирана околу лицето заедно со блокада на пристапот до Божествената Благодат, негативно влијае на животот на тоа лице.