Духовни ефекти и придобивки од кравјото млеко

Духовни ефекти и придобивки од кравјото млеко

Забелешка за читателите: За подобро да го разберете овој напис, ви препорачуваме да го прочитате написот: Што е суптилна слика?

Во овој напис зборуваме за суптилните вибрации кои што ги привлекува и емитува млекото од индиските крави, што е прикажано на суптилниот цртеж кој што следува. Цртежот го нацрта гѓа Јоја Вале, трагач по Вистината со развиено шесто сетило. Цртежот го провери и поправи Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле. Кога го проверувал со помош на високото развиено шесто сетило, утврдил дека цртежот е точен 80%.

Духовни ефекти и придобивки од кравјото млеко

За означување на разните елементи во цртежот, ги користиме боите кои што одговараат на боите на духовните вибрации. На пример, гледано со развиено шесто сетило, духовната боја на Божествената свесност (Чаитанија) е жолта. Во согласност со тоа, жолтата боја ја користевме за означување на деловите во цртежот кои што се однесуваат на Божествената свесност.

Наведуваме некои главни карактеристики на кравјото млеко до кои дојдовме со духовното истражување.

  • Млекото од индиските крави е еден од пијалаците кој што е највеќе сатвик. Млекото од кравите од другите земји е за 50% помалку сатвик од млекото од индиските крави. Млекото од индиските крави има способност за привлекување на Божествената свесност (Чаитанија) и емитува суптилни вибрации од Божествената енергија (Шакти).
  • Со пиењето на кравјото млеко, клетките во нашето тело се менуваат под влијанието на сатвикот присутен во него.
  • Постои изрека на Санскрит која вели дека нашите мисли се производ на храната што ја јадеме. Затоа, кога земаме сатвик храна или пијалак, се случува чистење на целото наше тело. На тој начин се случува и позитивна трансформација на нашите мисли. Сатвик мислите од друга страна, го наведуваат човекот да прави само праведни дела.
  • Млекото од индиските крави е повеќе сатвик од млекото од другите животни.