Што се чакри?

Чакрите се центри на духовна енергија кои се усогласени со Сушумна нади, Централниот Канал на Кундалини системот. Постојат седум главни Кундалини чакри кои се распоредени преку Сушумна нади и ја пренесуваат суптилната енергија преку функцијата на телесните органи, умот и интелектот. Чакрите првенствено се поврзани со суптилното тело на лицето. Во табелата што следува се дадени имињата на чакрите одозгора надолу:

 

Број

Санскритско име на Кундалини чакрите

Македонско име на Кундалини чакрите

7

Сахасрара-чакра

Темена чакра

6

Ајна-чакра

Челна чакра или трето око

5

Вишуда-чакра

Грлена чакра

4

Анахата-чакра

Срцева чакра

3

Манипура-чакра

Папочна или чакра на соларниот плексус

2

Свадиштана-чакра

Сакрална чакра

1

Муладара-чакра

Базна чакра

Графички приказ на положбата на чакрите.

 

MKD_Chakras_modified

Брамарандра е суптилен отвор (канал) над Сахасрара чакрата преку која се прима Божествената енергија. Кога Кундалини енергијата поминува преку Брамарандра тоа говори дека лицето го достигнало врвот на духовниот развој, односно соединување со Бога. Брамарандра е истовремено и отвор преку кој духовно возвишените луѓе го напуштаат телото во моментот на смртта.