Спонтани промени поради делувањето на позитивната духовна енергија

1. Вовед во манифестирање и материјализација на позитивната духовна енергија

Уште од 2000-та година, Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), спроведува бројни истражувања на предмети кои се промениле како резултат на духовни појави или каде негативната енергија спонтано се материјализирала. Меѓутоa, од 2009-та година па наваму, бевме сведоци на случаи и на живи и на неживи предмети од различна природа, како емитуваат посебни суптилни вибрации. После спроведеното истражување засновано на духовната наука, заклучивме дека тие промени се настанати поради позитивната духовна енергија. Од тие промени, најочигледни беа оние кои најлесно ги документиравме, како што е спонтана промена во бојата. Ова беше во директна спротивност со спонтаните измени кои сме ги документирале порано, кои беа предизвикани од негативни енергии од повисоките нивоа, кои ги опфатимве во нашата секција застрашувачки натприродни појави и во галеријата на слики за такви појави.

Во овој напис, даваме основни информации за феноменот на спонтани манифестации поради позитивната духовна енергија. Исто така, објавивме фото-галерија на овие предмети, како би ги демонстрирале различните начини на кој овие феномени можат да се појават, и на тој начин да ви овозможиме да ги препознаете евентуалните духовни појави околу вас.

2. Важноста на истражувањето за спонтаната промена или Божествената материјализација

Во секоја религија, моштите на Светците или предметите кои симболизираат Божества, посебно се почитуваат. Секоја необјаснива промена на таквите предмети, предизвикува голем интерес и обично таквите вести се на насловните страници низ целиот свет. Со проучување на таквите духовни феномени преку развиено шесто сетило, сме во можност подобро да ги разбереме причините за овие феномени. Како резултат на тоа, исто сме во можност да го разликуваме видот на Божествениот квалитет кој се манифестира или материјализира. Таквите предмети, освен тоа што се доказ за постоењето на позитивните енергии, исто така ни даваат до знаење дека постојат и негативни енергии коишто создаваат различни проблеми во животот, постојат и позитивни енергии коишто ни помагаат.

3. Зошто позитивните спонтани промени се случуваат многу години после промените настанати поради негативни енергии?

Споменавме дека случаите на спонтани промени настани поради негативни енергии почнаа да се појавуваат од 2000-та година. Меѓутоа, случаите на промени настанати поради позитивни енергии почнаа да излегуваат на површина околу 2009-та година. Зошто е тоа така?

Во нашиот напис Добро и зло – вечна борба и Трета светска војна, Предвидувања и Армагедон споделивме информација за големата суптилна битка која ќе се одвива помеѓу 1999-та и 2022-ра година. Во првиот дел од овој период, дојде до голем пораст на попречувања од негативни енергии. Како суптилните попречувања преминаа одреден праг, позитивните суптилни енергии полека почнаа да им помагаат на трагачите по Бога. Ова резултираше со зголемување на бројот на случаите на спонтани промени и материјализација поради влијание од позитивната духовна енергија.

4. Зошто позитивната духовна енергија се манифестира или материјализира

Позитивната духовна енергија може да се манифестира или материјализира на многу начини, коишто вклучуваат Божествен мирис и Божествен звук. Меѓутоа, најлесно може да се препознае по бојата. Позитивната духовна енергија обично се манифестира или материјализира на предмети од чиста духовна природа.

Светец е свето лице кое е духовно чисто. Поради нивната духовна чистота, нивните физички тела стануваат идеален медиум за позитивната духовна енергија да се манифестира. Предметите кои ги користат светците се повеќе сатвик поради тоа што сатвикот од Светецот се пренесува на нив.

Некои работи кои се прикажани во фото-галеријата се делови од тела на Светци, како што се косата и ноктите на Н.С. Др. Атавле. Потоа се предмети користени од Светци, пример неговите обувки. Потоа, други предмети кои се користени за ширење на Духовноста, како што се мали пластични кеси кои се користат за делење Прасад – Света храна или предмет (често ужинка или бонбона) дадена од страна на духовно возвишено лице или Светец.

Кај сликите од Божества и Светци, манифестацијата на позитивната енергија понекогаш се случува поради духовната емоција (Бав) на трагачот кој му се моли на тоа Божество или на Бога.

5. Спонтани промени во бојата на предметите и нивното значење

Во оние случаи каде спонтаните промени настанале како резултат на позитивната духовна енергија во форма на боја, откривме дека постои одреден спектар на бои во кој промените се случуваат, односно промената е ограничена. Забележаните бои беа, розова, црвена, жолта, бела и сина. Го истраживме феноменот со помош на трагачите кои имаат развиено шесто сетило, и нивните резултати беа проверени од Н.С. Др. Атавле. Откривме дека секоја боја претставува манифестација на одреден Божествен квалитет. Во табелата подолу дадовме список на бои и нивните соодветни Божествени квалитети, кои беа согледани преку духовното истражување.

      Боја Божествен квалитет
pink Розова Љубов (Прити)
red Црвена Борбен дух (Кшатратеѓ)
yellow Жолта Божествена свесност (Чаитанија)
blue Сина Духовна емоција (Бав)
white Бела Не-манифестирана/Не-материјализирана (Ниргун)

Еден од основните принципи на духовната наука вели дека, ’’зборот, допирот, формата, вкусот, мирисот и нивната енергија, ко-егзистираат’’. Божествениот квалитет е форма на позитивна енергија. Значи, оваа промена во боите е манифестација на одреден тип на позитивна енергија која одговара на Божествен квалитет.

6. Придобивките од предметите кои манифестираат позитивна духовна енергија

Овие предмети (па дури и нивните фотографии) делуваат како голем извор на позитивна духовна енергија. За просечното лице е тешко да придобие од позитивната духовна енергија на суптилно ниво. Меѓутоа, да се придобие од физичките манифестирани форми на суптилна енергија е релативно лесно. Преку овие предмети и нивните фотографии, трагачите се здобиваат со позитивна енергија која им помага во нивната духовна пракса. Овие предмети можат да се користат и како средство за духовно исцелување, доколку се присутни духовни попречувања поради негативни енергии.

7. Почувствувајте го делувањето на позитивната духовна енергија врз вас самите

Како што вели поговорката, Духовноста е наука за искуството. Баш поради ова, ве молиме и видете какви духовни искуства имате додека ја набљудувате оваа фото-галерија на предмети на кои се појавила промена поради позитивна енергија. Ви препорачуваме да го прочитате написот “Тестирајте го вашето шесто сетило“, за подобро да разберете како сами да ја искусите суптилната димензија и почнете повеќе да ја земате во предвид. Слободно пратете ни ги вашите опсервации (согледувања или забелешки) и искуства преку опцијата ‘Напишете коментар‘.

8. Види галерија

MKD-Gallery