Молитва кон Богот Хануман (Марути)

Зошто треба да упатиме молитва токму кон Божеството Марути?

Божеството Марути е еден од аспектите на Божјиот принцип, кое ги има следниве атрибути (во однос на другите):

  1. Семоќен: Од сите Божества, само Божеството Марути неможе да биде нападнато од негативните енергии.

  2. Господар на духовите: Божеството Марути е Господар на духовите. Оттука, лице кое е опседнато од духови се носи во храм на Божеството Марути, или се замолува да рецитира стихови во пофалба на Божеството Марути.

  3. Манифестира Божествена енергија: Врховниот Божји принцип е во состојба на набљудувач, и не врши никаква функција во универзумот. Разните Божества се аспекти на Божјиот принцип кои што ги подржувааат специфичните функции во Универзумот. За извршување на било која функција, е потребна манифестирана Божествена енергија. Од сите Божества, Божеството Марути има максимална манифестирана енергија. Оттука, кога едно лице е во неволја поради влијанието од негативните енергии, му се обраќа или го моли Божеството Марути, тоа брзо се појавува и нарушувањето исто така брзо се намалува.