Духовен раст – упатство за тоа како духовно да растеме

Духовен раст – упатство за тоа како духовно да растеме

1. Што е духовен раст?

Духовен раст е растечкото идентификување со и искуство на душата или Божјиот принцип во нас. Духовниот раст е резултат на духовна пракса.  Оваа дефиниција која се потпира на принципите на духовна пракса е објаснета во повеќе детали во нашиот напис за духовно ниво.

2. Важноста на сегашните времиња за брз духовен раст

Како што опишавме во претходните статии за борбата на доброто против злото, периодот помеѓу годините 1999 – 2023 претставува период на самракот помеѓу две ери како што се движиме од потемна доба (мини-Калијуга) кон духовно подобра (мини-Сатјајуга) во рамките на главната ера Калијуга. Во текот на овој самрак период од 23 години, секоја духовна пракса обавувана во согласност со основните принципи на духовноста ќе му донесе огромна Благосостојба, односно ќе придобие неизмерно. Ова е затоа што Бог им дарува духовен напредок на трагачите кои вршат духовна пракса и во неповолни времиња.

Всушност, секоја година духовна пракса во овие 23 “самрак” години е еднаков на период од 50 години во некоја друга ера. Ако земеме дека просечното траење на зрелите години (зрелоста) во човечкиот животен век да биде околу 50 години; духовна пракса која ќе се обави во овие 23 години, ќе биде еквивалентна на повеќе од 1000 години. Друг начин на гледање на тоа е дека добиваме придобивки од 20 животи духовна пракса во само еден живот.

3. Како духовно да растеме?

Откако ќе започнеме со нашето духовно патување, важно е постепено да го зголемуваме нивото на нашата духовна пракса на редовна основна.

Следнава табела обезбедува практична насока за трагачи кои би сакале да се осигурат да не губат повеќе време и кои сакаат да стекнат цврста основа за доживотна духовна пракса.

Може да се користи како референца за да се проценат нечии напори во почетните две години духовна пракса.

Упатство за духовен напредок

Некои референтни точки за трагачите кои сакаат да напредуваат брзо

1 месец 3 месец 6 месец 1 година 2 години
Учење Некои делови од веб-сајтот на SSRF Повеќе од веб-сајтот на SSRF SSRF Веб-сајтот и други упатства по потреба SSRF Веб-сајт, упатства за трагачи, Свети текстови (вовед во Духовноста, Духовност) SSRF Веб-сајт, упатства за трагачи, други Свети текстови (Духовен ученик, Пат на милоста на Гуруто, Важноста и Придобивките од Пеењто итн.)
Духовно исцелување Третман со солена вода дневно, пеење во седечка позиција 15 мин Додатно, нијас, миризливи стапчиња, пеење во седечка позиција 30 мин Додатно, третман со кутии, редовно прочистување на просториите, пеење во седечка позиција 60 мин Додатно, духовно исцелување со слики на Божества Применување на сите достапни духовни мерки
Пеење 1 час / дневно во текот на другите активности 2 часа / дневно во текот на другите активности 3 часа или повеќе / дневно во текот на другите активности 4 часа / Автоматско пеење во текот на другите активности 5-6 часа / Автоматско пеење во текот на другите активности
Сатсанг Повремено Еднаш неделно Еднаш неделно, со припремање за сатсанг Еднаш или повеќе пати неделно (сатсанг од средно ниво) Еднаш или повеќе пати неделно (сатсанг за отстранување на недостаоци на карактерот)
Сатсева 2 часа / неделно 5 часа / неделно 10 часа / неделно или обид да се достигне одреден број часови сатсева Сева се обавува според одреден број часови
Жртвување Колку што е потребно да се вложи горе наведениот труд во индивидуална духовна пракса Колку што е потребно да се вложи горе наведениот труд во индивидуална духовна пракса Жртвување на некои елементи од животниот стил со цел да се зголеми духовната пракса Жртвување на повеќе елементи од животниот стил за да се зголеми духовната пракса Жртвување за Сатсева, одделување од некои активности во Маја (Големата илузија) како забава, друштвени собири, итн.
Духовна љубов Некои напори (на пример, кон други трагачи во сатсева) Фокусирани напори
Духовна емоција Повремени молитви и изразување благодарност Повремени молитви и изразување благодарност за индивидуална духовна пракса 20 фокусирани молитви и 20 изрази на благодарност дневно 30 или повеќе, редовни молитви во текот на Сатсева и духовно исцелување, изразување благодарност, Арти (молитвени химни) 50 или повеќе молитви дневно, 50 пати изразување благодарност или повеќе, Арти (молитвени химни) и други напори за будење на духовна емоција
Процес на отстранување на недостатоци на карактерот Учење написи и Свети текстови (Хипнотерапија за среќа) воведување на метод за пишување грешки и земање автосугестии Редовно пишување на грешки (3-5 дневно), автосугестии (3-5)
Процес на остранување на егото Учење Свети текстови (Духовна пракса за остранување на егото)

Чекорите наведени во табелата се во согласност со духовната пракса препорачана за денешните времиња. Тие, исто така, ја земаат во предвид опструкцијата предизвикана од негативните енергии која ја доживуваат Божјите трагачи. 

Одговорите на прашањата поврзани за претходната табела, можете лесно да ги најдете преку опцијата “Поставете прашање“ или ако присуствувате на SSRF сатсанзите преку интернет (скајп). Подетално објаснување за некои активности кои се споменати во табелата, како на пример, солена вода, нијас, кутии итн. можете да ги најдете така што ќе ги напишете овие термини во полето ’Барај’ во горниот десен агол на страницата.

4. Заклучок – како духовно да растеме

Стапката или брзината на нашиот духовен раст ќа зависи од бројот на духовните фактори како што се: духовното ниво со кое го почнуваме нашето духовно патување, износот на судбината која треба да ја поминеме во овој живот, до кој степен сме погодени од негативните енергии, нашите вродени духовни квалитети, трагаштво, итн.

Можеме да имаме на ум дека искреното имплементирање на чекорите во духовна пракса, предложени тука ќе помогнат во надминување на било каква препрека со која можеме да се соочиме на нашето духовно патување и ќе помогне во остварувањето основна цел во животот, која е духовен раст.