1-MKD-Types-of-sins

Да го разберете овој напис, советуваме да го прочитате следниот напис:

1. Вовед

Сите ние правиме разни грешни дејства во нашиот секојдневен живот. На пример, може да се случи кога го чистиме подот, да убиеме неколку инсекти или може да се случи грубо да зборуваме со луѓето на работа, итн. За подобро да го разбереме концептот на гревовите, ќе согледаме некои видови на гревови и кој ги поднесува последиците од тие гревови. 

2. Видови на гревови

2.1 Видови на гревови во однос на последиците врз другите 

Во зависност од тоа кој ги поднесува последиците од гревовите, постојат гревови кон себе и кон другите, што е прикажано во табелата.

Видови на гревови во однос на последиците врз другите

Гревови кон себе Не вршење духовна пракса секојдневно
Не држење под контрола на моторните и сетилните органи, те. не контролирање на разни желби, лутењето и страстите.
Гревови кон другите Ненамерно повредување – на пример додека одиме по улица или готвиме со вода, ненамерно убиваме инсекти и микроорганизми. (Ваквите неизбежни гревови се минимални и се поништуваат преку дневната духовна пракса).
Ненамерно повредување на другите.

2.2 Видови на гревови во однос на телото, говорот и умот

Лицето може да стори грев на ниво на мислите, да го манифестира вербално или физички. Соодветно на тоа, гревот може да настане на три начини, кои што се претставени во табелата.

Видови на гревови во однос на телото, говорот и умот

Физички грев Гревовите сторени со помош на телото – нпр. кражба, повредување на друго лице, убиство, прељуба, итн.
Вербален грев Гревови сторени во говорот – нпр. навредување, лажење, непотребно зборување, озборување, итн.
Ментален грев Гревови сторени ментално, нпр. завидување на богатите, и расправање за нивното богатство, мислењето лошо за другите. (Овде гревот се создава поради вознемирувачките вибрации од нашите мисли и преоѓаат на другите. Слично е на механизмот по кој се создаваат уроците.)
За повеќе детали за ’урочливите очи’ или ’уроците’, ве молиме прочитајте го нашиот напис за тоа.

3. Дали мислата може да предизвика грев?

Доктрината на кармата вели дека во случај на заслуга, дури и самата мисла некому да направиме нешто добро може да создаде заслуга, но самата лоша мисла не може да направи грев.

На пример, ако добиеме мисла да ограбиме банка, тоа нема да направи грев. Меѓутоа, ако навистина ја ограбиме банката, тогаш правиме грев. Самата мисла не прави грев, затоа што не се прави влијание врз другите луѓе.

Во случај на трагач по Вистината, дури и грешната мисла ќе направи грев. Ова е затоа што трагачот по Вистината се труди да стекне Божествени квалитети и самиот Бог го Благословува со знаење и енергија за таа цел. Ако трагачот има грешни мисли, тогаш се смета дека Божјата енергија е залудно потрошена и затоа тоа создава грев. Ова не важи во случај кога трагачот има грешни мисли поради суптилните попречувања или опседнатоста од негативните енергии.

4. Кој го сноси последиците од гревовите?

4.1 Учествување во гревот

Директно или индиректно и без оглед дали се работи за физички, вербален или ментален грев, лицето кое што го подржува или учествува во гревот, мора пропорционално да ги почувствува последиците од тој грев. Лицето станува соучесник во тој грев. Во денешно време законодавствата го следат сличниот принцип на казнување на соучесникот во убиството кој исто така сноси кривица за убиството.

Треба да знаеме дека дури и разговор со голем грешник, неговиот допир или друштво, делење оброци со него, седење со него, спиење или патување со него, му прави грев на оној кој што е во негово присуство.

Како што сатсангот е друштво на Апсолутната Вистина, кусангот е друштво на невистината. Ако престојуваме во кусангот, тоа создава лоши импресии и може да доведе до духовен пад. Затоа не е изненадувачки што најблиските често ни зборуваат ’да бидеме настрана од лошо друштво’. 

4.2 Ширење на гревот

Светиот текст под име Матсјапуран, вели дека гревот е како зараза или наследна болест. Како што наследната болест некогаш не се види веднаш, исто така гревот неосетно ја уништува суштината на индивидуата. Ако грешникот не плати за своите гревови, тогаш неговиот син или внук мора да ги плати. На тој начин гревот се простира назад до три генерации. Соодветно на тоа, секој од нас има одговорност кон членовите на семејството како и кон потомството.

Постојат и други примери кога последиците на гревовите се пренесуваат на други, како на пример помеѓу сопружниците, директорот на фирмата или работниците во фирмата, итн.

4.3 Колективен грев

Само на луѓето им е дадена можноста, да ја надминат судбината и да придонесат тие и целата Божја креација да биде среќна. Наместо тоа, луѓето го користат својот потенцијал за постигнување себични цели, нанесување неправда на невините луѓе, доминација над другите, итн. На тој начин општеството создава колективна судбина.

Ова влијае на целокупната Божја креација и ја нарушува природната рамнотежа. Така доаѓа до поплави, суши, земјотреси и војни. Иако овие катаклизми се видливи, нивните вистински причини се невидливи. Кога на Земјата се случат такви катастрофи, покрај оние што сториле зло, страдаат и добрите луѓе.

5. Заклучок – видови на гревови

Важно е да не правиме гревови, затоа што последиците од нив ги чувствуваме и ние и другите луѓе. Исто така е важно да ги согледаме делата на луѓето кои што ни се блиски, затоа ако се правиме дека не го гледаме нивното грешно однесување и ние стануваме соучесници на тие гревови.

Се вели дека во животот тагата многу повеќе не учи од среќата. Затоа кога во животот ни се случи нешто непријатно, треба да имаме на ум дека тоа е последица на некој грев од минатото. Ако прифатиме дека минувањето преку судбината е само по себе духовна пракса, тогаш ќе можеме брзо да напредуваме духовно.

Духовната пракса помага нашата судбина да се намали или да стекнеме сила за да ја поднесеме.