1-MKD-Time-of-death

Сите ние треба да умреме во некој момент, и тој момент е одреден согласно нашата судбина. Постојат некои предодредени временски периоди во нашите животи во кои согласно нашата судибина, може да настапи смрт. Следнава табела дава повеќе детали за овие периоди во животот на една личност.

Периодот на смртта во животот на една личност

Видот на смртта во однос на времето Термин на Санскрит Веројатноста смртта да биде спречена во % Колку пати се јавува во животот на една личност Дали можат духовите/луѓето да влијаат Како може да се избегне
Веројатна смрт Апамрутјајога 70-100% Еднаш и трае 2 недели ДА Обавување одредени обреди опишани во Светите Текстови
Смрт Мрутјајога 30-70% Еднаш и трае една недела ДА Духовна пракса, која е во согласност со шесте основни принципи
Дефинитивна смрт Махамрутјајога Неможе да се избегне Еднаш и времето е предодредено до последната секунда НЕ Никако

Следниве фактори влијаат на тоа, дали едно лице може да умре за време на неговиот/нејзиниот судбински предодреден период ‘веројатна смрт’ (апамрутјајога) или ‘смрт’ (мрутјајога).

  • Сметката на земање и давање: Износот на сметката на земање и давање кој постои со други луѓе на земјата кој може да се подмири, доколку лицето не умре. Сметката на земање и давање која на лицето му преостанува во однос на неговата судбина во овој живот, е исто така важен фактор кој одлучува дали лицето ќе умре пред стадиумот ‘дефинитивна смрт’ (махамрутјајога).
  • Суптилни тела на преминатите предци и духови: Влијанието на суптилните тела на преминаите предци и духовите, понекогаш може да предизвика прерана смрт. Прочитатје за тоа, зошто нашите преминати предци можат да создадат проблеми во нашите животи?
  • Духовна пракса: Видот и интензитетот на духовна пракса му помага на едно лице да избегне прерана смрт т.е. да умре пред стадумот на дефинитивна смрт.

Кога стадумот на дефинитивна смрт ќе дојде, тоа значи дека лицето ја завршило неговата/нејзината судбина, која во моментот ја живее на Земјата, како еден од регионите на постоење.

Ве молиме, прочитајте го и нашиот напис: Кои се другите региони на постоење?