Како да се отстрани непријатниот мирис на облеката и заштита на личните работи

За подобро разбирање на овој напис, препорачуваме да го прочитате овој напис:

1. Вовед

Облеката и личните работи се најблиску до нашето тело. Во предходниот напис видовме како облеката може да биде под влијание на позитивните и негативните енергии на ниво на мирисот. Негативните енергии се многу активни во денешно време, а еден од начините на нивното делување е создавање непријатен мирис и суптилна црна енергија на облеката.

Иако многумина од нас можеби не се свесни за суптилниот мирис или црната обвивка, тие создаваат пречки во нашиот секојдневен живот и во духовната пракса. За да се поништи нивното негативно влијание преку облеката и личните работи се користи 70% духовна енергија која што ја добиваме со духовната пракса.

Со овој напис ќе ви помогнеме да препознаете дали вашата облека е под влијание на негативните енергии. Исто така ќе ви предложиме одредени чекори за духовно прочистување на облеката кое што можете да го примените и за духовно прочистување на своите работи и да ги заштитите од влијанието на негативните енергии.

Методите за духовно исцелување можат да бидат корисни како превентивна мерка, дури и за облеката што не е зафатена со негативните енергии.

2. Како да се препознае дека облеката е изложена на влијание од негативните енергии?

2.1 Препознавање на физичко ниво

Во нашето поглавие Влијание на негативните енергии на неживите објекти објаснивме разни видови на деформации кои што можат да ги направат негативните енергии, а кои можат да бидат видливи со голо око.

Можеме да ја прегледаме својата облека и со елиминација да ги исклучиме сите физички причини за оштетување, на пример:

  • Дали нешто е паднато или нешто пролеано по облеката / предметот?
  • Дали со некоја моја несвесна повреда се настанати крвави дамки?
  • Даки сум употребил омекнувач, мирис, или некој друг детергент?

2.2 Препознавање по пат на суптилните сетила

За да го препознаеме влијанието на негативните енергии врз облеката на суптилно ниво, потребно е да одвоиме неколку моменти за да видиме што чувствуваме преку облеката.
Пред тоа можете да се помолите:
“Драги Боже, Те молам отстрани ги сите пречки во оваа искоуство на духовната ниво. Не дозволувај негативните енергии да влијаат на оваа искуство. Те молам, помогни ми да утврдам дали оваа облека е под влијание на црната енергија.”
Треба да се внимава на промените кои што се одвиваат на физичко, ментално и интелектуално ниво. Ова се некои од знаците на попречување од стана на негативните енергии:
  • Чувство на мачнина и повраќање
  • Тежина во главата или во рацете додека ја држиме облеката
  • Појава на разни непожелни мисли или чувство на тапост во умот и интелектот
  • Прекинување на пеењето или мислите за Бога

Ќе наведеме некои примери како може да се почувствува присутноста на црната енергија во облеката преку суптилното сетило на мирисот, видот или допирот.

Суптилно сетило Поврзано со некој Апсолутен космочки елемент Искуство
Суптилен мирис Апсолутен елемент на Земјата (Прутвитатва)

Помирисајте ја облеката пет до шест пати и проценете дали има мепријатен мирис. Проверете ги рабовите и краевите на облеката со оглед дека црната енергија е активна во тоа подрачје.

Интензитетот на непријатниот мирис поради присутноста на црната енергија исто така може да се утврди (те. дали е слаб, умерен или многу силен).

  • Можноста да се вдише со полни бели дробови додека ја држите ткаенината пред носот, а знак за слабо попречување
  • Попречувањата се умерини ако можете да вдишете воздух само до половина додека ја држите облекат пред носот
  • Неможноста да вдишеме, појава на кашлица или останување без здив додека ја мирисаме облеката, може да биде знак за силно попречување
Суптилна визија Апсолутен елемент на Огнот (Теѓтатва) Лицето со развиено шесто сетило може само со погледот да заклучи дали облеката има обвивка од црна енергија. Ова знаење е примено на ниво на Апсолутниот елемент на Огнот.
Суптилен допир

Апсолутен елемент на Воздухот (Вајутатва)

Со допир е можно да се почувствува разликата помеѓу облеката која што е под влијание и која што не е под влијание на црна енергија. На пример, свилената облека може да биде груба и покрај тоа што е направена од свила.

Исто така, додека ја држите облеката можете да забележите дали е потешка отколу вообичаено. Ако облеката е потешка , причината може да биде зголемената количина на црна енергија во неа. Ова знаење е примено на ниво на Апсолутниот елемент на Воздухот.

3. Како да се прочисти облеката на духовно ниво

3.1 Перење на облеката

Непријатниот мирис се намалува со перење на облеката. Со оглед дека тогаш се користи Апсолутниот елемент на Водата (Аптатва) наспроти Апсолутниот елемент на Земјата кој што е присутен во облеката, се уништува црната енергија.

Чекор 1 Чекор 2 Чекор 3
sea-salt prayer boxes-washing-machine
Ставете крупна сол или Свет пепел (Вибути) добиен од миризливите стапчиња направени во SSRF со водата во која што ќе се перат алиштата. Помолете се на Бога и на принципот на Божествената Вода кој што е присутен во водата за перење, да ја уништи сета црна енергија во облеката и секое парче облека да биде прочистено. Ставете две мали кутии на пералната (едната со отворот свртена надолу, а другата нагоре). Помолете се целата црна енергија од облеката и од пералната да се извлече во кутиите

Некои други важни забелешки:

  • По можност прашокот за перење / детргентот и омекнувачот за облеката да немаат силен мирис ниту во својот состав да имаат хемикалии за да се намали попречувањето. Ако е можно, не користете омекнувач затоа што дава привиден мирис и влијае негативно на облеката.
  • Облеката со големи попречувања не треба да се меша со облеката со умерени или слаби попречувања. Црната енергија од облеката со големи попречувања може да влијае на другата облека.

3.2 Сушење на облеката

Црната енергија присутна во облеката брзо се уништува со сушењето на сонце поради Апсолутниот елемент на Огнот.

Чекор 1 Чекор 2
keep-laundry-in-sun laundry-at-sunset
Сушете ја облеката на сонце што подолго. Помолете се на Божествениот принцип на Сонцето да ја уништи сета црна енергија присутна во облеката и да ја прочисти со својата Божествена свесност (Чаитанија). Внесета ја облеката внатре пред заоѓање на сонцето, поради можноста од влијание на негативните енергии во текот на ноќта.

Уште е важно:

  • Ако облеката после перењето се остави натопена во водата, може да го приме заостанатиот мирис. Затоа облеката после перењето треба веднаш да се стави на сушење и да се помоли за заштита од попречување.

  • Ако нема адекватно место за сушење на сонце, помолете се за исцелување преку апсолутниот елемент на Воздухот. Исто така, оставете запалено миризливо SSRF стапче под облеката така да чадот од миризливото стапче поминува преку облеката.

3.3 После сушењето

Чекор 1: Сортирање на облеката според нивото на попречување  Чекор 2: Примена на метода за духовно исцелување
clothes-stack spiritual-healing-methods

Облеката со помали попречувања треба да се стави заедно, со средни попречувања може да се стави на друго место, додека облеката со големи попречувања треба посебно да се стави.

> Врз облеката може да се стави Свет пепел од SSRF миризливи  стапчиња

> Ставете празни кутии околу облеката. Црната енергија што е присутна во облеката се уништува по пат на Апсолутниот елемент на Етерот (Акаштатва) кој што е присутен во затворениот простор (во овој случај – во кутиите).

> Ставете слика на Божество и лента со пеаница околу облеката. Ставете слики и ленти на местата каде што е поголема присутноста на негативна енергија на облеката (на пример под пазувите). Облеката како што се фустаните, капутите или здолништата често се наоѓа на закачалките. Тогаш можеме да ставиме ленти на секоја закачалка посебно.

> Повремено облеката можеме да ја ставиме на место каде што присутноста на Божествената свесност е поголема (на пример близу до куќниот олтар).

3.3.1 Лента со пеаница и слики на Божества како метода за духовно исцелување

Што се ленти со пеаници? Што се слики на Божества?

Лентите со пеаници се ленти од хартија на кои е напишано или отпечатено Името на Божествениот принцип. Подсетик се за пеење на одредено Име на Бога. Се користат за заштита од негативните енергии и за духовно исцелување. Моќта на духовното исцелување е поголема доколку имињата на Божествените принципи се пишувани според духовната наука или ги има напишано духовно развиено лице. 

Сликите на Божествата ги привлекуваат позитивните фреквенции на Бога. Помагаат во зголемување на побожноста, па затоа вршат духовно исцелување. Кога сликите се нацртани според духовната наука, во денешно време привлекуваат до 30% од тој Божествен принцип. Повеќето слики на Божествата кои што се досатапни во продавниците можат да го привлечат 1-2% Божествениот принцип. 

what-is-a-chanting-strip what-are-deities-pictures

3.3.2 Ефективнот од разните методи за духовно исцелување на облеката и личните работи

Следната табела ни дава информации за ефективноста од разните методи за духовно исцелување кои што можеме да ги уптотребиме:

 

Бр.

Метода на духовно исцелување

Траење на ефектот

(во денови)

Ниво на Пеколот на кој што припаѓа негативната енергија

 (на која се влијае по пат на ова исцелување)

1 Држање на личните предмети на сонце 15 3
2 Примена на Светиот пепел добиен од SSRF миризливи  стапчиња  на личните работи 8 3-4
3 Чување на личните работи во близина на запалени миризливи стапчиња 8 4
4 Ставање Божествени слики помеѓу работите 8 4
5 Ставање на четири празни кутии околу облеката, свртени со празниот дел кон облеката 6 4
6 Ставање на ракописот на Неговата Светост Др. Атавле во облеката како и ставање рамка околу облеката со ленти на кои се напишани пеаниците 4 5
7 Ставање лента со пеаницата ’Шуња’ во облеката и ставање рамка околу облеката со таа лента 4 5
8 Ставање лента со пеаницата ’Маха-шуња’ во облеката и ставање рамка околу облеката со таа лента 3 6
9 Во близина на личните работи да се пуштат Богољубиви песни (Баѓани) од Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ*

Баѓани од Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ

Преземете

 

3 6
10 Во близина на личните работи тивко пуштете го предавањето на Неговата Светост Др. Атавле

Водство на Неговата Светост Др. Атавле

Преземете

3 6
11 Ставање лента со пеаницата ’Ом’ во облеката и ставање рамка околу облеката со таа лента 3 6
12 Ставање лента со пеаницата ’Ом Ом’ во облеката и ставање рамка околу облеката со таа лента (Овие вибрации се над трите основни компоненти) 3 6

Сите аудио снимки се © www.ssrf.org

* Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ беше Светец на неманифестирано (ниргун) ниво. Се може да биде создадено од неманифестираното. Затоа, слушајќи ги Неговите Богољубиви песни може да се добие духовно искуство како што е Духовна емеоција (бав), Божествена свесност и спокој. Слушањето на Неговите Богољубиви песни се советува како мерка која што делува преку апсолутниот елемент на Етерот.

4. Примена на овие чекори секојдневно

Сите наведени мерки треба да се спроведуваат секојдневно. Секој ден пред бањањето проверете ја облеката и носете исклучително облека која на себе нема попречувања. Ако немате облека без попречувања, носете облека со средно попречување. Дури и ако облеката е наполнета со Божествена свесност, таа може да биде изложена на негативните влијаниа во било кое време. Затоа е многу важно во текот на денот да се проверува мирисот на облеката.

Ако на краевите остане непријатен мирис, можеме да користиме Свет пепел за да го намалиме интензитетот на попречувањето.

5. Духовно прочистување на остаанатите лични работи

Можеме да ги примениме истите принципи на останатите ткаенини како што е постелината, крпите и сл.

Исто така можеме духовно да ги прочистиме и останатите лични предмети кои што ги користиме редовно, како што се очилата, часовникот, накитот, чешелот, обувките итн. на начин:

  • Со секој предмет поминете преку чадот од запалено SSRF миризливо стапче
  • Ставете Свет пепел од SSRF миризливо стапче на секој предмет
  • Ставете ги предметите во кутија додека се не користат
  • Ставете лента со пеаница на предметите
  • Додека се не користат, предметите ставете ги врз Свет текст
  • Редовно ги изложувајте на сонце

6. Избегнувајте употреба на вештачки парфеми и мириси 

Парфемите не треба да се користат на облеката за пријатен мирис. Повеќето луѓе користат дезодоранс за да го спречат потењето, меѓутоа, наместо тоа можеме да користиме производи кои што немаат во себе хемиски супстанции.

Во претходните периоди на Универзумот, луѓето редовно вршеле духовна пракса. Во тоа време, телата на Мудреците и Светците имале пријатен мирис поради нивната духовна пракса. Во денешната ера Калијуга, повеќето од жителите не вршат духовна пракса и затоа постои потреба од користење на парфеми. Поради падот на  колективното духовно ниво, се употребуваат мириси во кои што преовладува раѓа-тама  компонентата, наместо сатвик парфемите. Овие раѓа-тама мириси имаат илузорен (мајави) или неприроден мирис кој што ги привлекува негативните енергии.

7. Заклучок

Негативните енергии можат негативно да влијаат на нашиот секојдневен живот со создавање на црна обвивка на нашата облека и личните работи и предмети кои што секојдневно ги користиме. Ако редовно се придржуваме на петходно наведените мерки и ако водиме ред за духовното прочистување на личните работи, можеме да ги избенеме штетните ефекти и ја зголемиме својата способност да ја впиеме Божествената свесност од нашата духовна пракса.