MKD-skull-fashion---landing-picture-for-article

1. За модата со черепи – вовед

Во последниве години, облеката со черепи станува се повеќе популарна. Ако некогаш се гледаше како застрашувачки симбол на контра-култура, отпечатоците со черепи станаа главен моден тренд и се печатат на се, од облека за деца до долна облека. Луѓето избираат да носат облека со черепи на различни начини, од потполно екстентричен изглед, до додавење малку зачин и на класичниот начин на облекување. Познати модни дизајнери исто така го вклучија мотивот со черепи на нивната облека и модни додатоци. Познати личности кои воглавном се сметаат за основачи на модни трендови, ја поддржаа оваа мрачна мода носејќи облека, марами, блузи и здолништа со отпечатоци од черепи. Кога познати личности ќе наметнат моден тренд, општеството тоа воглавном брзо го прифаќа. Често можевме да зебележиме како облеката со отпечатоци од черепи, побрзо се продава од останатата модна облека. Во продолжение на сликите се прикажани некои од начините на кои луѓето го инкорпорирале дизајнот со отпечатоци од черепи во нивната гардероба, вклучувајќи ја и облеката на нивните деца и детски кревети.

 

2. За модата со черепи од духовна перспектива

Кога луѓето ќе прифатат одреден моден тренд, тие обично тоа го прават затоа што им изгледа  дека и сите други околу нив тоа го прават. Тие можат да усвојат тренд мислејќи дека идејата да се поставуваат черепи на различни предмети кои се користат во секојдневниот живот е ‘прекрасна’, ‘креативна’, или ‘инвентивна’. Сепак, луѓето помалку посветуваат внимание на духовниот ефект од она што тие го носат. Меѓутоа, во Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), преку истражување засновано на духовната наука е забележано дека облеката која луѓето ја носат, може да им влијае до одреден степен.

Според духовната наука, целиот Универзум е создаден од три основни суптилни компоненти: Сатва, Раѓа и ТамаСатва е компонентата која означува духовна чистота и знаење; Раѓа претставува страст и акција; и Тама претставува инерција и незнаење. Суптилните вибрации кои се емитуваат од се и сешто, зависат од преовладувачката основна суптилна компонента од која тие се состојат.

ENG_Mantrik

Черепот е симбол на смртта, и има висока количина на негативни или Тама вибрации поврзани со него. Преку духовно истражување откривме дека обликот на черепот сам по себе емитува негативни вибрации и привлекува негативни енергии. Според Духовната наука, се што е создадено има форма, допир, вкус, мирис, звук и енергија поврзани со тоа. Многу често суптилни-уметници од Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), преку нивното високо развиено шесто сетило на визија можеа да видат како демонски ентитети носат черепи (ве молиме погледнете ја дадената слика). Демонските ентитети носат черепи затоа што ја зголемува негативната енергија во нив. Кога во секојдневниот живот користиме предмети кои имаат черепи на нив, ја зголемуваме Тама компонентата во нас. Како резултат на тоа, вибрациите кои се емитуваат од нас се негативни по природа, и така привлекуваме демонски ентитети кон нас.

Модниот тренд со черепи во општеството е започнат од негативни енергии. Поголема е веројатноста дека луѓето кои се опседнати од демонски ентитети ќе ја прифатат таквата мода. Демонскиот енетитет кои ги опседнал влијае врз нивното размислување и го зголемува нивниот интерес за такви работи, кои емиутваат негативнии вибрации. Кога опседнати луѓе изберат да носат облека со черепи, тие им помагаат на демонските енетитети кои ги опседнале да ја зајакнат контролата над нив. Исто така, таквите трендови ги зголемуваат целокупните негативни вибрации во општеството.

Носењето облека и модни додатоци со черепи или фигури кои личат на демонски ентитети/негативни ликови, го прави секое просечно лице духовно ранливо. Оваа раниливост кај едно просечно лице го зголемува ризикот да биде под влијание од страна на негативните енергии за 70%. За оние кои веќе се подложни да бидат опседнати (како што се луѓето кои сакаат не-вегетараијанска храна, алкохол, кои имаат некое ментално попречување или патат од депресија), носењето дизајни со черепи го зголемува ризикот од опседнување за 30%. Овие бројки се проценки кои  овде се дадени за да ни го укажат сериозното, негативно влијание што може да го има овој вид на облека на една личност. Процентите, сепак, може да варираат од личност до личност. Откако едно лице ќе биде опседнато, опседнувачкиот дух може да го контролира лицето не само во овој живот, туку и во животот после смртта и многу идни животи. Многу е тешко да едно лице се ослободи од контролата на суптилен ентитет.

3. Совети за избегнување на негативниот ефект од модата со черепи

  • Ако некој има облека и модни додатоци со черепи печатени на нив, треба да се ослободите од нив.
  • Ако некој е поврзан со лице кое носи таква облека или предмети, можете да се заштити така што ќе го пеете Божјото Име според религијата на раѓање, бидејќи тоа обезбедува Божествена заштитна обвивка и на тој начин се заштитувате од негативните вибрации кои се емитуваат од тоа лице.
  • Започнување духовна пракса и нејзино применување на дневна основа, дава способност на едно лице да распознава што е духовно негативно, а што е духовно позитивно.
  • Имајќи ја суптилната способност на распознавање што е негативно, а што позитивно, му дава на едно лице сосема нова димензија која треба да ја има во предвид кога донесува секојдневни одлуки како што се во облекувањето. Со неземањето во предвид на духовниот ефект при одлучувањето, едно лице може на себе да си нанесе многу штета.