Жртвување за Вистината – Тјаг

Ако има нешто што ни помага вистински да напредуваме, тоа е жртвувањето. Жртвувањето ни помага во себе да создадеме простор за да можеме да примаме. Дури тогаш кога ќе го испуштиме песокот од своите раце, Бог ќе ги наполни со дијаманти кои ги чува за нас. Да се жртвува може умот, телото или имотот.

 

Сликата е визија на еден од нашите трагачи за тоа што се случува кога се жртвуваме за Бога. Таа покажува дека тогаш сме воздигнати и заштитени.

Пример за жртвување на умот е кога во ситуација помеѓу гледање на својот омилен филм и помагање во подготовките за Сатсангот го избереме ова второто. Овде за служење на Бога го жртвуваме умот. Постојано пеење е исто така жртвување на умот.

Пример за жртвување на телото би бил да спиеме час помалку, за да завршиме некоја Божја работа како што е подготвување написи за интернет презентација, или вршење на некои други духовни пракси.