Важност на молитвите?

Еден од важните критериуми за духовен раст е степенот на разграденост на нашиот ум, интелектот и егото. (Видете фуснота 2 подолу)

Фактот со кој сите се сретнуваме од раѓањето – дека имаме родители, наставници, пријатели – дополнително ги развива нашите пет сетила, умот и интелектот. Во денешниот свет, многу внимание се посветува на надворешната убавина, личноста, висина на заработката, кругот на пријатели, итн. Никогаш не ни е речено дека целта на животот е да се надминеме себеси и да се споиме со Бога во себе.

Кога започнуваме со духовна пракса треба да заборавиме она што сме го учеле преку годините на условување, дека треба да ги зајакнеме своите пет сетила, умот и интелектот. Молитвата е важен алат со помош на кој можеме да го промениме потпирањето на своите пет сетила, умот и интелектот и го заборавиме наученото во годините на условување.

Самиот чин на молитва подразбира дека лицето кое се моли ја смета силата на која се моли супериорна од себе. Затоа, со молитвата изразува беспомошност и посветеност и моли за помош. Ова е еден вид удар за егото оти подразбира дека бараме помош од умот и интелектот кој е супериорен од нашиот. Со молитвата го совладуваме својот ограничен ум и интелект и добиваме пристап до возвишениот, Универзален ум и интелект. Со време ова придонесува за разградување на нашиот ум и интелект. Затоа честите и искрени молитви за духовен раст помагаат во разградувањето на нашиот ум, интелектот и егото.