01-MKD-Life-before-birth-landing

Резиме

Човековата предодредена судбина на Земјата, започнува во моментот на зачнувањето. Ова е во согласност со неговата судбина. Меѓутоа, дури после третиот месец суптилното тело влегува во матката. Во матката, суптилно тело одржува свест на возрасно лице. Духовната пракса во голема мера може да ја олесни бременоста и да привлече подобро суптилно тело, и исто така, да му помогне на фетусот да развие импресија за духовна пракса. Високиот процент на компликации за време на бременоста најверојатно во својата основа има духовна причина. Тоа е уште поверојатно кај случаите на спонтани абортуси, мртвороденчиња и абортуси.

За подобро да го разберете овој напис, ве молиме погледнете ги следниве написи:

Содржина

1. Вовед во процесот на повторно раѓање и животот во матката

Во написот Живот пред раѓањето (Прв дел) – период пред зачнувањето  објаснивме како после смртта на одредено лице, неговото суптилно тело престојува во еден од тринаесетте суптилни региони во Универзумот, според неговото духовно ниво и обемот на неговите заслуги/гревови. Во тој суптилен регион, тоа доживува различни степени на среќа или несреќа во зависност од неговите заслуги или гревови. Тоа ќе остане во тој регион се додека не дојде време повторно да се роди на Земјата. Човечкото повторно раѓање може да биде во облик на вирус, бактерија, растение, животно, или како човечко суштество. Во овој напис, ги објаснуваме некои од духовните аспекти на човековиот процес на повторно раѓање од времето на зачнувањето до раѓањето.

Се обидовме да ги објасниме овие духовни перспективи преку серија на прашања и одговори, коишто го следат патот на суптилното тело од времето на зачнувањето до породувањето и различните препреки коj може да ги сретне на патот.

Сите информации во овој напис се добиени преку Методологија на истражувања засновани на духовната наука.

2. Влегувањето на суптилното тело во матката

2.1 Дали суптилното тело доаѓа во некој вид на станица за чекање пред да влезе во матката

Не постои некоја станица за чекање каде суптилните тела со собираат пред раѓањето на земјата, како тоа што го прават после смртта.

[Постои суптилен регион наречен Мартјалока каде суптилно тело заминува веднаш по физичката смрт. Преку овој регион суптилното тело проаѓа пред да ја достигне конечната дестинација во еден од суптилните региони на Универзумот. Ве молиме, погледнете го написот Регион на мртвите?] 

Меѓутоа, суптилните тела од вишите суптилни региони како што е Рајот (Сваргалока) или над Рајот, и од нижите суптилните региони како што се првите три региони на Пеколот (Патал), прво преминуваат во регионот на Чистилиштето (Бувалока) пред да влезат во регионот на Земјата. Овој транзициски период е исклучително краток, т.е. само неколку секунди. Сите суптилни тела кои се враќаат на земјата за повторно раѓање, исто така, преминуваат преку регионот на мртвите (Мартјалока).

2.2 Повторно раѓање и времето на зачнување

2.2.1 Кога суптилното тело дознава дека ќе биде родено?

Суптилното тело дознава дека ќе се роди во моментот на зачнувањето.

Забелешка: Во 70 до 80% од случаите ова исто суптилно тело кое е наменето за во времето на зачнувањето останува и во текот на траење на бременоста и конечно е родено. Во 20 до 30% од случаите, сепак, суптилното тело може да биде истиснато, и така да, друго суптилно тело со највисока сметка на земање и давање и време погодно за негово раѓање го зазема неговото место во матката. Ова се должи на:

  • духовната пракса на мајката и
  • обреди обавувани од родителите или
  • мешање на преминатите предци во договор со духовите од вишите нивоа

Ве молиме погледнете го делот 8.1 од овој напис – Може ли една жена да привлече напредно или сатвик суптилно тело во моментот на зачнувањето?

2.2.2 Како суптилното тело го знае времето на зачнувањето?

Тоа е чудо, како суптилното тело го знае точното време на зачнувањето и тоа дека одредена оплодена јајце клетка која е настаната после зачнувањето е наменета за него, ако се има во предвид следново:

  • Постојат милијарди суптилни тела во суптилните региони
  • Од милијарди, само едно ќе се роди
  • Родителите можеби ќе се обидуваат повеќе месеци пред да се случи зачетокот

Според тоа, земајќи ја во предвид оваа големина и димензиите, суптилното тело бива прецизно споено со одредено семејство, бидејќи во суптилниот свет се функционира во согласност со вибрациите и фреквенциите. Според сметката на земање и давање со идните родители, суптилното тело е несвесно привлечено кон матката во време на зачнувањето од вибрациите на сметката на земање и давање. Додека гравитира кон неговото ново семејство тоа нема никаков избор.

2.2.3 Кога точно суптилното тело влегува во утробата?

Во времето на зачнувањето, како што објаснивме претходно, суптилното тело знае дека одредена оплодена јајце клетка е наменета за него.

Во првите три месеци од бременоста, суптилното тело е претежно во суптилниот регион од каде и дошло, а и не мора често да ја посетува матката. Меѓутоа, после третиот месец најверојатно е дека суптилното тело ќе живее во матката. Времето на влегувањето во матката може да варира во зависност од едно до друго суптилно тело. Ова време на влегување е обично после третиот месец, но може да се продолжи и до седмиот месец. Колку повеќе суптилното тело е врзано за Земјата, толку побрзо ќе го заземе своето место во матката.

Целокупниот процес е сличен како градење куќа. Ние генерално сме присутни во времето на почетокот од конструкцијата за да разговараме со градителот. Од време на време може ќе сакаме да провериме како оди изградбата на куќата. Меѓутоа, конечно влегуваме кога куќата е завршена. Времето од зачетокот до третиот месец е слично на конструкцијата на куќата. После третиот месец, растот на фетусот е доволно адекватен да биде погоден за влез на суптилното тело; ова е слично на тоа кога куќата е спремна за вселување.

02-MKD-Entry-of-the-subtle-body

Овој цртеж заснован на знаењето за суптилната димензија го покажува преминот на суптилното тело од регионот на Чистилиштето во фетусот, во матката. Додека проаѓа преку регионот на Чистилиштето кон матката, суптилното тело генерално е под влијание (напади) од црна енергија на суптилните тела на преминатите предци или духовите.

2.2.4 Зошто суптилното тело влегува и излегува од фетусот во текот на првите три до седум месеци?

После суптилниот свет, фетусот и матката се нова средина во која суптилното тело живее. Ова е во комбинација со фактот дека суптилното тело се доживува себе во иста големина (се мисли на големината на телото) како во претходното негово раѓање, дури и долго после излегувањето од физичкото тело. Затоа, тесната оплодена јајце клетка во времето на зачнувањето е прилично застрашувачка за суптилното тело. Всушност оваа бариера е повеќе од психолошка природа, бидејќи суптилното тело може да поприми било каков облик и величина. До третиот месец од бременоста, матката станува доволно широка за да влезе и остане таму. Дури и после тоа, суптилното тело може да влегува и излегува од фетусот, зависно од тоа каква му е волјата да се враќа во суптилниот регион. Овие посети кон неговиот ‘претходен дом’ во суптилниот регион, стануваат се поретки и поретки како што поминува времето, и после седмиот месец суптилното тело трајно останува во матката. До ова доаѓа затоа што суптилното тело со времето ја губи приврзаноста за претходниот суптилен регион и се врзува за Земјата.

2.2.5 Како суптилното тело влегува во фетусот во матката?

Суптилното тело може да влезе во утробата на многу начини. 70% од суптилните тела влегуваат низ кожата на фетусот, и 30% преку различни отвори како устата, носот, и др.

2.2.6 Дали идната мајка го знае времето на влегување?

Само идните мајки кои се на духовно ниво над 70% се доволно чувствителни да го осетат влегувањето на суптилното тело. Мајките на такво високо духовно ниво, обично носат духовно напредни деца.

2.2.7 Дали судбината на бебето кое доаѓа на свет започнува кога ќе влезе во утробата на мајката или кога ќе се роди во деветиот месец?

Судбината на бебето кое доаѓа на свет, започнува во времето на самиот зачеток.

3. Периодот во матката

3.1 Чувства на страв на суптилното тело

Наша природна тенденција е страв од непознатото. Целокупниот процес на повторно раѓање и влегувањето во матката, за суптилното тело е процес на преминување од познатото (суптилниот свет) кон непознатото (матката). Бидејќи матката е целосно непозната ситуација за суптилното тело, тоа доживува различни степени на страв.

Суптилните тела носат долготрајна ментална импресија на целосно одраснато човечко тело од претходното раѓање. Значи, чиста агонија е суптилното тело да биде затворено во матката. Во случаи каде постојат длабоко вкоренети импресии на одмазда кон семејството во кое ќе се роди, или некоја интензивна желба која чека исполнување, суптилните тела можат со нетрпение да го поминат времето до раѓање прифаќајќи ја таа непријатност.

3.2 Комплетна свест за минатиот живот

Суптилното тело во утробата има целосна свест на возрасен човек во согласност со претходниот суптилен регион од кој дошло. Ова продолжува се до моментот на раѓањето. Дури и при раѓањето постои моментална свест за претходниот живот во суптилниот регион, а потоа бранот на Големата илузија (Маја), ја отапува свеста за претходниот живот на новороденчето.

Овој дијаграм покажува колку од нас се сеќаваат на претходните животи после раѓањето.

Како бледеат спомените за претходните животи

Во моментот на раѓање На возраст од 2 години На возраст од 4 години
Сите се сеќаваат во моментот на раѓање, а потоа бранот на Големата Илузија (Маја)ги прекрива спомените од претходните животи 1 / 1000 деца се сеќава на своите претходни животи 1 / 10.000 деца се сеќава на своите претходни животи

4. Компликации во текот на бременоста

Околу 40% од компликациите во текот на бременоста како што се прекумерни и зачестени утрински мачнини, итн., се предизвикани поради духовните фактори. Физичките и психолошките фактори учествуваат секој посебно по 30%.

Духовните фактори се воглавном судбината на мајката, или суптилните тела на преминатите предци кои предизвикуваат проблеми.

5. Спонтани абортуси и мртвородени

Преку истражување засновано на духовната наука, следат причините за спонтани абортуси и мртвороденчиња.

04-MKD-Causes-of-miscarriages-and-stillbirths

Спонтаните абортуси и случаите на мртвороденчиња настануваат воглавном поради духовни причини. Освен сметката на земање и давање помеѓу фетусот и мајката, суптилните тела на преминатите предци играат голема улога во предизвикувањето спонтани абортуси и случаи на мртвороденчиња. Спонатаните абортуси и случаите на мртвороденчиња се обично случај на негативна сметка на земање и давање, каде со самот чин на умирање, фетусот и предизвикал несреќа на идната мајка и семејството во целина. Фетусот не знае однапред дека тоа ќе се случи.

Исто така, погледнете делот под број 7. во овој напис – Влијанието на суптилните тела на преминатите предци/духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) врз суптилното тело во матката.

5.1 Каде заминуваат суптилните тела на мртвороденчињата?

Суптилните тела на мртвородените фетуси, како и во случаите на спонтани абортуси и абортуси, го следат истиот пат после смртта како и суптилните тела на возрасните. Според тоа, нивната дестинација во животот после смртта ќе биде одлучена од нивното духовно ниво и заслугите и гревовите од претходните раѓања.

6. Духовни последици на абортусот

Со секој абортус во секој од случаите се создава или подмирува голема сметка на земање и давање помеѓу суптилното тело и родителите. Меѓутоа, без оглед на сметката на земање и давање, бидејќи абортусот значи скратување на живот, се прави или настанува грев. Ова произлегува од перспективата дека животот на Земјата е скапоцен и е единствениот регион каде може духовен раст да се случи, односно духовно да се напредува кон конечната цел, а тоа е Богоспознавање.

Ако гледаме на интензитетот на гревот, извршеното убиство на ембрионот, е помал отколку кај убивањето на возрасно лице. Следната табела дава релативна скала на гревовите кои настануваат со убивањето на различни типови на луѓе.

 Релативна скала на големината на стекнатиот грев

Акција со која се стекнува грев – убивање Релативна скала на големината на стекнатиот грев
Ембрион/фетус (абортус) 1-5
Лице без семејство/роднини зависни од него 10
Лице со семејство кое е зависно од него 30
Лице кое има позитивно влијание на општеството 30
Лице кое има позитивно влијание на нацијата 50
Светец, т.е. лице со духовно ниво над 70% (светилник за духовен растеж на општеството) 100

Земајќи ја во предвид претходната релативна скала, убивањето Светец би значело 100 единци големина на гревот. На релативна скала, убивањето на потенцијално лице преку абортус би донело една единица грев. Главната причина за разликата е во тоа што е земан во предвид позитивниот ефект на тоа лице врз општеството.

Ако погледневме на абортусот од гледна точна на намерата зад абортусот, тогаш следнава табела дава упатство за релативната скала на настанатиот грев. Во оваа табела како референтна точка го земаме убиството на човек кое носи 100 единици.

Големината на гревот во зависност од намерата зад абортусот

Намерата на родителите пред да се одлучат за абортус % грев*
Медицински причини 30%
Случајна бременост 30%
Економски причини 30%
Социјално/психолошки 50%
*Убивањето лице (како единица мерка) би било 100 единици

Челновите на семејството и докторите кои се вклучени во процесот на донесување одлука за абортус, го делат гревот кој настанува од абортусот.

Единствените исклучоци на ова правило се кога мајката е принудена на абортус поради медицински причини да го спаси нејзиниот живот или кога е тоа препрека во продолжување на нејзината духовна пракса.

Овде го користиме терминот духовна пракса во контекст на шесте основни принципи на духовна пракса каде едно лице го откажува мајчинството заради многу поголема цел во животот т.е. комплетно посветувајќи го својот живот кон Богоспознавање и помагање на другите во тој процес. Лицето треба да биде минимално на 50% духовно ниво, да би можело да донесе таква важна одлука од исправна перспектива и духовна зрелост (Просечното лице во овие времиња е на духовно ниво од околу 20-25%)

Ако абортусот е извршен поради било која друга причина, а не духовна, тогаш освен негативна сметка на земање и давање со суптилното тело на фетусот, постојат и елементи на грев.

Во голем број случаи луѓето се одлучуваат за абортус кога ќе сфатат дека детето ќе се роди со сериозни деформации. Повторно, ако тоа е судбина на мајката и на бебето да пропатат толку единици несреќа поради деформациите, тогаш не постои причина да се бега од таа судибна, бидејќи таа ќе ги стигне во некое друго раѓање.

7. Влијание на суптилните тела на преминатите предци/духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) врз суптилното тело во матката

Суптилните тела на преминатите предци, особено оние со духовна сила или со помош на моќните негативни енергии, односно духови како што се мантриците, можат да влијаат на суптилното тело во матката

Ве молиме погледнете го написот – Предци – Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?

Ова може да биде поради следниве причини:

  • За да го добијат вниманието на семејството да направат нешто за преминатите предци.
  • Да се здобијат со контрола над суптилното тело во самата матка.
  • Да се одмаздат на фетусот мачејќи го.
  • Да се одмаздат на мајката мачејќи ја во текот на бременоста со влијаење врз фетусот. Во такви случаи, мајката обично пати од тешка бременост како што се долготрајни и чести утрински мачнини, висок крвен притисок.
  • Да се одмаздат на родителите со влијаење врз фетусот.
  • Да всадат семиња на зависност во идното дете. Ве молиме погледнете го написот Третмани и причини за зависностите – духовно истражување и мерки за нивно исцелување.

Истражување засновано на духовната наука открива дека, исто како и во случаите на општата популација, околу 100% од фетусите се погодени (се мисли на тоа дека се под влијание), а 30% од фетусите се опседнати од суптилни тела на преминатите предци или духови кога се наоѓаат во во самата матка. Суптилните тела на преминатите предци или духовите лесно влијаат врз фетусот, бидејќи идната личност тогаш е најранлива. Понекогаш духовната сила на суптилните тела на преминатите предци кои сакаат одмазда е слаба. Меѓутоа, преминатиот предок може и понатаму да бара освета. Чистата негативна желба за одмазда, автоматски привлекува негативна енергија од помоќните духови од Пеколот.

8. Улогата на позитивните влијаниа од мајката

8.1 Може ли една жена да привлече напредно и сатвик суптилно тело во себе за време на зачетокот?

Да, една жена може да привлече напредно и сатвик суптилно тело за време на нејзината бременост преку нејзината духовна пракса. Меѓутоа, нејзината духовна пракса треба да биде доволно интензивна (т.е. минимум 4 до 5 добри квалитетни часа, дневно) за да го зголеми нејзиното духовно ниво над 40%. Жените кои се над ова духовна ниво кога се трудни можат да привлечат сатвик суптилни тела во својата утроба. Ова се случува автоматски и не се потребни никакви специјални молитви или било какви други напори.

Она што е важно е дека одлучувачкиот фактор не е само било кој тип на духовна пракса или нејзиниот квантитет, туку да е постигнат духовен напредок. Само кога практикуваме Духовност според шесте основни закони на духовна пракса тоа резултира во наш духовен раст. Резултантиот ефект е прогресивно зголемување во духовното ниво. Сатвик суптилно тело има позитивни карактеристики како што се добар интелект, добри особини и како најважно – склоност кон Духовноста.

8.2 Кој е ефектот од духовната пракса на идната мајка врз фетусот?

Кога духовната пракса на идната мајка ќе резултира во постојан одржлив духовен раст и го подигне нејзиното духовно ниво над 40%, тогаш таа почнува позитивно да влијае и на фетусот во утробата. Ова е затоа што идната мајка со духовно ниво над 40% зрачи сатвик вибрации (основна суптилна сатва компонента). Баш овој сатвик влијае позитивно на фетусот на духовно ниво.

07-MKD-Effect-of-chantingРедовната духовна пракса на идната мајка преку пеењето создава импресија на пеење во потсвесниот ум на идното дете.

Дури и ако суптилното тело не е во утробата во првото тромесечје од бременоста, тоа сепак и понатаму придобива од тоа што утробата станува повеќе сатвик.

Овој сатвик е директно насочен кон ублажување на проблемите поврзани во врска со бременоста и фетусот. Како што претходно е наведено, во просек 30% од проблемите во бременоста се должат на физички причини, уште 30% се должат на психолошки причини, а останатите 40% се должат на духовните причини. Од духовните причини најчести се судбината, сметката на земање и давање и проблеми предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Добиениот сатвик се користи за да се надминат или намалат духовните вистински причини за проблемите во текот на бременоста. Исто така, сатвикот има ефект и врз умот (во вид на концентрирани кругови кои се создаваат кога ќе фрлиме камен во вода) во надминувањето на психолошките проблеми како што е негативно размислување, итн.

Најважната придобиква од духовната пракса, освен духовниот раст, е тоа што ја согорува сметката на земање и давање која може да предизвика големи проблеми во текот на бременоста. Дури и ако се случат проблеми, родителите кои обавуваат духовна пракса имаат внатрешна сила да се издигнат над проблемите, и така да овие проблеми имаат минимално влијание врз нив. Духовната енергија створена од духовната пракса, може да биде искористена да ги ублажи препреките на општо ниво или на специфично ниво, според потребата на фетусот. На општо ниво може да се искористи за намалување на степенот на инвалидност која би се појавила кај дете родено со аутизам од таа мајка. Пример за примена на специфично ниво е намалување на интензитетот на судбинско слепило на фетусот.

Редовната духовна пракса на мајката, може само маргинално да помогне во зголемувањето на духовно ниво на фетусот (т.е. 0.1%). Уште поважно од тоа е дека редовната духовна пракса на мајката создава импресија на духовна пракса во свеста на фетусот. Оваа импресија за потребата од редовна духовна пракса е најголемиот поклон кој може една мајка да му го даде на детето, бидејќи е во комплетна согласност со целта на нашето раѓање.

8.3 Дали активноста на бремената мајка влијае на фетусот

Активноста на бремената мајка влијае на фетусот. Вкупниот збир на основната суптилна створена компонента како резултат на активноста на идната мајка, влијае на основната суптилна компонента на фетусот. На пример, ако мајката јаде претежно сатвик храна (свежа вегетаријанска храна), има сатвик мисли и обавува активности како што се пеење, читање Свети текстови, итн., таа станува претежно сатвик и сатвикот се пренесува на фетусот. Наместо тоа, ако ужива во раѓа-тама храна (застоена, замрзната, не-вегетаријанска храна) и има раѓа-тама мисли и обавува активности како што се прекумерно гледање ТВ, претерано разговарање, пушење, пиење, итн.), тогаш таа ќе ја пренесе својата претежна раѓа-тама компонента на фетусот.

Бремената мајка може да го планира својот животен стил во согласност со своите можности и околности да би била што е можно повеќе сатвик, за да фетусот придобие од тоа. Ве молиме погледнете го делот сатвик начин на живот.

8.4 Кој е ефектот од духовниот статус на суптилното тело во утробата врз мајката?

8.4.1 Духовно позитивен фетус

Фетус со позитивна енергија која може да се должи на неговото високо духовно ниво или влијанието на позитивната енергија врз него, позитивно влијае на мајката. Таквите бремености се генерално без проблеми, и една нормална мајка доживува целокупно подобрување на здравствената состојба во текот на таквата бременост.

Меѓутоа, доколку мајката има проблеми поради преминати предци или духови, самото присуство на духовно позитивниот фетус, духовно ја исцелува мајката. Во такви случаи, мајката може да доживее благи до умерени проблеми. Проблемите настануваат поради постојаната битка помеѓу негативната енергија во мајката и позитивната енергија во фетусот.

Оваа духовна позитивност на фетусот, сепак, трае само додека во матката. После раѓањето, откако ќе се развие суптилното его “јас”, позитивноста почнува да опаѓа. Ова се случува кога при раѓањето детето осеќа гушење, почнува да дише, осеќа глад, итн.

Суптилните тела кои се на духовно ниво над 50% ја продолжуваат нивната духовна пракса во утробата.

Следниов цртеж заснован на знаењето за духовната димензија покажува како пеењето на суптилното тело во фетусот зрачи позитивна енергија која помага да се зголеми позитивноста на мајката.

08-MKD-Effect-of-chanting-baby8.4.2 Духовно негативен фетус

09-MKD-Average-baby-in-womb

Ова е суптилна слика на фетус кој е под умерено влијание на негативна црна енергија од суптилни тела на преминати предци или духови. Ова е суптилен поглед во просечна бременост. Можеме да видиме дека дури и папочната врвца е покриена со негативна црна енергија. Тоа е она што обично се случува кога ни идната мајка ниту суптилното тело во фетусот не обавуваат духовна пракса.

Фетус кој е под влијание на суптилни тела на преминати предци или духови е извор на негативна енергија и како таков е причина за проблемите кај идната мајка. Сепак, само мајките кои се духовно перцептивни можат тоа да го осетат. Во денешните времиња, со оглед на тоа дека 90% од популацијата е под влијание на негативните енергии, повеќето мајки имаат обвивка од црна енергија околу нив, широка околу 4cm, поради што не се во состојба да го приметат зголемувањето на негативната енергија во себе. Таквите бремености се нестабилни и имаат висок степен на компликации.

Суптилното тело може да влијае на мајката ставајќи и мисли во умот. Меѓутоа, таа не разбира дека тие доаѓаат од фетусот и мисли дека тоа се нејзини мисли. Ова е еден од начините на кој суптилното тело во фетусот ја довршува својата сметка на земање и давање со идната мајка. Мислите можат да бидат позитивни и негативни. Суптилното тело може да влијае на идната мајка само кога нејзиното духовно ниво е околу 20% поголемо од нејзиното, или кога духовна енергија му дава дух.

9. Резиме

  • Животното патување почнува во моментот на зачнувањето. Меѓутоа, суптилното тело влегува во утробата дури после третиот месец.
  • Ембрионот/фетусот е многу ранлив на штетни влијаниа од суптилната димензија. Настани како спонтани абортуси и мртвороденчиња се претежно предизвикани од проблеми чија основа/корен е во суптилната димензија.
  • Само духовната пракса може да ги ублажи проблемите чија основа/корен е во духовната димензија.
  • Со духовна пракса идната мајка помага:
    • во заштита на бременоста од проблеми чија основа/корен е во духовната димензија
    • во привлекување духовно напредно, односно повеќе сатвик суптилно тело во утробата.