Што велат другите

05 what-others-say-sense-landing

Февруари 2016-та година

Чувстувам како да научив повеќе од вашиот веб-сајт отколку што научив од сите мои години во училиште. Ви благодарам што го споделивте ова непроценливо знаење. Тоа е само еден вид на потврдување на она што веќе го мислев.

 – Г-ѓа Аманда Нојман, Кламат Фолс ,Орегон, Сад

Почитуван SSRF тим, би сакала да ја изразам мојата благодарност до вас за тоа што го составивте овој прекрасен веб-сајт и што несебично ги објавивте духовните информации во корист на луѓето како мене. Поминувам низ многу тежок период во мојот живот и вашиот прекрасен сајт ми помогам да се излечам. Понекогаш информациите се во рамките на вашата божественост, но ви треба некоја божествена афирмација/интервенција од надвор и овој сајт е токму она што ми требаше. Во денешниот свет луѓето ви ги кажуваат само симптомите на вашите проблеми но никој не сака да предложи лек. Ова сајт дефинитвно е сето она што му треба на едно лице за духовно да напредува. Со нетрпение очекувам да присуствувам на престојните сатсанзи. Многу ви благодарам и многу љубов до вас.

– Г-ѓа Пра Ти, Сингапур

Многу сум благодарен на вас и SSRF, откако го добив вашиот одговор. Многу работи научив од вашиот сајт, кои навистина многу ми помогнаа. Исто така и многу сум среќен што ми одговоривте. Во моментов, јас сум студент, но дефинитивно во иднина ќе направам нешто за SSRF и човештвото. Уште еднаш, ви благодарам многу госпоѓо. Посебно ви благодарам. Секое добро.

– Г-дин Сурај Суман, Њу Делхи

SSRF Фејсбук (Facebook)

Почитуван SSRF……Џаи Гурудев и добро утро!! Пред неколку дена се случи да го сретнам вашиот напроценлив (бескрајно вреден) напис за пеење на Божјото Име и медитација….особено за разликата помеѓу пеење на Божјото Име и медитација! Беше толку точен, привлечен, информативен и полн со знаење! Многу топли поздрави до вас! Џ

– Г-дин Дипак Џаин, Нашик

Многу убаво и инспиративно беше читањето на вашите написи за суптилните феномени и важноста на духовната пракса каде што најголем акцент беше ставен на пеењето на Светото Име на Бога. Многу ја ценам вашата духовна работа, тоа што ги едуцирате и охрабрувате луѓето. Тоа е толку потребно во оваа ера од Калијуга.

– Ананда Вриндавана Кампу Даси, Австралија

Мислам дека ќе ме разберете повеќе од повеќето други. Ќе разговараме повторно.

– Г-дин Кристијан Ајур, Австралија

SSRF гугл плус (Google+)

Ви благодарам многу за тоа што постирате, вашите постови ме инспирираат со задоволство и радост да го следам моето духовно патување.

– Г-ѓа Жан Чафа, Бирмингам, Велика британија

на Јутуб (Youtube)

Веќе сум многу блиску целосно да престанам да пијам алкохол, исто така видов многу промени во моите духовни подароци…..и јасност на ниво на умот. Вашето постирање е одлично и навистина сум благодарен што наидов на истото.

– Г-ѓа Кели Линдберг, САД

Декември 2015-та и Јануари 2016-та година

Личниот пристап на SSRF е подарок

“Толку сум благодарна на една организација која толку слободно дели информации и знаење, особено кога се работи за лична потрага. Не можам да ви се заблагодарам доволно за вашите лични интеракции со трагачите. Духовното насочување е толку многу збунувачко во оваа дигитална ера, а личниот пристап на SSRF во врска со духовното насочување е огромен подарок кој вие го давате. Во иднина, сигурна сум дека од мене ќе добиете многу прашања. Ако можам да направам нешто за SSRF освен едноставно донирање пари, ве молам кажете ми. Можам да правам видео клипови. Јас сум колеџ инструктор за медиуми и комуникации. Би била среќна да помогнам на SSRF, ако тоа би било пожелно од ваша страна”.

 – Г-ѓа Џеси Фарли, Рехобат Бич, САД

Што би направиле со богатство кое би го добиле без ништо за возврат?

“Прво што би сакал да кажам, е да повторам уште еднаш, бидејќи тоа е чувството кое го осеќам, дека љубовта којашто вие ја дарувате на нас луѓето полни со недостатоци, е огромна. Љубов за сите и сите да бидат благословени кои нашле засолниште во Создателот на целиот Универзум, Бог. Му служите на половина општество бесплатно, а никој во ова општество не ја обавува оваа движечка сева. А сега, ќе ви се заблагодарам затоа што ме донесовте поблиску до Бога. Тоа е како да дадете мудрост која за возврат ќе ви донесе среќа која е далеку над било каква материјалистичка среќа. Тоа е како да дадете сто милијарди рупии така, без ништо за возврат. Што би направил човек ако тој добие сто милијарди рупии така. Тој би се заблагодарувал постојано.”

– Читател

Ве молам споделете го ова што имам да кажам, би можело да биде од корист за некого

“Садар Намаскар”!! Со SSRF се поврзав од минатата година. Пред да се приклучам во SSRF, бев многу егоистична личност, бев сурова и паничев дури и за најмалите работи, постојано аргументирав и тие аргументи ќе се претвореа во борби. Водев борба со Бога, Бог ти не можеш ништо да направиш, јас не верувам во тебе, итн.итн.

Со помош на SSRF сега сум целосно изменета личност, смирена, мирна, верувајќи во Бога. Не можам да го замислам мојот ден без духовна пракса, без пеење. Се поврзувам со Бога во секое време, многу повеќе сум позитивна во сите ситуации. Вера, љубов во Бога се случува да се зголеми со помош на пеењето. Дури и оние кои се лоши кон мене, јас дури и не мислам лошо за нив.

“Најголемиот проблем за мене беше несоницата, речиси секогаш се чувствував поспано во текот на работното време. Бев фрустрирана поради тоа. Не можев да работам како што треба, секогаш се чувствував поспано, бев толку многу мрзелива личност. Секогаш се споредував со другите, се осеќав како да не ме бидува за ништо. Но, со пеење овие проблеми беа целосно решени. Сега не се чувствувам поспано во текот на работното време, не се споредувам со никого, бидејќи сега знам дека Бог не создал нас и дека сите сме најдобри на свој начин. Ако се споредуваме со другите, ние изразуваме непочитување кон Бога, Којшто не создал сите нас. На сите им препорачувам, ве молам пејте и променете го вашиот живот. Да, секој може да го промени неговиот живот, и да се ослободи од материјалните препреки, може да се здобие со мирен ум, да биде задоволен со она што Бога го дал. Да, светот треба да се промени, да стане подуховен. Јас ја сакам духовноста. Духовноста целосно го промени мојот живот, целосно го промени мојот начин на размислување за животот. Пеењето целосно ме промени. Открив новo и вистинско “jас”. На сите кои ќе го прочитаат ова ќе им препорачам, ве молам почнете да пеете и видите ги чудата, уште едно нешто, тоа нема да се одвива толку лесно, но имајте вера и почнете да чекорите по патот на духовноста. Бога Самиот ќе се Открие кога Тој ќе види дека вашите напори се вистински и чисти. Еден совет од мене, секој може да пее било кое Божје Име, но оној кој сака да види брзи промени мора да се обиде да го пее Името на Божеството Кришна. “Ом Намо Багавате Васудеваја” најмоќната мантра. Ве молам да ја споделите мојата сторија со другите, би можела да биде од корист за некого. Благодарам”.

– Г-ѓа Гопика Шарма, Њу Делхи

SSRF Фејсбук (Facebook)

Увидувајќи дека имам потенцијал да се променам и да помогнам

“Ви благодарам многу! Сега почнувам да го сфаќам потенцијалот во мене, да се променам и да им помогнам на оние околу мене! Јас сум почетник, но го прочитав целиот веб-сајт повеќепати. Знаењето кое вие го споделувате со остатокот од светот е прекрасно и се надевам дека веб-страната секогаш ќе остане на интернет, бидејќи е светилник на надеж за луѓето. Исто така, ви благодарам на многуте написи! Вечно благодарен!

– Г-дин Борис, Европа

“Ова не е ништо друго, освен чудо во мојот живот. Благословена сум да ги имам и стекнам нивните учења. Навистина сум благодарна на моето време и судбина да ги имам во мојот живот, бидејќи направи такво позитивно влијание во мојот живот. Ви благодарам  и големо понизно фала”.

– Г-дин Скот Харт, Авастралија

“Духовната наука е се. Мој учител, мое исцелување, мир, сила и над се, духовната наука ми го покажат патот кон само-реализацијата”.

– Гудлак Џојхилис, Кенија

“SSRF ја има најдобрата духовна литература која некогаш сум ја прочитал. Тие исто така имаат и миризливи стапчиња (инсенс – анг.Incence) што е благослов во мојот живот. Тие исто така имаат и многу корисни одговори на прашањата кои може да ги имате како духовен трагач”.

– Г-дин Брајан Мекгваер, Велингтон, Флорида, Сад

“Тешко е да се заблагодарам со зборови, обавувам духовна пракса секој ден и ќе дадам се од себе да се шири духовноста во моето место. Само Бог ќе го направи тоа преку Неговите трагачи. Ви благодарам за се што направивте, Намаскар :)”.

 – Г-дин Франсискус Аџи, Индонезија

“Намаскар SSRF тим, пеењето се одвива добро…, поради пеењето се случија многу промени во моите мисли и мојот ум останува секогаш опуштен и позитивен и моето внатрешно знаење, исто така, се зголемува.

– Г-ѓа Ајуши Мохан, Бихар

“Вие сте како сенка во оваа топлина на Калијуга, како што Шрирам му рече на Хануман во Третајуга, дека само духовната пракса и пеењето ќе бидат единствениот начин да се премине ова море на животот! Ви сте секогаш во сева (служење на Апсолутната Вистина) да ни помогнете да го преминеме ова море на животот…, за ова милиони пати благодарност до вас. Секое ваше ажурирање е за доброто на човештвото”.

– Г-дин Химаншу Кумар Соланки, Сонипат

Ноември 2015-та година

Ќе ми биде голема чест да обавувам сева

“Го прочитав целиот веб-сајт. На сајтот сум од изминатите неколку недели и морам да кажам дека пронајдов златен рудник. Балгодарен сум на Бога, Којшто ме донесе во контакт со SSRF. Моите духовни практики се во согласност со шесте основни принципи опишани од страна на Неговата Светост Др. Атавле. Жалам што морав да дознам дека Тој не се држи добро и се молам за Негово закрепнување. Ве молам дозволете ми да знам нешто што ќе се бара од мене, би се чувствувал почестен за обавување сева. Навистина ја ценам вашата помош и вечно ви благодарам. Бог да ве благослови. Ви благодарам”.

– Г-дин Харбанс Синг, Бангалор

“Здраво, ви пишувам за да ја пренесам мојата длабока благодарност до тимот на SSRF, за објаснувањето на толку многу непроценливи духовни концепти. Читател сум на овој веб-сајт периодично, во изминатите неколку години. Ми се допаѓа начинот на кој SSRF веб-сајтот го објаснува резонирањето кое стои зад многуте традиционални Хинду практики. Не ги разбирам во целост суптилните слики-дијаграми кои ги извлекувате и дефинитивно е присутна компонента на (слепо) верување на вашето истражување, бидејќи моето шесто сетило се уште не е доволно развиено. Сепак, ја наоѓам врската помеѓу темите кои сте ги објасниле и Санатан Дарма. Особено се интересни темите за Сатва, Раѓа и Тама, живот после смртта, секојдневен животен стил (што да се јаде, да се носи, фризури, итн.) и трета светска војна”.

SSRF е една од главните мотивации, кои стојат зад промените кои ги вклучив до одреден степен во животниот стил. На пример, се обидувам да ја оставам косата пуштена и поголемиот дел од времето ја носам направена во плетенки или ќе ја врзам на одреден начин. Речиси целосно ја елиминирав црната боја од мојот гардеробер. Најважно, го сфаќам значењето на пеењето во духовниот развој и се обидувам да го вклучам во мојот живот. Се борев (и се уште се борам) со многу работи во мојот ум, вина поради несаканите мисли, страв од духовите, итн. Читајќи за духовните причини за проблемите и негативните енергии и така натаму, ми дава подобра идеја за она што може да се случува. Во мојот случај можеби не се работи за негативна енергија која ги предизвикува овие проблеми? Без оглед на тоа каков и да би бил одговорот, пеењето на Божјото Име е начин за мене да се прочистам. Вашата секција за отстранување на недостатоците на карактерот може да ми помогне да ги надминам моите духовни слабости како лутината, алчноста, омразата и така натаму. Не можам да ги напишам сите мои чувства во оваа секција за оставање коментари, но повторно сакам да ви се заблагодарам што ни помогнавте во нашето духовно патување! Бога да ве благослови во овој потфат!

– Г-ѓа Дивја Б. Питсбург, Сад

SSRF Фејсбук (Facebook)

“Ги прочитав сите ваши постови и вашата фејсбук страна и веб-сајт беа оние кои можеа само да го отворат мојот ум и сфатив што се случува со мене. Вие ме направивте свесна за проблемите кои ги доживував поради преминатите предци. Во моите соништа доста често гледав змии. Како многу зла змија. Вашето истражување ми помогна да сфатам дека тоа беше Црната змија (Кала Наг). Во сликите на духовите кои вие ги опишавте, сум ги видела, нивните очи и заби. Гледам сенки околу мене. Ја пеев пеаницата Шри Гурудев Датта. Всушност не можам да пеам повеќе од неколку минути. Не можам да се концентрирам, а понекогаш се јавува и отежнато дишење. Па понекогаш само ја слушам пеаницата. Исто така, ја слушам и пеаницата “Ом Намо Багавате Васудеваја” дваесет и една минута. Ја применувам секојдневно и вашата терапија со солена вода. Веднаш после тоа се чувствувам подобро. Но тоа е само времено ослободување. Да, доста често доживувам и парализа во сонот. И самата имам Гуруа и ја собирам нивната помош. Исто така ви препорачувам да споменете за заштитата која ја нуди Името на Семејното Божество/Кулдев, многу е силна. Ви благодарам што ги отворате очите на луѓето како мене. Бог да го благослови вашиот тим”.

– Г-ѓа Ашвини Шеној, Барат

“Здраво :). Овој напис е прекрасен. Нешто за кое бев свесна, но вие дадовте придонес за тоа да ми биде повеќе јасно. Ви благодарам што дарувате знаење и мудрост. Пред околу една година додека пребарував духовни написи налетав на вашиот веб-сајт и после тоа два дена бев залепена на вашиот него и на крајот ги прочитав сите написи.

– Г-ѓа Каруна. П. Батиа, Барат

“Ви благодарам. Нешто духовно како ова го подобрува духовното знаење кај читателите. Кога тие се мешаат со луѓе го кажуваат она што тие го прочитале овде”.

– Г-дин Начимуту Јајакумар, Барат

SSRF на Јутуб (Youtube)

SSRF Видео за вегетаријанска наспорти не-вегетаријанска исхрана

“Во дебата за вегетаријанска наспроти не-вегетаријанска исхрана сум одел до бескрај и назад (јас сакам месо), и од морална гледна точка знам дека е подобар избор да се биде вегетаријанец, но она што мене дури и повеќе ме загрижува (и ги сакам животните) се духовните последици од јадењето месо. До сега, знаев дека јадењето месо ја намалува мојата вибрирачка фреквенција, ги попречуваше моите напори да медитирам, го затнуваше и забавуваше мојот систем, но никогаш не сум знаел за НЕГАТИВНАТА ДУХОВНА ВИБРАЦИЈА и силите кои го придружуваа месото. Ми ја дадовте состојката која недостасуваше да станам вегетаријанец без да се каам и без било какво повлекување или отфрлање. Ви благодарам. Намасте!”

– Весли Греам

SSRF Видео за духовните ефекти од овошниот сок

“SSRF – го проучувам вашиот веб-сајт доста често, почнав да ги применувам во пракса лекциите за неколку месеци и продолжувам. Обавуваам пеење цел ден, третманот со солена вода, ги проучувам Светите текстови и ги следам основните принципи на духовна пракса. Ги споделувам на фејсбук постовите од вашиот веб-сајт и ги поканувам сите да го посетат вашиот веб-сајт. Двапати месечно одам во центарот за лекување со прана во близина на мојата куќа и им помагам на луѓето со здравствени проблеми. Го променив мојот начин на живот и исхрана како би следел сатвик живот. Сакам да му служам на човештвото, да излезам од кругот на раѓање и умирање (самсара) и да постигнам ослободување (мокша). Се откажувам од сите плодови на моите постапки и ги нудам на Врховниот Бог (бидејќи јас не сум оној кој ја врши акцијата, туку тивкиот сведок). Ја нудам мојата почит, моите мисли, зборови и дела на Врховната Вистина, синот на Васудева, Багаван Шри Кришна. Јас сум негов приврзаник, негов слуга, негов пријател и негов обожавател. Се уште треба многу да направам, на јас сум на вистинскиот пат. Ви благодарам уште еднаш за прекрасното видео и ширењето знаење. Благослови до сите вас. Атма Намасте!”.

 – Г-дин Стефано Багалио

Октомври 2015-та година

“После практикувањето пеење на Божјото Име според мојата религија на раѓање и практикувањето исцелувачки мерки за временски период од шест месеци, забележав огромни промени во мојот живот. Заминав на одмор и тоа три неделно кампување од Онтарио до Алберта. Исто така, разни видови на големи работи се случуваат со мене или околу мене”.

– Г-дин Жерар Демерс

“Претходната ноќ имав искуство коешто го поделив за време на сатсангот, и како што Тина ми препорача, ви го праќам ова искуство. Синоќа после работа, јас и мојот колега поминувавме низ едно место со мојот мотор. При вртењето удривме во бетонски блок кој не требаше да биде таму. Јас возев, а мојот колега седеше позади мене. Бидејќи не бев подготвена за овој бетонски блок и доцна го видов, не можев да направам кој знае што, па така немавме избор и се удривме во него, а моторот се преврте и падна. Мене ме фрли на земјата, а мојот колега прво беше исфрлен во воздух за некој метар и падна повторно на земјата. Пред да се случи сето ова, ја повторував Универзалната пеаница. Ако го видите моторот, дефинитивно ќе помислите ако не сме починале, тогаш нашиот рбетен мозок е отсечен и сме останале парализирани. Но, фала му на Бога, освен понекои огребаници и модринки по нашите тела, ништо не се случи. Дури и мојот колега рече дека било како некој да го поместил да не удри во земјата со грбот и главата. Откако се случи ова, имав искуство дека ја сфатив оваа реченица – пеењето ја олеснува лошата судбина. Тоа беше многу добро чувство. Кога дојдоа другите колеги мислеа дека јас сум тажна и сакаа да сочувствуваат со мене, но јас навистина уживав од внатре”.

– Г-дин Мохсен А, Техеран, Иран

“Во моето семејство можам да осетам мир и полека доживував добри резултати од ден на ден. Се чувствувам благословена со SSRF, со вашите мерки за духовно исцелување, се надевам дека сите наши проблеми ќе се решат”

– Г-дин Саикиран Чопари, Хајдерабад

“Ви благодарам за вашите драгоцени одговори!!!.,, Светот е веќе во хаос!!! .,, Во денешно време хаосот многу брзо се шири насекаде низ целиот свет!!!.,,  Им препорачувате на сите да го следат Духовниот Пат, тоа ја покажува вашата симпатија кон луѓето”.

– Г-дин Махендра Реди, Бангалор

SSRF Фејсбук (Facebook)

“Ја следам Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), уште од 2012-та година, кога пребарував на интернет за духовни искуства. Овој веб-сајт кажува само вистина. Ова го велам затоа што го љубам Бога и давам се од себе да бидам во близина на Бога. И моето срце никогаш не се спротивставило на нешто што е напишано на SSRF веб-сајтот. Продолжете со добрата работа. За воздигнувањето мислев како во старите времиња, имало гуруа и добри луѓе кои го обожаваат Бога, сето тоа заврши сега. Но, SSRF ми даде надеж. Бог да ги благослови сите кои се вклучени во оваа служба. Нека секое човечко суштество биде инспирирано од оваа добра служба кон Бога”.

– Г-дин Рашке Хина (Земја непозната)

Го обожавам овој сајт………одлично потсетување и освежувачки за моето суштинско постење…

– Г-дин Самбо Сана, Лондон, Англија

Благословен сум многу што го пронајдов вашиот сајт. Ви благодарам, ви благодарам, ви благодарам за споделувањето знаење и духовни учења. Атма Намасте

– Г-дин Стефано Багалио, Италија

“Навистина го ценам овој сајт……навистина ме мотивира и истиот ми помага да сфатам што правам добро, а што погрешно….Бог да ве Благослови, мое почитување”.

– Г-дин Алан Мингуса, Италија

“Ви благодарам многу за одговорoт господa. Следбеник сум на вашата страница, како и на вашиот веб-сајт, многу одамна. Го видов вистинското животно искуство претставено од ваша страна за г-дин Самир кој имаше егзема и кој се излечи откако пееше Шри Гурудев  Датта”.

– Г-ѓа Апарна Камамету, Барат

“Навистина овој метод ги реши повеќето од моите проблематични ситуации, луѓето кои претходно беа гневни на мене, сега ми се наклонети!!! Сите негативни работи и ситуации во мојот живот, пополека се претвораат во позитивни!!! Често го применувам….Многу ви благодарам”.

– Г-дин Анкит Шах, Барат

“Драг господине, многу сум задоволен што се грижите за мене. Му се молам на Божеството Датта и на семејното Божество додека го применувам третманот со солена вода. Драго ми е да ве известам дека во последните три дена го применувам третманот со солена вода најмалку двапати на ден. И се чувствувам многу подобро од порано. Од првиот ден имаше голем ефект на мене и после долго време ја сфатив оригиналната свежина и доверба во мене. Го препорачав и на мојата сопруга, ќерка и син. Тие започнаа од денес”.

– Г-дин Динеш Пандја, Барат

SSRF гугл плус (Google+)

“Амин. Колку благословен е овој канал. Го пеев Божјото Име за Негово сочувство и милост. Угоре, па удолу, така се одвиваа работите. Се чувствувам подобро, и би требало да се пробијам на врвот повторно, но овој пат ќе останам таму и ќе ги избегнам моите зависности. Ви благодарам SSRF за вашата прекрасна содржина. Нека бескрајниот Катализатор ве награди и упати сите кон вистинскиот пат. Амин”.

– Г-дин Г Моула, (земја непозната)

Септември 2015-та година

Вашето служење е ништо друго освен славење на Бога

Вашата веб-содржина е навистина од голема помош за сите. Ве молиме продолжете да ги насочувате луѓето кои доживуваат непријатности. Вие ништо друго не правите освен што го славите Бога со тоа што ја обавувате оваа благородна служба.

– Г-дин Дев Рај, Голем Лондон

Божествена интервенција

Ви Благодарам. Неговата Божествена интервенција го насочи мојот ден….

– Г-ѓа Леана Коперфилд, Јута, САД

Ќе ги испробам мерките и ќе продолжам со пеење. Многу ви благодарам за вашата помош! Претходно поминував низ многу тешко време. Сеуште се грижам дека моите духовни проблеми беа полоши пред да престанам да пеам, отколку што беа пред да почнам. Но најважно, сега сум во ред!

– Г-дин Мајкл Гајдер, Сад

Вие ми помагате многу

Вашиот веб-сајт е апсолутно фантастичен! Исклучително информативен и многу ми помага во моментот при моето духовно патување

– Мунвајт од Твитер:

Ве молам објавете го ова

Здраво! Болката која веќе седум години ја осеќам во рамото се излечи со третманот со солена вода. Можете ли да го објавите ова на вашиот веб-сајт.

– Арвинд Кухар, Фаридабад

Ми се допадна следново во врска со SSRF

1) Го немавте рекламирано претерано основачот
2) Сте ги поставиле прашањата толку научно
3) Не сте како било која друга организација која се развила со текот на годините да се промовира за свои скриени мотиви
4) Не наметнувате никаков личен Гуру Дикша (Што е честа појава при денешните Гуруа и Баби)
5) Вие се фокусирате само на нечиј личен духовен раст и не ги принудувате да се придружат во некој нов култ

– Г-дин Абишек Утараканд

Оригинални во вашите напори да им помогнете на луѓето

Почитуван SSRF тим, моето срце осети благодарност кон сите кои се вклучени при овој веб-сајт. Навистина чувствувам дека овој веб-сајт е Подарок за Светот. Корисните информации и упатства, огромното богатство на знаење кое ни е овозможено, е навистина прекрасно водечко светло. Исто така, ми се допаѓа и начинот на кој се напишани вашите написи. Тие се користат како водичи, и во нив тие го замолуваат читателот да се обиде да го примени тоа, онака како што е дадено во написот, наместо да го принудува читателот со сигурност да се придружува до овие методи.

Исто така, поставував и прашања на овој форум и бев воодушевена што добив одговор во рок од еден ден. Лицето кое одговори на моето прашање беше пријатно и љубезно. И покрај тоа што видов дека моето прашање веќе беше одговорено на веб-сајтот во написот кој подоцна го прочитав, таа сепак направи време и напор да ми одговори. Исто така, сум воодушевна од посветеноста на детали во секој напис. Ми се допаѓа тоа што написите поврзуваат со други релевантни написи кои исто така би биле корисни, како и дијаграмите. Има толку многу причини зошто го сакам овој веб-сајт. Не само што го чувствувам ова бесконечно знаење стекнато, овој веб-сајт е оригинален во обидот да им помогне на луѓето. Оригинално, вистински и искрено им помага на луѓето во духовната потрага. Ви благодарам за неверојатниот веб-сајт.

– Читател

Релаксирано спиење

Почнав да го применувам третманот со солена вода, првиот ден не осетив ништо. Вториот ден добив болка во грлото (се случува секогаш кога имам температура и не можам да голтам храна) ја имам оваа болка од претходно и ја контролирав со специјална течност за дезинфекција на грло. Третманот го применував секојдневно навечер пред спиење. Сега, и покрај тоа што имам соништа се осеќам опуштено додека спијам.

– Г-дин Тарун Сароде, Бангалор

Да, би сакал да се придружам. Ве молам информирајте ме кога е сатсангот и кое време ќе се одржува. Јас сум од Малезија. Преферирав месо, но сега сум вегетаријанец. Нека Бог ми го покаже вистинскиот пат. Ом Шанти. Благодарам.

– Г-ѓа Шаране Балакришан, Куала Лумпур, Малезија

Звучи навистина добро…..јас живеам во хостел, но некако успевам да пеам. Но, јас ја зборувам вистината, се чувствувам многу поблиску до Бога.

– Г-дин Акил Модгил

SSRF многу ви благодарам. Вежбам многу духовни практики, и една од нив е пеење на Божјото Име. Ви благодарам за вашата понуда, Бог да ве благослови.

– Г-ѓица Ести Левинсон, Флорида, САД

Август 2015-та година

Чувство на промена

“Најпрво, се чувствувам одлично! Чувстувам и гледам огромна разлика откако почнав да пеам”.

– Зенобиа Нанан, Тринидад и Тобаго

Далеку над религии

“Ви благодарам многу што ми одговоривте и што обезбедувате таков прекрасен ресурс за луѓето (без оглед на тоа од која религија тие потекнуваат или тврдат дека се)”.

– Г-ѓа Татјана Салас, по потекло од Молдавија, место на живеење: САД

SSRF-фондацијата е неверојатна, стравот исчезнува

“За SSRF дознав од мојот пријател којшто се интересира за духовноста. Тој трудољубиво е во потрага по написи за духовноста на интернет. Тој на интернет наиде на написите од SSRF, и му се допадна многу содржината во тие написи, а потоа написот го сподели со мене. Јас исто така се интересирам и почнав да ги читам написите на веб-сајтот на SSRF. Првиот впечаток кој го добив беше чувството дека SSRF е неверојатен; многу од моите сомнежи во врска со Бога, беа одговорени. Имав сомнеж во врска со Апсолутната Вистина, бидејќи во овој свет има многу религии, и многу конфликти исто така се случиле во името на религијата. Благодарен сум на Бога за присуството на SSRF, повеќе немам страв и сомнежи за мојата иднина.

– Г-дин Франсискус Аџи, Бандунг, Индонезија

Искуство на повисока состојба

“Почнав да го пеам Името на моето семејно Божество, осеќав како умот да ми беше сосема празен, без мисли …… после неколку минути, не можев да дишам. Не осеќав никаква потреба да земам здив или да издишам …… не знам колку време останав во оваа состојба и по некое време престанав. Подоцна на интернет открив дека тоа е Крија или уште наречена безвоздушна состојба. Многу сум среќна што го направив тоа и што за прв пат го постигнав”.

– Сурав Буниа, Чандигар

Чувство на Благословеност со знаењето од SSRF

“Пребарував на интернет во врска со негативна енергија, за мојата сестра, и се појави овој веб-сајт, и од моментот кога почнав да ги читам написите во овој веб-сајт, навистина верувам дека тој ми е испратен од Бога. Сметам дека информациите се непроценливи, и како што читам се повеќе и повеќе, се чувствувам како да сум Благословена со се повеќе и повеќе информации. Имавме некои ситуации кои не можевме да ги разбереме, а написите од вашиот веб-сајт придонеса за многу повеќе смисла. Се чувствувам Благословена од вашиот пријателски топол и прекрасен одговор.

– Г-ѓа Х, (молба да не го објавуваме името), Индија

Нестрплив да практикува напредни техники за исцелување

Го применувам третманот со солена вода и обавувам пеење изминатите девет месеци. Овде сакам да го споделам моето искуство. Секогаш кога ќе го применувам третманот почнувам да зевам и ми насолзуваат очите. Обично, третманот со солена вода го применувам за триесет минути. После неколку дневна пракса започнав да го применувам и третманот со кутии, како и третманот слушање на Божествени звуци кои ми се чинеа посупериорни во однос на третманот со солена вода. После два месеци, т.е. еден ден додека го читав веб-сајтот на SSRF, беше дадено како допирот, мирисот, вкусот и енергијата која е поврзана со нив коегзестираат, па откако го прочитав тоа добив идеја да испечатам слики на Божества, а потоа ги лепев на моето тело што даде добри резултати во однос на претходни мерки, а потоа залепив слика од Н.С. Др. Атавле заедно со слики од Божества и тоа ми помогна да се концентрирам на моите студии, отстрани несакани мисли, отстрани негативни мисли, и придонесуваше да имам среќна состојба на умот. Откако ги искусив напредните техники за исцелување, се појави сомнеж за тоа дали е исправно да се поставуваат слики од Божества. Па така испратив порака, ве молам за насока да ме обезбедите со потребните упатства, можете ли да ми кажете за напредните методи за исцелување.

– Г-дин Н, (молба да не го објавуваме името), Индија

Праксата го прави пеењето полесно

“Откако почнав да пеам, пеењето стана многу полесно и почесто го пракиткувам. Особено кога сум под стрес! ги осеќам придобивките! “

– Г-ѓа Карен Сироко, Џорџија, САД

Неподложен на никаков ефект или влијание при пеење на Божјото Име.

“Да, го искусив тоа лично. Јас ја зборувам вистината, без лажни факти. Сето ова е можно само поради насоките добиени од SSRF. Темите на SSRF можат да ги разберат, само оние кои поминале низ овие духовни искуства, добри и лоши. Обавувам пеење, но понекогаш умот континуирано пее дури и кога сакам да престанам. Тој не е вознемирен од други работи, туку кога се пее со концентрација тогаш умот бива повеќе вознемирен. Ова е иронијата која јас ја сфатив”.

– Г-дин Акил Модгил, Индија

Благодарен за вистинската помош

“Ви благодарам што ми одговоривте…..за разлика од другите организации, кои се промовираат самите себе, но никогаш не се обидуваат да им помогнат на луѓето. Го следев вашето упатство за повторување “Ом Намах Шиваја” континуирано со бројаница. Во почетокот имав мал отпор, се осеќав некако тешко, уморно, поспано….но се чувствував многу подобро кога ќе завршев”.

– Г-дин Шаниш Анџелфајр

Учења неопходни за човештвото

“Ако Бог зборуваше,Тој од срце ќе ви се заблагодареше за вашата интензивна работа поврзана со духовноста, бидејќи тие се неопходни за развој на човештвото и мора да бидат пренесени преку основни правила и со добро значење диктирано од страна на мудреци, како што се оние кои ви ги дале учењата на располагање за вашиот сајт”.

– Сачи Сиднен, Реинион островот, Франција (Француски SSRF Фејсбук)

Јули 2015-та година

Заинтересирана да присуствува на пет дневен курс

“Го пронајдов вашиот веб-сајт додека барав начини како да го прочистам моето енергетско тело и една од работите кои ги обавував е третманот со солена вода за да ја прочистам мојата “црна енергија” како што вие ја нарекувате….. . Па така, многу сум заинтересирана да го земам курсот (пет дневните курсеви) и баш би сакала да научам повеќе со вашиот институт. Се надевам дека сум добар кандидат. Благодарам за вашето време”.

– Г-ѓица Каролина де Гаја, Сао Паоло, Бразил

Копнеж по Бога

“Ви благодарам. Ги пеам и двете пеаници (според религијата на раѓање и Шри Гурудев Датта). Квалитетот на мојот сон се подобри. Помалку ги осеќам мирисите за разлика од претходно. Миризбите се помалку за разлика од претходно. Кога пеам добивам болка, мириси, настинки, се наежам, но кога ќе продолжам да се трудам и бидам истрајна кога пеам, сето ова се намалува. Исто така, го применувам и третманот со солена вода. Кога ќе почнам да се молам, нешто удира по таванот или прави нешто друго. Мојата желба е да ја пронајдам Божјата милост, многу повеќе отколку порано. Копнеам по Бога затоа што знам дека постои големо зло, и така нашиот Бог е вистината. Ве молам насочувајте ме повеќе за да бидам ослободена со радост во нашиот Бог”.

– Г-ѓа Еми Омбонија, Најроби, Кенија

Вашата помош е од големо значење

“Ви благодарам, ќе го применам ова (Пеење на Божјото Име и Третманот со солена вода) на дневна основа. Навистина ја ценам сета ваша помош и сите ваши совети. Тоа значи дека направивте многу за мене”.

– Г-ѓа Карен Кандола, Велика Британија

Дава живот на оној кој изгубил се

“Бог да ве благослови вас и вашиот тим. Вие еден ден ќе победите и сите ќе го следат вашиот пат. Вие навистина му давате живот на оној кој изгубил се. Мојата душа е ваш руни (ваш должинк) – руни значи абхари (благодарност)”.

– Г-ѓа Сапна Санду (локација не е дадена)

Спасување од несреќа

“По интеракцијата со вас во последните десет дена, следејќи ги препораките добиени од вас, продолжувајќи со пеењето, осеќајќи го позитивниот ефект, сето ова го споделив со семејството исто така…… со мојата сопруга, синот, а исто така и со пријателите, а некои покажаа и интерес. Денес додека возев од дома кон работа  се обидов да претекнувам помал камион и одеднаш видов автобус кој доаѓа од спротивната страна, и во тој момент Божјата милост беше тоа што другите возила отстапија место за да можам лесно да маневрирам и за влакно да бидам спасен. Ве молам предложете ми начини да ја подобрам мојата духовна пракса. Во тој момент бев малку шокиран, а потоа му се заблагодарив на Семоќниот, и одеднаш во умот се јавиа мисли за семејството. Пред тоа, за време на возењето, како и обично имав пуштено Божествена музика, и постанав емоционален, солзи почнаа да ми течат……

                                                                                         – Г-дин Гангадар Упин, Бенгалуру

Споделување на овој веб-сајт со пријателите

“Станав луд од што толку сакам да го читам овој веб-сајт. Навистина сте многу добри и неверојатни. Толку многу содржина што навистина немам време ниту да ја прочитам. Прекрасни објаснувања за патот да се достигне Бога. Откако го видов овој веб-сајт, навистина осетив среќа во мојот ум. Бидејќи имам проблеми со мојата тековна работа. Откако прочитав некои написи, престанав да се грижам за мојот иден живот и работа и имам само мисли за духовноста. Веќе имав многу љубов за Божества. Но откако го согледав духовното ниво, можев да видам каде стојам и со нетрпение се обидувам да го зголемам моето ниво. Исто така, овој веб-сајт го споделив со многу од моите пријатели, родители, и оние кои се заинтересирани за духовноста, и тие исто така почнаа да го читаат. Навистина неверојатно. Ве молиме само продолжете го истото и желби за понатамошни подобрувања.

                                                                                                  – Г-дин Ашвин Кумар, Мадура

Јуни 2015-та година

Не постојат случајности

“Читајќи во написот, неодамна почнав да обавувам пеење, осетив мир и спокојство, а понекогаш осеќам и непријатности. Ви благодарам за овој пост (постот кој вели зошто понекогаш чувствуваме непријатности кога ќе почнеме да пееме), но не постојат случајности, ова беше наменето за мене да го прочитам, бидејќи престанував со пеењето кога ќе осетев непријатности”

                                                                           – Г-ѓа Карен Сирако, МекДона, Џорџија, Сад

Благодарност

“(SSRF) ви благодарам за вашата љубезност и помош. Ќе се обидам да го применам тоа што ме советувате (пеење на Божјото Име). Ви благодарам уште еднаш и Бог да ве благослови”.

– Г-дин Абас Алабуди, Багдад, Ирак

После читањето за Агнихотра

“Обавувам (Агнихотра) редовно, но во денешно време сега и тогаш,…..Но сепак имам желба да го ширам и пренесам овој ритуал на многу луѓе, така што да може истиот да се прошири на голема област….Нека благословите на мојот Гуру бидат со мене….кога ќе кажам нешто за Него, чувствувам огромна љубов и почит и посветеност кон врховниот Бог…”

– Г-ѓа Вринда Вијалакшми Кочакришнан, Тривандрум, Барат

Не останаа повеќе прашања

“Во мојот ум не остана ниту едно прашање и чувствувам дека одам по вистинскиот пат на духовна пракса, а вашите предлози, поддршка и насоки, одиграа клучна улога во целото ова разбирање и напредок. Ќе ви бидам должна целиот мој живот”.

 – Г-дин Амит Кумар, Ахмедабад

Исчезна главоболката

“Вчера додека пребарував на интернет да ја дознам целта на животот, го посетив овој сајт и прочитав некои теми. Навистина ми помогна да разберам многу повеќе за духовноста. Ви благодарам многу. Утрово, патев од сериозна главоболка и нагон на повраќање. Потоа помислив да го пренасочам мојот ум со слушање песни, применување мелем за болка на главата, но и тоа не функционираше добро. Потоа помислив да го читам овој сајт. Денес читав на темата стекнување духовни искуства и ги проучував некои од искуствата на трагачите. Околу дваесет минути поминаа додека поминував низ некои теми поврзани со ова. Одеднаш сфатив дека мојата главоболка исчезна и не можев ниту да замислам дека сум имала главоболка. Ви благодарам за прекрасната услуга која ја нуди овој сајт. Му благодарам на Бога за дадената можност да бидам член на овој сајт. Навистина сум среќна со вашите напори и тоа што можам да бидам член.

– Г-ѓа Тивја Р. Тиравлур, Барат

Мај 2015-та година

Чувство на заштита и спокојство

“Откако почнав да обавувам (пеење на Божјото Име), пред неколку месеци…., првите пет минути… ја почувствував разликата, мирни и јасни мисли….., од тогаш осеќам раст и чувство на заштита…. исто така осеќам и потреба да пеам…., исто како потреба за храна…., но времето секогаш не дозволува…., успеав да покачам од пет минути на две одделни сесии по триесет минути на ден.,,,нема постојан распоред…., ја пеам пеаницата ШГД (Шри Гурудев Датта) и Божјото Име според мојата религија на раѓање…, што е ова “Блаженство” за кое вие зборувате…., можете ли да го опишете тоа чувство”.

– Г-дин Филипе де Пералта, Манила, Филипините

Желба активно да служи

“Хари Ом. Јас сум Химена од Боливија, Јужна Америка и сум следбеник на вашата фондација, колку само корисно и сигурно е сето знаење кое вие го споделувате, сакам да ви кажам “Благодарам”. Многу сум заинтересирана да бидам активен член. Па така, би сакала да бидам повеќе запознаена, доколку е можно ве молам да ме известите. Со почит”.

– Г-ѓа Химена Ајо Касо, Боливија, Јужна Америка

Сфаќање на вистинската цел на човечкиот живот

“Најдобра духовна организација досега. Навистина правите добра работа со тоа што ги насочувате луѓето во врска со нивната главна цел на животот. Благодарение на вашето водство и организација како што сте вие, многу луѓе се заинтересирани за духовноста. И јас исто така мислев да постанам голема личност со тоа што ќе заработував се повеќе и повеќе пари како моја главна цел на животот, но сега со вашето водство имав можност да дознам дека главната цел на човечкиот живот е да се постигне духовен напредок. Под ваше водство ја започнав мојата духовна пракса во согласност со шесте основни принципи”.

– Г-дин Шубам Такур, Чамба

Споделување написи со пријатели

“Уште еднаш ви благодарам многу, што одговоривте на моите прашања…., благодарение на вас можев да разрешам многу сомнежи кои ги имав во животот. Можам да кажам дека, откако почина мајка ми, навистина сакав да пронајдам одговори (за животот после смртта или задгробниот живот) и често читав книги, пребарував по интернет, а потоа најдов еден напис на SSRF за животот после смртта. Овој напис ми помогна да бидам во можност да ја прифатам ситуацијата…. имаше смисла. Потоа се пројави интерес за читање на повеќе написи и се обидував полека да ги разберам. Многу од написите на SSRF се доста интересни и се всушност многу коринси, исто така сакам да го споделувам и линкот (кој води кон написите) со моите пријатели за да повеќе луѓе станат посвесни”.

– Г-ѓа Ренси Ели, Тангеранг , Индонезија

Конфузијата се трансформира во мотивација

“Почитуван SSRF тим, ви благодарам многу за одговорите на моите прашања. Она што е опишано погоре е од голема корист. Барем не се чувствувам повеќе конфузно во врска со животот кој го живеам сега. Исто така, ги прочитав сите написи на овој веб-сајт (SSRF веб-сајт), благодарен сум што во гугл пребарувачот напишав “живот после смртта”, а потоа застанав на овој веб-сајт. Читајќи се што е напишано на него, ми дава повеќе мотивација да се доближам до Бога”.

– Г-ѓа Ририн Дјана, Бандунг, Индонезија

Интензивно проучување на овој веб-сајт

“Најмалку 80% од моите сомнежи се разјаснети како резултат на интензивното читање на вашиот сајт. Благодарна сум од дното на моето срце”.

– Читател, Консепсион, Чиле

Ослободување од грди визии

“Со отворени очи гледам наоколу многу  Светци облечени во бело, кои тепаат жени облечени во црно и ги замолуваат да го напуштат моето тело и мојот дом. Овие работи ги гледам од мојата петнаесетта година, но пред тоа кога и да почнам со моите молитви во црква, не можам да се молам и да пеам редовно, бидејќи во тој момент мојот проблем се зголемува, а молитвата на свештеникот дава олеснување за малку време, но тоа не е најдобрата помош. Но сега вашиот метод на исцелување ми помага да ги одржам моите молитви и пеење редовно. Не сум целосно во форма, но благодарение на вашиот труд добивам големо ослободување. Ви благодарам за сe”.

– Г-ѓа Пријанка Хитеши, Батинда

Целосна благодарност

“Ви благодарам за вашиот брз одговор, немам подобри зборови да ви се заблагодарам затоа што ме насочувате во врска со моите сегашни потешкотии. Секогаш ќе бидам благодарен на SSRF за ова водство. Нека Божествената Мајка ги истури нејзините одбрани благослови на вас и SSRF. Продолжете со својата добра работа. Знам дека само благодарење и добри зборови нема да помогне да се одржи една организација, па така ќе донирам во рамките на моите можности, веднаш после овој пост”.

– Трагател, Сингапур

Чувство како да сум дома, дури и кога сум далеку

“Ви благодарам за вашиот прекрасен сајт и вашата прекрасна организација. Се надевам дека, ако треба да се родам повторно, ќе се преродам во Индија, па така да бидам поблиску до Светците и прекрасните храмови и ашрами, бидејќи е тешко за мене да најдам верници, а исто така и храмови, поради мојата моментална состојба. а исто така во моментот е тешко за мене да патувам на долги дистанци”.

 – Г-ѓа Мадави Вајт, Нов Зеланд

Длабокo и широкo објаснување

“Беше прекрасно да се погледне духовната информација на вашиот веб-сајт, се чувствувам одлично по гледањето на едно такво подлабоко и јасно објаснување за духовните практики. Одлична селекција на теми кои го покриваат секој аспект како духовност, здравје, универзумот, решенија, социјални прашања, глобални прашања, и така натаму!”

– Г-дин Виѓаираѓ Сундарараѓ, Барат

Април 2015-та година

Вреднување

“Благодарам за вашиот сајт, многу е информативен и браво за сите истражувања што ги правите. Ви благодарам за брзиот одговор и вашата помош”

– Г-ѓа Силви Арантча, САД

Сваќање на врската со секојдневниот живот

“Благодарен сум да ве имам вас за помош, бидејќи претходно јас не верував во духовните работи. Веб-сајтот е многу корисен и ми помага да разберам дека духовната димензија влијае на нас на дневна основа”.

– Г-ѓа Џордана Ного (алијас име), САД

Прекрасен веб-сајт

“Го најдов SSRF кога во гугл пребарував за “ангелски крилја”, потоа прочитав и други написи и одлучив + сфатив дека ова (SSRF) е одличен веб-сајт и организација :)”.

– Г-ѓа Леонард Чанг, Индонезија

Постојано подобрување на опсесивно компулсивно нарушување

“Обавувам духовна пракса како што е кажано на веб-сајтот, ја пеам пеаницата Шри Гурудев Датта, Името на моето семејно Божество, и го применувам третманот со солена вода. Пеењето на пеаницата Шри Гурудев Датта, во голема мера ми помогна со опсесивното компулсивно нарушување”.

– Г-дин Мајур, Мумбаи

Повторно воспоставена врска

“Здраво – ви благодарам многу за овој веб-извор. Се чувствувам повторно поврзано со мојот дом”.

– Г-ѓа Суџата Укидејв, Канада

Го обожава Сатсангот

“Минатата недела се приклучив на сатсангот кој се одржува онлајн, беше многу убаво, а трагачот кој го водеше сатсангот, навистина беше прекрасно да се запознам со него! Секогаш уживам  да го слушам  трагачот кој води сатсангот и ги обожавам шесто сетило – експериментите и исто така обожавам да слушам за разните духовни искуства на трагачите, прекрасно е”.

– Г-ѓа Мадави Вајт, Нов Зеланд

Чувство на промена за само три дена

“Здраво почитуван SSRF тим. Најпрво сакам да ви се заблагодарам за овозможената прекрасна платформа на духовно знаење за нас. И само со применување на третманот со солена вода, можам да осетам промена во мене. Третманот го применував само за три дена. Ви благодарам многу. Го ценам вашиот труд и се што правите”.

– Радеја 1, Индија

Активен но сепак смирен

“Ви благодарам за поддршката. Што се однесува до ефектите на пеењето – одлично е. Се чувствувам мирно и многу активно деновиве за разлика од претходно. Целиот ден останувам свеж и секогаш е присутно чувство на задоволство”.

– Г-дин Аџит Павар, Индија

Барање за поширок домет

“Господине, ве молам преведете и на хинди, многу корисници не можат точно да разберат. Доколку објавите во хинди, многу корисници би можеле да ги придобијат предностите. Почнав само со пеење на Името на моето семејно Божество. Сакам да го продолжам пеењето и ќе се обидам исто така да се искачам на повисоки скали. Господине, јас сум нов во ова, и да ги читам вашите написи на вашиот веб-сајт и навистина би бил среќен ако тоа се слични и на Фејсбук”.

– Г-дин Маниш Агарвал, Џајпур

Духовните принципи се универзални

“Многу работи може да се изземат од овој (пост на ѕидот за Светец). Сметам дека е освежувачки да се слушнат овие концепти изразени во форма која не се фокусира на религијата”.

– Г-дин Клинтон Р. Силивант, САД

Март 2015-та година

Прекрасен труд кој им помага на многу!

“Ви благодарам повторно за се што правите. Вашиот сајт е МНОГУ информативен. Секој пат кога ќе помислам дека прочитав се, наоѓав нешто што не сум прочитала. Вие вршите прекрасна работа со тоа што им помагате на многу, многу луѓе духовно – и тоа е многу моќно. Ќе ве држам сите вас и вашиот сајт во моите молитви!”

– Г-ѓа Кристин Нелсон, Лоренсвил, Џорџија, САД

Верба во истражувањето на SSRF

“Ом Свасти Асту (поздрав на балиензе)……Многу ми е драго што можам да продолжам да комуницирам со SSRF…….на интернет пребарував многу за духовноста, но чувствувам дека само SSRF се вклопува…..и верувам во методите на истражување на SSRF”.

– Г-ѓа Лу Путу Витариати, Денпасар, Бали

Читање на повеќето од написите на SSRF

“Поздрав, Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) ја најдов преку интернет. Го отворив интернетот и барав работи кои беа од мистична или духовна природа, ми се допаѓаат духовните теми, потоа случајно најдов напис на SSRF под наслов ‘духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)’. Потоа го прочитав целиот напис; дури и ги прочитав повеќето од написите на SSRF. Ми се допаѓа и се согласувам со она што го прочитав и целосно го подржувам. Ви благодарам”.

– Г-ѓа Судирман Таха, Индонезија

Долгата потрага е завршена

“Овој пост го пишувам не да поставам било какви прашања, туку за да ви се заблагодарам неизмерно затоа што ми го покажавте вистинскиот пат….., мојата душа уште од детството го поставуваше ова прашање за правилниот начин на живеење…. Избрав да станам хомеопатски доктор од сите професии, но и понатаму не го наоѓав правиот пат…… Барав насекаде…. уште од детството започнав со интроспекција, но поради тоа што беа присутни и позитивни и негативни мисли, не бев во можност на душата да и дадам одговор….. Барав на многу сајтови, но нигде не најдов такво темелно знаење објаснето на таков едноставен начин…. Ви благодарам многу…. Не можам со зборови да ја објаснам благодарноста која ја осеќам, бидејќи не постојат зборови кои би имале таква објаснувачка моќ кои би можеле да ја објаснат повисоката форма на среќа која ја осеќам…. Во природата постојат различни области за проучување…….но знаењето за Бога е Совршено, бидејќи ниту една друга област е совршена…..Ви благодарам многу…..со почит”.

– Др. Нехал Шети, Мумбаи

Намалена негативност во голема мера

“Пеењето донесува толку голема придобивка. Осеќам дека сум почувствителен на негативните енергии, на пример, кога станува збор за музика, забележувам дека повеќе не можам да ја толерирам електронската поп музика и хеви метал, иако порано тоа го слушав. Всушност, многу работи се променија во мојот живот и продолжуваат да се менуваат откако го пронајдов вашиот сајт. Во мојот живот имаше многу негативности, но сега многу помалку. Се уште се јавува понекогаш, но сега знам како да се носам со тоа и разбирам дека раѓа-тама активностите привлекуваат негативност. Исто така се осеќам многу покорисно и повторно се поврзувам со Создателот, чувствувам дека нешто ме води на секој чекор од патот…Го прочистував просторот во кој живеам и се капам со гомутра и осеќам дека тоа помага да се пренесат духовно позитивни вибрации”.

– Киран Ј, Сингапур

Започнав духовна пракса

“Моја духовна пракса се молитви, пеење и повремено читање на духовни текстови, особено SSRF веб-сајтот на кој има толку многу духовно знаење и мудрост”.

– Г-ѓа Рилабога Реа Сефако, Австралија

Не се плашам од иднината

“Духовната пракса ме трансформира. На пример, не ме допира тоа ако изгубам пари и не се плашам од иднината, бидејќи знам дека Бог има план за мене”.

– Г-дин Натан Колинс, Белгија

Сајт да го обедини светот

“Прекрасен сајт со вредна содржина, да го обедини светот на духовен начин, мои благослови за овој сајт”.

– Г-ѓа Сварн Капур

Февруари 2015-та година

Нестрплива да започне!

“Почитуван тим, многу ви благодарам! Пред да ви напишам пеев одредено време, но не толку многу. Веднаш ќе го пробам третманот со солена вода.  Се надевам дека ќе помогне….. имам многу многу проблеми, негативни мисли, многу сум мрзелива, не се гледам себеси во иднината….. бидејќи се плашам и немам повеќе никаква цел во мојот живот, се ми е здодевно….. но сега се ќе пробам!!! Многу ви благодарам, многу!!!”.

– Г-ѓа Кинга Фалуси, Грац, Австрија

Толку многу корисни написи 

“Здраво? Ви благодарам многу за информациите (написите за делувањето на Светците врз опседната особа и духовно исцелување), беа многу корисни за мене”.

– Г-ѓа Ида Ида, Хонг Конг

Желба да се рашири зборот 

“Колку би сакал овие практики (духовна пракса) да се спроведуваат тука во Кенија. Луѓето немаат вера. Ве молам дојдете да помогнете. Ајде да го научиме светот. Знам дека ВЕРАТА е се. Љубов, среќа, здравје и радост и небесно богатство е само за оние кои имаат МУДРОСТ”.

– Г-дин Патрик Бахати, Џој Хилс, Кенија

Јасност во сите објаснувања 

“Ова е најдобриот веб-сајт кој сум го видел. Јасно не едуцира за тоа што е духовност и духовни нивоа: Сите такви информации на вашиот веб-сајт се одлични. Ви благодарам! Многу јасни објаснувања за се. Многу информации за тоа како се предизвикуваат проблеми во животот, ви благодарам”.

– Г-дин Картик Пураник, Багалор

Служење без било каков надомест 

“Ви благодарам, навистина го ценам тоа што го правите, особено затоа што тоа не го наплатувате. Ова ја потврдува вистинитоста на вашата мисија. Благодарам уште еднаш”.

– Г-дин Идрис Фараг, Либија

Недостатокот на вера во Бога ми наштети 

“Вашиот сајт го пронајдов околу 19-ти јануари. Мислев дека ќе ми помогне да го забрзам својот духовен раст во комбинација со програмата за анонимни алкохоличари во која учествувам. Таа одлука ја донесов на основа на петте сетила, а сега кога се вмеша и шестото сетило гледам дека духовниот пат и раст не се додаток на третманот, туку истиот е од суштинско значење. Почнувам да сфаќам како мојот недостаток на вера во Бога влијаел на мојот живот и сериозно ме оштетил и ограничил на толку многу начини, особено во личните односи. Не само на релација дечко/девојка, туку и при работа и семејните односи.

Навистина го ценам вашето потсетување да го заборавам минатото и да не размислувам постојано што ќе биде во иднината, бидејќи тоа ме оддалечува од Бога. Исто така, морам да се потрудам да го смалам моето его. Моето его сега е големо и силно. Дури сега гледам како моето его постојано ја блокирало Божествената Светлина. Она што најмногу ме привлече кон веб-страната на SSRF, беше гаранцијата за брз духовен раст, доколку се вложи искрен труд”.

– Г-дин Еди Бирд, САД

Заштитен од Богот Датта 

“На 18-ти овој месец, отидов во Харидвар со зетот, бидејќи свештеникот им рекол дека ги вознемирува духот на неговиот покоен татко и дека им прави проблеми како без причински расправии во семејството. Тоа суптилно тело почнало да се појавува и во нивните соништа, итн. Додека одев со нив ја пеев пеаницата Шри Гурудев Датта и се молев да ме прими во своето засолниште. Откако стигнавме таму, дознав дека во хотелот во кој престојуваме, постои храм на Богот Датта. Во тој момент сфатив дека оваа мантра навистина функционира”.

– Г-дин Ануп Синг, Барат

Потребни ми се постојани совети 

“Почнав да работам според вашите совети. Се надевам дека ќе ги надминам сите препреки од негативните енергии и дека ќе го продолжам духовниот пат со вашите и Божјите благослови. Ве молам продолжете да ме советувате…… Ви благодарам уште еднаш што ми пишавте и што ме мотивиравте. Се пријавив за сатсанг. Се надевам дека ќе продолжите да ме благословувате. Нека Бог ми даде сила да продолжам со духовната работа”.

– Сита Рам, Канада

Веб-сајт на кој може да му се верува 

“Поминаа неколку годии како го читам веб-сајтот на SSRF и сакам да прочитам се што е објавено на него. Прекрасно е тоа што имав можност да дознам за овој веб-сајт, мислам дека тоа беше 2009-та година, кога пребарував на интернет за духовниот пат. Од тогаш, редовно го читам секогаш кога ќе почувствувам потреба духовно да се поврзам. Уживам во читањето на веб-сајтот, воглавном затоа што се е на научна основа и тоа што обезбедува докази и примери за се со споделување на конкретни примери, што е од огромна придобивка во ова време на толку многу лаги и измами. Она што е добро во врска со SSRF, е тоа што се е напишано едноставно, на начин кој е приемчив за сите.

– Г-ѓа Нандини, Бангалор

Помош доаѓа кога постои желба за напредок 

“Помош е секогаш тука за оној кој сака да напредува духовно и сака да го спознае Бога. Бог навистина индиректно ми помогна со тоа што ме донесе во контакт со SSRF. Вашата работа е спонзорирана од Бога.

– Проф. Џаидипкумар Бабрија, Барат

Излечена од алергиски ринитис 

“Благодарност до SSRF што го споделивте ова знаење со нас. Моето семејство потполно се промени на подобро, воглавном благодарение на SSRF…. Од срце ви благодарам. Нека Бог продолжи да ве користи како би ги променил нашите животи. Ќе испратам и-мејл до SSRF со сведоштво за тоа како пеењето на Божјото Име потполно ме излечи од тешкиот хроничен алергиски ритинис од кој патев четириесет години. Во рок од три месеци откако ја осознав моќта на пеењето на Божјото Име и откако пеев секојдневно колку можев (повеќе часови во текот на денот), потполно сум излечена. Со пеење на Божјото Име почнав на 21-ви ноември 2014-та година,  и до средината на февруари, поточно 14-ти февруари 2015-та година, потполно бев излечена”.

– Г-ѓа Мери Набила Алеш, САД

Благодарен 

“Го сакам вашиот веб-сајт. Ви благодарам на сите за се што правите и ви благодарам за споделувањето. Ова е вистината која стои зад духовната пракса. Со SSRF започнав пред два месеци, читам важни написи и вежбам”.

– Аку-Мату

Јануари 2015-та година

Парализа во сонот 

“Фондација за истражување засновано на духовната наука – Индија (SSRF Фејсбук – Индија) – Откако го прочитав овој напис (Парализа во сонот) веднаш го споделив со семејството и пријателите. Она што го прави интересен овој напис е вашето објаснување на двата аспекта на оваа појава, медицинскиот и духовниот…..постојано ги споделувам вашите најдобри истражувачки написи.

  – Индира Шоме Дутта, Барат

Придобивки од пеењето 

“Здраво господине, секогаш ги читам написите од SSRF и многу научив од нив. Неодамна пробав со пеење на пеаницата Шри Гурудев Датта. Имав некои искуства за кои би сакал да проверам дали се резултат на пеењето. Имено, после десет до петнаесет минути пеење и можев да видам околу мене смирувачка светлина која ме опкружува. Се осеќав радосно”.

 – Тео Гим Хви, Малезија

Прекумерни мисли кои како да се тркаат низ умот 

“Баш ова е написот (Придобивки од молитвите) кој го чекав. До сега ми се чинеше дека мислите никогаш нема да ме остават на мира, никогаш не можев да се наспијам или да се фокусирам на секојдневните задачи, ниту пак да се опуштам, бидејќи умот ми беше исполнет со прекумерни мисли кои како да се тркаат низ умот.

 – Г-дин Калвин Бел, Тенеси, САД

Решавање на проблемите 

“Пред неколку дена сонував дека добивам диплома по духовна наука, а професор ми е Исус. Мојот факултет е Фондацијата за истражување засновано на духовната наука  (SSRF). Во сонот ми беше кажано дека би можеле да бидат потребни две години додека да ја завршам програмата. Бев пресреќна кога се разбудив, бидејќи оттогаш откако Бог ми помогна да го пронајдам SSRF тој петок на 21-ви ноември, многу сум поблиску до Него. Конечно го знам вистинскиот пат за постигнување единство со Бога. Сите проблеми кои ги имав досега за овие четириесет и една година, се разрешија со помош на SSRF. Се осеќам како нова и сум многу среќна и мирна жена сега, и покрај тоа што секојдневно се соочувам со толку многу предизвици. Пред да го пронајдам SSRF, го молев Бога да го заврши мојот живот, бидејќи страдањето беше неиздржливо. Бев преполна со негативност. Едно применување на третманот со солена вода, како и пеење на Божјото Име, променија се. Ви благодарам многу SSRF. Само Бог кој ве пронајде за мене, може да ви се оддолжи во мое име”.

  – Г-ѓа Мери Набила (земја непозната)

Разни религии 

“Пред да почнам, дозволете ми да се претставам, името ми е Харса, јас сум муслиман. Неодамна го прочитав написот за животот после смртта кој вие сте го напишале од перспектива на Будизмот и сметам дека е многу интересен за читање.

Исто така, додека пребарував на интернет за процесот по смртта, наидов на ваш напис и да бидам искрен се што е напишано од страна на вашиот тим, ме инспирира. Денес попладне за прв пат се приклучив на SSRF сатсангот за Европа преку скајп. Темата беше проблеми со суптилните тела на преминатите предци и мислам дека е прекрасно искуство да се споделат мисли и духовни искуства со трагачи  од различни религии во светот”.

– Харса Аризики, Џакарта, Индонезија

Декември 2014-та година

Подобрување на испити 

“Сега веќе некое време пеам редовно и повремено го применувам третманот со солена вода. Пеењето навистина ми помага. Овој пат со леснотија поминав многу повеќе испити за разлика од претходно. Осетив дека тоа е поради духовната пракса. Навистина се чувствувам благословено”.

 – Г-ѓа Туласи Судакаран, Ченаи

Огромно знаење 

“Многу ви благодарам SSRF за објавувањето на вакво драгоцено духовно знаење… многу сум заинтересирана за ваквите теми…. всушност сакам спасение, и вашиот веб-сајт ја зголеми мојата надеж. Колку и да го читам вашиот сајт и колку и да добивам знаење од него, секогаш сакам уште повеќе и повеќе”.

  – Раџа Чоудуру, Џаму

Надминување на зависност 

“Пред духовната пракса, бев зависник од пушење. Сега веќе не сум. Благодарение на вас :)”.

  – Амитаншу Бозе, Калкута

Суптилен мирис 

“Почнав да ја пеам пеаницата Шри Гурудев Датта – осетив дека телото ми е полесно за разлика од порано……мислите ми беа под контрола….. Додека пеев со концентрација ова утро, имав визија на Н.С. Др. Атавле. Неговата насмевка ме направи многу среќен. Подоцна тој ден по берењето цвеќиња за вообичаената молитва, можев да осетам силен мирис на сандаловина”.

– Логентиран Раџагопал, Малезија

Да се биде сираче 

“SSRF го промени мојот живот, бидејќи ме доведе на духовниот пат и ми овозможи да му се приближам на Севишнот Бог. SSRF нас не учи дека нашата цел никогаш не треба да биде материјална, туку треба да биде Богоспознавање. Јас сум сираче. Родителите ги изгубив кога имав четиринаесет години, но сега научив дека секој е сираче се додека тој не му се предаде на Бога, за да Тој почне се грижи за него. Навистина сум среќен што мојата земја и целиот овој свет го имаат SSRF во оваа ера, како би се ширело духовното знаење, иако сите луѓе немаат капацитет да ги разберат овие тајни работи во права смисла и што е најважно да поверуваат. Многу сум благодарен на SSRF и имам голема желба да се сретнам со Неговата Светост Др. Атавле, и се надевам дека тоа Бог ќе го овозможи. Ви благодарам SSRF”.

 – Џаидипкумар Бабрија, Амрели

Знаење и секојдневна духовна пракса 

“Сметам дека сајтот нуди мноштво информации на духовни теми. Нарачав некои книги, читајќи ги со надеж се надевам дека ќе се здобијам со подлабоко сфаќање на животот. Секојдневно обавувам духовна пракса како пеење на гајатри мантри и рудракша пеење. Се надевам дека ќе го проширам моето знаење преку вашиот веб-сајт, во врска со моите духовни работи”.

     – Перумал, Сингапур

Ноември 2014-та година

Функционира 

“Мислам дека ова е фасцинантно (објава за Божествените промени на Неговата Светост Др. Атавле); пеењето го менува мојот живот; тоа функционира, тоа навистина функционира; Благодарение на оваа наука за просветление, осеќам преображение. Никогаш не сум осеќала толку многу љубов за луѓето во мојот живот. Ви благодарам многу”.

– Хелен Едел, Австралија

Овој веб-сајт е како светото писмо 

“Здраво, се надевам дека сите сте добри. Многу ви благодарам за сите вредни информации кои ги споделувате со нас. За мене, вашиот веб-сајт е како Светото Писмо и читам по еден напис од него секој ден”.

 – Г-ѓа Дипа Васудеван

Исцелување (промени на подобро) 

“Секојдновото пеење темелно го промени мојот живот. Навистина исцелувачко”.

– Г-ѓа Ани Тиболт, Канада

Подобрено донесување одлуки 

“Почнав да обавувам духовна пракса (Пеење на Божјото Име според мојата религија на раѓање) на дневна основа…. Меѓутоа, и понатаму осеќам дека тоа не е оптимално… но ќе продолжам да се обидувам да ја зголемам зачестеноста….. во меѓувреме осеќам мир во срцето и умот…. благодарение на тоа можам да донесувам подобри одлуки во животот и се чувствувам пријатно, бидејќи повеќе го осеќам Божјото присуство.

– Ари Марианто, Индонезија

Не го сонувам повеќе татко ми 

“Многу ви благодарам за одговорот. Понекогаш ја пеев пеаницата Шри Гурудев Датта, а понекогаш не, но не редовно, бидејќи сум на работа и понекогаш заборавам на тоа, но пеам кога е тоа можно. Откако почнав да пеам, повеќе не го сонувам татко ми. Се надевам тоа донело нешто добро за неговата душа. Вашата фондација прави многу за луѓето како мене и се надевам дека секое истражување ќе ви биде успешно”.

– Г-ѓа Тушита Суреш Кумар, Барат

Добиен одговор на многу прашања 

“Многу сум среќен што го пронајдов овој веб-сајт, бидејќи можам да добијам одговор на различни прашања. Благодарам многу. Било какви прашања да ми паднат на ум би сакал токму тука да ги разгледаме и знам дека ќе ги најдам одговорите. Ви благодарам многу. Да, можете да ги објавите овие коментари со моето име. Немам никакви забелешки на тоа и не се противам тоа да го направите. Всушност оваа конверзација или совети ќе им помогнат на луѓето кои се заинтересирани за разните аспекти на духовноста и да им се покажат нови димензии во оваа област. На гугл плус видов една слика која го прикажуваше формирањето на петте татви на нашите прсти. Оваа слика ме привлече затоа што постојано го барам патот кој води кон духовноста. Со кликнување на таа слика го најдов овој сајт”.

– Џитеш Коли, Барат

Божествени честички на рака 

“Минатиот месец на мојата дланка видов многу мали сребрени честички и целата рака ми светеше. И поголемиот дел од времето додека ја набљудував раката, тие постојано сјаеа на неа. Ја споредив раката со рацете на моите пријатели, но нивните раце не сјаеа на тој начин. Бев возбуден и почнав да пребарувам за тоа, и така пребарувајќи на гугл за овие работи дознав за SSRF. Бев навистина среќен кога дознав за SSRF и навистина се чудев и бев возбуден кога ги видов видеата на јутјуб. Мојата рака сјаеше баш така, на истиот начин”.

– Љубопитен, Шриланка

Науката зад “Вечната Вистина

“Информациите претставени на овој веб-сајт се многу, многу научни. Дизајнот на овој сајт е одлично прилагоден за корисникот и секоја секција содржи совршен наслов и слики за подобро разбирање. Ние ја следиме нашата религија, но не знаеме многу за науката која стои зад неа. И да, овој сајт е целосен извор на науката која стои зад “Вечната Вистина”.

– Амол Доре, Пуне

Пеењето успева каде лековите не успеваат 

“Среќен сум и задоволен што можам да ве известам дека дерматитот кој ги имам на лицето конечно се повлекува после неколку месечна духовна пракса. За прв пат осеќам дека пеењето ми донесе промена и тоа промена до која не можев да дојдам ниту после безброј третмани кои до сега ги испробав. Многу сум импресиониран од силата на духовноста и истата продолжува да ме воодушевува…Всушност не можам да поверувам дека духовноста е клучот за многу непознати и заклучени врати во животот”.

 – Сајит, Керала

Божествена цел 

“Создавањето на SSRF има Божествена цел – да ги воздигне обичните луѓе од бедите на животот и да ги исполни нашите умови со пеење на Божјите Имиња кои се како нектар. Среќна сум што луѓето го примаат ова знаење за да станат подобри луѓе”.

 – Г-ѓа Налин Венкат Самира, Барат

Октомври 2014-та година

“Вашиот веб-сајт послужи  како Гуру за мене. Го прочитав речиси целиот ваш веб-сајт и гледав неколку SSRF видеа на сајтот и на јутјуб. Наидов на вашиот веб-сајт преку гугл пребарувачот. Вашиот веб-сајт ме поттикна да почнам да пеам “Вахе Гуру”, бидејќи припаѓам на религијата Сики  – (Сиките, Сикизам).

– Г-дин Харприт Синг, Лудиана

“Пред неколку месеци (во декември 2013-та година) почина дедо ми, и тоа навистина многу ме растажи. За овие шеснаесет години од мојот живот, никогаш не сум искусила таква ситуација претходно. Тој беше навистина прекрасна личност. Деновите поминуваа, а јас не можев целосно да го прифатам тоа што се случи. Во тој момент, сакав да дознам што се случува после смртта. Па така, почнав да пребарувам на интернет и така наидов на SSRF. Читајќи го написот “Што се случува после смртта” можев да разберам што се случувало околу мене, но сепак, се уште понекогаш посакувам да е жив. Потоа, почнав се почесто  да го посетувам овој веб-сајт и почнав со читање на неколку написи кои се објавени на сајтот. Многу го сакам овој веб-сајт. Прекрасен е!!!”

– Г-ѓа Туласи Судакаран, Ченаи

“Толку многу сум среќен и благодарен на прекрасните одговори кои ги дадовте на секое мое прашање. Веб-сајтот на SSRF е толку голема енциклопедија на непознати факти или подобро кажано мудрости кои одамна се изгубени во свитоците на времето. Ви благодарам многу. Во ваш напис на SSRF-сајтот прочитав за донација на органи. Написот е доста интересен и долго време размислував за тоа!”

– Г-дин Рохит Равиндран, Тривандрум

“Огромна благодарност до SSRF. Од моментот кога го открив овој веб-сајт, истиот го зголеми моето разбирање и толеранција кон другите религии. Главната област на просветлување се однесува на духовноста која стои зад болести, зависности, катастрофи, итн. Ви благодарам на сите!”

– Иносент Мавуена, Гана

“Ви благодарам. Вие навистина ми ги дадовте вистинските одговори. Бог да ве благослови и продолжете. Само продолжете!”

– Г-дин Тома Адам, Шпанија

Каква неверојатна приказна (напис за трансформација на Анет Браун). Ако толку многу луѓе можат да добијат ваква помош, овој свет може да стане подобро место за живеење. Намасте.

– Деби Л Руиз Флорес, Порторико

Септември 2014-та година

Доживување на силата во духовните мерки 

“Првиот пат кога го испробав третманот со кутии поставувајќи ги на компјутерското биро, осетив големи промени во енергијата. Осеќам зголемена енергетска сензација во средишниот дел од челото помеѓу веѓите (трето око). Кога повторно го применив третманот со кутии, повторно ја осетив сензацијата на средишниот дел од челото во делот помеѓу веѓите и, исто така, во текот на пеењето.

Кога осеќав тежина во главата и непријатност го применував третманот со солена вода и после тоа се чувствував подобро. После пеењето осеќам зголемена енергија, а кога ќе престанам енергијата полека се намалува и се осеќам полесно и ладно. Од петата година десната нога ми е зафатена од церебрална парализа, а сега имам триесет и пет години и осеќам некои сензации во мојата десна нога. Незнам дали тоа е поради пеењето”.

– Г-дин Томас Арокиасвами, Вирар

Инспириран да расте духовно 

“Осеќам длабока поврзаност со вашите написи и почнувам да осеќам потреба да постигнам повисоко духовно ниво. Вашите совети беа токму она што ми требаше, да одговорите на моите бројни прашања за животот”.

– Г-дин Баќиараѓ Сиваманикам, Мумбаи

Доживување на вистината во написите 

“Среќен сум што го пронајдов вашиот веб-сајт, она што го споменувате во вашите блогови е навистина точно. Кога ќе излезам осеќам дека толку многу луѓе се под влијание на некој вид на негативно присуство, а тие немаат ниту претстава за тоа”.

– Г-дин Рохит Равиндран, Тривандрум

Се здобива со раст од знаењето 

“Луѓе, ги сакам сите ваши написи. Се здобив со толку многу знаење (пораснав) од сите нив”.

– Г-дин Тиаго дел Алвес де Мораес, Бразил

Лична трансформација 

“Драги SSRF, прво сакам да изразам почитување кон вас и сите вие кои сте дел од една таква голема иницијатива да се помогне на човештвото да се подобри, така што ќе тежнее кон духовен живот. Навистина ви благодарам на сето ова. SSRF ме направи друга личност, бидејќи и јас се трудам да следам духовна чистота и други форми и начини за подобро поврзување со Бога. Во моментот ја повторувам мантрата на Богот Шива “Ом Намах Шиваја” на соодветен тон. Исто така, наскоро би сакал да почнам да ја пеам и мантрата на моето семејно Божество “Богот Нарајана”.

– Г-дин Рави Н Срути, САД

Инспириран да интроспектира 

“Одличен напис. Овој напис од мене бара повеќе труд да вложам во духовната пракса. Овој напис ги поттикнува луѓето да размислуваат за целта на животот”.

– Г-дин Џулиус С, Џакарта, Индонезија

Третман со солена вода 

“Ви благодарам Фондацијо за истражување засновано на духовната наука – Индија, за апсолутно фантастичните написи. Ги прочитав речиси сите написи и ги испробувам некои од вашите третмани како што е третманот со солена вода, итн. Ви благодарам повторно”.

– Г-ѓа Саи Анураг, Кодад

Живеј свесен живот 

“Почитуван администратор, вашето видео “Живеј свесен живот” е многу добро снимено и раскажано и кое веќе на прв поглед претставува главна атракција за посетителите на оваа страница. Видеото многу добро се поврзува со секој поединец и развива интерес. Размислете за тоа да го поставите на воведната страница….ова е само предлог. Прекрасна работа од страна на вашиот тим. Поздрави од Рагувир.

– Рагувир

Јули и август 2014-та година

“Информациите за пеењето се толку длабоки. Овој сајт е вистински благослов”.

– Г-ѓа Кети Саба, Џилонг, Викторија, Австралија

“Вашиот веб-сајт и вашата фондација се неверојатно фантастични. Љубов и благослови за вас”.

– Г-дин Реза Стела, Техеран, Иран

Конечно јасност 

“Практикувам духовност секојдневно од кога сум роден. Не забележував многу подобрувања се додека не го најдов вашиот веб-сајт. Многу убаво, јасно и директно”.

– Г-дин Хишам Беркоук, Бумердас, Алжир

Духовна наука во бои 

“Дали некогаш сте се почувствувале наполнето кога сте носеле одредена облека, а прилично депресивно кога сте носеле некоја друга? SSRF открива како некои бои како сината, белата, жолтата привлекуваат позитивност во нашиот секојдневен живот, додека црната, зелената и виолетовата привлекуваат кон нас негативност”.

– Г-дин Нгуен Тао

Излечени грчеви во ногата 

“Ви благодарам. Го посетив веб-сајтот поради мигрена, но третманот со солена вода ги излечи ноќните грчеви во ногата. Сте допреле до работи за кои не сум ни знаела дека се поврзани”.

– Г-ѓа Стил

Корисни информации 

“Ви благодарам многу што сте направиле и развиле толку корисен веб-сајт. Добивам одговори на повеќето од моите прашања. Овој веб-сајт навистина има научни информации и е неизмерно корисен за сите оние кои се на духовниот пат”.

– Г-ѓица Арати, Барат

Трансформација по применувањето на третманот со солена вода 

“Пред една недела, додека пребарував на интернет, имав можност да го погледнам веб-сајтот на SSRF. Ја прочитав целата страница за третманот со солена вода и го применив на себе. Откако го применив можев да осетам вистинска разлика во трансформацијата од негативна во позитивна енергија. Фала многу за информациите”.

 – Г-дин Сива Анандам, Барат

Благодарност во име на целиот свет 

“Обавувам духовна пракса и тоа е причината зошто случајно го открив веб-сајтот на SSRF пред две недели. Вие луѓе правите голема услуга на човештвото кое е жедно за духовно знаење. Навистина во име на целиот свет. Сакам искрено да се заблагодарам за прекрасниот веб-сајт на SSRF, и тимот и оние кои го водат, вие давате неверојатна реализација на трагачите како што сум јас. Хиндуизмот е прекрасен. Ви благодарам и ве сакам SSRF”.

– Г-дин Алеџазан Арумугам, Малезија

Јуни 2014-та година

“Би сакал да знам дали имате било какво видео кое објаснува како да се третира зависност преку духовно исцелување? Ви благодарам многу, немате идеја колку многу ми помогна сето ова. Доколку имам било какви прашања, ќе ви пишам. Благослови и љубов”.

– Г-дин Идалми Каро, Мексико Сити, Мексико

Искрена благодарност 

“Вие сте сето она што јас го барав! Ви благодарам од дното на моето срце”.

– Г-ѓа Домина Пеович, Хрватска (SSRF – Фејсбук на хрватски јазик)

Корисен веб-сајт 

“Осеќам дека пред мене претстои долг пат при моето духовно будење, но вашиот веб-сајт беше од голема помош. Ви благодарам што ги споделивте сите овие информации”.

– Милеби

Инспиративно истражување 

“Истражувањето направено од страна на SSRF е за пофалба и е инспиративно. Сите објаснувања на вашиот веб-сајт имаат научна и духовна основа, што за секој читател или љубопитен како што сум јас, звучи 100% реално и задоволително. Досега не сум сретнал ниту еден сајт кој нуди толку многу различни теми. Точно е дека кога некој е во потрага по Апсолутната Вистина од Бога, таа се манифестира. Сите овие информации се манифестираат во нашиот секојдневен живот, доколку имаме желба. Потполно се идентификувам со SSRF и ја подржувам вашата прекрасна работа”.

– Г-дин Луис Кабрера, Санто Доминго, Доминиканска Република

“Верувам дека ништо не е случајно во овој свет. Тоа е Божјата љубов и водство кои ми помогнаа да го пронајдам SSRF преку пребарувач на интернет. Ви благодарам”.

– Г-дин Деде Сунарја, Караванг, Индонезија

Пренасочување на слободното време 

“Ви благодарам, моето пеење се одвива добро,  Сакам да ви се заблагодарам многу, бидејќи ако не дојдев во контакт со SSRF, само ќе го трошев своето време на пребарување по интернет, гледање телевизија, итн., сето тоа е само залудно губење на време”.

– Г-ѓица Адити Б, Пенџаб

Ослободување од сексуални мисли 

“Ви благодарам многу што ме упативте во пеењето. Среќен сум поради тоа што злите сексуални мисли кои ги имав исчезнаа. Тоа сакав да го постигнам уште од моите тинејџерски години. Конечно сега ова го постигнав. Не постои начин да ви се оддолжам за ова. Ви благодарам многу”.

– Г-дин Дондети Реди, АП

Мај 2014-та година

Се чувствува тивко 

“Вие вршите одлична работа!! Поздрав од Доминиканската Република. Ви благодарам многу за споделените информации. Пеам без пауза како што ми е советувано. Се осеќам тивко и среќно овие денови од кога почнав да пеам и ќе продолжам со тоа…. Ви благодарам многу драги пријатели”.

– Г-дин Луис Кабрера, Доминиканска република

Покана 

“Чест ми е да бидам дел од оваа група!!! Поголемиот дел од нив (написите) се навистина фасцинантни. Можеби ќе можеме да одржиме семинар или конференција во Лондон?”.

– Г-дин Дејвид Пери, Лондон, Велика Британија

Разгласување на сознанието 

“Многу сум среќен поради честите контакти кои ги воспоставивме преку прашањата и одговорите, ви благодарам уште еднаш. Секогаш кога ќе имам шанса ќе го пренесам сознанието за SSRF веб-сајтот меѓу моите блиски, а и сите други, тоа е дел од моето служење на Бога”.

– Г-дин Луис Кабрера, Доминиканска република

Април 2014-та година

Конечно пресврт 

“Ви благодарам за вашето истражување засновано на духовната наука. Ја отвори вратата која се обидувам да ја отворам уште од кога бев тинејџер”.

– Г-дин Мундога Мукфолт, Преторија, Јужна Африка

Грижа за другите 

“Добри одговори, детални совети, чувство на грижа за другите.. Фала ви, вашите услуги се корисни, со среќа”.

– Г-дин Бану Пракаш М, Бангалор, Индија

Прекрасен опис 

“Прекрасен опис, верувам повеќе во долгите циклуси на трансформација. Се додека едно лице не разбере дека нема излез, нема љубов, нема безбедност и нема среќа без БОГА”.

 – Г-дин Ахмед Лоудији, Казабланка, Мароко

Молба за вклучување во сатсанг 

“Почитувани господа, добар ден. Ве молиме да ни помогнете да се вклучиме во сатсанг. Не беше наша желба да ја пронајдеме Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), туку нас не водеше желбата на моќниот Бог “Гурудев Датта”. Ни се допаѓа сатсангот бидејќи ги прочитавме неговите придобивки, затоа што не поврзува со сите наши SSRF духовни трагачи и Светци, а и SSRF сатангот е друштво на вистината која ја сакаме во нашиот духовен живот; бидејќи не сакаме да бидеме заведени. Пример: можеме да придобиеме од духовната енергија на SSRF светците преку сатсангот. Исто така, можеме и духовно да се воздигнеме преку сатсангот, тоа е причина зошто тој е толку важен за нас. Бог да ве благослови. Намаскар до сите вас”.

– М. Сафари Мутабеша, М. Масумбуко Јоаким, М.  Диеса Дабу, М. Ва Бјондо, од Малави,  Африка

Моментално ослободување 

“Фала ви уште еднаш што ми помагате. Почестен сум и благодарен што можам да ги добијам вашите совети. Советите кои вие и SSRF ги давате на интернет се од витално знаење за луѓето насекаде (низ целиот свет). Бев зафатен со читање на написите на веб-страницата на SSRF и ја испробав мерката за духовно исцелување со камена сол. Забележав голема разлика во тоа како се чувствувам, што мислам и како се однесувам, дури и откако тоа ќе направам еднаш за петнаесет минути. Ќе продолжам да ја применувам мерката еднаш дневно, колку што ќе можам. Многу учам и навистина го ценам тоа што вие и SSRF ми помогнавте да го започнам моето духовно патување. Ви благодарам што ме приближивте поблиску до Бога. Ова е еден аспект од мојот живот кој премногу долго ми недостасуваше. Конечно добив искрен совет за тоа. Со почит”.

– Г-дин Брајан Мекгваер, САД

Одговорени прашања 

“Здраво, вистинско блаженство е тоа што го најдов овој веб-сајт на интернет. Навистина ми е драго; само што го најдов пред неколку минути и веќе направив логин профил (профил за логирање). Тоа ми дава одлична можност да го барам посакуваниот одговор. Навистина благодарам”.

– Г-дин Хектор Лејнез, Гвадалахара, Мексико

Март 2014-та година

Зависноста исчезна, начинот на живот се промени 

“Моето пеење е многу силно. Целиот мој живот се менува и сега обавувам јога секој ден. Многу подобро се носам со стресот во животот. Мојата зависност од пушење исчезна. Ќе ви донирам одреден износ на пари, бидеќи знам дека од тоа многу ќе добијам. Ги читав вашите текстови за тоа како исправно да се живее секој ден. Почнав да се облекувам во бело и во жолто. Сега ја врзувам косата позади на исправен начин. Станав вегетаријанка. Ви благодарам многу што ми помогнавте да го променам својот живот на подобро”.

– Г-ѓа Хелен Едел, Кингсклив, Нов Јужен Велс, Австралија

Отстранување на ноќните мори 

“Пеењето ми помогна неверојатно многу. Најзначајниот ефект беше елиминирањето на ноќните мори и ноќни терори кои се повторуваа две години. Тоа беше истиот терор кој ја вознемируваше нашата внука и нашиот внук, и истиот ентитет кој одеше од куќа на куќа, од дете на дете. Децата и ние родителите лесно го препознававме тој ентитет, неговите ефекти на соновите и визиите на децата. Ентитетот беше многу лесно победен, детето стана посилно, а на семејството му се врати мирот. Ви благодариме SSRF, бевте од огромна вредност во нашите животи!!!”

– Г-дин Метју Ерли, Френклин Лејкс, Њу Џерси, САД

Ефектот на пеењето 

“Да, само што почнав да пеам, но веќе можам да ја осетам разликата. Влегов во длабока медитација. Ви благодарам што ми укажавте на нив. Многу сум благодарен за овој ресурс, бидејќи веќе долго време сум во потрага по вакво нешто”.

– Г-дин Вејд Литрел

Февруари 2014-та година

Вие сте единствени 

“Го прочитав вашиот веб-сајт и многу сум импресиониран. SSRF има акумулирано повеќе знаење од било која друга организација на Земјата т.е. од онаа која е на темната страна. Вие сте единствени. Никој друг не дошол толку близу во разоткривање на практиките на темната страна, колку што SSRF има постигнато”.

– Др. Марк Тарвер, Велика Британија

Јануари 2014-та година

SSRF е грижлив водич 

“SSRF ми даде многу драгоцени увиди во различни области на духовноста. Тоа ми донесе огромна придобивка поради огромното знаење кое можеме да го научиме како што се нивните мерки за духовно исцелување за намалување на мрачните ентитети и енергија. SSRF е грижлив водич кој би сакал секој човек на овој свет да постане потполно битие на светлината!”

– Г-дин Ник Стејси

2013-та година

Секој параграф од веб-сајтот на SSRF е толку многу интересен 

“Многу сум импресиониран од веб-сајтот на SSRF. Многу би сакал да добијам совети од вас, бидејќи секој параграф кој ќе го прочитам од вашите написи е толку многу интересен. Кликнувам од линк до линк се додека не се изгубам. Ова е дефинитивно она што го чекав”.

– Г-дин Луис Доало, Мексико

Доживување на вистината во написите на веб-сајтот на SSRF 

“Денот на 15-ти март 2013-та година, отидов на петочната вечерна служба со татко ми во локалниот еврејски храм. По службата, имаше прием во друга соба од храмот каде беше послужено храна и пијалак. Седнав така на страна, гледајќи ги луѓето како зборуваат и јадат. Беа многу бучни. Почнав да размислувам за SSRF написот кој говореше за интровертноста, тивкото зборување и размислување како идеални квалитети за еден трагач. Во таа бучна соба, почнав да размислувам за таквите квалитети. Одеднаш, или постепено почнав да осеќам како ме обвива мир, како да сум заштитен. Знаев дека написот на SSRF е вистинит. Ви благодарам за сите начини на кои можевте да ми помогнете, SSRF”.

– Дејвид Фајгелсон, Хјустон, Тексас, САД

Веб-сајтот на SSRF поттикнува промени во животот на една личност

“Го пронајдов вашиот веб-сајт пред околу две недели и можам да кажам дека истиот направи големи промени во мојот живот. Се осеќам навистина живо и секојдневно го проучувам вашиот веб-сајт и многу прашања ми доаѓаат на ум”.

– Г-ѓа Шејда Оврак, Техеран, Иран

Учење преку веб-сајтот на SSRF за важноста на изразувањето благодарност

“Една од најважните лекции кои ги научив од веб-сајтот на SSRF е изразувањето благодарност кон Бога. До неодамна ме држеше чувство на неактивност за било кој вид на работа, како некој вид на мрзеливост. Станував се побавна, не можев да ја завршам работата како што треба и се така. Потоа почнав да му се заблагодарувам на Бога за се што правев. Тоа можеше да биде и едноставна задача како миење садови. Ова ми помогна да ја надминам мојата неактивна природа. Почнав да осеќам среќа во се што правам”.

– Г-ѓа Сетулакшми Сантош, Обединетите Арпаски Емирати

Од голема важност за нашите животи

“Прво би сакал да ви се заблагодарам за водењето на еден таков значаен веб-сајт. Незнам зошто оваа веб-страница не е најпопуларна страница на интернет, бидејќи сметам дека овде изнесените информации се од голема важност и многу значајни за нашите животи”.

– Г-дин Франк, САД

Веб-сајтот е фантастичен, би сакала секој да одвои време за да учи од него.

– Крис Холбинг, Мелбурн, Австралија

Студенти на колеџ за хомеопатија помогнати во духовна студија

“Здраво, предавач сум на колеџ за хомеопатија и квантна медицина. Благодарен сум за објавувањето на толку прекрасни написи на вашиот веб-сајт. Мислам дека тие написи се многу корисни за моите студенти во стекнувањето знаење за духовноста”.

– Проф. Кумар Готети, Перт, Австралија

Објаснето на многу јасен начин

“Начинот на кој е објаснет секој концепт за кој е заинтересиран трагачот е неверојатен. Импресионирана сум од тоа како дадените објаснувања се афирмативни, без предупредување и  верски разлики.

– Сана Калкар, Обединетите Арапски Емирати

SSRF написите придонесуваат едно лице да се чувствува посреќно и посигурно

“Колку повеќе се занимавам со вашиот веб-сајт и вашите написи, толку посреќно и посигурно се осеќам. Многу пати открив дека го потврдуваат моето разбирање за нештата, но ги објаснува на таков совршен начин”.

– Деби Хауард, Тонбриџ, Велика Британија

Прекрасно е тоа што ве пронајдов! Совршено! Осеќам дека имате многу нешта за споделување, а јас сум отворен да размислувам за се што делите”.

– Г-дин Дики Ервин, Остин (Тексас), САД

Ангели

“Ја пронајдов веб-страницата на SSRF кога го користев пребарувачот за да направам истражување за ангелите. Кога ги запишав зборовите “ангели” во пребарувачот, ми излезе напис на SSRF за ангелите и го прочитав написот во целост. Многу е информативен и сфатив дека е полн со Вистина. Ова ме натера да го истражам целиот веб-сајт на SSRF. Тоа го направив за отприлика четири часа и се здобив со многу духовни информации”.

– Лесли, МС , САД

Се чувствувам благословено

“Ви благодарам за вашата работа…. Севишниот ме благослови неизмерно, бидејќи ја следев вашата веб-страница за духовен развој, и како што моите финансии ќе се зголемат, така ќе донирам за понатамошно ширење на овие духовни информации…..Господ Исус Христос..”.

– Мелвин Вилсон, ИЛ, САД

Научив како да се молам

“Многу сум благодарен што дознав за вас. Претходно за Бог размислував само во неделите или кога се молев. Имав чувство дека се молам на погрешен начин. Одлучив да напишам “молитвa” во гугл пребарувачот и така го најдов вашиот сајт. Го прелистав и сфатив дека тоа што го правев беше погрешно. Му благодарам на Бога што ме упати на овој веб-сајт и се надевам дека и другите ќе имаат шанса да се променат во духовна смисла како мене”.

– Рајан Нем, САД (SSRF – Фејсбук)

Поздрав, само сакав да ви кажам дека сум потполно апсорбиран од вашиот веб-сајт. Истиот содржи огромно количество на информации кои се многу убаво и концизно прикажани. Се чувствувам подобро, бидејќи спознав поинакво сфаќање на животот после смртта. Изразувајќи ги овие информации на научен начин, толку многу информации кои се собирани со текот на годините, истражувања, сатсанзи, се сега уредени и разјаснети. Информациите се изнесени не да докажат дали една религија е во право или не, туку над сите религии. Ова е чиста духовност. Апсолутно го обожавам овој веб-сајт”.

– Џеј, Велика Британија

“SSRF е како духовно богатство за трагачот во мене……секојдневно наоѓам написи за читање и сама го практикувам она што ќе го научам од нив…..морам да кажам…..посакувам секој ден……да дојдев барем порано во контакт со SSRF! Ви благодарам многу”.

– Ними Наир, САД (SSRF Фејсбук)

“Ми претставува задоволство да изразам благодарност и почитување до тимот на SSRF кој е добар во водењето, овозможува и ги подготвува луѓето да се сретнат со својот сакан и милостив врховен Бог. Исто така, му се заблагодарувам на тимот на SSRF, бидејќи нивната тимска работа и веб-сајтот, многу ми помогнаа во решавањето на проблемите, ми го олеснаа животот, добив одговори на моите прашања и многу повеќе. Ние придобиваме од вашата работа, а вие ја нудите вашата услуга бесплатно за луѓето ширум светот. Вие (тимот на SSRF) сте едни од најголемите луѓе на светот. Бог да ве благослови”.

– Јасер, Пакистан

“Ви благодарам многу за информациите кои ги споделивте со мене. Ми заштедивте многу време, пари и проблеми. Сега ја разбирам мојата ситуација  подобро од порано”.

– Табо Лалеле, Јужна Африка (SSRF Фејсбук)

Благодарам многу. Нигде не сум видел такво трпение! Му се молам на Бога вашата мисија да биде успешна и се повеќе и повеќе луѓе да го запознаат SSRF”.

– Митуна Раџа, Индија (SSRF Фејсбук и логин)