Спиење – разни положби

1. Спиење

Секој од нас сака да знае кој начин на спиење е најдобар за да се пробудиме одморени. На квалитетот на спиењето влијаат повеќе фактори. Еден од факторите е и положбата во која спиеме. Сите ние имаме некоја вообичаена положба за спиење во која се чувствуваме пријатно додека спиеме. Свесни сме дека положбата во која спиеме има влијание на нашето физичко здравје. Исто така, има многу психолошки интерпретации за положбите во кои спиеме. Во овој напис ќе објасниме, од духовна перспектива, како добро да спиеме. Ќе објасниме која положба е најдобра за спиење и зошто. Ќе објасниме и што навистина се случува во суптилната димензија во текот на секоја од разните положби, така да со помош на тие информации можеме да донесеме одлука како квалитетно да спиеме и во која положба тоа можеме да го постигнеме.

На самиот почеток треба да сфатиме дека:

  • Од духовна перспектива, спиењето е во основа состојба најблиску до основната суптилна Тама компонента која означува инерција и незнаење. Тоа значи дека за време на спиењето основната суптилна тама компонента во нашето тело се зголемува.

  • За време на спиењето, нашата духовна пракса е инертна и затоа духовно сме најранливи додека спиеме. Поради тоа во сонот сме најподложни на нападите од духовите, (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).

Потребно ни е основно разбирање за Кундалини системот на енергиите во телото.

Кундалини е систем на духовните енергии во телото. Се состои од 7 главни центри или чакри, 3 главни канали – Сончевиот (Десен канал или Пингала нади), Месечевиот (Лев канал или Ида нади) и Централниот (Сушумна нади) канали како и неброено помали канали.

Следниот прикажан дијаграм е приказ на неактивниот Киндалини систем на енергиите во човекот.

Ве молиме да го погледнете дијаграмот на чакрите во однос на физичкото тело на човекот.

Енергијата потребна за телесните и менталните функции на човекот тече преку Сончевиот и Месечевиот канал. Енергијата која тече преку Централниот (Сушумна) канал е потребна за духовниот раст на човекот.

Во Сончевиот канал (Пингала нади) преовладува раѓа компонентата, додека кај Масечевиот канал (Ида нади) преовладува сатва компонентата. Енергијата наизменично тече преку Ида и Пингала каналите и се менува на секои 3-4 минути. Иако текот на енергијата постојано се менува, со оглед дека Ида и Пингала се вкрстуваат преку телото, и двете страни добиваат адекватна количина на енергија од двата вида. На овој начин се одржува рамнотежа помеѓу овие 2 вида на енергетски текови.

За време на промените од Сончевиот на Месечевиот канал, кај луѓето на ниско духовно ниво доаѓа до краткотрајна активност во Централниот канал која трае 1-2 секунди. Иако активирањето на Централниот канал е многу корисно, ваквото кратко активирање е релативно занемарливо од агол на корист за човекот на духовно ниво. Со зголемувањето на духовното ниво од преку 55%, овој канал е активен подолго од 1-2 минути што е корисно за духовниот раст на човекот.

Активирањето на каналот зависи од положбата додека спиеме. Најмногу се активира каналот кој се наоѓа на страната на телото спротивна од онаа на која спиеме. Кога спиме на грбот, кај луѓето чие духовно ниво е над 55%, се активира Централниот канал (Сушумнна). Кај луѓето чие духовно ниво е пониско, во сонот не се активира ниту еден канал.

Некогаш, според потребата на телото, се активира Совчевиот или Месечевиот канал. На пример, после оброкот воглавно се активира Сончевиот канал за да се подобри варењето на храната.

Сончевиот канал се активира и во состојба на зголемена емотивност. Кога емоциите се намалат, се активира Месечевиот канал. Меѓутоа, кога доаѓа до брзи и чести промени на емотивните состојби, доаѓа до брзи и нерегуларни промени во активностите на двата канала со оглед дека Сончевиот канал преовладува. Затоа се нарушува рамнотежата на двата вида енергетски текови раѓа (акција и страст) и сатва (чистота и знаење). Кај емотивните луѓе, овие подеми и падови на емоциите продолжуваат дури и ви сонот во потсвесниот ум, затоа што импресиите во потсвесниот ум се активни и за време на сонот.

Погледнета ја презентацијата – Функционална структура на умот.

2. Положба за спиење 1 – спиење на грб

Кога спиеме на грб.
Sleeping posture - back

  • Ќетна (принципот на Божествената Свесност кој управува со функциите на нашиот ум и тело) во клетките на нашето тело станува не-манифестирана и инертна.Chetanaa
  • Нашето тело е највеќе изложено на регионот на пеколот (Патал) затоа што поголемиот дел од телото е свртен кон тлото.

 

Spiritual levelПоради комбинираниот ефект на овие фактори, клетките во телото не се во состојба да ги одбијат нападите од страна на негативните вибрации од регионот на пеколот (Патал).

Ефектот од оваа положба за време на спиењето ќе зависи од духовното ниво на лицето.

Случај 1: Духовно ниво под 55%

Disciple

Кај лицата со духовно ниво пониско од 55%, психолошките емоции се многу повеќе застапени од духовните емоции (Бав). Поради тоа доаѓа до повремени, брзи промени на активностите на двата канала и постојана неурамнотеженост во тековите на енергија на Сончевиот (десниот канал – Пингала) и Месечевиот (левиот канал – Ида) во системот на Кундалини енергија во телото.

Како што е опишано погоре, кога лицето чие духовно ниво е пониско од 55% и спие на грбот, неговиот Централен канал не е активен. Поради неговата емотивна природа, текот на енергиите во телото не е во рамнотежа. Дисбалансот помеѓу двата текови на енергија Сончевиот и Месечевиот канал може да влијае на брз пренос на основните суптилни раѓа и тама компоненти од околината во телото. Кога дојде до пораст на основните суптилни компоненти раѓа и тама, постои поголем ризик од напади на негативните енергии од регионот на пеколот (Патал). Меѓутоа, кога човекот духовно напредува до нивото на не-манифестирани духовни емоции, тогаш може да ги контролира тековите на енергија. До тогаш најдобро е да се избегнува спиењето на грб затоа што тогаш телото е максимално изложено на тлото, а со тоа и на регионите на пеколот (Паталот).

Подолу е цртежот заснован на суптилното-знаење, за ефектите од спиењето на грб кога некој е над 55% духовно ниво.

Совет: Ако лицето од некоја причина мора да спие на грбот, ризикот од нападите може да се намали со употреба на некоја од духовните мерки за отстранување на нападите, како што се палење на мирисливи сатвик стапчиња (како што се SSRF-овите мирисливи стапчиња) покрај креветот пред одење на спиење, држење слика на Бога под перницата, на духовно просечните лица (посебно во близина на креветот), тивко пуштање на пеаница на Божјото Име во текот на ноќта, итн.

 

Случај 2: Духовно ниво над 55%

subtle energies

Кога човек на духовно ниво преку 55% спие на грбот, неговиот Централен канал на Кундалини системот е активен. Духовната емоција (бав) кај овој човек е прилично висока додека влијанието на емоциите доста намалено. Кога некој е на духовно ниво над 55%, според потребите има контрола на протокот на суптилните основни раѓа-тама компоненти во телото. Ова се случува на ниво на неговите не-манифестирани духовни емоции (бав). Причината за оваа појава е што таквиот човек почнува се повеќе да функционира на нивото на Енергијата на Душата (Атмашакти). Наспроти неа е Енергијата на Умот кај луѓето кои се на духовно ниво под 55%. Енергијата на Душата одржува рамнотежа помеѓу Сончевиот и Месечевиот канал во Кундалини системот.

3. Положба за спиење 2 – спиење на стомак

Sleeping posture stomach

Спиењето на стомак врши притисок на стомакот. Овој притисок ги поттикнува суптилните гасови надолу во правец на стомачната празнина. Понекогаш, кога е голема количината на овие суптилни гасови во градите, овие гасови се движат во излезен правец и излегуваат од телото преку носот и устата. Во текот на ослободувањето на тие гасови, телото многу лесно ги впива фреквенциите на основните суптилни раѓа-тама компоненти од околината. Кога некој спие во оваа положба, телесните органи работат забавено, а просторите околу органите се активирани поради притисокот на суптилните гасови. Поради тоа е забрзано ослободувањето на суптилните гасови од органите и меѓупросторот помеѓу органите. Додека се случува ова, телото на лицето на суптилно ниво е посебно осетливо на процесот на пренос на основните суптилни раѓа-тама честички. Поради тоа лицето е подложно на нападите од духовите од околината и од регионот на пеколот (Паталот).

Подолу е цртежот заснован на суптилното-знаење, за ефектите од спиењето на стомак.

4. Положба за спиење 3 – спиење на страна

 

Кога спиеме на страна, Сончевиот и Месечевиот канал од Кундалини системот се воглавно активни.

Подолу е цртежот заснован на суптилното-знаење, за ефектите од спиењето на десната страна.

  • Месечевиот канал е активен кога човек спие на десната страна.

Подолу е цртежот заснован на суптилното-знаење, за ефектите од спиењето на левата страна.

  • Сончевиот канал е активен кога човек спие на левата страна.

Кога се активни или Сончевиот или Месечевиот канал, Ќетна во телесните клетки е постојано активна. Затоа се создава помалку основна суптилна тама компонента, а Ќетна нас не заштитува од нападите на духовите.

5. Заклучок

Од духовна перспектива, доколку некој не е на духовно ниво од преку 55% најдобро е да спие свртен на левата или десната страна.