Сатва раѓа и тама

Накратко

Трите основни суптилни компоненти (тригуниСатва, Раѓа и Тама се во основата на се што е создадено. Непознати на современата наука, тие продираат во сите живи и неживи, допирливи и недопирливи битија. Вибрацијата која што ја емитува било кое битие  зависи од тоа која суптилна компонента е доминантна во нејзината основата. Овие суптилни компоненти влијаат и на однесувањето на сите нешта. Единствено духовната пракса може да го измени размерот на овие компоненти во луѓето.

1. Вовед и дефиниција

Намерата на овој напис е да на читателите го пренесе знаењето за концептот на трите основни суптилни компоненти. Со оглед дека претставува основа на многу написи на овие веб страници, овој напис има посебно значење.

Според модерната наука, Универзумот се состои од основни физички честички како што се електроните, протоните, неутроните, мезоните, глуоните и кварковите.

Ако гледаме од духовен агол, Универзумот е составен од нешто уште поосновно. Тие основни честички се познати како 3 основни суптилни компоненти (тригуни) под името Сатва, Раѓа и Тама. Во зборот тригуни, ’три’ го означува бројот три, а ’гуни’ ги означува овие 3 суптилни компоненти

Карактеристиките на секоја од овие компоненти накратко се опишани во следнава табела:

Овие компоненти ги нарекуваме суптилни затоа што се недопирливи, по природа не се физички и не постои инструмент со кој можат да се регистрираат. Дури и во блиска иднина, со технички напредни инструменти, нема да можеме да ги измериме. Тие, всушност, можат да бидат согледани само со нашиот, исто така суптилен орган наречен шесто сетило.

  • Основната суптилна Сатва компонента е нај фина и нај недопирлива помеѓу овие три основни суптилни компоненти. Тоа е компонента најблиску до Божественото. Кога во некое лице преовладува овој елемент тоа зрачи со среќа, задоволство и поседува доблести како што се трпение, толеранција, способност за опростување, желба за Духовноста, итн.
  • Основната суптилна Тама компонента е најосновната од трите компоненти. Нејзината доминација во некое лице се карактеризира со мрзливост, алчност, врзаност за материјалните ствари, итн.
  • Основната суптилна Раѓа компонента ’добавува’ гориво на првите две компоненти и обезбедува активност. Зависно од тоа дали лицето претежно е сатвик или тамасик, основниот елемент Раѓа ќе ја насочи активноста или во правец на сатвик активностите или во правец на тамасик активностите кај тоа лице.

Со оглед на недопирливата природа на Сатва, Раѓа и Тама компонентите, за нивното постоење несвесни се училиштата и факултетите кои ја предаваат и подучуваат модерната наука. Поради тоа на многумина од нас може да ни се причини отуѓен концептот за трите основни суптилни компоненти. Тоа не значи дека тие не постојат и дека со нив не е проткаено целокупното наше постоење и светот во кој живееме. Според тоа која од основните суптилни компоненти преовладува во нас, одредува како ние ќе:

  • Реагираме во одредени ситуации
  • Донесуваме одлуки
  • Правиме избори
  • Живееме своите животи

Со оглед дека по својата природа овие три суптилни компоненти не се ниту видливи ниту допирливи, тешко е физички да се окарактеризираат. Со овој напис сакавме со вас да го поделиме знаењето за овие три основни суптилни компоненти и како тие влијаат на нашите животи.

2. Споредба на најмалите физички елементи и трите основни суптилни компоненти

Следанава табела ги покажува основните разлики помеѓу најмалите физички елементи познати на модерната наука и уште помалите суптилни компоненти познати на духовната наука.

Параметар

Најмалата физичка честичка

Суптилни основни компоненти

Ознака Телесни, физички Суптилни или недопирливи
Како се мери Со физички инструмент како што е електоронски микроскоп Со шесто сетило, преку нашите суптилни сетила
Го изградува Целиот физички свет Се создадено, било во физичкиот, психичкиот или духовниот свет. Дури и најмалите физички честички се составени од Сатва, Раѓа и Тама комбинации. Па дури и нашите мисли, сами по себе се недопирливи, се составени од овие три суптилни компоненти.
Нивните карактеристики Влијаат на физичките атрибути на створеното, на пример, дали нешто е течно, цврсто, итн. Влијаат на однесувањето на се створеното, на одлуките и изборите кои ги правиме итн. Но, Сатва, Раѓа и Тама компонентите влијаат дури и на физичките атрибути, на пример Тама елементот предизвикува материјализација или стврднување на нешто.

3. Како изгледаат овие три основни суптилни компоненти (тригуни)?

Следниот дијаграм е добиен по пат на шестото сетило (ESP) и покажува како трите основни суптилни компоненти изгледаат кога се активни.

 

Трите основни суптилни компоненти во својата суштина се недопирливи честички. Кога се активни, те. кога енергијата ги придвижи, се појавуваат во форма на бранови.

Објаснување на дијаграмот:

  • Боја: Со перципирање преку високо развиено шесто сетило, основната суптилна Сатва компонента се појавува во жолта боја, основната суптилна Раѓа компонента во црвена, додека основната суптилна Тама компонента се појавува во црна боја.
  • Бранова должина: Како најактивна, суптилната основна Раѓа компонента таква се и отчитува во својата бранова должина, додека сатва компонентата како помирна има малку подолги бранови. Неорганизирана и со искривена природа основната суптилна компонента Тама се огледа во нејзините неправилни бранови должини.
  • Опсег на брановите: Опсегот на Раѓа компонентата е највисок и најактивен. Кај основната суптилна компонента Сатва е понизок и правилен, додека кај основната суптилна Тама компонента низок и неправилен.
  • Времетраење: Времетраењето на нивните бранови директно е поврзано со потребата од функцијата што ја вршат.

4. Трите основни суптилни компоненти и петте космички елементи

Апсолутна Земја (Прутвитатва), Апсолутна Вода (Апататва), Апсолутен Оган (Теѓтатва), Апсолутен Воздух (Вајутатва) и Апсолутен Етер (Акаштатва) се петте Апсолутни космички елементи (Панчамахабута), составени од трите основни суптилни компоненти кои ги градат и управуваат со нив. Космичките елементи по својата природа се недопирливи и го прават нај финиот аспект за нас познатите елементи кои можеме да ги видиме и допреме. На пример, космичкиот елемент на Апсолутната Вода е во суштина најсуптилната форма на водата која ги прави реките, океаните, итн. Накратко, петте Апсолутни елементи се граѓа од кои Универзумот е изграден, но и тие се составени од трите основни суптилни компоненти.

Следнава табела ги покажува разликите во градбата на Апсолутните космички елементи со оглед на размерата на трите основни суптилни компоненти кои се наоѓаат во нив.

Трите основни суптилни компоненти и петте космички елементи

Сатва Раѓа Тама
Земја 10% 40% 50%
Вода 20% 40% 40%
Оган 30% 40% 30%
Воздух 40% 40% 20%
Етер 50% 40% 10%

Како што може да се види во табелата, Апсолутниот елемент Земја има најголема количина од Тама компонентата, што ја прави најтешка од сите пет елементи. Основната суптилна компонента Тама го ограничува постоењето, додека Сатва компонентата предизвикува експанзија. Тоа објаснува зошто елементот Земја е најинфериорен од сите космички елементи. Исто така објаснува зошто елементот Етер е најсуптилен и сатвик па, според тоа и нај моќен. Што помало е присуството на Тама компонентата во некој од петте елементи, тој елемент ќе биде и помалку допирлив. На пример, Огнот е помалку цврст и недопирлив од Земјата.

Човекот воглавно е составен од Апсолутниот елемент Земја и Вода. Кога почне духовно да се развива, тој почнува постепено да делува на повисоките нивоа како што се елементот Оган итн. Духовно воздигнатиот човек повеќе ’зрачи’. Духовно воздигнатиот човек има помалку потреба за храна и сон. Неговото Знаење и разбирање, како и капацитетот да врши разни активности значително се зголемуваат, како на квантитативно така и на квалитативно ниво.

5. Трите суптилни компоненти и светот

5.1 Природни катастрофи

Ако на светост му се случи зголемување на Раѓа и Тама компонентите, тоа директно се одразува на зголемувањето на војни, терористички активности и природни катастрофи. Ззголемувањето на Раѓа и Тама компонентите предизвикува дестабилизација на петте космички елементи што за последица има катастрофални природни непогоди. Ве молиме видете го написот: Што се крие зад зголемениот интензитет на природните катастрофи.

5.2. Неживи творби

Следата табела го покажува односот помеѓу неживите творби и трите основни суптилни компоненти:

Однос на трите основни суптилни компоненти во различни неживи објекти

Сатва Раѓа Тама
Божји храмови, свети места, места за аџилак 5% 1% 94%
Обични места 2% 2% 96%
Лоши, неповолни места 1% 1% 98%

5.3 Живи битиа

Следнава табела го покажува односот помеѓу живите субјекти и трите основни суптилни компоненти. Како што може да се види во табелата, кога е во прашање Сатва основната суптилна компонента, животот има поголема вредност дури и од религиозните места, што ни го покажува претходната табела.

Однос на основните суптилни компоненти во различни живи субјекти

Сатва Раѓа Тама
Светец 50% 30% 20%
Просечно лице 20% 30% 50%
Зло лице 10% 50% 40%
Ментално пореметено лице 10% 30% 60%
Животни и птици 10–20% 25–40% 40–65%
Вегетација 5–10% 10–15% 65–85%

Тоа е една од главните причини зошто нивото на духовниот развој на лицето кое престојува во некој простор има повеќе влијание на севкупните вибрации на тој простор, отколку просторот сам по себе. На пример, ако лицето на ниво на Светец влезе на некое место кое, покрај својата лоша конструкција, има негативни вибрации, тоа на Светецот ќе има незначително, занемарливо влијание. Поради тоа науките Фенг-шуи и Васту-шастра, (наука која се занимава со проучување на просторот – просториите и куќите) имаат поголема важност за лицата на ниско духовно ниво, или за оние кои воопшто не вршат духовна пракса.

6. Трите основни суптилни компоненти и човечките битиа

Во следните поглавја ќе биде речено нешто повеќе за тоа како трите основни суптилни компоненти влијаат на разните аспекти на нашите животи.

6.1 Во однос на тоа од што се состоиме

MKD_sattva-raja-tama-human

Процент на трите основни суптилни компоненти

Тело Сатва Раѓа Тама
Физичко тело 20% 40% 40%
Ментално тело или Ум 30% 40% 30%
Каузално тело или Интелект 40% 40% 20%
Супракаузално тело или Суптилно Его 50% 40% 10%

Со оглед дека основната суптилна Раѓа компонента се однесува на функционирање на телото, нејзината застапеност е иста во сите тела. Меѓутоа, како што можете да видите од претходната табела, значајна е разликата помеѓу Сатва и Тама компонентите во разните тела. Ова има директно влијание на способноста на телото да ни овозможи одржлива и трајна среќа. На пример, Сатва компонентата во интелектот е далеку повеќе застапена отколку во физичкото тело. Затоа квалитетот на среќата е поголем и траен кога сме интелектуално стимулирани, отколку кога среќата ја доживуваме по пат на физичкото тело.

6.2 Во однос на духовното ниво

Духовното ниво и неговиот однос со застапеноста на трите основни суптилни компоненти се тесно поврзани. Нивниот однос меѓутоа е прилично сличен со прашањето ’што е постаро, кокошката или јајцето?’ Можеме да кажеме дека духовното ниво на некое лице е дефинирано со преовладувањето на Сатва, Раѓа и Тама компонентите. Можеме исто да речеме дека преовладувањето на било која од трите компоненти, Сатва, Раѓа или Тама, го дефинира нечие духовно ниво. Кога вршиме духовна пракса така почнува да се менува односот на трите основни суптилни компоненти во нас во корист на поголема застапеност на Сатва компонентата. Со други зборови, тама компонентата ја претвораме во Сатва компонента.

Како Сатва компонентата се зголемува во нас (во однос на другите две суптилни компоненти) тоа позитивно делува на нашето духовно ниво и нашата личност.

Следнит графикон ги покажува разните размери на трите основни суптилни компоненти во нас додека го зголемуваме духовното ниво по пат на духовна пракса.

Забелешки:

  1. Над нивото од 50%, размерот на трите компоненти не се менува. Причината за тоа е во фактот дека лицето не може да има помалку од 20% од Тама компонентата. Доколку би се случило тоа, лицето би почнало да се де-материјализира. Се додека некој има тело, Тама компонентата не може да биде помала од 20%. Меѓутоа, ефектот од компонентата се намалува со понатамошниот духовен раст до толку да на духовно ниво од 80% е занемарлив. Во следното поглавје подетално го опишуваме овој ефект на намалување.
  2. Се додека Воздигнатиот Светец на ниво од 100% е во телото, се состои од трите основни суптилни компоненти. Штом почине и го напушти телото сите три основни суптилни компоненти добиваат нулта вредност и Светецот во потполност се соединува со Бога.

6.3 Намалување на влијанието на трите суптилни компоненти со зголемувањето на духовното ниво

Додека духовно растеме, она што навистина се случува е дека замагленоста на нашите пет сетила, умот и интелектот почнува да се намалува и како последица на тоа душата (те. Бога) во нас почнува да просветлува. Погледајте го следниов дијаграм. Ова е познато и како разградување на петте сетила, умот и интелектот. Овие пет сетила, умот и интелектот ги нарекуваме мрак или незнаење затоа што не спречуваат да се идентификуваме со својата права природа те. Бога во нас, или Душата.

Душата, којшто е Бога во нас, е надвор од трите основни суптилни компоненти и не е од нив составена. Според тоа, што повеќе светлината на душата по пат на духовна пракса не просветлува, се помало е влијанието на трите компоненти во одредување на нашата личност, изборите или акциите. Во финалниот стадиум на нашиот духовен раст, кога светлината на душата во потполност просветли, своите животи ги живееме во потполно соединување со Божјата волја, а трите компоненти се разредени и имаат занемарливо влијание на нашата личност.

 

6.4 Во однос на нашата личност

MKD-SRT-face

Следната табела помага да го разликуваме типот на личноста што некој човек го покажува во односот на преовладување на суптилната компонента.

Ова се примери за основно разбирање. Точна анализа може да биде утврдена само со помош на шестото сетило (ESP).

Сатвик лице

Раѓасик лице

Тамасик лице

Мани или недостатоци на карактерот

Потполна контрола над емоциите, мислите и акциите

Налутено, љубоморно, гордо, егоистично, шефува, тражи внимание, алчно, не се двоуми за ништо за да ги задоволи световните амбиции и желби, загрижено, сонувач

Мрзливо, неактивно, депресивно, екстремно себично, не мисли за другите ниту за тоа дали ги повредува додека ги исполнува своите себични желби, вознемирено

Доблести или квалитети

Сите доблести, вистинољубиво и праведно, толерантно, искрено, со стабилен интелект, не е егоистично. На крајот, ги надминува рамките на доблестите и мааните на карактерот, и не се плаши ниту од смртта

Истрајни, но бесцелни напори во смисла на духовен раст

Нема

Главен начин за постигнување на среќа

Стекнување знаење, вештини, помагање на другите, медитација, зголемување на духовното ниво. На крајот ја надминува среќата-несреќата и оди кон Блаженството

Авторитетност, поседување на световни имоти

Уживање во храната и пиењето, сексуалните односи, итн.

Во однос кон другите

Живее за да му служи на општеството и помага на луѓето за да растат духовно. Овде духовниот развој има универзално значење, според 6 основни Принципи на духовната пракса

Егоистично или помага на другите со многу присутно его за помошта што ја дава

Ги повредува другите. Воглавно тамасикот му штети на општеството како целина во име на религијата или некоја идеологија

Спиење

4-6 часа

7-9 часа

12-15 часа

Духовна моќ

Висока

Ниска

Многу ниска 1

Забелешка:

  1. Исклучок од ова е суптилниот мантрик кој може да има голема духовна моќ поради вршењето духовна пракса од зли мотиви, но е преовладувачки тамасик.

Овие особини не се меѓусебно исклучиви. На пример, некое сатвик лице може да му бидат потребни 9 часа сон, но тамасик лице може да има доблест како што е толеранцијата. Меѓутоа, природата на некој човек е одредена од вкупната сума на сите доблести и сите маани на карактерот. Затоа некој не траба да суди за себе или другите на основа на една или две карактеристики туку во предвид треба да се земе целата слика.

Исто така е многу ретко некое лице да биде потполно сатвик, раѓастик или тамасик. Воглавно со лицето доминира СатваРаѓа или РаѓаСатва или РаѓаТама. СатваРаѓа лице би имало карактеристики и Сатва и Раѓа во готово ист однос со преовладувачката Сатва. Во случајот на РаѓаСатва лице, ситуацијата ќе биде обратна.

Зависно од суптилните компоненти што доминираат внатре во некој човек, тие ќе го манифестираат тој тип на човек. Колку и да се труди некој да се камуфлира во облачењето во скапа облека и софистициран говор, основните фреквенции кои ги емитува ќе бидат базирани на компонентата која е во него доминантна. Лицата со развиено шесто сетило можат да видат повистинито од надворешните слики кои луѓето ги покажуваат на светот и можат да ги почувствуваат овие суптилни и недопирливи фреквенции. Тие можат лесно да речат која е нечија основна природа те. дали е сатвик, раѓасик или тамасик, и кои особини најверојатно ќе ги манифестира.

Вистински лакмусов тест за одредување на преовладувачката компонента е кога лицето е препуштено само на себе. Врз основа на однесувањето во ситуација во која никој не го гледа, лицето обично го покажува своето право лице. Следниов пример ќе помогне во разбирањето.

Да го земеме примерот на учениците од 4 одделение. Тие се бучни, насилна дружина, со наставничка која се мачи да ги дисциплинира. Ако наставничкиот глас е многу строг, таа има добри шанси да ја одржи тишината во училницата. Како резултат, во училницата е тивко само додека е таа присутна. Меѓутоа, во моментот кога таа ќе излезе од училницата, учениците се враќаат во развратната состојба. Ова е затоа што овие деца се воглавно од раѓасик и тамасик природа.

Ако во друг случај во одделението се наоѓа сатвик дете, а неговите другари пробаат да го натераат да учествува во некоја од лошите активности како што е задевањето, правење подметнувања или учествување во измами, детето никако не може да се вклопи во тие активности, затоа што неговата основна природа е сатвик. Тоа попрво ќе добие грчеви во стомакот отколку што ќе ужива во активностите кои ги предлагаат неговите другари од одделението. Тоа не би можело да се поднесе самото себе ако учествува во некоја недолична активност.

Според тоа, наместо површното обидување да ги промениме децата, така што им држиме морални лекции, трајна промена може да се постигне доколку ги охрабриме да вршат духовна пракса и доколку ги воспитуваме во околина која е стимулативна за Духовноста, и која ќе ја зголеми сатва компонентата во нив.

7. Трите основни суптилни компоненти и нашиот начин на живеење

Се околу мас може да биде окарактеризирано како сатвик, раѓасик или тамасик во зависност од преовладувачката суптилна компонента од која е нешто составено. Преовладувачката суптилна компонента во било што може да се мери само со помош на шестото сетило (ESP).

Дадовме неколку општи примери од различни аспекти на светот во кој живееме и доминантните суптилни компоненти. Зависно од тоа дали сме сатвик, раѓасик или тамасик личност, го привлекуваме она што е сатвик, раѓасик или тамасик. Исто така, поистоветувањето со различните компоненти ја зголемува таа компонента во нас.

 

8. Трите суптилни основни компоненти и духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии итн.)

Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии итн.) се примарно Раѓа и Тама предоминантни. Духовите кои се пониско во хиерархијата, те. со духовна моќ помала од 50%, како што се обичните духови, се РаѓаТама предоминантни. Духовите кои се повиско во хиерархијата, те. со духовна моќ над 50%, како што се мантриците од 6 или 7 регион на Пеколот, се ТамаРаѓа предоминантни.

Коко со духовите доминира РаѓаТама компонентата, тие ја посетуваат РаѓаТама околината на Земјата затоа што таму ќе најдат РаѓаТама предоминантни луѓе. Овие луѓе со слично размислување се идеална мета за опседнување и извршување на плановите кои духовите ги имаат на Земјата. Со други зборови, лицето кое е предоминантно тамасик и кое сака да ги повредува другите е изложено на голем ризик да биде контролирано од страна на духовите за да му наштети на општеството.

Принципот кој стои зад заштитата од духовите е зголемување на саствикот те. чистотата. Како што духовите се предоминантно Тама тие не можат да ја толерираат сатвик околината или луѓето. Поради оваа причина тие не можат да ги запоседнат Светците на високо духовно ниво или Гуруата.

Прочитајте го написот ’Зошто опседнатато лице се манифестира кога дојде во контакт со сатвик влијание на повисоко ниво?

9. Заклучок

Клучните точки кои треба да се запамтат од овој напис се:

  • Сите ние зрачиме со Сатва, Раѓа или Тама фреквенции зависно од тоа која суптилна компонента доминира во нас. Што повеќе во нас  доминира Сатва компонентата до толку е подобра нашата личност, поголем е и долготраен успехот и задоволството во нашата кариера, односите и животот.
  • Сатва компонентата може да се зголеми со вршење на духовна пракса напоредно со избегнувањето од Раѓа и Тама влијанието колку што е можно повеќе.
  • Друштвото во кое присуствуваме значително ни помага во духовната пракса.
  • Духовите ја искористуваат околината во која доминира Тама компонентата и ги злоупотребуваат луѓето да изведуваат активности кои му нанесуваат штета на општеството и ја намалуваат Праведноста (Дарма) во светот.