За сајтот

1-mkd-take-a-tour

Почитуван духовен трагачу, добредојде на веб-сајтот на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука.

SSRF.org е веб-сајт посветен на ширењето знаење за духовноста ширум светот, давање совети за водење духовен живот и обезбедување решенија за проблемите во нашиот живот и општеството како целина. Бидејќи сајтот на SSRF содржи Божествено знаење и е благословен од Светец на високо духовно ниво, самото читање на овој веб-сајт не одржува во друштво на Вистината и пренесува Божествена свесност на нас.

Можеби сте забележале, на овој веб-сајт се дадени голем број на информации и како почетен корисник може да се прашувате каде се се наоѓаат одредени информации коj ги барате и од каде да почнете.

Од каде да почнете зависи од типот на вашиот интерес:

His Holiness Dr. Jayant Balaji Athavale

Духовна наука: Доколку сте љубопитни за духовни концепти и духовно знаење, ви препорачуваме да преминете на делот Духовно истражувачки теми или Написи и видеа за духовната наука кои содржат одговори на прашања коишто можеби ги имате за универзумот, животот, астрологијата, иднината, идните времиња, позитивни и негативни енергии, опседнатост, што се случува после смртта, судбината и други теми.

Сето знаење дадено на нашиот веб-сајт е добиено од Универзалниот ум и интелект (односно Божјиот ум и интелект) од Светци или трагачи со развиено шесто сетило, додека тие биле во медитативна состојба. Ова знаење е претставено во научен формат, соодветен за научниот начин на размислување на денешното општество.

При читањето на одреден напис, поголем увид можете да добиете со поставувањето на овие прашања:

  • Дали го доживеав ова?
  • Дали правилно и добро го разбрав написот? Дали да им поставам прашање на SSRF за тоа?
  • Кога можам најрано тоа да го применам во пракса? (Само со пракса можеме да ги добиеме придобивките од Духовната наука)

Spiritual healing

Духовно исцелување: Доколку имате физичка, ментална или духовна потешкотија и барате решение, можете да го погледнете делот каде се наведени повеќе студии на случаии да видите дали вашиот проблем е наведен. Исто така, теоретски и практични информации можете да најдете во делот Духовно исцелување. На страницата Пеаници за здравје е дадена една сеопфатна листа на пеанци кои треба да се повторуваат во случај на физичка или ментална болест. Овие пеаници помагаат во борбата против било која духовна причина од наведените болести.

Доколку проблемот со кој се соочувате не е наведен во било кој од овие делови, или не ви е доволно јасно во врска со тоа како да примените (имплементирате) одреден исцелувачки метод, можете да поставите прашање преку логин системот. Ќе се обидеме да ви одговориме во рок од 48 часа.

start spiritual journey

Духовна пракса и духовен раст:Доколку вашата желба од внатре е да напредувате духовно и да го спознаете вистинското “Јас” во овој живот, ве молиме посетете го делот Духовна пракса Таму ќе најдете упатства за шесте основни принципи на духовна пракса, како и одговори и прашања како што се?.

  • Што е духовна пракса?
  • Кои се фазите во духовната пракса?
  • Кој се смета за духовно возвишена личност?
  • Кое искуство го добива некој со обавување духовна пракса?

Доколку преферирате аудио-визуелни презентации, SSRF работилницата дава упатства за основите на духовната пракса.

Покрај тоа, ве покануваме да се приклучите на неделните сатсанзи (духовни средби) или предавања. Распоредот на нашите сатсанзи кои се одвиваат ширум светот е достапен во делот “настани“.

Повремено, исто така, објавуваме барања за различни видови на служења или сатсева на SSRF блогот и делот “најнови вести”. Некои идеи за тоа како можете да придонесете, исто така, може да се најдат во делот “како да се придонесе“.

Желбата е онаа која го движи секој трагач напред во неговиот духовен пат, да се промени на подобро и да добие духовни искуства од повисоко ниво. Со цел да се исполни оваа желба, да се има соодветно духовно водство е од суштинско значење за секој трагач. Затоа, од сите информации коишто се дадени на овој веб-сајт, информациите дадени за духовната пракса се највредни.

 

Sixth sense

Шесто сетило: Исто така, можете да го тестирате вашето шесто сетило преку разни експерименти дадени во делот тестирајте го вашето шесто сетило. Ако за време на експериментите каде го тестирате вашето шесто сетило, имате искуства кој не ви се јасни, или би сакале да ја дознаете која е духовната наука зад вашето искуство, можете да поставите прашање преку логин системот.

2-mkd-events

Духовни настани, духовни вести и написи на нашиот блог: Доколку би сакале да читате обновени коментари за тековните настани, тековните активности на SSRF, или да ги прочитате обновените насочувања според датумот, можете да го посетите нашиот Духовен блог. Исто така, можете да ги видите нашите нови и обновени написи во делот “неодамна објавени“.

Asking a question

Поставување прашање: Во било кое време доколку имате прашање за било која тема или било што споменато во нашите написи или за вашата лична потешкотија, можете да го искористите делот “поставете прашање“. Ќе одговориме на вашето прашање во рок од 48 часа.Особено препорачуваме прашања за тоа како да се започне или подобри духовната пракса на дневна основа.

3-mkd-Take-a-tour---small-PIC

SSRF онлајн продавница: Доколку сакате да нарачате уникатни мирисливи стапчиња за духовно исцелување или Свети книги кој се однесуваат на духовноста, можете да ја посетите нашата онлајн продавница.SSRF мирисливте стапчиња пренесуваат позитивна енергија, отстрануваат негативна енергија и духовно ја прочистуваат животната средина.Некои од духовните книги кои се достапни во нашата онлјан продавница се:

  • Вовед во духовноста
  • Почетнички водич во духовна пракса
  • Важноста и придобивките на пеењето
  • Индивиидуална и колективна духовна пракса
  • Духовна емоција – видови и будење

Претплатете се на нашите известувања за написи, бидејќи тие ќе ве информираат за новиот материјал објавен за Духовната наука. Продолжете да го посетувате веб-сајтот секоја недела, бидејќи веб-сајтот постојано се ажурира,

Овој веб-сајт е развиен и одржуван од трагачи бесплатно, како дел од нашата духовна пракса, со цел ширење на духовноста во општеството, помагајќи на луѓето да ги надминат тешкотиите во нивниот живот и нивното водење кон духовен напредок и Блаженство (Ананд)

Ви посакуваме топло добредојде на овој веб-сајт.