Алтернативна медицина – Ниво на делување

1-mkd-alternative-medicine-landing

1. Вовед во споредувањето на студиите на алтернативните терапии во однос на ниво на нивното делување

Овде го споредуваме максималното можно ниво на ефикасност на секоја од терапиите. Терапиите се подредени по растечки редослед во однос на ефикасноста на нивото на делување. Секоја наредна терапија делува на сите нивоа кои што претходно се наведени, како и на нивото кое се однесува специфично за нив. Тоа значи дека алопатијата делува само на физичкото тело, Јунани медицината на физичкото тело, но и на протокот на енергија преку физичкото тело и така натаму. Ајурведата делува на физичкото тело, на суптилното тело како и на уште посуптилно ниво те. на ниво на просторот помеѓу органите и помеѓу клетките. Што повисоко е нивото на кое се врши делувањето, до толку повеќе е сеопфатна и поефикасна терапијата. На цртежот подолу, се наоѓа графички приказ за она од што се состоиме, и каков е односот помеѓу физичкото и суптилното тело.

2-mkd-Physical-and-Subtle

 2. Алопатија

3-mkd-AllopathyОваа терапија делува на ниво на физичкото тело. Тоа значи:

  • На превентивно, или тераписко ниво Алопатијата е насочена кон причината за болеста ограничена на физичкото тело. Според тоа, психосоматските болести чија причина е подлабоко од нивото на физичкото тело, на пример во умот, како кај заболувањето на срцето, или чирот на желудникот, не можат во потполност да бидат излечени со Алопатијата.
  • Со оглед дека терапијата е насочена на физичкото тело, кое што е нај материјално (нај допирливо) од сите наши тела, таа не ги лекува болестите на суптилното тело, како што е на пример умот. Тоа е затоа што делувањето насочено кон материјалното тело не може да ја излечи болеста  на телата кои што се посуптилни од него. Меѓутоа, лечењето кое што е насочено на суптилното тело, може да влијае на телата кои што се по материјални од него.

3. Јунани медицина

4-mkd-YunaniОваа терапија, покрај делувањето на физичкото тело, делува и на протокот на енергија во физичкото тело. Енергијата за која овде зборуваме е материјална, или физичка енергија на метаболизмот во телото. Така да Јунани делува на подлабоко ниво од Алопатијата.

4. Акупресура

5-mkd-AcupressureОваа терапија е насочена кон Ќетна во енергетскиот канал во физичкото тело. Ќетна е оној аспект на Божествената свесност кој управува со функциите на телото и умот. Бидејќи Акупресурата делува на ниво над материјалната енергија, нејзиното делување е уште поефикасно од Јунани медицината. Меѓутоа, оваа терапија да биде навистина спроведена на ниво на Ќетна, терапевтот мора да биде многу вешт, искусен и процедурата да ја спроведе со највисока концентрација.

5. Мудри

6-mkd-MudraОваа терапија делува така што го активира протокот на енергија во одреден дел од телото, или група на органи во зависност на што е насочена мудрата. На пример, ако некој има болки во стомакот и мудрата е насочена кон болната точка, тогаш ќе се активира протокот на енергија во стомакот. Меѓутоа, ако мудрата е насочена кон Манипура чакрата, тогаш ќе биде активиран протокот на енергија во делот од телото поврзан со оваа чакра те. целиот дигестивен тракт (хранопроводникот, желудникот, тенкото и дебелото црево) како и мочните канали (бубрезите, уретерите и мочниот меур). Јунани терапијата исто така делува на ниво на протокот на енергија во телото, но Мудра терапијата е поефикасна, затоа што истите ефекти се постигнуваат, но без употреба на било какви лекови.

6. Хомеопатија

7-mkd-HomeopathyОваа терапија делува на физичкото тело и на протокот на енергија, но и на суптилното тело.

7. Ајурведа

8-mkd-AyurvedaОваа најстара терапија делува на сите горе наведени нивоа, а покрај тоа и на уште повисоко, посуптилно ниво те. на ниво на просторот помеѓу органите, односно помеѓу клетките.