01-MKD-flies-in-PP-room-landing

Во SSRF Центарот за истражување засновано на духовната наука инсекти и муви умираат навидум без причина:

1. Вовед

Сите сме имале прилика да го чуеме досадното зуење на мувите околу куќата и да ја доживееме непријатноста која може да ја направи мувата, особено кога е во прашање храната која сме ја оставиле откриена. Општо е познато дека мувите може да бидат преносители на разни сериозни микро-организми кои се предизвикувачи на смртоносни болести како што се тифус, дизентерија и колера. Мувите се преносители на преку 100 патогени болести. Она што не е толку познато, е дека мувите и другите инсекти како што се лебарките и бубачките се духовно нечисти и емитуваат духовно нечисти вибрации.

2. Негативните енерегии можат да ги користат инсектите

Негативни енергии од духовната димензија понекогаш може да ги користат овие инсекти да им создадат на луѓето разни проблеми или попречувања, и да ја зголемат духовната нечистотија во животната средина. Во текот на нашето истражување, наидовме на куќа, која беше нападната од негативни енергии.

18

Пример за овие суптилни напади е тоа што година по година за време на сезоната на монсуните куќата беше под инвазија на роеви инсекти. Во непосредна близина на куќата беше откриено и големо гнездо на пајаци, и ордата од пајаци која се појави од ова гнездо беше многу невообичаена. Самата куќа беше нападната од роеви инсекти. На сликата можете да видите огромен број на инсекти, насекаде по целата куќа, приморувајќи ги станарите да го напуштат просторот во кој веќе е невозможно да се живее. Сето ова траеше додека не беа применети мерки за дезинсекција.

21

Исто така, беше забележано дека тие посебно се собираа на предметите кои по природа се духовно чисти. На пример, највеќе ги имаше на сликите со Божества, и на лентите на кои беа испишани имињата на Божествата. Дури и кога ќе ги погледнеме горенаведените фотографии, можеме да ги осетиме негативните вибрации кои се емитуваат од нив, бидејќи инсектите по природа се духовно нечисти.

3. Феноменот на угинување муви во собата на Неговата Светост Др. Атавле и во SSRF центарот за истражување засновано на духовната наука

Денес, постојат разни мерки за дезинсекција и контрола на инсектите кои ни се на располагање. Меѓутоа, во текот на нашето истражување, наидовме на феномен кој разоткрива нови можни природни средства кои би делувале на таквите штетници. Собата на Неговата Светост Др. Атавле,  кој е Светец од највисок ред, има многу високо ниво на духовна чистота. Во неговата соба која се наоѓа во SSRF центарот за истражување засновано на духовната наука, во Рамнати, во Гоа, Индија, се појавиа многу Божествени феномени, како што се Божествени честички, Божествен парфем и Божествени звуци.

3

Забележавме дека кога една мува случајно ќе влезе во собата на Неговата Светост Др. Атавле, таа брзо стануваше дезориентирана. Мувата престануваше да лета, и наместо тоа полека шеташе по подот. Порано или подоцна стануваше се понемоќна, како да е во дрогирана состојба. Дури и ако се додирнува, мувата не реагира на заканата.

4

По неколку часа, забележавме дека мувата се превртува и умира. Ова е крајно уникатно со оглед на тоа дека животниот век на обичната мува е помеѓу 15 и 30 дена, во зависност од температурата и животните услови. Сепак, кога една мува ќе влезе во собата на Неговата Светост Др. Атавле, е забележано дека во рок од 15 до 20 минути, нејзините движења стануваат многу бавни и постепено неможе воопшто да се движи. За отприлика околу два часа после влегувањето во собата, мувата умира.

5

Ова е слика на некои од разните муви кои угинале во многу краток период после влегувањето во собата на Неговата Светост Др. Атавле. Исто така, забележавме дека истиот феномен се повоторува и во други простории во SSRF центарот за истражување засновано на духовната наука, како на пример во храмот од Ашрамот.

4. Отварање на пат за нови истражувања насочени кон превенција на болести

Оваа едноставна опсервација, може навистина да има далекусежни импликации и отвара нови можности и видови на здравствена заштита кои на владите би можеле да им заштедат милиони долари кои се вложуваат во превенција на разни болести. Со оглед на тоа дека мувите можат да бидат преносители на 100 или повеќе патогени болести, се прашуваме дали истиот ефект кој се јавува кај мувите во духовно чиста средина, може да влијае и на патогените болести кои мувите ги пренесуваат.

Би сакале со нашите читатели да споделиме уште неколку примери и објаснувања за тоа која е духовната наука зад овој феномен.

  1. Преку духовно истражување, откривме дека духовно нечистите видови како што се мувите и инсектите, неможат да живеат во духовно чисти средини, како што е собата на Неговата Светост Др. Атавле. Кога редовно практикуваме духовност ја зголемуваме нашата духовна чистота и духовната чистота во непосредната околина. Ова делува како природно средство против бактериите и инсектите кои се духовно нечисти.
  2. Исто така, бевме заинтегрирани кога слушнавме научно објаснување (додуша неколку децении старо) за реката Ганг која е најзначајна и најпочитувана река во Индија. Нејзината вода се смета за Света и духовно чиста. Др. Ф.К. Харисон од МекГил универзитетот во Канада, вели “Необичен факт, кој никогаш не бил задоволително објаснет, е брзата смрт на колера (Vibrio cholerae) во водите на реката Ганг, во рок од 3 до 5 часа”. Друг добро познат француски лекар Др. Феликс Дехерел имал слична опсервација.
  3. Духовното истражување кое што го спроведе SSRF на реката Ганг, дури и во 2014 година, и покрај високите ниова на физичко загадување, водите на реката Ганг и понатаму содржат безвременски нивоа на сатвикта  и духовна чистота. Физичкото загадување минимално влијае на духовната чистота на реката Ганг. Ова можеме подобро да го разбереме со помош на следнава аналогија. Физичкото тело на Светец, дури и ако е прљаво или болно, тоа ќе има минимално влијание на Божествената свесност која се емитува од Него или Неа. Ова е затоа што духовното ниво или духовната чистота на една личност е независна од состојбата на физичкото тело или неговиот изглед.
  4. Кога во куќата која беше нападната ги попрскавме инсектите со Света вода, забележавме дека тие веднаш почнуваа да се растеруваат. Исто така, кога на гнездото од пајаци дувнавме мали количини на Свет пепел, тие веднаш почнуваа да се растеруваат. Сепак, дури откако во просторот беше спроведен специфичен обред заснован на Ригведа, за прв пат во 2014 година, после години повторување, нападот од роеви инсекти запре.
  5. Друг жител се пожали на тежок случај од роеви бубачки кои му се појавиле во креветот на кои не делувале ниту девет повторени прскања против бубачки. Проблемот се намали кога луѓето кои живееа во тој простор почнаа да ја пеат пеаницата Шри Гурудев Дата,  кога на нивните ѕидови залепија ленти на кои е испишано името на Божеството, дуваат Свет пепел и палат миризливи стапчиња.

6

Од друга страна, пеперутките (иако спаѓаат во видови инсекти) прикажуваа различно однесување во просториите на Центарот за истражување засновано на духовната наука. Наместо да умираат, тие разиграно седеа на трагачите кои живеат во Центарот. Преку духовното истражување, откривме дека пеперутките се сатвик или духовно чисти  инсекти. Како што сличното привлекува слично, пеперутките, кои се духовно почисти за разлика од другите инсекти, се природно привлечени од духовната чистота на Центарот за истражување засновано на духовната наука. Кога една пеперутка влезе во собата на Неговата Светост Др. Атавле и слета на Неговите прсти, нејзините крилја станаа флуеросцентни.

Дали сите овие опсервации за тоа како микро-организмите и инсектите спонтано умираат, можат да бидат поврзани? И ако е тоа така, што значи тоа за превенција на болести.

Апел

SSRF апелира до научниците да ни помогнат подетално да го проучиме овој феномен. Ги повикуваме научниците и експертите да не контактираат преку логин системот, со тоа што ќе го испратат својот коментар. Овој напис е само дел од серијата написи кои се однесуваат на Центарот за истражување засновано на духовната наука и ашрамот Рамнати – зграда која е далеку над 7-те Светски чуда во Светот. Тоа е место каде се појавуваат стотици духовни феномени, и позитивни, и негативни – и сето тоа под еден покрив.