Кундалини енергија и како се случува процесот на будење?

1. Што се суптилни енергетски системи во телото?

Универзумот се одржува со Божјата сеприсутност. Според патот на Кундалини, Божествената енергија во создавањето (на пример во создавањето, одржувањето и уништувањето) на Универзумот е Чаитанија (Божествената Свесност). Чаитанија кога луѓето се во прашање, е позната како ќетна и тоа е оној дел од Божествената енергија потребен за функционирање на човечкото битие.

Постојат два вида на ќетна и во зависност од состојбата на нејзината активност, се користат две различни имиња.

  • Активна – исто така позната како праншакти или витална енергија. Виталната енергија или праншакти го одржува и дава енергија на физичкото тело, умот, интелектот и суптилното тело. Таа потекнува од суптилните канали познати како надии. Надиите се протегаат преку целото тело и ја пренесуваат енергијата до клетките, нервите, артериите, лимфата, итн. Видете го написот – Од што се состојат човечките битиа?
     
  • Неактивна – позната како кундалини енергија (духовна енергија). Кундалини енергијата лежи заспана во лицето се додека не се активира со опишаните начини.

Следниот дијаграм ја покажува распределбата на вкупната суптилна енергија на виталната и на кундалини енергијата.

1-MKD_How-energy-is-used

2. За што се користи енергијата?

Кундалини енергијата или неактивната ќетна пред се, се користи за духовен раст. Таа не се користи, ниту има учество во секојдневните телесни функции.

3. Како се активира енергијата?

Кундалини енергијата се активира со духовна пракса или со духовен пренос на енергијата.

3.1 Активирање на енергијата со духовна пракса

Ова ги вклучува праксите кои спаѓаат во општите духовни патеки кон Бога како што се Патот на Акција (кармајога), Патот на Богољубие (бактијога), Патот на Аскетизам (хатајога) и Патот на милоста на Гуруто (гурукрупајога). Праксата на Патот на хатајога вклучува целибат, пранајама, (вежби со дишење), јога вежби и други духовни вежби.

Некои луѓе се обидуваат да ја активираат кундалини енергијата вложувајќи труд на Патот на Аскетизмот (хатајога). Меѓутоа, тоа може да доведе до штетни ефекти, а понекогаш и до ментални нарушувања.

3.2 Пренос на енергијата или шактипат

Шактипат се однесува на поклонување на духовната енергија од едно лице на друго лице, на пример најчесто од Гуруто, духовно развиеното лице на Неговиот ученик. Шактипат може да биде пренесен со Свети зборови, или со мантра, или со поглед, со мисла или со допир – ова последното обично со допир на Ајна чакрата или чакрата помеѓу веѓите на примачот. Тоа се смета за постапка на милоста на Гуруто на заслужниот ученик. Овој пренос сам по себе иницира будење на кундалини енергијата.

Откако ќе се пробуди, брзината со која кундалини енергијата се крева зависи од тоа дали ученикот непрекинато и се повеќе се труди во духовната пракса.

3.3 Препорачан начин за будење и канализирање на кундалини

Независно од духовниот пат, кога се случува духовниот раст и кундалини енергијата расте. SSRF препорачува редовна духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовната пракса поради природното активирање на кундалини енергијата. На тој начин не-манифестираниот Гуру Принцип или Божјиот Принцип на Учење ја активира кундалини енергијата. Откако е активирана со милоста на Гуруто, таа понатаму патува нагоре и духовно го менува трагачот.

Од друга страна, доколку духовната енергија е пренесена на трагачот по пат на шактипатија, те. кога некој одненадеж добил пристап до поголема количина на духовна енергија – што е многу примамливо искуство и може речиси да предизвика зависност – само постојано квантитативно и квалитативно зголемување на духовната пракса е гаранција дека непрекината милост на Гуру Принципот ќе ја води кундалини енергијата по прав пат и ќе ја зајакнува верата на трагачот.

За подобро ова да го разбереме, ќе се послужиме со аналогијата:

  • Да се вложува труд во редовна духовна пракса е исто што и тешка работа после која стекнуваме богатство.

  • Будењето на кундалини со директен пренос на енергијата е како роден милионер кому што татко му, му обезбедил многу пари.

Помеѓу овие две можности, стекнување на богатство (духовно богатство) со сопствен труд секогаш е постабилна и посигурна опција за идниот развој.

3.4 Клучни аспекти на кундалини

Исто како што срцето е централен орган на крвотокот, а мозокот на нервниот систем, слично и суптилниот енергетски систем има разни центри (чакри), канали и премини.

Постојат 72.000 енергетски канали (надии). Од тие канали, три основни канали се:

  • Сушумна нади, среден канал кој се протега од центарот на рбетот до врвот на главата,

  • Пингала или сурија (сонце) нади, канал кој протекува десно од сушумна нади, и

  • Ида или чандра (месец) нади, канал кој протекува лево од сушумна нади.

2-MKD_Kundalini-Dormant-and-Active

Виталната енергија се пренесува во телото преку сурија (сончевиот) нади и чандра (месечевиот) нади и останатите помали надии. Виталната енергија тече наизменично помеѓу сурија (сончевиот) нади и чандра (месечевиот) нади.

Кундалини е духовна енергија и таа во основа лежи заспана, свиткана во коренот на сушумна нади кај просечниот човек. Со духовната пракса таа почнува да расте од подножјето на рбетот преку сушумна нади точно до врвот на главата. Додека тоа се случува, кундалини енергијата ги активира сите чакри на тој пат.

Како што кундалини ја поминува секоја чакра покрај централниот канал, мора да навлезе во тенката суптилна обвивка која постои на секоја чакра за да го продолжи патот нагоре. Како што таа продолжува да турка преку тој ѕид, понекогаш се случи зголемување на количината на проток на суптилна енергија од централниот канал во таа чакра. Немајќи каде, таа понекогаш истекува преку околните суптилни канали и се трансформира во праншакти или витална енергија. Во тој временски период, лицето може да почувствува зголемена активност во пределот врзан за таа чакра. На пример, зголемена витална енергија во пределот на Свадиштана чакра може да предизвика зголемен сексуален нагон.

Како што спомнавме порано, кундалини енергијата расте со вршење на духовна пракса на било кој духовен пат. Меѓутоа, какви ќе бидат реакциите зависи од духовниот пат.

На пример, кога кундалини енергијата минува преку Анахата чакра:

  • Според Патот на Богољубие, трагачот достигнал состојба на манифестиран бав што е состојба на манифестирана духовна емоција.

  • Меѓутоа, според Патот на Знаењето, трагачот тогаш почнува да ја чувствува Чаитанија или Божествената Свесност.

Според написот од 1985. година Дејвид Истмана во списанието Јога, некои од најчестите показатели и симптоми на пробуден кундалини вклучуваат:

  • Спонатани движења, треперење и тресење

  • Интензивна топлина, посебно со доживување на енергијата која поминува преку чакрите

  • Спонтани пранајами, асани, мудри и банди

  • Повремени визии и звуци поврзани со одредена чакра

  • Интензивно чувство на задоволство

  • Емоционално чистење во кое одредена емоција станува доминантна во краток временски период

Извор: Кундалини, Wikipedia.org, Сеп. 2010

Пожелно да се погледа: Кундалини, Wikipedia.org, Сеп. 2010. Овие ефекти често се забележани во шактипат како видови на будење на Кундалини енергијата. Трагачите што се сериозни по прашање на духовниот раст треба да бидат свесни дека овие искуства, иако делуваат доста допирливо и привлечно, само се воведни показатели и искуствата предизвикани со ненадеен пренос на духовната енергија, во никој случај не претставуваат крај на самата духовна пракса или исполнување на целта на животот.