Метод со кокосов орев

Метод : Кокосов орев како метод за отстранување уроци

Кокосовиот орев може да ги привлече и добронамерните и лошите фреквенции. Доколку проблемот со негативните енергии е тежок, се препорачува да се користи кокосов орев за отстранување на уроците.

Што се ќе ви биде потребно за да го спроведете овој метод?MKD_evil-eye-ritual-coconut

Метод

  • Чекор 1 : Молитва

    • Молитвата треба да ја изговри оној врз кој се спроведува методот, по искажувањето почит кон Богот Марути. ‘О божество Марути, нека врвот на овој кокосов орев ја впие негативната енергија од мене (треба да го каже своето име), и нека оваа енергија не му наштети (кажи го името на лицето кое го спроведува методот). Те молам, да ја впиеш целата негативна енергија од мене преку врвот на кокосовиот орев и да ја уништиш.
    • Оној кој го спроведува методот треба да му се моли на Богот Марути за да спречи било какво влијание на негативните енергии.
  • Чекор 2 : Методот

    • Нека лицето кое е под влијание не негативна енергија и врз кое се спроведува методот седне на ниско дрвено постоље со лицето свртено кон исток и со опуштени свиткани колена кон градите. (ве молиме погледнете ја сликата подолу) Дланките треба да бидат свртени нагоре и треба да се постават на колената.
    • Лицето кое го спроведува методот треба да го држи кокосот во неговите соберени дланки и да застане пред лицето кое е под влијание (ве молиме погледнете ја сликата подолу). Опашката на кокосот треба да биде насочена кон лицето кое е под влијание кое мора константно да гледа во него и цело време да пее.


2_coconut

Кокосот треба да се заврти трипати во круг (во насока на стрелките на часовникот) од стапалата до главата на лицето кое е под влијание. Потоа лицето кое го спроведува методот треба трипати да кружи во насока на стрелките на часовникот околу лицето кое е под влијание.

3_coconut

Сето ова време опашката на кокосот треба да биде насочена кон лицето врз кое се спроведува методот. За да се осигуриме дека опашката секогаш ќе биде насочена кон лицето кое е под влијание, другото лице може да кружи околу него. Молитвата која што ја наведовоме погоре константно треба да се повторува за време на кружењето.

  •  Чекор 3 : кршење на кокосот

По завршувањето на методот, кокосот треба да се скрши на раскрсница на три патишта или во храмот на Божеството Марути или во било кое Свето место додека трае пеењето Бајаранг Бали Хануман Ки Џеј.

Доколку некој нема во близина било кое од горенаведените места, кокосовиот орев може да се скрши во било кое Свето место или нечиј двор.

Она што може да се забележи додека се крши кокосовиот орев:

    • Ако лицето е под влијание од страна на вознемирувачка енергија, кокосовиот орев станува тежок и се крши на паричиња, а водата од него прска во висина дури и 1-2 метри.
    • Понекогаш може да се случи кокосовиот орев да биде расипан.
    • Понекогаш, кога некое лице е под силно влијание, кокосовиот орев не се крши, и покрај силните удари, бидејќи вознемирувачката енергија во него не сака да биде уништена од страна на Божеството Марути, како што е наведено во горе споменатата молитва.
    • Ако негативната енергија е многу моќна, кокосовиот орев може силно да отскокне и не може да се најде. Според тоа може да се види колкав износ на вознемирувачка енергија е собрана во кокосот.
Ефект на кокосовиот орев користен во методот Истакнати карактеристики на црна магија фрлена врз лицето кое е под влијание Износ на црна магија
(%)
1. Кокосот станува тежок Црна магија фрлена да создаде постојан немир, тешкотии во размислувањето 20
2. Сушење на млекото во кокосот Црна магија фрлена преку медиумот храна, за да се намали апетитот. 29
3. Оцрнување/гниење на кокосот Црна магија фрлена за да ги направи коските порозни 32
4. Кокост се крши на парчиња Црна магија фрлена со цел да емитира црна енергија во сите клетки на телото 35
5. Кокосот не се крши Црна магија фрлена со цел да го убие лицето 40
6. Кокосовиот орев одлетува и не може да се најде. Црна магија фрлена со цел да го убие лицето и потоа да го зароби неговото суптилно тело 70
7. Кокосовиот орев се крши на парчиња уште додека се држи во рацете, пред да се активно скрши со негово фрлање на земјата. Црна магија фрлена со цел да става самоубиствени мисли во умот на лицето кое е под влијание и која го тера да се однесува во согласност со нив. 100
  •  Чекор 4 : Фрлање на (ослободување од) кокосовиот орев

Остатоците од кокосовиот орев треба да се соберат во пластична кеса, добро да се затвори и фрли во канта за ѓубре подалеку од куќата и тоа по молитвата кон Божеството Марути за уништување на негативната енергија која се наоѓа во него.