Спиење со стапалата свртени кон југ – духовна перспектива

1. Вовед во написот за спиењето со стапалата свртени кон југ

Во овој напис од серијата за сатвик животот, со написот за тоа како да спиеме добро, истраживме разни агли како добро да спиеме. Ќе ги истражиме ефектите за спиењето со нозете свртени кон јужната страна на светот. Ова истражување за доброто спиење е истражено од духовен агол. Ќе ни помогне да научиме како добро да спиеме и како ќе се чувствуваме ако ги свртиме нозете во јужна насока.

1.1 Истражување засновано на духовната наука за доброто спиење – ефекти од спиењето со нозете свртени кон југ

Ефектот од спиењето со нозете свртени кон југ е истражен на духовно ниво од страна на трагачите во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) со развиено шесто сетило те. екстра сензорна перцепција (ESP). Божественото знаење кое го примиле го има потврдено Неговата Светост Др. Атавле.

2. Духовен ефект од спиењето со нозете свртени кон југ

2.1 Зголемување на фреквенциите што спаѓаат надолу и Тирјак фреквенции

Постојат разни фреквенции природно присутни во атмосферата и се простираат во одредени насоки. Кага нашето тело е усогласено со насоката на нивното простирање ние влегуваме во нивното поле и сме под поголемо нивно влијание, отколку кога не сме во тоа поле. Внатре во тие фреквенции постојат два вида на попречувачки или негативни фреквенции. Едниот вид е спаѓачка фреквенција која оди кон регионот на Пеколот, а другата е позната како Тирјак фреквенција. Тирјак буквално значи асиметричен. Бидејќи тие фреквенции се асиметрични, тие предизвикуваат вознемиреност. Овие две фреквенции се движат во јужен правец. Со тоа тој правец е исполнет со нивните фреквенции.

Кога спиеме со нозете свртени кон југ, нашето тело е највеќе изложено на активностите на фреквенциите што спаѓаат надолу, како и Тирјак фреквенциите. Со тоа се зголемува активноста на основните суптилни раѓа-тама честички внатре и надвор од телото. Ова зголемена активност на основната суптилна раѓа-тама компонента помага во активностите на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Значи тогаш сме највеќе под ризик од влијание, или можното опседнување од духовите.

2.2 Зголемување на вибрациите од регионот на мртвите (Мартјалока) и регионот на пеколот (Патал)

Правецот кон југ е поврзан со регионот на мртвите, основните суптилни раѓа-тама фреквенции и вознемиреноста. Кога спиеме со нозете свртени кон југ, вибрациите од регионот на мртвите и регионот на пеколот се здружуваат.

Поради тоа ги привлекуваме основните суптилни раѓа-тама фреквенции, или духовите. Поради комбинираниот ефект од претходно наведеното, кога спиеме со нозете свртени кон југ, можеме да доживееме вознемиреност во форма на тешко влегување во сон, ноќни мори, чувство на страв во сонот, или будење во страв.

3. Резиме

За добар сон, важно е да го земеме во предвид правецот на нашиот кревет кога го планираме распоредот во домот. Дури и кога кампуваме надвор на отворено, или спиеме во хотел, или во туѓа куќа најдобро е да внимаваме нашите нозе да не бидат свртени кон југ.

Во следните написи од оваа серија, ќе ги земеме во предвид ефектите од спиењето со нозете свртени кон другите насоки.