Да се живее духовен живот – перспектива на еден трагач – извадоци од интервјуто со трагачот

Во ова видео прикажуваме делови од интервјуто со трагачот кој зборува за своето духовно патување досега и како духовноста се проткајува во неговиот живот.

Клучни точки за кои можеме да размислиме

  • Дали имам цел во духовноста (на пример, нешто што сакам да постигнам во текот на моето духовно патување)? Секој трагач треба да има цел во духовноста на која ќе се посвети и ќе тежнее да ја оствари истата. Ова ни овозможува насочување, односно во кој правец да се движиме во духовната пракса.
  • Ставот со кој се соочуваме со тешкотиите во нашиот живот е оној кој го дефинира нашето трагателство.
  • Егото е главна препрека во нашиот духовен раст.
  • Кога ќе започнете со духовна пракса, запишете ги сите придобивки кои ги добивате од истата. Ова ќе ви помогне да ја разберете важноста на духовната пракса во вашиот животот.
  • Сатсева (служење на Апсолутната Вистина) е средство со кое го развиваме нашето трагателство.
  • Нашата желба за духовен раст треба да биде толку силна и со таков интензитет што не треба ништо да остане скриено, туку да бидеме целосно отворени како би постигнале духовен напредок во овој живот.
  • Кога пееме ние сме со Бога.