Кое суптилно тело преовладува во одреден суптилен регион на Универзумот

Напомена за читателите: За да го разберете овој напис, ве молиме прочитајте го написот Од што се состојат човечките суштества   

Во овој напис ќе објасниме што се случува со нашето суптилно тело како што растеме духовно и се движиме постепено кон повисоките суптилни региони на Универзумот. Како што вршиме духовна пракса, се движиме од грубо кон суптилно. Всушност ние така ја намалуваме нашата врзаност за различните тела. Како што напредуваме кон напредна состојба на постоење во повисоките позитивни региони на Универзумот, телото со кое највеќе се идентификуваме станува се повеќе и повеќе суптилно.

Табелата во продолжение ги прикажува различните тела во однос на различните региони на Универзумот. Покажува како се случува разградувањето на грубите тела како што одиме кон се повисоките и повисоките позитивни региони на Универзумот.

Региони на Универзумот Физичко тело Витално енергетско тело Суптилни сетилни органи Суптилни моторни органи Свесен Ум Чита Каузално тело / Интелект Суптилно его Збир Кое тело е доминантно
Земја 1 51 5 5 1 1 1 1 20 Тело на желбите5
Бувалока 52 52 1 1 1 1 14 Тело на желбите5
Низок регион на Рајот 1 1 1 1 4 Ментално тело6
Висок регион на Рајот  1 1 1 3 Каузално тело / Интелект
Махалока 8 1 1 2 Каузално тело / Интелект
Ѓаналока 8 1 1 Суптилно его7
Тапалока 1 1 Суптилно его
Сатјалока 1 1 Суптилно его

Фусноти:

1. Бројот 5 се однесува на 5 аспекти на виталната енергија на телото.

2. 5-те суптилни сетилни органи и 5-те суптилни моторни органи се поврзани со суптилното тело. На пониско духовно ниво ни се потребни суптилните сетилни органи за да ја согледаме духовната димензија. Подоцна, сепак ќе можеме да ја согледуваме духовната димензија преку суптилниот Ум и суптилниот Интелект.

3. Чита е составен од потсвесниот Ум и несвесниот Ум

4. Оваа колона покажува кое тело е доминантно во различните суптилни региони на Универзумот. Што повисок е позитивниот регион, толку повеќе доминантното тело е посуптилно и нематеријално.

5. Понекогаш и ние се осврнуваме на аспект од менталното тело кое е во форма на  желбеното тело или Васана-деха. Ова е аспект на Умот кои ги содржи сите импресии на разни желби. Во регионот на Земјата ако имаме желби, можеме барем да ги исполниме на физички план. Меѓутоа, кога ќе умреме со ниско духовно ниво, нашето желбено тело се уште е активно, но ние немаме физичко тело за да ги исполниме желбите. Ова е причината зошто речиси сите наши предци се заробени во областа на Земјата на еден или друг начин. Во некои случаеви остануваат заробени во Регионот на Мртвите (Мартјалока) и не се во можност да се движат кон суптилните региони каде би требало да одат после смртта Од Регионот на Мртвите или од Бувалока, суптилните тела на преминатите ги опседнуваат нивните потомци или други луѓе со слични желби, за да ги доживеат нивните желби преку нив. Потомците лесно се опседнуваат поради нивната сметка на земање и давање која што ја имаат со нивните преминати предци. Ве молиме погледнете го нашиот напис за предците како основна духовна причина за проблемите во нашите животи. Само преку духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса. можеме да ги надминеме нашите желби.

6. Овде под Ментално тело подразбираме аспект на Умот кој е поврзан со мислите кое ги има лицето.

7. Ова е последната трага на нашиот идентитет пред конечно да се спои со Врховниот Божји Принцип и ги изгубиме сите ниски форми на самите себе со кои се идентификуваме т.е. 5-те сетила, Умот и Интелектот.

8. Кога еднаш ќе дојде до разградување на нечие Ментално тело, доаѓа до поврзување со Универзалниот Ум. На истиот начин кога ќе дојде до разградување на Интелектуалното тело, добиваме пристап и делуваме преку Универзалниот интелект.

Овој напис буди во нас потреба да вршиме духовна пракса и да ги достигнеме повисоките позитивни региони на Универзумот после физичката смрт.